Pandemija na Ptichji grip-Svetska Zakana... |
sisi |
За борба против птичји грип
Доволно вакцини дури за шест месеци
"ЛЕКОВИТЕ И ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ ВИРУСОТ НА ПТИЧЈИОТ ГРИП НЕМА ДА ПОМОГНАТ АКО ИМА ПАНДЕМИЈА - ПРЕДУПРЕДИ АМЕРИКАНСКИОТ ЕКСПЕРТ ЗА ОВАА ОБЛАСТ, МАЈКЛ ОСТЕРХОЛМ
На фармацевтските компании ќе им бидат неопходни шест месеци за да произведат доволно количини вакцини против птичји грип, а тоа е многу долг рок доколку вирусот предизвика човечка пандемија, изјави Дејвид Набаро, координатор на Обединетите нации за борба против ширењето на птичјиот грип и грипот кај луѓето.
Тој истакна дека сегашното правење резерви од лекови од владите ширум светот може да биде бесмислено, бидејќи вирусот може да мутира. "Во моментов се вложуваат напори за зголемување на производствениот капацитет за да може побрзо да биде произведена вакцина, ако се појави вирус со потенцијал да предизвика пандемија", додаде Набаро.
"Лековите и вакцините против вирусот на птичјиот грип нема да помогнат ако има пандемија", предупреди американскиот експерт за оваа област, Мајкл Остерхолм. "Доколку вирусот Х5Н1 почне лесно да се пренесува на луѓе, тој ќе се пренесува така брзо што лековите и вакцината ќе бидат бескорисни. Не е важно дали сега имаме вакцина или не. Нема да успееме", изјави драматично Остерхолм.
Вирусот на птичјиот грип од крајот на 2003 досега уби најмалку 65 луѓе во четири азиски земји. Вирусот постојано мутира и експертите стравуваат дека би можел да стане лесно пренослив од човек на човек.
Доколку тоа се случи, вирусот ќе се прошири во светот за неколку месеци, а можеби и за неколку недели и ќе убие милиони луѓе. Според проценките на Светската здравствена организација, тој број би можел да изнесува дури 150 милиони луѓе.
|
OooOo |
Nekoj dobro zarabotuva od celava ovaa rabota. |
SpaceLily |
Jas mislam namerno e puschen virusov. |
Strelec |
quote: Originally posted by sisi
Нема птичји грип во Романија
Прво стигна оваа вест:
Европската комисија соопшти дека се негативни сите тестови направени во Романија за утврдување евентуално присуство на вирус на птичји грип.
Но 12 саати подоцна дојде ново известување:
Европската Унија го потврди присуството на птичји грип во Романија и забрани увоз на сите животински производи од Романија!
|
sisi |
quote: Originally posted by dalila
quote: Originally posted by OooOo
jadete svinsko :)
I onaka za mene najbolja ptica e prasica[;)]
No bolesta se prenesuva i na drugi nachini, pretpostavuvam, koga vekje kje se dojde vo kontakt so zaboleni lica.
Ne e losho ako nekoj ima informacii na koj nachi se prenesuva da postira ovde.
Edit:gledam deka Sisi vekje odgovorila[;)]
Sepak,gripot se prenesuva od covek na covek,samo i isklucivo ako zaboleniot bil vo direkten kontakt so zabolena ptica.(megju koi da se potsetime spagjaat i domasnite ni pernati milenicinja,kokoski,guski,patki,vrapci,kanarinci,misirki,fazani i tako dalje...) |
dalila |
quote: Originally posted by sisi
Sepak,gripot se prenesuva od covek na covek,samo i isklucivo ako zaboleniot bil vo direkten kontakt so zabolena ptica.(megju koi da se potsetime spagjaat i domasnite ni pernati milenicinja,kokoski,guski,patki,vrapci,kanarinci,misirki,fazani i tako dalje...)
Gledam jas deka kje si shetame so maski [:(] |
Strelec |
quote: Originally posted by sisi
...а можеби и за неколку недели и ќе убие милиони луѓе. Според проценките на Светската здравствена организација, тој број би можел да изнесува дури 150 милиони луѓе.
Утрово читав за таа работа и многу ме загрижи!!!
Пандемијата на птичји грип е само прашање на време
Светската здравствена организација (СЗО) предупреди денеска дека само прашање на време е кога целиот свет ќе биде зафатен од птичји грип, во истовреме, кога од соседните и блиски земји на Македонија стигнуваат се подраматични вести.
Европската комисија минатата ноќ потврди дека во Романија е регистриран вирусот H5...
Околу пладне од ЕК е потврдено дека вирусот на птичјиот грип што е регистриран во Турција е смртоносен за луѓе... Тој, како што пренесуваат агенциите, потврди дека случаите со заболени птици во Турција се директно поврзани со неодамна откриениот ист тип на вирус во Русија, Монголија и Кина.
Во Бугарија лекарите од општа пракса примиле упатства како да го дијагностицираат вирусот и кои првични мерки да преземат кај евентуално-заболените.
Србија тврди дека ги презела сите превентивни мерки и оти епидемиолозите, како и ветернинарите од поодамна превентивно дејствувале.
Официјална Атина денеска предложи на почетокот на ноември да биде домаќин на средба на министрите за здравство на земјите од Балканот и Црноморскиот регион на која би била утврдена заедничка стратегија за одбрана од птичјиот грип. Земјата итно ќе набави големи количества анти вирусни вакцини.
Генералниот директор на Светската здравствена организација, Ли Чун Ук денеска упати драматично предупредување дека пандемијата е безмалку реалност и оти жртвите ќе бидат големи.
На пандемија на птичји грип на почетокот на неделава предупреди и координаторот на Обединетите нации за птичји грип, Давид Наваро: “Прашањето не е дали, туку КОГА светот ќе се соочи со пандемија на птичји грип“.
|
dalila |
quote: Originally posted by Strelec
.
Официјална Атина денеска предложи на почетокот на ноември да биде домаќин на средба на министрите за здравство на земјите од Балканот и Црноморскиот регион на која би била утврдена заедничка стратегија за одбрана од птичјиот грип. Земјата итно ќе набави големи количества анти вирусни вакцини.
Sega javija na vesti deka Makedonija ne e pokaneta na ovaa sredba.
I shto kje napravi drzhavata vo vrska so ovaa zakana? Ili kje ne ostavi na milost i nemilost. |
OooOo |
jadete svinsko :)
quote: Originally posted by Strelec
...а можеби и за неколку недели и ќе убие милиони луѓе. Според проценките на Светската здравствена организација, тој број би можел да изнесува дури 150 милиони луѓе.
Chim se Kina, Indija, Pakistan u prashanje togash nema golema zaguba. Ionaka gi ima previshe ...
|
SpaceLily |
Jas neam gajle imuna sum za drugive nek mu ja mislat. |
sisi |
Ne Dalila. Ke ne preleta nas losiot Ptichji grip.,kako i site drugi raboti sto ne preletale.
Strelec,jas pak procitav sledno:
Се "пакуваат" превентивни мерки, иако нема непосредна опасност
ЛЕКАРИТЕ ПРЕПОРАЧАА ДОПОЛНУВАЊЕ НА РЕЗЕРВИТЕ СО ЛЕКОВИ И ЗАШТИТНИ СРЕДСТВА, НАБАВКА НА ВАКЦИНИ, А ВЕТРИНАРИТЕ ЌЕ ГИ ЕДУЦИРААТ ФАРМЕРИТЕ И ЛОВЏИИТЕ
Во моментов не постои реална опасност за појава на птичји грип во земјава, меѓутоа потенцијалниот ризик ја наметнува потребата од превентивни активности. Ова е ставот на експерите од областа на ветеринарната и хуманата медицина кои вчера ги ковертираа мерките што се преземаат по информациите за појава на ова заболување кај птиците во регионот.
"Пред се, треба да се дополнат резервите на лекови кои се даваат на лица заболени од хуман грип, кои се одредуваат по препораки од СЗО, а тука влегува и набавката на заштитни средства (маски, ракавици, дезифициенси, тестови...) за лицата кои би биле директно изложени на вирусот од пациенти заболени од птичји грип и подготовка на соодветни одделенија." Ова го изјави д-р Јованка Костовска, претседател на Комисијата за подготовка на национална стратегија и план во случај на евентуална појава на птичји грип по вчерашниот прв состанок на ова експертско тело. Во превентивните мерки е и набавката на дополнителни количества на вакцини за вирус од хуман тип ( обиечен грип).
Се прават напори тие да се обезбедат, иако производителите на вакцини однапред ги планираат количествата. Според експертите населението треба да знае дека оваа вакцина не зашитува од птичји грип, а СЗО со препораките за зголемена имунизација на населението за хуманиот тип на грип сака да пресретне евентуална пандемија.
