f9 |
ПРОТОКОЛ ЗА УПОТРЕБА НА ИМЕТО ВО РАМКИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ
Формално име (алтернативи):
Republika Makedonija/1
Republic of Macedonia/2,6
Неофицијално (скратено) име (алтернативи):
Republika Makedonija/3,4
Republic of Macedonia/4,5,6
Republika Makedonija - Skopje/7
Кое ќе се користи од 2006, па се до 2008 во мултилатерални договори, спогодби, коминикеа, формални резолуции итн., заедно со следнава фуснота: „За Republika Makedonija “ исто така во прифатената официјална меѓународна употреба се користи и обраќањето со Republic of Macedonia, а од страна на Грција Republika Makedonija - Skopje.
Кое ќе се користи во 2009 и понатаму во мултилатерални договори, спогодби, коминикеа, формални резолуции итн., заедно со следнава фуснота: „За Republic of Macedonia “, исто така во прифатената официјална меѓународна употреба се користи и обраќањето со Republika Makedonija, а од страна на Грција Republika Makedonija - Skopje “.
Секретаријатот ќе користи Republika Makedonija во рамките на организацијата на Обединетите нации во текот на 2006, па се до 2008 година.
Државите-членки и другите страни може да употребуваат или Republika Makedonija или Republic of Macedonia во обраќањето кон државата, а Грција може исто така да го користи името Republika Makedonija - Skopje.
Секретаријатот ќе користи Republic of Macedonia во рамките на организацијата на ОН во текот на 2009 година и понатаму,
Дозволени се и други преводи, на пример, Republique Macedoine.
Republika Makedonija - Skopje може да се користи од страна на Грција.
Петнаесетгодишен преглед
Во 2001 година генералниот секретар ќе назначи специјален претставник што ќе се консултира со засегнатите страни, а потоа ќе им дава препораки на генералниот секретар и на Советот за безбедност за тоа дали ќе се измени Протоколот во врска со погорепредвидената употреба.
Резолуција на Советот за безбедност
Овој протокол ќе го донесе Советот за безбедност, заедно со неколку други одредби прифатливи за страните, кои се однесуваат на неисклучивоста итн.
НАЦРТ НА ПРЕДЛОЖЕНАТА РЕЗОЛУЦИЈА НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Ќе има упатување на резолуциите бр. 817 и 845 (1993) на Советот за безбедност со кои државата е примена привремено како „поранешна југословенска Република Македонија“: (во понатамошниот текст Државата:) се до решавањето на спорот во врска со името на Државата.
Тука би следувала изјава дека решавањето на спорот во врска со името на Државата би ги зајакнало мирот и безбедноста во Југоисточна Европа и би ги унапредило подобрите односи меѓу државите-соседи во регионот.
Прифаќа дека уставното име на Државата е „Republika Makedonija “ (како што е транслитерирано на латиница).
Утврдува дека во целите на официјалната употреба во рамките на Обединетите нации за обраќање на Државата ќе се користи следново:
А: Формално име (алтернативи):
Republika Makedonija/1
Republic of Macedonia/2,6
Б: Неофицијално (скратено) име (алтернативи):
Republika Makedonija/3,4
Republic of Macedonia/4,5,6
Republika Makedonija - Skopje/7
Кое ќе се користи од 2006, па се до 2008 во мултилатерални договори, спогодби, коминикеа, формални резолуции итн., заедно со следнава фуснота: „За Republika Makedonija исто така во прифатената официјална меѓународна употреба се користи и обраќањето со Republic of Macedonia, а од страна на Грција „Republika Makedonija - Skopje “.
Кое ќе се користи во 2009 и понатаму во мултилатерални договори, спогодби, коминикеа, формални резолуции итн., заедно со следнава фуснота: „За Republic of Macedonia исто така во прифатената официјална меѓународна употреба се користи и обраќањето со Република Македонија, а од страна на Грција Republika Makedonija - Skopje“.
Секретаријатот ќе користи Republika Makedonija во рамките на организацијата на Обединетите нации во текот на 2006, па се до 2008 година.
Државите-членки и другите страни може да употребуваат или Republika Makedonija или Republic of Macedonia во обраќањето кон Државата, а Грција може исто така да го користи името Republika Makedonija - Skopje.
Секретаријатот ќе користи Republic of Macedonia во рамките на организацијата на ОН во текот на 2009 и понатаму,
Дозволени се и други преводи, на пример, Republique Macedoine
Republika Makedonija - Skopje може да се користи од страна на Грција.
