Simon Trpceski vo New York |
dada Sani |
Vo tekot na ovoj mesec (Oktomvri) Simon Trpceski ke gostuva vo New York. Prethodno ke ima koncert vo Makedonija koj ke se odrzi na 11 Oktomvri ( po povod praznikot)
Before his New York debut performance, renowned Macedonian pianist Simon Trpceski will hold a concert in Skopje Universal Hall, accompanied by the Macedonian Philharmonic, on October 11. The program includes pieces by Rachmaninov and Tchaikovsky.
According to Universal Hall director Goce Dimovski, the Macedonian pianist will perform for the first time with the New York Philharmonic in the city's Lincoln Center.
The Skopje concert will be dedicated to holiday October 11 - Day of Macedonian Uprising, as well as the 40th anniversary of Skopje Universal Hall.
"I am happy for this concert, because I wanted to present myself before my people before leaving for New York", Trpcevski said on Monday.
Sasa Nikolovski-Gjumar is the conductor.
The concerts with the New York Philharmonic will be held in "Avery Fisher Hall" in the Lincoln Center, Manhattan.
"Everyone knows what the performance with the New York Philharmonic means", Trpcevski stressed, voicing his satisfaction by the fact that he would affirm himself as an artist, but also the country he came from.
Upon the New York Philharmonic initiative, the concerts' program includes Rachmaninov's Concert No.3, Opus 30, under the baton of Jean Andrea Nozera.
Za onie koi se zainteresirani za gostuvanjeto na Simon vo New York informacii moze da najdete ovde:
http://newyorkphilharmonic.org/attend/season/index.cfm?page=eventDetail&eventNum=839&seasonNum=5
Biletite se samo $15
|
ozonce |
wolf_pack dali dobro te razbr5av, velish deka imash slushanto za nekoj si g-din Trpchevski?! dali zanesh navistina koj e Simon trpchevski?!!? O neeeee |
wolf_pack |
Super muzika e harmonika i ne znam od kade ama iam slushnano za g-not Trpceski. Vredi da se vidi negoviot nastan. |
sisi |
[img]http://www.vecer.com.mk/content_images/70470750420051012185918.jpg[/img]
Simon Trpcevski vo Skopje...
СИМОН ТРПЧЕСКИ, ПО КОНЦЕРТОТ ВО СКОПЈЕ
"Не заслужив да свирам на таков клавир"
"СЕКАДЕ ВО СВЕТОТ МИ НУДАТ ИЗБОР НА НЕКОЛКУ ПИЈАНА, САМО ДОМА ИМАМ ПРОБЛЕМ. ТОА Е ТАЖНО", НИ ИЗЈАВИ ВИРТУОЗОТ НЕПОСРЕДНО ПРЕД ДА ОТПАТУВА НА ТУРНЕЈАТА ШТО ЌЕ БИДЕ КРУНИСАНА СО ТРИ КОНЦЕРТИ ВО ПРИДРУЖБА НА ЊУЈОРШКАТА ФИЛХАРМОНИЈА
"Среќен сум што воопшто се одржа концертот. Никому немаше да му текне да ме покани, а целта ми беше прво нашиот народ да ме чуе, пред да одам каде било. Ќе се случеше комшиите од Србија да ме чујат пред нас. Зарем немаше тоа да биде тажно?", изјави за "Вечер" виртуозот Симон Трпчески по прексиноќа одржаниот концерт во Универзалната сала, а пред претстојното патување за САД, каде на 20, 21 и 22 октомври ќе настапи со престижната Њујоршка филхармонија.
"Јас сум многу среќен и горд што мојата првична цел ја остварив. А, тоа е да го отсвирам Рахмањинов бр.3 прво во Скопје пред тоа да се случи во Њујорк и да му го посветам на човекот кој е најзаслужен за она што јас сум денес, на татко ми. Сега сум исполнет до последната пора", вели Трпчески кој, во "Ејвори Фишер Хол" во Линколн центарот на Менхетн, ќе биде првиот македонски уметник кој настапил со Њујоршката филхармонија.