Членовите на Комисијата се категорични дека во моментов не постои непосредна опасност за пандемија од птичји грип кај луѓето, затоа што тоа е заболување кое се јавува кај дивите и домашните птици. Заболувањето дијагностицирано кај луѓе е пренесено од птица на човек, а се уште нема појава на пренесено заболување од човек на човек. "Главните активности и мерки треба да ги преземат од Ветеринарната управа и Министерството за земјоделство, бидејќи птиците се единствениот извор на ова болест.
Има можност за заштита на населението со добро преземени мерки на ниво на држава", изјави Костовска. Таа појасни дека ако и се појави вакво заболување кај птиците кај нас, а потоа и кај одредени лица, тоа сепак не значи опасност птичјиот грип да биде пренесен од еден човек на друг. "Опасноста, од која стравува и СЗО е доколку овој вирус мутира и настане пандемиски вирус кој може да се пренесе од човек на човек" рече таа.
Во рамките на своите активности, Ветеринарната управа ќе ги едуцира ветринарите, фармерите и ловџиите за птичјиот грип, секојдневно ќе се следи и состојбата на теренот, а веќе се обезбедени потребните дијагностички материјали.
Sepak Vest veli:
Нема птичји грип во Романија
БУКУРЕШТ, 13 октомври (Би-Би-Си) - Европската унија соопшти дека засега нема показатели за присуство на птичји грип во Романија.
Портпаролот на ЕУ соопшти дека тестовите за сомнителните случаи се негативни, а стручни лица се надеваат дека и натамошните испитувања ќе го потврдат ова.
Романија уништи илјадници птици во страв од појкава на вирусот Х5Н1, кој е опасен за луѓето откако три пајки беа најдени мртви во едно романско село.
Резултатите од тестовите на одделни примероци од Турција се очекуваат во текот на неделава.
|
dalila |
quote: Originally posted by OooOo
jadete svinsko :)
I onaka za mene najbolja ptica e prasica[;)]
No bolesta se prenesuva i na drugi nachini, pretpostavuvam, koga vekje kje se dojde vo kontakt so zaboleni lica.
Ne e losho ako nekoj ima informacii na koj nachi se prenesuva da postira ovde.
Edit:gledam deka Sisi vekje odgovorila[;)] |
sisi |
Najnov moment: Na Kosovo otkrieni jato ubieni ptici. Se pretpostavuva deka bile zaboleni od ptichjiot grip.
Nasite vlasti i Ministerot za Zdravstvo smetaat deka nema mesto za panika. Ednostavno. Virusot ne moze nikako da se pojavi kaj nas od Kosovo. (Verojatno e toa mnoooooguuuu daleku od nas,a?) Kakva pa vrska imame nie so Kosovo,gluposti?! |
dalila |
quote: Originally posted by sisi
Nasite vlasti i Ministerot za Zdravstvo smetaat deka nema mesto za panika.
Oni taka kje zborat i da e virusot ovde, vo MK[:(!] |
sisi |
Pa izgleda deka pokraj vo Turcija i eve denes soopstija i vo Romanija,ptichjiot grip stigna i vo S.Mogila-Bitolsko.No, nasite nadlezni neli, nemaat informacija za toj pomor na zivina,pa vo ponedelnik ke ispratat strucna ekipa da go ispita slucajot.[V]
Na zdravje.[:(!] |
OooOo |
quote: Originally posted by sisi
Pa izgleda deka pokraj vo Turcija i eve denes soopstija i vo Romanija,ptichjiot grip stigna i vo S.Mogila-Bitolsko.No, nasite nadlezni neli, nemaat informacija za toj pomor na zivina,pa vo ponedelnik ke ispratat strucna ekipa da go ispita slucajot.[V]
Na zdravje.[:(!]
Znachi ne daj bozhe nekoj za vikend da go mrdne gzot i da vidi sho e rabotata a? |
concrete |
Bas go citav textov i linkovite na nego , neznam sto da mislam....????
http://www.theregister.co.uk/2005/06/02/bird_flu/ |
SpaceLily |
Off topic: Concrete zsh ne ne druzissh na drugine podforumi be ili glupi sme za tebe? |
Aj u Kafic |
na Spiegel stranicata tvrdat deka e opasen virusot vo Romanija i Turcija ... pa moe mislenje, i da pocrkneme, i taka morame eden den |
concrete |
quote: Originally posted by SpaceLily
Off topic: Concrete zsh ne ne druzissh na drugine podforumi be ili glupi sme za tebe?
Znaci koga ke otkacis nesto i ziva ke ostanes.......kaj samo ti padna na um deka takvo nesto sum pomislil, bas naprotiv, razmisluvam da im se pridruzam na ova A part of the NAJGLUPITE Potpisi - da go fatam clen broj 3 , ako e uste sloboden!!!!!
Nema veza,......imam ritam na sledenje na nekoi muabeti i toa ti e........komplicirano mi e malku funkcioniranjeto....baska ne sum vi akran za mnogu od temite..sto bi rekle Gevgelicani.......
Ovde me prenasoci OooOo koga se zamisliv za ova gavranskiov virus!!!!
|
concrete |
quote: Originally posted by sisi
[quote]Originally posted by concrete
Ne misli nisto. Pocni da se molis.:)
[url="http://www.slovio.com/1/zvuk/nasx-otec3.wav"]POCNAV: !!!![/url]
uste nekoja preporaka :):):)!!!!!
|
sisi |
quote: Originally posted by concrete
quote: Originally posted by sisi
[quote]Originally posted by concrete
Ne misli nisto. Pocni da se molis.:)
[url="http://www.slovio.com/1/zvuk/nasx-otec3.wav"]POCNAV: !!!![/url]
uste nekoja preporaka :):):)!!!!!
[:D] Nemam. [:D] Amin. :) |
sisi |
quote: Originally posted by concrete
Bas go citav textov i linkovite na nego , neznam sto da mislam....????
http://www.theregister.co.uk/2005/06/02/bird_flu/
Ne misli nisto. Pocni da se molis.:) |
Jakov |
Sto ste se izvadile od pamet. Covekon pena mu fati ustata deka nema opasnost za nas od virusot. Koga ke vi kaze minister takvo nesto barem edans u zivot veruvajte mu.... |
toni_a |
quote: Originally posted by sisi
quote: Originally posted by concrete
Bas go citav textov i linkovite na nego , neznam sto da mislam....????
http://www.theregister.co.uk/2005/06/02/bird_flu/
Ne misli nisto. Pocni da se molis.:)
abe da imav pari ke znaev kade da gi investiram [:D]
ps-bash citav deka pri "neubavi" slucuvanja ke zamizhele za odredeni patenti... |
sisi |
Slusa li nekoj vesti??? Ili mene panika me faca onaka bez veze??[?][?] Pticite (kokoski) vo s, Mogila,Bitolsko, se pomreni od zarazna bolest protiv koja ne bile vakcinirani. E,koja e bolesta ke ni soopstat vo vtornik!
Concrete,daj toa molitvata vamu![:0][xx(] |
concrete |
Ne te vadi veke ni molitva....begaj u koprivi!!!!!!! |
sisi |
Na zdravje!!![xx(] I ondak to...aj sega site u koprivi:):):) |
OooOo |
U Grcija e vekje registriran eden sluchaj.
Greece confirms first positive test of bird flu
ATHENS (AFX) - Greece's agriculture ministry today confirmed the country's first positive test for the avian flu virus, following tests on the island of Chios which detected the presence of the H5 strain in a local turkey.
The samples were submitted last Thursday from a small farm on the northeast of the island, which faces the coast of Turkey, the ministry said in a statement.
More tests to determine whether the virus is the H5N1 strain that can be lethal to humans are pending. |
Aj u Kafic |
Vidite, deneska vo edna statija vo Financial Times Deutschland citav deka sekoja godina umiraat vo zemji kako Germanija, Francuska ili Anglija nekolku ilijadi (vo germanija se 5000-6000 toa se povekje nego tie shto umiraat od soobrakjajki) lugje od grip, na primer od H1, H2 vrsti koi se vekje poznati i od koi se mozhe da se vakcinirash. Pored lekarska procenka toa e pandemija, no nikoj ne kreva panika.
Sega se pojavila nekoja vrsta H5N1 ili taka neshto, koja se prenesuva preku ptici i koja od azija preku turcija stigna kaj nas i kreva nekoja panika za pandemija koja vo sushtina sekoja godina se sluchuva kaj nas.
Mislam deka stvarno bezveza se kreva panika, nie ne se vakcinirame protiv poznati grip-viri i rizkirame da umreme (a vo sushtina i toa ne pomaga, Tatko mi pocina 2001 od grip. a beshe vakciniran) a sega se pojavil nekoja nova vrsta i se kreva panika ... veshtacko i sepak bezvezno ...
|
sisi |
Во битолско Могила откриен сомнителен случај, за кој во Ветеринарната управа не знаат дали се работи за птичји грип. Ветеринарната управа утре ќе ги испрати примероците на анализа во Светската референтна лабораторија во Англија. Резултатите се очекуваат за една недела.
