OooOo |
Мобилка го прекина концертoт
Упорно ѕвонење на мобилен телефон го прекина завчерашниот свечен концерт на Македонската филхармонија во Домот на АРМ, со кој се отвораше новата сезона.
Револтиран од "упадот" на мобилниот, кој неколкупати го нарушуваше нормалниот тек на концертот, на кој солист беше францускиот пијанист Сремет Хусеин, диригентот од Хрватска Иво Липановиќ, им даде знак на музичарите да прекинат со свирење.
Свртувајќи се кон публиката, тој гласно побара мобилниот да биде исклучен.
- Исклучете го тоа! - изреагира нервозно диригентот Липановиќ, гледајќи во правецот од каде што се слушаше ѕвонењето.
Инцидентот настана во вториот дел од концертот, во моментите кога ансамблот на Филхармонијата ја изведуваше познатата Симфонија број 6 од Чајковски. Редарите на Филхармонија се растрчаа меѓу публиката во салата за да откријат од чиј џеб или чанта доаѓа ѕвонењето на телефонот. Но, набрзо телефонот престана да ѕвони. настанот беше проследен со бурни негодувања и реакции од присутните во салата и на сцената. Причина повеќе за реакцијата на хрватскиот диригент, беа и ѕвонењата на други мобилни телефони што повремено се слушаа во првиот дел од концертот.
Диригентот, сепак, одлучи да го продолжи концертот, но како кај него така и кај музичарите беше видлива нервозата. Уметниците во Филхармонијата беа огорчени од несовесното однесување на публиката, кое се повторува речиси на секој концерт.
Директорот на Македонската филхармонија Валери Стефановски вели дека таков инцидент не смее да се повтори.
- Концертот беше одличен, освен ѕвонењето на мобилниот телефон, кое го упропасти впечатокот. Тоа е инцидент, кој не смее да се повтори - вели Стефановски.
Директорот на Филхармонија соопшти дека веќе побарале од Министерството за култура пари за систем за блокирање мобилни телефони, но одговорот од Министерството се уште не пристигнал.
Систем за блокирање на мобилните телефони веќе одамна е поставен во Универзална сала и ефикасно ги спречува ваквите инциденти. (Т.О.) |
OooOo |
Nema potreba od priracnici, treba da se znae, treba da se ima usul ili treba sekade da se stavaat znaci na vlez 'Iskluchete gi mobilnite' i parichno da se kaznuvaat.
Sum prisustvuval na venchanje u crkva, krshtevka u crkva, pa duri i na pogreb kade shto popovite peat, a nechij mobilen zvoni. Bedno izgleda ...
|