Thief |
Пред две недели наполнив 45 години.
Уторото на мојот роденден се разбудив прилично нерасположен, но годините го прават своето.
Отидов во кујната, уверен дека жена ми ќе ми го освежи денот со едно: „Добро утро и среќен роденден, мое злато“.
А можеби и ќе ме изненади со некаков подарок.
Ништо! Не ни рече добро утро, а каму ли на останатото на што се надевав!
Добро, си помислив, со годините стануваат такви, ама децата сигурно ќе се сетат.
Исто така ни тие ништо не рекоа.
Длабоко разочаран отидов на работа.
Само што влегов во канцеларијата ме дочека мојата секретарка Лидија насмеана и среќно рече: „Добро утро, господнине шефе, и сe` најдобро за Вашиот роденден!“.
Веднаш се почуствував подобро.
Сепак некој се сети дека денеска ми е роденден.
Се задлабочив и работев до попладнето.
Тогаш на вратата чукна Лидија:
- Знаете шефе, денеска е толку убав ден, а и роденден ви е, па ве викам на ручек!
- Тоа е најубавата работа која ја слушнав денеска - одвратив. Одиме?
Отидовме на ручек во еден одличен мал интимен ресторан на периферијата, пиевме мартини (неколку) и бескрајно уживавме во во одличната храна.
Кога се враќавме назад, Лидија рече:
- Знаете шефе, толку е посебен денот, зошто да се враќаме во канцеларија?
- Стварно имаш право - реков, како секој добар шеф кој е задоволен од својата секретарка.
- Тогаш ве поканувам кај мене на чаша вино.
Во нејзиниот стан удобно се сместив, Лидија ни наточи вино и кога наздравивме рече:
- Само момент, шефе, да облечам нешто поудобно!
- Секако, слободно - одговорив, видно возбуден со нетрпение.
Лидија отиде во спалната соба и се врати после некои 5 минути.
Во рацете неосеше голема торта, а позади неа одеа мојата жена, децата и неколку колеги од работа.
Сите пееа „Среќен роденден“.
А јас седев на каучот гол пиштол... |