Директорот Чокревски, кој до вчера тврдеше дека е сигурен дека во Македонија нема птичји грип, денеска со драматична изјава, по која веднаш се обиде да ја смири јавноста и ги повика граѓаните да не паничат.
„Имаме една сомнителна, не можеме да кажеме за што се работи, затоа што тестот со кој се испитуваат е групен за сите грипови“, изјави Слободан Чокревски, директор на Ветеринарна управа.
„Не смееме да ја прогласиме болеста или да не ја прогласиме болеста врз основа на наши лични резултати, туку тоа се праќа најтранспарентно во Светската референтна лабораторија“, рече Чокревски
Причината за масовниот помор на живината во битолското Могила е кокошкина чума позната како Њукасл. Поради тоа, ќе бидат уништени над 10.000 кокошки во 500 домаќинства. Сеуште не се знае колкава ќе биде штетата.
„Се прави заштитна зона од 3 километри и 7 километри. Спречено е движењето за да не може да дојде до пренесување на болеста, иако знаеме дека птиците преселници не може никој да ги сопре“, додаде Слободан Чокревски.
За ден-два ќе се знае и причината за поморот на кокошките во кумановско Никуљање, а се испитуваат уште два случаи од Струга и Пробиштип.
Иако во управата тврдеа дека се подготвени, Македонија нема софистицирани тестови со кои може да се открие вирусот на птичјиот грип.
Овие со кои располага се недоволни и даваат само првичните сознанија за присуство на било кој вирус на грип. Дури сега ќе ја доопремуваат лабораторијата.
И Министерството за здравство ќе побара од Владата еден милион евра од буџетот за лекови и превенција против птичјиот грип. Доцна попладне и Димов ги повика граѓаните дека место за паника нема.
„Не постои никаква опасност за пренос на луѓето. Дури ни таму каде јасно беше докажан вирусот на птичјиот грип во околината и таму нема никаков пренос досега на луѓе“, вели Владо Димов, министер за здравство.
Преку медиумите ќе бидат објавени мерките за заштита, а Ветеринарната управа отвара телефонска линија за граѓаните да пријавуваат сомнителни случаи. На телефонскиот број 3112-210 ќе можат да се јавуваат секој ден до 22 часот.
И додека Балканот го тресе паника, швајцарската фармацевтска компанија „Рош“ го зголемува производството на лекот Тамифлу.
|
EDO |
[img]http://newsimg.bbc.co.uk/media/images/40912000/gif/_40912688_birdflu_latest.gif[/img]
kaj nas ne gledam portokaleva tocka a mozebi tuka e ama so mikroskop treba da se vidi:) |
Strelec |
Блиц информации во врска со птичјиот грип:
- Светската здравствена организација објави дека се можни нови појави на птичји грип во Европа и пошироко.
- Доктор Дејвид Набаро од ОН повика богатите држави да донират пари за сиромашните Азиски држави за да се запре ширењето на вирусот и можноста да мутира и да предизвика пандемија.
- Грција соопшти дека во државата има жариште на птичји грип и тоа на острово Хиос во Егејското Море. Примероци од вирусот се испратени во Велика Британија за да се потврди дали станува збор за смртоносниот вид Х5Н1.
- Европската унија соопшти дека се подготвува да забрани месо и живина од грчкото подрачје зафатено од вирусот.
- Шефот на СЗО Ли Јонг-Вок изјави оти верува во појава на пандемија на птичјиот грип. Според него, таа најверојатно ќе почне во југоисточна Азија.
- Германските научници планираат до крајот на годинава да подготват вакцина за борба пртив тој вид вирус. Слични акции најавија Велика Британија и САД и неколку други држави.
- Чешките власти објавија дека порачале илјадници пакети со вакцината Тамифлу, како и поголем број вакцини против грип.
- Руското Министерство за земјоделство денеска соопшти дека вирус на птичјиот грип е откриен во реонот на Тула, околу 300 километри јужно од Москва.
- Обединетите нации: Владата на секоја држава треба да именува министер кој би ги координирал активностите и одговорите на заканите од птичјиот грип.
- Албанската Влада вчера потврди дека порачала 100.000 дози соодветен лек, за потреба во случај на појава на птичји грип.
- Европската Унија денеска изрази сомневања дека во Македонија има случај на птичји грип и додава оти Унијата е подготвена да испрати експерти во земјата.
- Утрово од 8 часот во пелагониското село Могила започна акцијата за целосно уништување на живината и дезинфекција на дворовите и кокошарниците.
|
OooOo |
Намалена потрошувачката на пилешко месо во Македонија
Додека се врти птичјиот грип во соседните земји, кај нас работата се сврте во намалување на потрошувачката на пилешко месо.
„Кај нас и во нашата фирма, потрошувачката на пилешко месо е опадната“, изјави Љупчо Ивановски, „Гица“ - Охрид.
Вирусот на птичјиот грип не исплаши сите, но стравот е најголем од непознатото. Го има ли во живинарските производи.
„Сигурно, чим е вирус сигурно. За пилешкото се плашам“, вели граѓанин.
Експертите децидни - нема теоретски шанси да се заразиме од конзумирање на живинарски производи.
„Вирусот не е отпорен на висока температура - со готвењето вирусот е наполно уништен. Ни теоретска можност не постои да преку месото и јајцата, луѓето бидат заразени од птичјиот грип“, рече д-р Цане Пејовски, експерт за заразни болести кај живината.
Забраната за увоз од земјите во кои се регистрирани случаеви од птичји грип, е да се спречи вирусот да дојде во контакт со домашната живина.
„Од епидемиолошки аспект има забрана за увоз од некои земји каде се појавила таа болест, поради тоа што болеста може да се пренесе преку алиштата или на друг начин, но никако преку конзумација на месото“, вели Пејовски.
Во Македонија дневно се јадат 50 тони пилешко месо, или годишно 18.000 тони завршуваат на македонските трпези. |
mArInCe |
tatko mi zabrani pileshko doma :))) jas mu vikam vaka i vaka, ne e opasno, i samiot slushash na CNN... toj aku! nejkam doma pile da se donesit! :)) |
OooOo |
Zemi misirka togash... |
mArInCe |
jas mu predlozhiv paun ama ni to nemozhelo.. |
dalila |
Go postirav na vicovi, ama epten e vo trend[:D]..morav i ovde[;)]
Оглас: Продавам фарма со кокошки. Малку настинати.
Шифра: Могилчанец |
dalila |
Oсновни податоци и препораки за птичјиот грип
Управата за ветеринарство на Република Македонија со цел да ја запознае пошироката јавност, објави флаер со основни податоци за болеста Авијарна инфлуенца попозната како Птичји грип и за правата и обврските при нејзина евентуална појава.
ПТИЧЈИ ГРИП
ШТО Е АВИЈАРНА ИНФЛУЕНЦА ИЛИ ПТИЧЈИ ГРИП
Авијарната Инфлуенца или Птичјиот грип претставува заразна, вирусна болест на домашната живина и дивите птици. Спрема својата патогеност (способност да предизвикува болест) вирусот на птичјиот грип се дели на:
* Високопатоген - предизвикува тешко заболување со висока смртност (до 100%)
* Нископатоген - предизвикува главно благи симптоми на болест, а во случај на секундарни инфекции сериозна болест со смртност и до 50%
Некои нископатогени соеви можат да мутираат во високопатогени.
Вирусот што циркулира во земјите на Азискиот континент, потврден во Романија и Турција, и кој представува опасност по здравјето на луѓето и живината е високопатогениот под сој Х5Н1.
КОЈ СЕ ЗАБОЛУВА ОД ПТИЧЈИОТ ГРИП?
Од домашната живина најчесто заболуваат кокошките и мисирките, додека кај патките и гуските се развиват благи симптоми на болест. Дивите птици кои живеат покрај вода, особено дивите патки, природно се отпорни на болеста и не покажуваат клинички знаци на болеста. Според тоа, тие претставуваат резервоар на вирусот и главна опасност за ширење на болеста меѓу домашната живина.
КАКО СЕ ПРОШИРУВА БОЛЕСТА?
Болеста кај живината лесно се пренесува со директен контакт меѓу заболените и здравите птици. Како извори на инфекција се сметаат:
* издишаниот воздух;
* изметот;
* лешевите од угинатите птици и
* предметите и околината контаминирани од нив
Болеста на големи далечини се пренесува со птиците преселници (најчесто диви патки и гуски, но и други главно водени птици), кои на патот на преселба застануваат на одмор и доаѓаат во контакт со домашната живина. Во земјата, болеста се шири со движење и контакти на заболената живина со здрава живина. Во ваквото ширење на болеста човекот има многу важна улога бидејќи со својата облека, обувки, опрема, возила и транспортот на живината многу лесно го пренесува причинителот на болеста.
Покрај овој начин, поретко болеста може да се внесе со увоз на жива живина, и производи од живина (необработени пердуви, јајца за несење).
