Разни видови риба - охридска пастрмка ;)
Разни видови риба - охридска пастрмка ;)
The`bItCh Охридска пастрмка во сос од сардина потребни состојки за 4 лица: - 400 гр охридска пастрмка - една конзерва сардини - една китка магдонос - половина маргарин - една главица кромид - 100 гр морков - една чешна лук - половина литар маслиново масло за јадење - сочогледово масло за јадење - сол ибибер Подготовка: Тава за печење ја премачкуваме со маргарин по целата внатрешна површина. Пастрмката, која претходно ја исчистивме, убаво ја посолуваме од надвор и од внатрешноста. Потоа ја побиберуваме со мелен бибер од двете страни и ја ставаме во тавата која претходно ја премачкавме со маргарин. Остатокот од маргарин го ставаме врз пастрмката во мали парчиња. Тавата со пастрмката ја ставаме да се пече во претходно загреана рерна на температура од 250 степени целзиусови. Додека пастрмката се пече, главицата кромид ситно ја сецкаме по што ја ставаме во посебен сад и ја тргаме на страна. Истата постапка ја правиме и со морковот кој го сецкаме на ситни коцкички кои ги ставаме во посебен сад и ги тргаме на страна.Со магдоносот исто така, како и со чешнето лук. По 15 до дваесет минути печење, пастрмката ја вадиме од рерната. Нејзе и го додаваме целото количество ситно сецкан кромид кој го ставаме покрај пастрмката, рамномерно колку да се покрие дното од тавата. Истото го правиме со ситно сецканиот морков, лук и магдонос. Целата тава ја посипуваме со сончогледово масло за јадење по што повторна ја враќаме назад во рерната на печење. По 15-20 минути печење пастрмката и смесата од зеленчук ја полеваме со целото количество од маслиново масло за јадење по што повторно продолжуваме со печење. По десетина минути пастрмката е печена и ја вадиме од рерната. Ја ставаме во садот со кој ќе ја служиме, а зеленчукот убаво го процедуваме. Зеленчукот го враќаме назад во тавата. Сардината од конзерва ја ситниме на помали парчиња, а сафтот кој ни остана по цедењето го сипуваме во длабок сад. Сафтот го загреваме на силен оган. Него му ја додаваме иситнетата сардина која убаво ја мешаме со сафтот. На сосот му додаваме ситно сецкан магдонос и ја оставаме да се вари. По десетина минути варење сосот од сардина е готов. Со неа ја преливаме пастрмката. декорација: Декорацијата на ОХРИДСКАТА ПАСТРМКА ВО СОСОТ ОД САРДИНА ја правиме со неколку гранчиња француски магдонос и неколку кришки свеж лимон без кои ниедна риба не може да се замисли. Декорацијата ја надополнуваме со неколку кришки свеж домат.
The`bItCh Пастрмка во вино потребни состојки: - 1 кг. пастрмки - магдонос - 1 домат - 6 лажици црвено вино - нане - зачин ц - 1 лимон - 2 компира - 1 китка млад кромид - 3 чешниња лук - масло за јадење - сол и црн пипер подготовка: Компирите ги сечкаме на коцки. Парчињата компир ги ставаме во тенџере. Во тенџерето налеваме вода и тенџерето го ставаме на оган. Посолуваме и додаваме масло за јадење. На даската за сечење претходно исчистената и измиена пастрмка ја расекуваме на половина по должина. На пастрмката и ја отстрануваме главата и коската. Филетите риба ги посолуваме и ги зачинуваме со мелен црн пипер. Потоа филетите ги наросуваме со зачин ц. Огноотпорниот сад го попрскуваме со масло за јадење. Во садот ги ставаме филетите пастрмка. Еден лимон го цедиме во цедалка. Со лимоновиот сок ги преливаме филетите пастрмка. Чешнињата лук ги сечкаме. Исечканиот лук го ставаме врз филетите. Магдоносот го сечкаме. Исечканиот магдонос го ставаме врз филетите риба. Во огноотпорниот сад го додаваме и црвеното вино. Го сечкаме и нането, па и него го додаваме во садот. Садот го затвораме со капак и го ставаме во рерна. Печеме 30- тина минути на температура од 200 степени. Во меѓувреме во тава за пржење додаваме масло. Тавата ја ставаме на оган. Во тавата ги додаваме парчињата варен компир. Младиот кромид ситно го сечкаме и го додаваме во тавата на оган. На чинијата за сервирање ставаме лист зелена салата. Огноотпорниот сад го вадиме од рерна . Од пастрмката во вино ставаме на чинијата за сервирање. Преливаме со сосот од огноотпорниот сад. На двата краја на чинијата ставаме од испржените компири и млад кромид. Еден домат го сечкаме на кришки. Со кришките домат ја декорираме чинијата. И лимонот го сечкаме на кришки. Кришките лимон ги ставаме врз филетите пастрмка.