Сепак, и покрај настапот со Македонската филхармонија, организаторот "Универзална сала" не успеа да го обезбеди нивниот клавир, па Трпчески свиреше на клавир кој го изнајмиле од Охридско лето. "Што се однесува до клавирот, тоа е реалност. Никого не напаѓам, особено не Министерството за култура на кое сите сега алудираат. Напротив, тие ми помогнале и имам убав однос со сегашниот министер. Глупаво и неинтелигентно е тоа да се поврзува политички. Знам дека ќе има и такви коментари. Секогаш сум бил против тоа. Ова е генерален проблем на државата, а не на овој или оној период. Немањето разбирање и едукација за проблемот со транспортот на пијаното, што е најбезболна работа во светот, а особено во ваква прилика, е нечиј проблем. Веднаш ќе почнат коментари за купување на ново пијано. Тоа не би било лошо, но не е тука проблемот. Ние ги имаме пијаната, а се правиме дека не можеме да ги донесеме. Тоа е трагикомично и коментарите од типот 'решение на Управен Одбор на Филхармонија' се едноставно смешни", вели виртуозот.
"Не заслужив да свирам на таков инструмент. Секаде во светот ми нудат избор на неколку пијана, само дома имам проблем. Тоа е тажно. Како и да е, јас преминав преку нешто што беше многу тешко и мачно за мене и што кој било професионалец во светот не би го направил. Не сакате да знаете какво е чувството да мораш да креираш на таков инструмент, а публиката и критиката да те впива со очи и уши", објаснува Трпчески. Тој ја изразува својата благодарност до Универзалната сала, Министерството за култура и Космофон, кои ги покриле трошоците за Македонската филхармонија, до диригентот Саша Николовски - Ѓумар што ја прифатил неговата покана и што вложил особен труд, како и секогаш, за да оствари креација во робусниот концерт. "Им честитам и на музичарите од оркестарот", нагласи пијанистот. На иницијатива на Њујоршката филхармонија, Трпчески ќе се претстави со Концертот за пијано и оркестар бр. 3 опус 30 на Сергеј Рахмањинов, дело што се смета за едно од најкомплицираните во пијанистичката литература. Со концертите ќе диригира Џан Андреа Нозера, шеф диригент на филхармонискиот оркестар на Би-Би-Си.
Пред настапот во Њујорк на агендата на Трпчески се и настапите на 14 октомври во Сава центарот во Белград со Оркестарот на Радио ТВ Србија. На 2 и 7 декември, ќе настапи во "Квин Елизабет Хол" во Лондон со Лондонската филхармонија, а на 4 декември ќе има рецитал како дел на престижните Интернационални пиано серии.
Њујоршка филхармонија
Њујоршката филхармонија е формирана во 1842 година од група локални музичари и е најстариот симфониски оркестар во САД, а и еден од најстарите во светот воопшто. Во 2002 година овој престижен ансамбл прослави 160 години од постоењето. Од пред три години, шеф диригент на оваа филхармонија е Лорин Мазел. Освен Мазел, со Њујоршката филхармонија раководеле диригентски и композиторски имиња како Зубин Мехта, Леонард Бернштајн, Пјер Булез. Концертот број три на Рахмањинов, својата премиерна изведба ја доживеал со Њујоршкиот филхармониски оркестар.
|
dada Sani |
Ako slucajno ste zaboravile da ve potsetam za koncertite na Simon Trpceski - cetvrtok, petok i sabota. I ne mi citajte gluposta pogore deka kartite se samo $15, posto toa e za rehearsalot-probata[:I]Biletite se od $26 do $92. Jas sum vo sredina[:)]
Ve cekam vo petok vecer pred filharmonija [;)] |
profa |
haha
Da ne ti treba dvogledce mor dada Sankice?
Jas ke bidam nekade napred pa moze da ti go pozajma mojot.
Kakva cipela ke klais na nozencata? |
dada Sani |
quote: Originally posted by profa
haha
Da ne ti treba dvogledce mor dada Sankice?
Jas ke bidam nekade napred pa moze da ti go pozajma mojot.
Kakva cipela ke klais na nozencata?