КАКО СЕ ПРЕПОЗНАВА БОЛЕСТА ВО ЈАТОТО?
Болеста во јатото се шири исклучително брзо. За многу кратко време оболуваат речиси сите единки во јатото. Болеста ја карактеризира висока смртност при што најголемиот дел од заболените птици ќе угинат.
Од клиничките знаци во заболеното јато може да се приметат:
* голема депресија и неземање храна;
* драстично намалена несивост на јајца;
* отоци на главата и вратот;
* Поткожни крварења;
* нагла смрт која може да достигне до 100 отсто во јатото
Затоа, секоја зголемена смртност на живината во Вашето јато задолжително треба веднаш да се пријави до најблиската ветеринарна станица или до ветеринарниот инспектор. Управата за ветеринарство воведува дежурна служба која може да се добие на телефонот 02-3112 205 секој ден до 22 часот.
ШТО МОЖЕ ДА НАПРАВИТЕ ЗА ДА ЈА СПРЕЧИТЕ ПОЈАВАТА НА ПТИЧЈИОТ ГРИП
Специфични мерки за заштита на јатото не постојат. Во секој случај треба да се преземат неспецифични заштитни мерки како:
* Оневозможување контакт на дивите птици и домашната живина (поставување заштитни мрежи, држење на живината во затворени и заштитени објекти)
* Спроведување на мерките на биосигурност на фармите
* Оградување на фармите
* Поставување дезбариери и редовно чистење и дезинфекција на сите површини
* Користење заштитни одела, обувки, маски
* Хигиена на персоналот
* Дезинфекција на возилата при влез на фармата
* Забрана на влегување на неовластени лица во фармата
* Ремонт на јатата со живина од контролирани и здрави јата
* Почитување на принципот "сите внатре - сите надвор"
* Да се избегнува чување патки, кокошки и мисирки во ист двор
* Секое сомневање на болест обврзно да се пријави на ветеринар
МАКЕДОНСКИ ПРОПИСИ ЗА СУЗБИВАЊЕ НА ПТИЧЈИОТ ГРИП
При евентуална појава на болеста во Република Македонија, се преземаат следните мерки:
* усмртување на целата живина во заразените дворови/фарми и населени места;
* нештетно отстранување на лешевите на живината;
* дезинфекција на заразените фарми/дворови;
* забрана за движење на сите видови жива живина, месо и други производи од живина од заразените населени места;
* зголемена контрола на движење на луѓето, механизација и возила од заразените дворови, фарми и населени места;
* други неспецифични мерки наредени од ветеринарниот инспектор.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство плаќа надомест за живината што е убиена како дел од мерките за спречување на ширењето на болеста, како и за производите и предметите кои се уништени, во висина на пазарната вредност.
ДАЛИ ПТИЧЈИОТ ГРИП Е ЗАКАНА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО?
Вирусот на птичјиот грип ретко ги напаѓа луѓето и ако заболат инфекциите најчесто не се сериозни, туку се проследени со коњуктивитис и благи симптоми на дишниот систем.
Трба да се напомене дека инфекцијата со високо патоген вирус на птичјиот грип може да предизвика сериозни здравствени проблеми и како резултат на тоа да предизвика смрт.
КАКО СЕ ИНФИЦИРА ЧОВЕКОТ
Човекот може да се инфицира со директен контакт со заболени животни. Вирусот на Птичјиот грип е термички лабилен и се уништува со нормално варење и печење на месото, што значи дека термички третираното месо не е извор на инфекција.
КОИ СЕ РИЗИЧНИ ГРУПИ ЛУЃЕ
Во ризични групи луѓе спаѓаат оние што работат со живина (ветеринари, одгледувачи, купувачи, превозници, работници во кланици), личности кои доаѓаат во допир со инфективен материјал од живина или кои се вклучени во некој друг облик на контрола на болеста (ветеринари вработени во лаборатории, орнитолози, ловци)
КАКО ДА СЕ ЗАШТИТАТ ЛУЃЕТО
Моментално на пазарот не постои медицински препарат што луѓето потполно би ги заштитил од вирусот на птичјиот грип. Постоечките сезонски вакцини против хуманиот грип заедно со противвирусните лекови се корисни како превентивна заштита против оваа болест.
Македонската информативна агенција (МИА) интегрално ја пренесува содржината на флаерот.
Izvor
[url]http://www.idividi.com.mk/Zdravje/Medicina/326798/index.html[/url] |
sisi |
СОМНИТЕЛНАТА КОКОШКА ОД МОГИЛА НИКАКО ДА СЕ КАЧИ НА АВИОН ЗА ЛОНДОН
Далеку е Англија
Ветеринарната управа на Македонија се уште бара директна авионска линија до Лондон. Најприфатливи се летовите на Бритиш ервејс од Приштина кои слетуваат дирекно во Лондон. Заедно со мострите од кокошката на испитување во Британскиот институт во Вејбр
Мострите од пцовисаната кокошка од битолското село Могила кои завчера во Македонија покажаа сомнителни резултати на птичји грип никако да летнат за Лондон на дополнителни испитувања. Ветеринарната управа на Македонија во вторникот најави дека денес пратката треба да отпатува за Велика Британија но од таму велат дека се уште не знаат дали тоа ќе се случи денес или утре.
Се уште се бара директна авионска линија до Лондон. Најприфатливи се летовите на Бритиш ервејс од Приштина кои слетуваат директо во Лондон и Управата сериозно размислува сомнителната мртва птица да ја пушти да лета со британски авион.
Заедно со мострите од кокошката на испитување во Британскиот институт во Вејбриџ ќе отпатуваат и брисови кои вчера ветеринарите ги земаа од грлата на кокошките во Могила. Од Ветеринарната Управа велат дека тие се еден од најдобрите начини за утврдување на смртоносната болест.
"Го обезбедивме контактот со Британскиот институт. Тие се информирани дека кај нив ќе испратиме мостри и брисови за испитување на птичји грип и веќе ги очекуваат. Набавени се специјалните контејнери за транспорт на материјалот и тој ќе се чува во посебно пропишани услови. Не можам да ви кажам кога точно ќе ги испратиме мострите, оти се уште траат подготовките", рече вчера Слободен Чокревски, директор на ветеринарната Управа на Македонија.
Специјалниот контејнер за Лондон ќе патува сам без придружба од ветеринарен тим кој ќе го предаде. Ако патуваат ветеринарни лица за нив ќе треба да се прават дополнителни трошоци и да се губи време за да се извадата британски визи.
На мострите од кокошката од Могила Ветеринарниот институт во Македонија направи серумска анализа. Со неа се покажа сомнително присуство на антитела на птичји грип, но се уште не потврдено дали се работи за патогениот грип кој е опасен за луѓето, оти со оваа метода се регистрираат сите видови грипови кај птиците.
ЖИВИНАТА ВО МОГИЛА СЕ УНИШТУВА
Американците ни го подметнаа птичјиот грип.
Селаните не даваат отпор при уништувањето на нивната живина, но се убедени дека во Могила птичји грип нема и дека сето ова е подметнато од Американците за да им се продаваат американските копани.
Ветеринарни инспектори засилени со голем број ветеринарни лекари и техничари од Битола и Прилеп, организирани во осум екипи вчера извршија уништување на целата пердувеста живина во најголемото пелагониско село Могила.
Како превентивна мерка, сите влезови и излези во селото се под контрола на стручни лица кои вршат дезинфекција на сите возила што влегуваат и излегуваат од селото.
Според Нина Димовска, државен ветеринарен инспектор, уништување се врши на сите видови живина која потоа се транспортира до специјално ископаната јама надвор од селото која што по третирањето со дезинфекциски средства ќе биде затрупана.
Некои жители на Могила акцијата на ветеринарните служби ја оценија како смислена фарса на владата која тоа го прави под силен притисок на меѓународната заедница за да преземе мерки на тој план.
Пецо Кантаровски, сопственик на 50-тина кокошки вели дека нема да дозволи уништување на неговата живина се додека ветеринарните служби не му достават документ во писмена форма дека во селото е откриено и потврдено присуство на птичји грип. Кантаровски вели дека птичјиот грип во Европа намерно го внесоа Американците за да му се продаваат нивните батаци што се присутни на нашиот пазар наместо европските кои што се многу поквалитетни. Тој е длабоко убеден дека Англичаните кои што треба да извршат испитувањето на земениот примерок од Могила намерно ќе потврдат постоење на птичји грип во интерес на Американците.
И другите селани со кои што разговаравме се единствени во својот став дека во селото нема птичји грип, туку дека се работи за вообичаената и честа болест "пипка" која секоја година се појавува во овој преоден период, и тоа не само во Могила, туку и во сите села.
|
sisi |
Kolku za "uteha",najnov moment!