The`bItCh Пастрмка со печурки потребни состојки: - 1 пастрмка од 1 килограм - 1 лимон - 500 гр. Печурки - брашно - 2 главици кромид - 2 моркови - 200 мл. Бело вино - масло за јадење - сол и црн пипер подготовка: Ги земаме главиците кромид и на даската за сечење ги сечкаме. Потоа ги земаме морковите и ги сечкаме на ситни коцки. На оган ставаме една тава и во неа ставаме поголема количина масло за јадење да се загрее. Кога маслото ќе се загрее во тавата ги додаваме сечканиот кромид и морков. Промешуваме и ја покриваме тавата со капак. На даската за сечење на тенки листови ги сечкаме печурките. Исчистената пастрмка од сите страни добро ја посолуваме. И кромидот и морковот кој се пржат ги посолуваме. Пастрмката ја валакаме во брашно добро да се набрашни од сите страни. Исечканите печурки ги додаваме во тавата во која се пржат кромидот и морковот. Промешуваме и повторно покриваме со капак и оставаме да се пржат. На втората тава што е на оган на загреаното масло ја ставаме пастрмката. За време на пржењето ја превртуваме за да биде убаво испржена од сите страни. Во тавата во која се пржи зеленчукот го додаваме белото вино. Промешуваме и поклопуваме, оставајќи да се динста зеленчукот. Земаме еден лимон го сечеме на половина и едната половина ја цедиме со цедалка. Испржената пастрмка ја вадиме од тавата и ја ставаме на чинија за сервирање. Остатокот од лимонот го сечеме на резанки. Сокот од лимонот го додаваме во тавата со зеленчукот. Промешуваме и наросуваме со мелен црн пипер. Ја тргаме тавата од оган и со лажица ставаме од зеленчукот на чинијата за сервирање. Врз зеленчукот ја ставаме пастрмката. Потоа и врз пастрмката нанесуваме од зеленчукот. Декорираме со резенките од лиммон. Магдоносот ситно го сечкаме и го наросуваме одозгора.
