Композитори (повеќе познати и помалку познати) |
angel |
Џузепе Верди (на италијански:Giuseppe Fortunino Francesco Verdi) (10 октомври 1813 - 27 јануари 1901) е роден во скромно гостилничарско семејство во селото Ле Ронколе крај гратчето Бусето, Италија. Уште од рано детство покажувал голем интерес за музиката и извонредна музичка надареност. Како мало момче со часови седел во татковата гостилница, слушајќи ги патувачките музичари како им свират на гостите. На седумгодишна возраст станува член во црковниот хор, а првите часови по музика ги добива од селскиот учител на оргули. Во 1823 год. го превзема местото на органист во месната црква. Воочувајќи ја необичната надареност на својот син и сакајќи да му пружи прилика за понатамошен развој, татко му уште истата година го праќа на школување во Бусето, каде под своја закрила го зема неговиот пријател Антонио Бареѕи, угледен трговец од Бусето. Бареѕи бил претседател на Бусетското филхармониско друштво, кое своите проби ги одржувало во неговата куќа. На тој начин Верди имал можност да присуствува на нивните проби и да стекнува нови музички наобразби препишувајќи партитури. Покрај ова учел и клавир кај оргулистот на Бусетската катедрала, кој во 1829 год. го зел за свој помошник. Верди во 1829 год. компонирал една кратка симфонија за филхармониското друштво. Сепак, незадоволен од стекнатото музичко образование, се обидел на деветнаесетгодишна возраст во 1832 год. да се запише на Миланскиот конзерваториум, но неговата молба била одбиена поради недоволно покажано знаење за клавир, а и затоа што ја пречекорил старосната граница предвидена за прием на конзерваториумот. Сепак и покрај ова останал во Милано. Диригентот на миланската Скала, Рола, му советува да земе часови кај истакнатиот педагог Винченцо Лавиња, кој во тоа време бил прв чембалист во Скалата. Посетувајќи часови кај Лавиња, Верди доаѓа во допир со италијанскиот музички театар, кој ќе стане единствена цел на неговото музичко творештво.
Во 1834 год. се враќа во Бусето бидејќи има обврски кон филхармониското друштво, но во 1838 конечно се сели во Милано. Тука веќе следната година со голем успех во миланската Скала се изведува неговата прва опера Оберто. Во периодот 1851 – 1853. Вердиевото творештво доживува блескави моменти. Имено, тогаш ги создава неговите три популарни дела Риголето, Трубадур и Травијата. Во тие значајни оперски остварувања се гледа големо богатство на мелодија и способност за музичка карактеризација, како и смисол за мелодрамски заплет. Вердиевиот преоден творечки период го претставува величенствената опера Аида создадена 1871, која со својата мелодиска убавина, богатиот спектакл и драмскиот заплет е многу позрела од неговите први опери. Круна на Вердиевото творештво претставуваат неговите последни опери Отело(1887) и Фалстаф (1893). Овие дела поседуваат силна драмска нишка, а оркестарот добива поистакнато место во толкувањето на сценското дејство.
Верди умрел на 27 јануари 1901 година во Милано. Неговото значење лежи во тоа што италијанската опера ја издигнал на највисоко ниво на нејзиниот дотогашен развој. Поседувал извонредно богата мелодиска инвенција и смисол за полифоно изразување. Прв воведува во операта богата оркестрација и силна драматика, а поседува и истенчен смисол за поезија, претворајќи ја операта во музичка драма.
Значајни дела
“Nabucco”(1842)
“Macbeth” (1847)
“Luisa Miller” (1849)
“Rigoletto” (1851)
“Traviata” (1853)
“Trubadur” (1853)
“Моќта на судбината” (1862)
“Don Carlos” (1867)
“Aida” (1871)
“Otello” (1887)
“Falstaff” (1893)
|
angel |
Волфганг Амадеус Моцарт (27 јануари 1756 - 5 декември 1791) се смета за еден од најголемите композитори на европска класична музика. Тој создал неверојатно големо дело на камерни, симфониски, религиозни и оперски дела како и дела за различни соло инструменти, особено за пијано. Иако бил многу малку ценет за време на неговиот животен век, Моцарт го обожавале многу подоцнежни композитори а неговите дела се свират и изведуваат и денес.
[img]http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c9/246_W_A_Mozart.jpg/180px-246_W_A_Mozart.jpg[/img]
|
angel |
Рихард Вагнер беше генијален музичар, иноватор во хармонијата, создавјќи сопствени верзии на Gesamtkuntswerk, драмски композиции во кои сите уметности беа споени во едно. Како човек тој беше подготвен да ја жртвува својата фамилија и пријателите за каузата на својата музика. Неговиот антисемитизам го привлече вниманието кон идеите од неговата работа како музичар. Во своите творби ги обработуваше германските митолошки ликови, а внесуваше и многу патриотски чувства. Во подоцнежниот период од кариерата, Вагнер ја уживаше поддршката од кралот Лудвиг Втори од Баварија и беше во можност да создаде свој театар и фестивал во баварискиот град Баѕреутх. Тој ја разви употребата на “лајтмотив” (главен мотив) како основа на музичката творба. Неговиот прелудиум за трагичната љубов на Тристан и Изолда на светот му донесе еден нов вид на хармонија.
Опери и музички драми
Вагнер, кој работеше како диригент го доживеа првиот успех во 1842 во Дрезден со операта “Риенци”, базирана на новелата од Едвард Булвер-Литон. Една година подоцна, во 1843, со “Летачкиот Холанѓанец”, напишана според легенда запишана од Хајне за Холанѓанецот кој пловел преку морињата се додека не ја нашол вистинската љубов. “Тенхаузер”, во кој се зборува за средновековниот трубадур Танхаузер, беше изведена во Дрезден во 1845. Вагнеровата вмешаност во револуцијата од 1848 и бегството од Дрезден го водеа до следното драмско дело, “Лохенгрин”, во Вајмар. Четирите опери од тетралогијата “Прстенот на Нибелунзите” - “Златото на Рајна”, “Валкира”, “Самракот на боговите” и “Зигфрид” се ремек-дела на драмското и музичкото достигнување на Рихард Вагнер. Други негови драмски дела се “Тристан и Изолда”, “Пејачите од Нирнберг”, и последното дело, “Парсифал”.
Оркестарска музика
Најпознатите вагнeрови оркестарски композиции се “Жртвуваната идила”, напишана за неговата втора жена, и “Козима”, за нелигитимната ќерка на Лист и бивша жена на Рихард Вагнер.
|
angel |
Лудвиг ван Бетовен (крстен на 17 декември 1770 - 26 март 1827) е германски композитор на класична музика, главна фигура во транзициониот период меѓу класичната и романтичката ера. Тој се смета за еден од најголемите композитори на сите времиња, а неговата репутација инспирира композитори, музичари и публики што доаѓаат по него.
[img]http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/96/Beethoven_wiki.jpg/150px-Beethoven_wiki.jpg[/img]
|
angel |
Јохан Себастијан Бах (21 март 1685 - 28 јули 1750) е германски композитор и органист од времето на Барокот. Бах универзално се смета за еден од најголемите композитори на сите времиња. Неговите дела, забележани за нивната интелектуална длабочина, технички карактеристики и уметничка убавина, претставуваат инспирација за речиси секој музичар од европската традиција од Моцарт до Шонберг.
|