Масовен помор на живина и во Струмичко
Во населеното место Висока маала, струмичко, деновиве е забележан помор на кокошки. Неофицијално во ова село, изумреле околу 1000 кокошки. На самото место на терен излегле екипи од ветеринарна станица и зеле примероци од изумрените кокошки кои се доставени во Институтот за ветеринарство во Скопје, за понатамошно испитување согласно процедурата при вакви ситуации
|
concrete |
Pa kako trgnalo, za nekoe vreme nema da ostane pile vo Makedonija,
ke gi ima samo na slika......., ama ako zemete vo obzir deka
nema ni Makedonci , togas sto vi e gajle ..............Virtuelnite
si imaat veke PCilin :):)!!! |
Aj u Kafic |
nekoj samo kreve panika za da zaraboti na seto ova...
kako na primer tie producentite od Tamiflu. Nekoj spomna deka lekot ne e tolku efikasen? Deka od tie 130 zarazeni dosega (vo zadnite godini) polovina umrea? Deka i taka teshko se prezhivuva grip ako si star, mal, ili bolen? No ete pocna reakcii, drzhavite kupuvaat za prevencija ...
edinstevno mi e zhal shto gi tepaat pilinjata. A vo germanija Stefan Raab prodava ova http://www.comedyworld.de/
(Vogelgrippe e pticji grip) |
sisi |
Штотуку заврши и прес конференцијата во Владата, каде што беше соопштено дека Владата го усвоила планот за заштита од можен птичји грип.
За здравство биле побарани 45 милиони денари, а од ветерина 98 милиони денари. Првично, за заштитна опрема и лекови во здравството се одобрени само осум милиони, а за ветерина пет милиони денари.
Инаку, известени се сите кризни тела на Владата, а доколку треба ќе реагира и агенцијата за мобилизација. Во државата и официјално е прогласена епидемија на кокошкина чума, позната како Њу Касл.
Во загрозените подрачја се уништува живината, а здравите кокошки се вакцинираат.
|
vardarce |
quote: Originally posted by concrete
razmisluvam da im se pridruzam na ova A part of the NAJGLUPITE Potpisi - da go fatam clen broj 3 , ako e uste sloboden!!!!!
Ne e vise sloboden bidejki Marince e clenot broj 3 inaku ako sakas Concrete moze ti da bides clen broj 5 bidejki i cetvorkata e zafatena [:D]. |
dalila |
Кокошката могилка со голема помпа беше испратена за Лондон
Ургентно од Буџетот се повлечени пет милиони денари за борба против птичјиот грип
Мострите од кокошката могилка за која постои сомневање дека е заразена од птичји грип, по четиридневни подготовки, со голема помпа вчера попладне, конечно, замина за Лондон. Со специјално возило на Светската здравствена организација, контејнерот со мострите е префрлен во Косово од каде што со британски воен авион ќе се транспортира до лабораторијата во Велика Британија.
Паралелно со организирањето на летот на сомнителната кокошка, во селото Могила, каде што беше откриена, заврши масовното уништување на птиците. Селото ќе биде дезинфицирано и во наредните 21 дена ќе биде под ветеринарен карантин, што значи дека во него не ќе се внесува живина.
Слични превентивни активности се почнати во кумановското село Никуљане и во другите села во Штип и во Пробиштип, каде што беше констатирано дека причина за поморот на живината е њукаселската чума.
Со оглед на фактот што во Македонија атипичната чума кај живината зема епидемиски размери, наредна превентивна мерка ќе биде вакцинирање на живината. Ова вчера го изјави директорот на Ветеринарната управа, Слободен Чокревски. Тој посочи дека за ова се информирани сите релевантни светски институции на кои јасно им е укажано дека во нашата земја нема птичји грип.
За да не се крева паника на секое помасовно пцовисување на живината и на другите птици, првата наредна превентивна мерка ќе биде насочена кон атипичната чума. Според Чокревски, ќе се вакцинира целата живината во земјава, а акцијата треба да почне денеска или утре. "Оние лица што нема да дозволат вакцинација на живината, нема да бидат обсштетени", категоричен е Чокревски.
За набавка на дополнителни количества тестови за дијагностицирање на заболувањата кај птиците, за маски и средства за дезинфекција, одобрени се пет милиони денари. Дел од овој буџет ќе се искористи за обесштетување на селаните чија живина се уништува и тоа по пазарна цена. "Обесштетувањето нема да биде 50 денари за кокошка, како што се тврдеше во јавноста, туку некаде околу 200 денари, во зависност од видот на домашната птица и килажата", вели Чокревски.
Овие мерки биле договорени на завчерашната седница на Владата на која била прифатена стратегијата за спречување на евентуалната пандемијата на птичји грип. Со неа се планираат да се одобрат 98 милиони денари за секторот земјоделство и ветерина и 45 милиони денари за здравствениот сегмент.
На сметката на Министерството за здравство ургентно се префрлени околу 8 милиони денари кои ќе бидат искористени за итно купување на околу 50.000 вакцини за грип, и 1.000 дози на препаратот "тамифлу", антивирусниот лек што е дел од терапијата при појава на птичјиот грип. На приоритетната листа се наоѓаат и други лекови потребни при компликации, потоа дезинфициенти, маски, ракавици и други заштитни средства.
Дали ќе има проблем околу набавката на вакцините за грип и "тамифлу" со оглед дека, поради стравот од птичјиот грип, тие веќе се распродадени, д-р Јованка Костовска, претседателка на Комисијата за спречување на птичјиот грип од Министерството за здравство, вели дека веќе контактирале со производители и дека има позитивен одговор. |
sisi |
Појава на птичји грип и во Шведска
Шведска доцна синоќа го потврди првиот случај на птичји грип. Вирусот е откриен кај една од четирите угинати патки, пронајдени во областа ексилстун, 100 километри западно од Стокхолм.
Исто како и во македонскиот, хрватскиот и британскиот случај, дури анализите во Вејнбриџ ќе покажат дали станува збор за „H5N1“, вирусот опасен по животот на луѓето..
Во Хрватска се уништени 10 илјади домашни птици, во радиус од три километри од рибникот Зденци, во Славонија, каде што завчера беа откриени заразените угинати лебеди.
По завчерашното откривање на вирусот на птичјиот грип во папагал увезен од Суринам, британската влада Ја повика Европската унија да го забрани увозот на живи птици од целиот свет. Со брзата поддршка од европските партнери, Лондон очекува забраната да стапи на сила во рок од неколку дена.
|
dalila |
Denes slushav na Makedonsko radio-prva programa vo 11.00, znaete koja emisija[;)]..preporaki za cel-prevencija protiv ptichjiot grip, se preporachuva da se izbegnuvaat slednive izrazi vo govorot:pile moe... golubice moja...grakash kako chavka...se duesh kako paun...shto si se naperchil ko petel..i slichni [:D][:D][:D] |
The`bItCh |
A be topicov e za vo zdravje sho bara tuka?
Patem, site kje umreme![:D]
|
suspect |
Jas vcera procitav izjava od nekojsi americki naucnik vo koja vika deka pticjiot grip ne e tolku opasen kolku shto se kreva panika.No deka sleduva nekoj grip vo idnina shto navistina ke bide smrtonosen.Ne pisuvase koj,kako,shto.....ama za ova ...pticjiov....kazuva deka vo 2003 vo Azija umrele samo 66 lica od istiot shto vo sporedba so smrtnosta od dr. vidovi virusi , i ne e alarmantno. |
sisi |
Bidejki pocnaa da apeliraat na site javni mediumi,go povtoruvam postot na Dalila i ke ja zamolam dokolku ima novi informacii za zastita ili prevencija od gripot,da gi postira!
Oсновни податоци и препораки за птичјиот грип
Управата за ветеринарство на Република Македонија со цел да ја запознае пошироката јавност, објави флаер со основни податоци за болеста Авијарна инфлуенца попозната како Птичји грип и за правата и обврските при нејзина евентуална појава.
ПТИЧЈИ ГРИП
ШТО Е АВИЈАРНА ИНФЛУЕНЦА ИЛИ ПТИЧЈИ ГРИП
Авијарната Инфлуенца или Птичјиот грип претставува заразна, вирусна болест на домашната живина и дивите птици. Спрема својата патогеност (способност да предизвикува болест) вирусот на птичјиот грип се дели на:
* Високопатоген - предизвикува тешко заболување со висока смртност (до 100%)
* Нископатоген - предизвикува главно благи симптоми на болест, а во случај на секундарни инфекции сериозна болест со смртност и до 50%
Некои нископатогени соеви можат да мутираат во високопатогени.
Вирусот што циркулира во земјите на Азискиот континент, потврден во Романија и Турција, и кој представува опасност по здравјето на луѓето и живината е високопатогениот под сој Х5Н1.
КОЈ СЕ ЗАБОЛУВА ОД ПТИЧЈИОТ ГРИП?
Од домашната живина најчесто заболуваат кокошките и мисирките, додека кај патките и гуските се развиват благи симптоми на болест. Дивите птици кои живеат покрај вода, особено дивите патки, природно се отпорни на болеста и не покажуваат клинички знаци на болеста. Според тоа, тие претставуваат резервоар на вирусот и главна опасност за ширење на болеста меѓу домашната живина.