The`bItCh Охридска пастрмка со бадеми потребни состојки: - 1 кг и 500 гр. охридска пастрмка - 200 гр. бадеми - магдонос - 50 гр. лук - 2 дл. бело вино - 100 гр. брашно - 40 гр. мешано вариво - 200 гр. компир - 2 дл. масло за јадење - сол и бибер подготовка: Главната состојка на ова јадење, охридската пастрмка, ја подготвуваме на следниот начин. Ја сечеме по должина така што добиваме две идентични половини. Пастрмката ја отвораме од внатрешната страна и добро ја посолуваме а потоа ги одвојуваме половините една од друга. Во еден доволно долг сад едната половина од пастрмката целосно ја покриваме со слој брашно и ја ставаме во исто толку долга тава во која ја пржиме. Претходно во тавата ставивме извесно количество на масло за јадење и ја ставивме добро да се загрее. Истата постапка ја повторуваме и со другата половина. На ситно ренде ги рендаме главиците лук. Во длабок сад исполнет со потрбното количество вода ги ставаме бадемите да се сварат и ги покриваме со капак. А парчињата пастрмка повремено ги превртуваме за да убаво се испечат. Веќе варените бадеми ги процедуваме на цедалка и ги оставаме да се изладат. Во друг длабок сад ставаме одредено количество на масло за јадење добро да се загрее. Од варените бадеми ја симнуваме лушпата и ги двоиме на половинки. И како што рековме парчињата пастрмка постојано ги превртуваме за да бидат добро испржени. Земаме еден лимон кој го сечеме на половина, го исцедуваме во цедалка. Во меѓувреме, во добро загреаниот сад со масло за јадење ги ставаме излупените бадеми да се испржат со повремено замешување. По извесно време кон бадемите кои се пржат додаваме ситно сецкан магдонос и ги промешуваме. Потоа го додаваме ренданиот лук и ги оставаме да се пржат со повремено промешување. Подоцна го додаваме свежиот сок од лимон, а по извесно време и еден децилитар бело вино. Наведените состојки ги оставаме да се допржат по што ги тргаме на страна. Во една тава ставаме поголемо количество масло за јадење и го оставаме добро да се загрее. Пастрмките се испржени. Ги ставаме на овален сад на кој претходно ставивме неколку листови зелена салата. Во добро загреаната тава со масло за јадење го ставаме мешаното вариво да се пропржи. Земаме еден лимон кој го сечеме на кришки кои ги засекуваме по желба за да имаат пријатен изглед. Прженото вариво кое ни е прилог на пастрмката го сервираме на листовите од зелената салата. Во истата тава ставаме малку масло за јадење за да ги пропржиме парчињата варен компир. Додека се пржи компирот, ситно го сецкаме магдоносот. Компирот е пропржен и го сервираме крај пастрмката, а потоа и пржените бадеми со лук и вино. Преку нив го посипуваме ситно сецканиот магдонос. Со разни видови на зеленчук можете да ја декорирате пастрмката. Се разбира тука е и неизбежниот лимон без кој неможе да се замисли една риба. За на крај декорирањето го завршуваме со неколку парчиња француски магдонос.
The`bItCh Риба лист со јаболка - 800 гр. Риба лист - 1 јаболко - 1 портокал - 1 морков - 1 главица кромид - маргарин - бело вино - шеќер - маслиново масло - сол и црн пипер Го земаме морковот и го сечеме на половина по должина , потоа секое парче на половина. На шпоретот ставаме две тави . Во нив додаваме маслиново масло да се загрее. Морковот го сечеме на ситни парчиња. Го земаме кромидот и ситно го сечкаме. Исечканиот морков и кромид ги ставаме во посебен сад настрана. Го земаме јаболкото и го сечеме на тенко кришки. Исечениот морков и кромид го истураме во помалата тава да се пржи. Кришките јаболка ги оставаме во еден сад. Ги земаме парчињата риба и ги редиме на даската за работа. Ги посолуваме рибите од двете страни и ги ставаме во тавата со загреано масло да се пржат. Да потсетиме никогаш не печете влажна риба. Со дрвена лажица го промешуваме морковот и кромидот во тавата и додаваме сол. Земаме еден портокал и го сечеме на половина. Го цедиме сокот од портокалот и го оставаме настрана. Во меѓувреме го промешуваме кромидот и морковот во тавата на оган и ги додаваме кришките јаболко. Рибите кои се пржат ги превртуваме за да бидат рамномерно испржени од двете страни. Го земаме белото вино и го додаваме во тавата каде се пржат рибите. Со дрвената лажица ја промешуваме смесата што се пржи во другата тава. Додаваме малку шеќер и промешуваме. Сокот од исцедениот портокал го истураме во двете тави што се на огнот. Со лажица решетка ги вадиме парчињата риби од тавата и ги ставаме во чинија за сервирање. Тавата каде што се пржат морковот, кромидот и јаболките уште еднаш ја промешуваме со дрвена лажица и добро ја протресуваме. Со лажица решетка ја вадиме испржената содржина од тавата и ги прекриваме парчињата пржена риба.