Si naracav online i utre treba da stignat. Ako ne stignat sum ja opleskala - u cizmi ke odam:) |
sisi |
Реномираниот македонски пијанист Симон Трпчевски вчера во Линколн центарот го имаше својот прв настап пред публиката во Њујорк, придружуван од Њујоршката филхармонија под диригенство на Џанандреа Нозера.
Музичкиот критичар на престижниот „Њујорк Тајмс“, Џереми Ајшлер во денешното издание осврнувајќи се на дебито посочува дека Трпчевски во изведбата на ова „казнувачки“ тешко дело покажал богата техника, но не и сензибилитет во иста мера.
„Неговиот звук беше богат и полн со леснотија која го воодушеви поголемиот дел од публиката“, вели Ајшлер и додава дека се потребни повеќе варијации и чувство за да се долови грандиозноста на ова музичко дело, за што и самиот Рахмањинов вели дека се исто толку важни како и нотите.
Соработката со диригентот Нозера вели дека во најголем дел „била на линија“, а посебно го нагласува и допирот на руската душа во деловите од изведбата на Њујоршката филхармонија.
На програмата на концертот, на кој Трпчевски настапи во вториот дел, беа дела од Барток и Бритн.
Трпчевски во „Ејвори Фишер Хол“ во Линколн центарот на Менхетн предвидено е да настапи и на 21 и на 22 октомври. На програмата на сите три концерти, на иницијатива на Њујоршката филхармонија е Концертот за пијано и оркестар бр.3 опус 30 на Рахмањинов.
По настапот во Њујорк, еминентниот македонски виолинист на 2-ри и 7-ми декември, ќе настапи во „Квин Елизабет Хол“ во Лондон со Лондонската филхармонија, а на 4-ти ќе има рецитал во рамките на престижните интернационални пиано серии.
|
dada Sani |
Vcerasniot nastap na Simon Trpcevski bese vistinski uspeh. Raka na srce, ne sum zavisnik od klasicna muzika, megutoa sinoka bev voodushevena. Samata atmosfera vo salata davase nekoe posebno cuvstvo. Koncertot bese pod dirigenstvo na Gianandrea Noseda i zapocna so izvedba na Bartok i Brotten(Sinfonia da Requiem). Posle dvaeset-minutna pauza na scenata se pojavi Simon. Sinokesniot nastap na Simon bese tret po red nastap pred publikata na New York i salata bese polna. Eden od vrabotenite tamu mi kaza deka kapacitetot na salata e 2738 sedista i so sigurnost 2500 sedista bea ispolneti. Simon se "vnese" vo izvedbata na Rachmaninoff. Za volja na vistinata, se povtori incidentot so mobilniot telefon - na edno od zatishjata na orkestarot Simon se svrte kon publikata i so gestakulacija objasni zvonenje na telefon. Otkako orkestarot prodolzi, zvonenjeto za kratko mozese da go slusne celata sala (bar jas go cuv) i se se svrsi na toa. Osven talentot, po se' izgleda Simon ubavo si gi imase navezbano notite i potsetnik ne mu bese potreben:) Simon bese prekrasen!!! Ne veruvam deka nekogas vo zivotot sum bila del od publika koja tolku iskreno i tolku dolgotrajno aplaudirashe. Mu simnuvam kapa na Simon Trpceski... |
profa |
Maestro Simon,mu se poklonuvam.Bravo,uspea da krene cela publika na noze.Prosto uzivav tie dva saata.Ednostavno opusten,posveten si ja odigra svojata.Kulminacija na site zbidnuvanja vo Makedonija i golem nastan na svetsko nivo.Citav,slusav dovolno za nego no ova bese DELO na delo.
Slusnav eden telefon i jas(pa kraj krajeva se slucuva eden vo 3000 da zaborai da iskluci telefon) no sepak se na se publikata si bese na nivo.Lugjeto so bea tamu bea lugje so navistina "bea" vo taa muzika za razlika od kaj nas kade sto sigurno edno 80% bile tamu samo zaradi ugled pa i normalno ke gi imaat ostaeno telefonite ukluceni(Ako voopsto i razmislile deka trebalo da gi isklucat.
Se nadevam ke imam prilika da go vidam pak.
Ubavo e da se znae i zbori za talent od Makedonija :) |