Buchko!,a sega Struga i Kichevo?
Buchko!,a sega Struga i Kichevo?
f9 Косово го одби предлогот на Бучковски 17.10.2005 Косово одбива да се заврши демаркацијата на границата пред да се донесе конечното решение за статусот на покраината. Косовскиот Премиер во ексклузивното интервју за А1, покрај ова денеска изјави и дека нема потреба косовските политичари да усвојуваат било каква резолуција во која би се откажала од било каква идеја за спојување на териториите во регионот каде што живеат албанци вклучувајќи ја и Македонија, како што предложи премиерот Бучковски. Инаку, специјалниот преставник на Обединетите Нации Каи Еиде, во својот извештај предложи, демаркацијата да заврши пред решавањето на статусот. Косуми најави дека во наредните денови е можна средба со премиерот Бучковски. Na red e kolicija megu Ljupcho,Ali i Buchko...
Homer MakeDonski ovoj prviot kje go pravat pretsedatel ,kako se prikazuva po carsija
dejan Togas im se znaat ambicijite....ova ne e 'evropski' balkan! Ova e middle east balkan!!!!
трендафил Да се надеваме дека сепак народот на избори ќе одлучи кој после помалку од една година ќе ја води државата. Најголем дел од чаршијските муабети се политичка пропаганда на некоја од партиите. Не верувам дека гласачите на СДСМ се на копче, па дека би гласале за Георгиевски ако тоа им го нареди Бучковски. Сепак самите можат да кажат повеќе за тоа. А во моментов самиот Георгиевски има доста низок рејтинг иако за волја на вистината, ниту најпосакуваниот, Груевски, нема висок рејтинг, затоа што поголемиот дел од граѓаните не ги сака сите политичари, што не е добро, затоа што без политичка елита нема држава. Со лоши политичари има лоша власт, но сепак државата опстанува. Слично е и со формирањето на партија од страна на Костовски и незадоволните пратеници од актуелната власт (Тито Петковски и Лилјана Поповска). Се пуштаат гласови за да не се формира партијата, затоа што може да ги расипе плановите на „големите“ партии. Не гледам зошто Трифун би влегол во политичка бура со непредвидлив крај, кога со помош на двете ВМРОа, ДПА и другите од опозицијата вклучувајќи ги незадоволните од СДСМ, ДУИ и ЛДП е скоро сигурен иден претседател доколку биде жив и здрав и не се откаже самиот од тоа. П.С.; До изборите има уште многу време, па може да се појави и некоја нова ѕвезда на нашето политичко небо. Во секој случај вртењењто во круг кога работите не се движат како што посакуваме не е добро. Посебно ако народот конечно се разбуди од милениумскиот сон и почне да ја корегира секоја грешка на власта веднаш, не чекајќи да ја казни на првите следни избори.
lav
quote:
Originally posted by f9
Косово го одби предлогот на Бучковски 17.10.2005 Косово одбива да се заврши демаркацијата на границата пред да се донесе конечното решение за статусот на покраината. Косовскиот Премиер во ексклузивното интервју за А1, покрај ова денеска изјави и дека нема потреба косовските политичари да усвојуваат било каква резолуција во која би се откажала од било каква идеја за спојување на териториите во регионот каде што живеат албанци вклучувајќи ја и Македонија, како што предложи премиерот Бучковски. Инаку, специјалниот преставник на Обединетите Нации Каи Еиде, во својот извештај предложи, демаркацијата да заврши пред решавањето на статусот. Косуми најави дека во наредните денови е можна средба со премиерот Бучковски. Na red e kolicija megu Ljupcho,Ali i Buchko...
Јас досега немам видено волку упорен (во аматерските според мене превземени потези) за целово време од неговото устоличување како МК премиер. И овој предава и пред него полагаат идните правници...мислам на РИМСКОТО ПРАВО!!!!. Нешто не ми е јасно ...ама полека како да ми се подраззјаснува сега....затоа ....нашите дипљоми НИКАДЕ не се ценат...како на пример тие од Универзитетите од Хрватска , Словенија , Бугарија и други ????