dalila
Riba na neobichen nachin
[img]http://www2.serbiancafe.com/kuvar/img/1908_12.jpg[/img] sostokji: 600gr bilo koja riba(se preporachuva skusha) 3 kompiri(do 400gr vkupno) 2 morkovi 2 pomali kromidchinja, moze i mlad kromid 200gr grashok za fil:luk, magdanos, eden limon zejtin vegeta biber Skushata se chisti, se odstranuva glavata, posoluva i polni so filot:magdanosot sitno iseckan, pomeshan so limonoviot sok i sino iseckaniot luk. Vo megjuvreme se ljupi kompirot i seche na kockici so sredna velichina, se chisti morkovot i secka kromidot.Sve ova se soedinuva i se posipuva so malku zejtin.Se dodava vegeta i se promeshuva.Potoa se pravi vrekjichka od aluminiumaska folija, da izgleda kako dzep ama so pogolem format. Se sipa smesata i se stava duzhinski i ribata i zatvara folijata... Taka dobienata vrekjichka se stava vo pleh i peche na 200 stepeni okolu 25 minuti, a potoa se smaluva temperaturata na 170 i prodolzhuva da se peche ushte okolu 25 minuti. Koga kje bide gotovo se vadi folijatana eden tanjir za serviranje, potoa se seche odozgora i celata sodrzhina kje izleze na tanjirot. Prijaten ruchek!!!
dalila
Polneta skusha
[img]http://www.inet.co.yu/kuvar/s/n-z/punjena-skusa.jpg[/img] 4 skushi pola pakovanje smrznat zelenchuk za djuvech malku origano i ruzmarin 500gr kompiri 2 lazhici puter zejtin svezh domat listovi bosilok sol, biber Kompirot se ljushti i se stava vo solena voda, da se vari. Zelenchukot na kratko se stava da se prodinsta na malku zejtin, se zachinuva so origano i sol po vkus. Ischistenata riba od nadvor i vnatre se nakapuva so limonov sok, potoa se polni so zelenchukot, se redi vo sad za pechenje, preliva so zejtin i se peche vo rerna zagreana na 220 stepeni. Ispechenata riba se stava na tanjir za posluzhuvanje, premachkuva so puter i posipuva so isitnet ruzmarin, a okolu se rasporeduva vareniot kompir prelien so istopen puter i posipan so livchinja bosilok, kako i iseckaniot domat.
dalila
Pastrmka so bademi
[img]http://www.kuvarica.co.yu/jelovnik/images/riba/3ribenatanjiru.jpg[/img] potrebno e: 4 pastrmki 100gr bademi 100gr puter 30gr brashno 100gr limon sol Na pastrmkate im se odstranuvaat glavite i opashkite, pa taka dobienite fileti se posoluvaat i premachkuvaat so limonov sok. Na zagrean puter se proprzhuvaat filetite od dvete strni, a potoa na istata masnotija i izljupenite i na livchinja iseckani bademi.Puterot so bademite se preliva preku filetite i se ukrasuva so krishki limon.Prilog po zhelba.
dalila
Pijan sharan
[img]http://www.coolinarika.com/img/recipe/392189_1.jpg[/img] potrebno e: 1 sharan(okolu 2kg) 200ml zejtin 1 lazhichka sol 300ml belo vino 5 lazhici limonov sok za sos: 100gr kromid 400gr seckani domati 2 cheshninja luk 1 lazhica vegeta sol biber za prilog: 1 kg kompir Sharanot se chisti, zarezhuva na nekolku mesta i posoluva Na vrel zejtin se proprzhuva na kratko celiot sharan pa se premestuva vo tepsija kade shto kje se peche i stava vo rerna zagreana na 180 stepeni okolu 1 chas.Vo tekot na pechenjeto celo vreme se poliva so meshavina od vinoto i limonoviot sok. Pecheniot sharan potoa se preliva so pripremeniot sos i se ostava vo rerna ushte desetina minuti. Se sluzhi so solen varen kompir.