КАКО СЕ ПРОШИРУВА БОЛЕСТА?
Болеста кај живината лесно се пренесува со директен контакт меѓу заболените и здравите птици. Како извори на инфекција се сметаат:
* издишаниот воздух;
* изметот;
* лешевите од угинатите птици и
* предметите и околината контаминирани од нив
Болеста на големи далечини се пренесува со птиците преселници (најчесто диви патки и гуски, но и други главно водени птици), кои на патот на преселба застануваат на одмор и доаѓаат во контакт со домашната живина. Во земјата, болеста се шири со движење и контакти на заболената живина со здрава живина. Во ваквото ширење на болеста човекот има многу важна улога бидејќи со својата облека, обувки, опрема, возила и транспортот на живината многу лесно го пренесува причинителот на болеста.
Покрај овој начин, поретко болеста може да се внесе со увоз на жива живина, и производи од живина (необработени пердуви, јајца за несење).
КАКО СЕ ПРЕПОЗНАВА БОЛЕСТА ВО ЈАТОТО?
Болеста во јатото се шири исклучително брзо. За многу кратко време оболуваат речиси сите единки во јатото. Болеста ја карактеризира висока смртност при што најголемиот дел од заболените птици ќе угинат.
Од клиничките знаци во заболеното јато може да се приметат:
* голема депресија и неземање храна;
* драстично намалена несивост на јајца;
* отоци на главата и вратот;
* Поткожни крварења;
* нагла смрт која може да достигне до 100 отсто во јатото
Затоа, секоја зголемена смртност на живината во Вашето јато задолжително треба веднаш да се пријави до најблиската ветеринарна станица или до ветеринарниот инспектор. Управата за ветеринарство воведува дежурна служба која може да се добие на телефонот 02-3112 205 секој ден до 22 часот.
ШТО МОЖЕ ДА НАПРАВИТЕ ЗА ДА ЈА СПРЕЧИТЕ ПОЈАВАТА НА ПТИЧЈИОТ ГРИП
Специфични мерки за заштита на јатото не постојат. Во секој случај треба да се преземат неспецифични заштитни мерки како:
* Оневозможување контакт на дивите птици и домашната живина (поставување заштитни мрежи, држење на живината во затворени и заштитени објекти)
* Спроведување на мерките на биосигурност на фармите
* Оградување на фармите
* Поставување дезбариери и редовно чистење и дезинфекција на сите површини
* Користење заштитни одела, обувки, маски
* Хигиена на персоналот
* Дезинфекција на возилата при влез на фармата
* Забрана на влегување на неовластени лица во фармата
* Ремонт на јатата со живина од контролирани и здрави јата
* Почитување на принципот "сите внатре - сите надвор"
* Да се избегнува чување патки, кокошки и мисирки во ист двор
* Секое сомневање на болест обврзно да се пријави на ветеринар
МАКЕДОНСКИ ПРОПИСИ ЗА СУЗБИВАЊЕ НА ПТИЧЈИОТ ГРИП
При евентуална појава на болеста во Република Македонија, се преземаат следните мерки:
* усмртување на целата живина во заразените дворови/фарми и населени места;
* нештетно отстранување на лешевите на живината;
* дезинфекција на заразените фарми/дворови;
* забрана за движење на сите видови жива живина, месо и други производи од живина од заразените населени места;
* зголемена контрола на движење на луѓето, механизација и возила од заразените дворови, фарми и населени места;
* други неспецифични мерки наредени од ветеринарниот инспектор.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство плаќа надомест за живината што е убиена како дел од мерките за спречување на ширењето на болеста, како и за производите и предметите кои се уништени, во висина на пазарната вредност.
ДАЛИ ПТИЧЈИОТ ГРИП Е ЗАКАНА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО?
Вирусот на птичјиот грип ретко ги напаѓа луѓето и ако заболат инфекциите најчесто не се сериозни, туку се проследени со коњуктивитис и благи симптоми на дишниот систем.
Трба да се напомене дека инфекцијата со високо патоген вирус на птичјиот грип може да предизвика сериозни здравствени проблеми и како резултат на тоа да предизвика смрт.
КАКО СЕ ИНФИЦИРА ЧОВЕКОТ
Човекот може да се инфицира со директен контакт со заболени животни. Вирусот на Птичјиот грип е термички лабилен и се уништува со нормално варење и печење на месото, што значи дека термички третираното месо не е извор на инфекција.
КОИ СЕ РИЗИЧНИ ГРУПИ ЛУЃЕ
Во ризични групи луѓе спаѓаат оние што работат со живина (ветеринари, одгледувачи, купувачи, превозници, работници во кланици), личности кои доаѓаат во допир со инфективен материјал од живина или кои се вклучени во некој друг облик на контрола на болеста (ветеринари вработени во лаборатории, орнитолози, ловци)
КАКО ДА СЕ ЗАШТИТАТ ЛУЃЕТО
Моментално на пазарот не постои медицински препарат што луѓето потполно би ги заштитил од вирусот на птичјиот грип. Постоечките сезонски вакцини против хуманиот грип заедно со противвирусните лекови се корисни како превентивна заштита против оваа болест.
Македонската информативна агенција (МИА) интегрално ја пренесува содржината на флаерот.
Izvor
http://www.idividi.com.mk/Zdravje/Medicina/326798/index.html |
EDO |
http://www.who.int/en/
tuka moze da najdete poslednite informacii za virusot |
dada Sani |
Se bara predlog za novo zname zosto orelot sto do sega bese na istoto "fatil" ptichji grip[xx(] |
dalila |
Ich da nema te gajle[;)][:D]
Резервирани 70 легла за евентуално заболени од птичји грип
Во случај на појава на птичји грип кај луѓето, околу 60 епидемиолози се подготвени веднаш да излезат на теренот за да ги истражат контактите на заболените, од нив да земат микробилошки мостри за дијагностицирање на причинителот и тие прописно да се спакуваат и испратат на типизација во референтната лабораторија во Лондон. За утврдување на вирусот во Републичкиот завод за здравствена заштита веќе се набавени 1.000 теста, а за згрижување на заболените во здравствените установи се обезбедени околу 70 легла кои би биле отстапени при појавата на смртоносниот вирус.
Ова се само дел од активностите предвидени со националната стратегија и план за справување при евентуална пандемија на птичјиот грип што ја усвои Владата на 20 овој месец, а која на меѓународниот состанок на Светската здравствена организација за мерките за заштита од птичји грип во Копенхаген ја презентирал официјалниот претставник од Македонија, д-р Жарко Караџовски од Републичкиот завод за здравствена заштита. Во своето десетминутно излагање пред светските здравствени експерти, како што вели д-р Караџоски, тој презентирал дека Македонија има стратегија подготвена пред еден месец, но немаше објаснување како се случило шефот на СЗО за Европа да изјави дека нашава земја нема план. Притоа, Караџовски ги обвини медиумите за меѓународниот резил на нашава земја, која СЗО ја вброи во трите земји во Европа, заедно со Молдавија и Туркменистан, како единствени земји - членки на СЗО од Европа кои немаат подготвено каква било стратегија за борба со птичјиот грип. Очигледно е дека стратегијата не била навреме доставена бидејќи чекала да ги помине редовните административни процедури.
На стратегијата, како што вели Караџовски, почнало да се работи уште во март кога на првата конференција за птичјиот грип било договорено дека секоја земја мора да има таков план. "Стартегијата не може да се изработи преку ноќ", вели Караџовски, објаснувајќи дека на неа работеле 12 експерти од разни области кои ја сочинуваат Националната комисија за справување со птичјиот грип. Покрај неа, постои и уште едно тело за ветеринарниот сектор, појасни Караџовски, кој додаде дека на состанокот во Копенхаген "Ј го обелил образот на Македонија". Тој одби да обелодени други детали од стратегијата, упатувајќи на Министерството за здравство.
Стратегијата, по скандалот, вчера експресно е преведена и испратена до централата на СЗО. Ова го потврди в.д. шефот на СЗО во Македонија, Марија Кишман,која курцшлусот околу стратегијата го искоментира како "процеп во информациите".
izvor:[url]http://www.utrinskivesnik.com.mk/[/url] |
Jakov |
Sreka nasa na tolku kokoski i misirki da nemame pticji grip. Sega bas citav kolku ima...da drzime sreka. |
dalila |
Daj be kazhete dali sigurno virusot e termichki labilen[:(]
Mesoto i onaka ne mi nedostasuva , ne go sakav mnogu-mnogu ni predhodno[xx(]...ama torta mi se jadeeeeeeeee[V][:(] |
Jakov |
Imase flaer za toa kako i koga smee da se korist jajca i meso od kokoski i druga pernata zivina....
slobodno muchkaj gi i nemaj gajle....
se sto minuva nad 100 stepeni podoglo od tri minuti e OK za jadenje.
