angel |
Започна реализацијата на главниот проект за возобновување на стариот театар
Театарот треба да биде најсовремен во регионот
[img]http://217.16.70.245/izdanija/1899/30556.jpg[/img]
Тридимензио-нален приказ на изгледот на театарот
Македонскиот народен театар, започна со реализацијата на главниот проект за возобновување на Стариот театар, што ќе го реализира архитектонската и инжинерската екипа на арх.Јован Стефановски Жан која победи на конкурсот за идејно решение.
"Изградбата на театарот онака како што бил пред земјотресот е од исклучителна важност за да се врати имиџот на старо Скопје. Екипата посети неколку театри од регионот меѓу кои театарот "Иван Вазов" во Бугарија, кој наликува на нашиот Стар театар како и Народното позориште во Белград. Посетата беше со цел да се избегнат негативностите кај овие театри а да се вградат сите позитивни работи кои ги поседуваат.
Министерството за култура го овласти МНТ како домаќин, финасирањето да оди преку нас и ние предвидовме повеќе извори за финасирање на зградата меѓу кои Република Македонија, градот Скопје, Министерството за култура, општината Центар" рече на вчерашната прес-конференција директорот на МНТ, Љупчо Петрушевски.
Инаку, како што вели арх. Жан Стефановски театарот ќе се наоѓа на левата страна на реката Вардар, ќе зафаќа површина од 5.000 метри квадратни и треба да располага со 750 седишта, а се прават напори да биде изградена и помала сала со 280 седишта. Според Стефановски, театарот ќе биде посовремен од аспект на сцена, гледалиште, технологија и ќе бидат надминати сите театри од регионот.
За една недела МНТ ќе почне со реализација на два нови проекта "Близок град" и "Оркестарот Титаник", а на 17 октомври со претставата "Црнила" од Коле Чашуле, во режија Слободан Унковски ќе гостува на годишнината на театарот во Благоевград. |