angel |
[img]http://www.kultura.com.mk/photo/vandon.gif[/img]
Венко Андоновски - „Текстовни процеси“
Книгата „Текстовни процеси“ претставува тесен избор од над осумдесетте библиографски единици настанати во периодот на десетгодишно критичко-есеистичко занимавање со литературата, a особено - со македонската литература. Повеќето текстови кои овде се поместуваат се веќе објавени во списанија, а ова издание претставува обид да се спасат тие од заборавот на физичкото уништување, кој, за жал, најмногу ја погодува периодиката.
[img]http://www.kultura.com.mk/photo/bajka.jpg[/img]
Јованка Стојановска-Друговац - „Бајка на животот“
Книжевноста за деца и младина е посебна книжевна област со свои идејни, воспитни и уметнички обележја и специфичности. Исто така, таа е составен дел и на народното и уметничко книжевно творештво. Книжевноста за деца е наменета на најмалиот и најхетероген читател, стар од две до над петнаесет години.
[img]http://www.kultura.com.mk/photo/sredvek.jpg[/img]
Група автори - „Средновековни книжевни жанри“
Објавениот материјал на оваа книга претставува резултат од тригодишниот проект со наслов „Средновековни жанри во средновековната македонска литература“, подготвен од Одделението за средновековна македонска литература при Институтот за македонска литература.
Сметаме дека претставените текстови ќе го привлечат вниманието не само на претставници од потесната научна област, туку и на сите читатели заинтересирани за македонското средновековно книжевно и културно наследство.
[img]http://www.kultura.com.mk/photo/narlir.jpg[/img]
Марко Китевски - „Македонска народна лирика“
Ова дело претставува темелно научно истражување во полето на литературата односно Македонската народна лирика со посебна нагласка кон митолошките, трудовите, семејните, детските, хумористичните и љубовните песни.
[img]http://www.kultura.com.mk/photo/vedi.jpg[/img]
Светлана Камџијаш-Стевовиќ - „Ведите и Упанишадите“
Основното човеково прашање: кој сум јас; и сите останати кои од него произлегуваат: што е овој свет; како настанал; може ли да биде осознаен и како; се тема на древните списи наречени Веди, чии додатоци се Упанишадите.
Ведите и Упанишадите, чија природа, како и кај повеќето древни текстови е хетерогена: филозофско-митолошка, се основа на подоцнежната традиционална индиска филозофија. Книгата што е пред вас ги истражува овие списи, објаснувајќи ја симболиката и развојот, од ведската мисла - чија основна преокупација е жртвувањето и одржувањето на поредокот, до нејзиниот премин кон упанишадската филозофија, чија цел е самоосознавањето како можност за конечното ослободување од секаква условеност.
Гане Тодоровски
ЗВУЧНИОТ ЗДИВ НА ТАТКОВИНАТА
Милан Ѓурчинов
ЗАГОВОРНИЦИ НА ЧОВЕЧНОСТА
Цане Андреевски
РАЗГОВОРИ СО КОНЕСКИ
Санде Стојчевски
ГОЛЕМАТА ПОБУДА
Блаже Конески
МАКЕДОНСКИОТ 19 ВЕК
Никифор Робовски
ФОЛКЛОРИСТИЧКИ СТУДИИ
Иван Ивановски
ПЛОДОВИ НА ВРЕМЕТО
Луан Старова
КОНТИНУИТЕТИ
Петар Т. Бошковски
ПРЕЛЕСТА НА ПРОЅИРНОСТА
Веле Смилевски
АСПЕКТИ ОД МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА
Блаже Конески
ЗА РАЦИН
Катица Ќулафкова
ПОТХОД И ИСХОД
Катица Ќулафкова
ТЕОРИЈА НА КНИЖЕВНОСТА
Данило Коцевски
ПОСТМОДЕРНИ ТЕКОВИ
Александар Алексиев
ОСНОВОПОЛОЖНИЦИ НА МАКЕДОНСКАТА ДРАМСКА ЛИТЕРАТУРА
Анастасија Ѓурчинова
КАЛВИНО И СКАЗНАТА
Веле Смилевски
ЛИТЕРАТУРНИ СТУДИИ
Искра Николовска-Нејашмиќ
СТУДИИ ОД МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР
Ермис Лафазановски
МАКЕДОНСКИ КОСМОГОНИСКИ ЛЕГЕНДИ
|