В. Придавките и другите супсидијарни форми на обраќање ќе бидат во форма што е определена во Прилогот кон оваа резолуција или во околности што не се експлицитно предвидени, како што ќе определи генералниот секретар или негов претставник.
Г. Неколкуте форми на името на Државата на која се упатува во делот 5 ќе бидат правно еквивалентни.
6. Препорачува другите меѓународни организации, влади и други официјални страни да ја усвојат погоренаведената употреба како официјална употреба, но изјавува дека ниту една држава нема да настојува да изврши несоодветно влијание врз другите држави за да влијае врз употребата од страна на која било друга меѓународна организација, влада или друга официјална страна;
7. Зема предвид дека „Македонија“ (во оригиналниот текст „Macedonia “) се користи за географска област што опфаќа делови од неколку држави во регионот на Југоисточна Европа, вклучувајќи ги и Државата и Грција, но и не само нив, и дека „Македонија“ (во оригиналниот текст „Macedonia “) е од важност за наследството и долго се поврзуваат со него историјата и културата на неколку од тие држави;
8. Понатаму изјавува дека за ниту една држава или за нејзин официјален составен дел во меѓународната официјална употреба во кое било време (на кој било јазик) нема да се користи само, односно самостојно „Македонија“ (во оригиналниот текст „Macedonia “);
9. Понатаму изјавува дека ниту една држава нема да тврди дека има исклучиво право врз терминот „Македонија“ или „македонски“ (во оригиналниот текст „Macedonia “ и „Macedonian“) (на кој било јазик) во историска, географска или во комерцијална смисла;
10. Ја зема предвид заложбата на Државата и на Грција да ги решаваат сите прашања, меѓу нив, врз основа на мирни и соседски односи и во согласност со меѓународните договори и меѓународното право, како и заложбата на Грција да ги поддржи безбедносниот и економскиот развој на Државата и да се залага за нејзиното барање да стане членка на постојните регионални организации, вклучувајќи ги Европската Унија и Северноатлантската организација;
11. Изјавува дека оваа резолуција ќе стапи во сила 30 дена од нејзиното донесување, под услов генералниот секретар, како и националните власти и други организации, да преземат разумни мерки за премин кон погореусвоената употреба и под услов ниту еден претходен договор, документ или друга употреба да не се сметаат за неважечки во иднина поради тоа што се применила поинаква употреба пред датумот на стапување на Резолуцијата во сила.
12. Предвидува дека Привремената спогодба од 13 септември 1995 година меѓу Државата и Грција ќе се смета дека е заменета до онаа мера до која тоа го бара оваа резолуција, за која ќе се смета дека ја решава разликата меѓу страните спомената во членот 5 од неа.
13. Решава во 2021 година генералниот секретар да назначи специјален претставник, кој ќе се консултира со засегнатите страни и на генералниот секретар и на Советот за безбедност ќе им даде препораки за тоа дали ќе се изменат употребата во однос на името и другите одредби од оваа резолуција.
ПРИЛОГ 1 КОН РЕЗОЛУЦИЈАТА ________ (2005) НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Англиска верзија (слично и на други јазици)
Скратено име
Воопштено може да се користат две алтернативни верзии на имиња:
Republika Makedonija*
Republic of Macedonia
Republika Makedonija - Skopje може исто така да се користи од страна на Грција
Главен град: Скопје
Формално име
Може да се користат две алтернативни верзии на имињата:
Republika Makedonija/1
Republic of Macedonia/n
Придавка/националност
Воопштено може да се користат две алтернативни верзии на имиња:
на Republika Makedonija
на Republic of Macedonia
на Republika Makedonija - Skopje може исто така да се користи од страна на Грција
јазик: македонски (во оригиналниот текст стои Macedonian)
* Која било од наведените верзии на името може да се користи како опција од страна на корисникот: под услов Секретаријатот да употребува Republika Makedonija во 2006, па се до 2008 година и да употребува Republic of Macedonia понатаму.
1. Republika Makedonija ќе се користи во мултилатерални договори и слично за мултилатерални документи во периодот од 2006 до 2008 година, со следнава фуснота: „За Republika Makedonija исто така во прифатената официјална меѓународна употреба се користи и обраќањето со Republic of Macedonia, а од страна на Грција Republika Makedonija - Skopje “.
n. Republic of Macedonia ќе се користи во мултилатерални договори и слично за мултилатерални документи во 2009 и понатаму со следнава фуснота: „За Republic of Macedonia исто така во прифатената официјална меѓународна употреба се користи и обраќањето со Republika Makedonija, а од страна на Грција Republika Makedonija - Skopje “.
|