Imas i na stranata na Svetska zdravstvena organizacija za toa.
Ako sakas mozam da ti pratam i poopsirno ima dosta interesni informacii i upatstva. Sto smee a sto ne smee. |
beaver hunter |
batali torta... krkaj sarma... znaesh kakva... |
dalila |
quote: Originally posted by Jakov
Ako sakas mozam da ti pratam i poopsirno ima dosta interesni informacii i upatstva.
Postiraj tuka de[:p]..shto mora samo mene da mi prakjash?[:D] |
Jakov |
Pa ti projavi interes. Tuka so da postiram linkovi od internet samo dupla rabota ke pravime. Izbegavam da citiram veke kazani raboti.Misliev ako ti e bitno tebe da te nasocam kade ima sto ima. :) |
sisi |
Македонија утре ќе знае дали има птичји грип
30.10.2005
Македонија најрано утре ќе знае дали во земјава има птичји грип. Лондонската лабораторија за А1 потврди, дека резултатите од примерокот кој по 10 дена пат стаса од Могила, ќе бидат готови најрано в понеделник, по што ќе и бидат соопштени на македонската ветеринарна управа.
Директорот Слободен Чокревски денеска не даваше информации за резултатите.
Босна и Херцеговина испитува дали во земјата има птичји грип – се уште трае анализата на лебедот кој вчера беше пронајден мртов кај езерото Трн кај Бања Лука.
Земјата ги презеде сите потребни мерки за заштита, откако Хрватска објави дека има птичји грип и тоа смртоносен тип.
Во меѓувреме, Црна Гора соопшти дека во земјата нема птичји грип, но дека службите се подготвени за заштита од евентуална пандемија, а усвоен е и национален план за заштита.
Македонија пред три дена доби критика од СЗО, дека заедно со Туркменистан и Молдавија е земја која нема направено стратегија за заштита, по што Министерството за здравство се правдаше за доцнењето.
|
Jakov |
Fala Sisi neumorna si, nema sto.
|
Strelec |
Kumanovskiot zavod za zdravstvena zashtita upatil proglas do gragjanite na Kumanovo!
PREVENCIJA OD PTICJI GRIP
- Petla da ne ga fakas i prinasas do usta
- A za jajca i da ne zboru
- Brapci da ne celivas
- Socnu piletinu da zaobilazis
- I da ne ulaziz u duel s`s kokoske i guske
|
dada Sani |
[:D][:D][:D] |
sisi |
Првичните анализи од примерокот од Могила покажале дека во мострите не е најден смртоносниот вирус Х5Н1, ниту било кој вирус на птичји грип.
Но, ова не ја исклучува можноста дека во Македонија нема птичји грип. За конечните и сигурни резултати на експертите во Венбриџ им требале уште неколку дена.
„Сите серуми кои се испратени во Светската референтна лабораторија се негативни на хемаглутинација и хибиција, хи-тест, на авиарна инфлуенца на Х5Н1 антитела“, изјави Слободан Чокревски, директор на Ветеринарна управа.
„Ова се првични резултати и не се конечни и ова не одрекува дека стопроцентно кај нас нема постоење на вирусот“, рече Чокревски.
Нови случаи на птичји грип во Канада, Русија и Тајланд
На живинарска фарма во руското село Шатрово потврдено е присуството на вирусот Х5Н1, кој е опасен и за човекот.
Анализата пак, на 4.800 диви пајки во Канада покажа присуство на вирусот Х5 кај 28 птици. Претставник на канадската агенција за контрола на намирници изјави дека најверојатно не се работи за патогениот вирус Х5Н1 од Азија.
Смртоносниот вирус е откриен и кај кокошките во две провинции во Тајланд. Овие резултати доаѓаат само ден откако птичјиот грип во оваа азиска земја беше регистриран и кај човек.
Американскиот претседател Џорџ Буш денеска побара 7,1 милијарди долари за превенција од можна пандемија на птичјиот грип.
|
dalila |
quote: Originally posted by sisi
Првичните анализи од примерокот од Могила покажале дека во мострите не е најден смртоносниот вирус Х5Н1, ниту било кој вирус на птичји грип.
quote: Анализата пак, на 4.800 диви пајки во Канада покажа присуство на вирусот Х5 кај 28 птици.
A jas pa mislev za Kanada da si begam[:(] |
Jakov |
VO Kanada ima najgolema opasnost od natamosno srenje na pticjiot grip poradi golemiot broj na divi guski. Spored toa sto go razbrav jas od prilogot se raboti za onie pticurinite so zeleni glavi Tom i Jerry sto gi brkaat. Na francuski bese prilogot ne razbrav se. Kanadzani mislete mu ja.... |
sisi |
Чокревски, врати се на факултет!
Академикот Ѓорѓи Ефремов вчера му порача на дирекоторт на Ветеринарната управа АСлободен Чокревски "да си поднесе оставка, да се повлече од функцијата директор на Ветеринарната управа и да се врати на Ветеринарниот факултет за да ја заврше својата едукација". Во писмото што по имејл го испрати до медиумите, академикот реагира изјавата на Чокревски дадена на прес конференцијата во вторникот за информацијата од референтната лабораторија од Лондон дека резултатите од анализите на мртвата кокошка од битолското село Могила се негативни.
"Господинот Чокревски изјавува 'Ова се првични резултати и тие не одрекнуваат дека кај нас нема стопроцентно постоење на вирусот'. Каква ли изјава, каква ли површност, непромисленост и незнање", се чуди академик Ефремов и додава:
"Резултат од референтна лабораторија може да биде сомнителен, негативен или позитивен. Во случајот резултатот е негативен. Треба ли тогаш да се изјавува дека “добиениот резултат не е стопроцентна гаранција дека во земјата нема птичји грип и дека ќе се направат дополнителни анализи по сугестија на британските експерти”. Ова е една од бројните површни, непромислени, незналачки и некомпетентни изјави на господинот Слободан Чокревски", вели Ефремов.
Ефремов реагира на изјавата на Чокревски дека "во лабораторијата на МАНУ не можеле да се извршат анализите на мострата од Могила и дека за вакви испитувања потребно е МАНУ да примени специфични методи што не се стандардизирани кај нас".
"Изјавата е крајно произволна и незналачка. Господинот Чокревски никогош не побарал, не изразил интерес да ги види лабораториите на МАНУ, но затоа секој странец кој го посетил Ветеринарниот факултет/институт ги посетил лабораториите на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија (ИЦГИБ) и бил нагласено импресиониран од опременоста и компетентноста на соработниците во Центарот. 'Специфичните методи' кои ги споменува Чокревски се воведени во оваа институција пред повеке од 15 години. За потсетување на господинот Чокревски при појавата на Лигавката и шапот во Македонија во 1996 година ИЦГИБ-МАНУ паралелно со референтната лабораторија во Англија беше вклучена во детекцијата на лигавката и шапот кај болните, односно сомнителни животни. Резулататите се добиваа за два дена", заклучува во својата реакција до медиумите академик Георги Ефремов.
|
sisi |
Во Кина за две седмици се регистрирани жаришта на птичјиот грип во четири провинции.
Во Лаонин, 3.000 егзекутори уништиле над еден милион птици, а во дезинфекцијата и изолацијата учествуваат и армиски единици.
|
sisi |
СЗО предупреди на опасноста од пандемија на птичјиот грип
Прашање на време е кога некој од вирусите на птичјиот грип ќе мутира и ќе стане опасен по луѓето, изјави денеска во Женева директорот на Светската здравствена организација Ли Јонг Вук, на отварањето на светската конференција посветена на проблемот со „авијан инфлуенца“.
„Не знам кога, но знам дека тоа ќе се случи“, предупреди тој.
Околу 400 експерти и претставници на државни и меѓународни организации ќе се обидат во текот на трите дена колку што трае форумот да изработат план за глобални активности за справување со птичјиот грип.
„Треба да постигнеме глобален договор за мерките за контрола на ширањето на болеста меѓу птиците, но и од птиците на луѓето“, изјави Ли, нагласувајќи ја потребата од зајакнување на начините за распознавање на вирусот, гаранции за обештетување на производителите чии птици ќе бидат уништени, како и за зголемување на капацитетите за производство на вакцини и лекарства.
И претходно генералниот директор на СЗО предупреди дека избувнувањето на пандемија на птичји грип е само прашање на време.
|
mona |
Пандемија на птичји грип ќе го чини светот 800 милијарди долари
ЖЕНЕВА, 8 ноември (АП) - Нова смртоносна глобална пандемија на обичен грип кај луѓето ќе биде неизбежна и не ќе може да се проценат штетите ако светот не го дочека подготвено, соопшти вчера шефот на Светската здравствена организација на ОН. Светската банка проценува дека евентуалните економски трошоци ќе изнесуваат најмалку 800 милијарди долари.
"Се соочуваме со ненамален интензитет на ширење на птичји грип" кај птиците преселници и домашната живина, соопшти Ли Џонг-вук, генерален директор на СЗО, на средбата на 600 здравствени стручњаци, што претставува прв обид да се изготви глобална стратегија во случај птичјиот грип да мутира и да почне лесно да се шири меѓу луѓето. Ли нагласи дека пандемијата на човечки грип уште се нема појавено, но има јасни сигнали дека тоа може да се случи било каде во светот.
Светската банка вчета соопшти дека цената на евентуална пандемија на човечки грип би можела да чини 800 милијарда долари, што е два отсто од светскиот годишен бруто домашен производ.
Џим Адамс, висок службеник во Светската банка, кој присуствуваше на тридневната средба за птичјиот грип во Женева, соопшти дека Банката сака да изготви програма од милијарда долари за да им се помогне на државите во борбата против вирусот. Половината ќе се исплаќа со долгорочни грантови и заеми, а остатокот преку специјален фонд што ќе го финансираат донатори.
"Се работи за 500 милиони долари во финансики обврски од страна на Светската банка, а потоа ќе се работи на мобилизација слични суми од донаторите", изјави Адамс, кој е потпретседател за оперативна политика и услуги за државите.
Вирусот од 2003 година досега уби 63 луѓе во Азија, и за да се спречи беа заклани 150 милиони птици низ целиот свет.
|
sisi |
ПРВ СЛУЧАЈ НА ПТИЧЈИ ГРИП ВО ИТАЛИЈА
Италијанските власти денеска соопштија дека е откриен прв случај на птичји грип во земјата.
Според италијанското Министерство за здравство, вирусот H5N1 е откриен кај една дива патка, која е фатена во реонот на Падова.
“Вирусот генетски е различен од оној кој е откриен во Азија, и е сличен на оние вируси кои обично се среќаваат кај европските диви водни птици”, се наведува во соопштението.
|
OooOo |
Izgleda deka sarmata i podvarokot ili samo kiselata zelka e lekot za ptichjiot grip. I ova ne e zaebancija ... chitaj go tekstot:
Sauerkraut seen as weapon against avian flu
Researchers in Seoul, South Korea, claim chickens infected with the virus improved after they were fed an extract of kimchi, a spicy Korean fermented cabbage. They speculate that a bacteria found in kimchi may help fight the flu; the same bacteria are found in sauerkraut.
Cabbage is a cruciferous vegetable, along with cauliflower, broccoli and brussels sprouts. Health and nutrition experts have long extolled the virtues of the vegetable category, which are thought to help stave off some cancers.
Fans of the vegetable and its fermented forms have long felt it is a healthy choice.
The Borzynski family is the largest producer of cabbage in the area. They plant about 2,000 acres of cabbage in Racine and Kenosha counties, but most of it is used fresh, not turned into sauerkraut.
Kristin Borzynski was managing the family's store in Mount Pleasant Sunday afternoon. She said she has only recently learned of the latest health benefit associated with cabbage. Borzynski already knew of its role in helping to prevent cancer and keep the colon healthy.
[url="http://www.journaltimes.com/articles/2005/11/07/local/iq_3755124.txt"]Full Story...[/url] |
dalila |
quote: Originally posted by OooOo
Izgleda deka sarmata i podvarokot ili samo kiselata zelka e lekot za ptichjiot grip.
Ti rasolnicata ja pretochi?[:D] |
sisi |
Керолајн Браун, технички експерт од СЗО, дојде од Копенхаген за да утврди дали Македонија ги исполнува основните стандарди за првично дијагностицирање на вирусот на птичјиот грип.
Замина со забелешки дека македонската Влада треба да инвестира во доопремување на лабораториите на Ветеринарниот институт и во РЗЗЗ.
„Проблемот е што на двете лаборатории им требаат дополнителни ресурси и мислам дека сега е добро време да се најдат канали преку кои ќе се овозможи тоа. Еден од тие канали е Владата, а вториот канал би бил некоја надворешна организација“, изјави Керолајн Браун, технички експерт на СЗО.
На Ветеринарниот институт постојат услови за првично потврдување на вирусот кај живината, а набрзо ова дијагностицирање ќе биде уште посигурно, нагласи Браун.
Им забележа на здравствените власти дека имаат стручен кадар, но ја немаат потребната опрема за прават анализи во случај на појава на птичји грип кај луѓето.
„Од она што го видов на институтот, тие можат да формираат дијагноза, но мислам дека им се потребни уште неколку месеци за да имаат потполно валидни тестови“, рече Браун.
Лабораторијата во МАНУ обучува кадар и прави одредени заразни и вирусолошки анализи, но не е соодветна за вакви испитувања, објасни д-р Браун.
Замина попладнево за да подготви извештај за Македонија, откако 3 дена ја скицираше состојбата на теренот.
Од седиштето на СЗО во Копенхаген пристигна веста дека Македонија заедно со Монако и Сан Марино е додадена на листата од 46 земји кои подготвиле национален план за борба против птичјиот грип.
|
sisi |
АМЕРИКАНСКИ НАУЧНИЦИ ПРОНАЈДОА ВАКЦИНА ПРОТИВ H5N1 [01.12.2005]
Во САД е создадена вакцина против вирусот на птичјиот грип од најопасниот вид H5N1, јави ИТАР-ТАСС.
Директорот на американскиот Национален институт за алергиски и инфекциски заболувања Антони Фаучи објасни дека вакцината е изработена врз основа на примерок земен од виетнамски пациент, кој се заразил од вирусот во 2004 година.
Фаучи истакна дека во моментов вакцината е во период на клинички испитувања. Веќе е утврдено дека нема штетни пропратни дејства и оти пружа имуна реакција, која треба да е доволна за заштита од H5N1."
САД засега немаат доволно можности за производство на препаратот во неопходните количини за справување со евентуална пандемија, предизвикана од неконтролираното ширење и мутирање на птичјиот вирус", додаде директорот на Институтот.
|
sisi |
Откриено жариште на птичји грип во Украина
Украинските ветеринарски власти соопштија дека вирусот на птичји грип е регистриран кај птиците што пцовисаа на полуостровот Крим, соопшти Александар Хоробец, портпарол на Министерството за аграрна политика на Украина, јави МИА.
- Регистрираниот вирус на птичји грип е високозаразен. Птиците умираат за помалку од 8 часа откако ќе се инфицираат - изјави Хоробец за Ројтерс.
Тој нагласи дека регистрираниот вирус е од типот Х5, додавајќи дека ова се први случаи на птичји грип во Украина. Во осум села во реоните на Советск и Нижнегорск на украинскиот полуостров Крим е регистрирано масовно пцовисување на живината.
Според податоците на ветеринарските служби, пцовисале дури 90 проценти од домашните птици во двата реона. Министерството за здравство соопшти дека е воведена забрана за продажба на живина од Крим, а претседателот Виктор Јушченко воведе вонредна состојба во овие области.
Тој нареди да се создаде штаб што ќе ја одреди зоната за која ќе важат мерките за вонредна состојба и кој ќе преземе итни мерки за спречување на ширењето на болеста. Штабот ќе го координира и снабдувањето со храна и медицинска помош на населението во зоната.
Министерството за внатрешни работи доби налог да воспостави трикилометарска карантинска граница околу селата во кои се регистрирани случаи на птичји грип.
- На југоистокот на Романија, во жупанијата Браила, завчера е откриен уште еден случај на птичји грип - изјави директорот на романската Национална ветеринарска служба, Габриел Педрои.
Тој истакна дека вирусот Х5 е регистриран кај кокошка во селото Чоачиле. Селото, кое има околу 800 жители, е ставено под карантин.
|
toni_a |
Donald Rumsfeld
medikamentot sto navodno pomaga e pronajden/razvien od kaliforniskata firma Gilead Sciences.togasnata mala firma ja prodava licencata za proizvodstvo na Tamiflu vo 1996 god na farma-gigantot Roche.
lekot ne se prodaval nikade,slab biznis...kade sto nemalo zarabotuvachka za amerikancive.
so prvata novina od gripot,zapochnuvaat raspravii za licencata i amerikancite pochnuvaat so tuzhbi itn...
da ne dolzham mnogu (TRIPS,WTO,raspravii od porano za SIDA-virusot) ,vazhno amerikancive si ja mestat rabotava povtorno po nivni merak!
Donald bil chairman of the supervisory board pomegu `99 i `01 i drzhi golem broj akcii.so pomosh na pretsedatelot i opshta panika...
USA porachuvaat 80milioni kutii/paketchinja so lekot i odobruvaat budzet od 2milijardi dolari za lekot.
plakja neli danochniot obvrznik... |
vlado1979 |
Vo kontekst na pticji grip...Realna opasnost za Makedonija spored moe mislenje nema.Nemame kojznae kakov zivin fond.Za pajki i da ne zboruvame.Se krena fama.Novinarite go naduvaa balonot .No strav lozje cuva pa i nashive istitucii se na strek.Na narodot duri ni kokoskite ne im gi platija..Sramota.. |