Оружје
Оружје
трендафил
quote:
Канал 5
Софистицирано и необично оружје пронајдено во центарот на Скопје
Aрсенал од бомби, снајпери, зољи и експлозив вчеравечер се пронајдени во скопско Дебар маало. Полицијата добила информација дека во подземните гаражи на улицата Франклин Рузвелт се крие оружје. Во една од нив е пронајдена е огромна количина софистицирано и невообичаено оружје. -25 рачни бомби; -42 запалки за бомби и 10 електрични детонатори, - пиштол во форма на бастун и пиштол во форма на чадор; - „зоља“ - две придушувача на звук за пушка, - еден оптички нишан и шаржер за снајпер - електрична жица за телефонски инсталации. - пиштол и автоматска пушка тип „црвена застава,, - граната за безповлечен топ од кинеско производство; - шаржери за автоматски пушки и куршуми за митралез; - огромно количество разновидна муниција сместена во дрвени запечатени сандаци и специјални пакувања. - пет парчиња ТНТ куршуми - два килограма пластичен експлозив -прибор за чистење на оружје; како и зимска и летна маскирна облека Подземните гаражи, каде е пронајдено оружјето им припаѓаат на станарите од зградата 63А, на улицата Франклин Рузвелт. МВР се уште трага кој е споственикот на гаражата каде што е пронајдено оружјето. МВР стапила во контакт со лицето кое се води како сопственикот на гаражата, но тој им рекол дека веќе неколку години не ја користи. Кој го складирал ова оружје и за што го користел, полицијата се уште истражува. Ќе се проверуваат куршумите и оружјето за да се утврди дали можеби се употребени за некое убиство или напад. Дали некој ја изнајмил гаражата или знаејќи дека е празна ја користел, ќе покаже истрагата. Жителите на Рузвелтова се изненадени од тоа што толку многу оружје е пронајдено на нивната улица. Повеќето од станарите на зградата број 63А или не ги користат гаражите или пак тие им служат како магацински простор. По вчерашниот настан дел од сопствениците своите гаражи ги обезбедиле и со катанци за некој да не ги злоупотреби.
Останува неодговорено (и што го нема во написот) што е со пиштолот во облик на чадор на пример. На кого бил наменет (бидејќи не се знае од кога е оружјето во гаражата)? Дали на некој поранешен или сегашен функционер? Не пишува ниту кој и зошто го срушил едниот ѕид од гаражата, што и го откри оружјето. Да потсетам и дека командант Баци беше уапсен во стан во Лептокарија, па локацијата на оружјето (до Центарот за странски јазици) и не мора да значи дека сопственикот е Македонец. Веројатно на овие прашања ќе одговори истрагата, а ко и овој случај не остане без судска разврска.
Makedon nekoj ima potreba da gi izednaci Makedoncite so nivnite kompanjoni od DUI, da "pokaze" deka ne samo albancite ami i makedoncite imaat nelegalno oruzje.
OooOo Nikoj ne gleda deka pomalku oruzhje kje ima na ulica, site gledaat deka SDSM neshto muti. Chudni nekoi razmisluvanja...
ProMKD Epa mozda toa SDSM go racuna kako "stabilni" politicki odnosi. Tie imaat puski, nie imame puski [;)]
concrete A be paceri...ste videle li nekogas fotografija na "magacin" na oruzje na IRA......aj ne ja spominajte taa dupka so prasina i nekoj "raspar" oruzje , kade ti treba eden mesec da sredis koja municija kade odi i sto i kade fali ili go ima duplo , ama od pogresen vid. baska nekakvi tainstveni cadori ...ala Dzems Bond .....definitivno nekakva scenografija...za kakva pretstava ke vidime:):):)!!!!! ako vidime......!!!! Se me potsetuva na ona "predadenoto" oruzje...sto para ke se napravese po kolekcioneri, da bea malku popametni...imase epten rariteti!!!!!
трендафил
quote:
Originally posted by OooOo
Nikoj ne gleda deka pomalku oruzhje kje ima na ulica, site gledaat deka SDSM neshto muti. Chudni nekoi razmisluvanja...
Не беше оружјето на улица, туку во гаража.
quote:
Originally posted by Makedon
nekoj ima potreba da gi izednaci Makedoncite so nivnite kompanjoni od DUI, da "pokaze" deka ne samo albancite ami i makedoncite imaat nelegalno oruzje.
Албанците за разлика од нас Македонците немаат ограничување на движењето на целата територија од државата. Затоа не значи дека ова не е оружје на Албанци. Или заедничко на Македонци и Албанци, на пример на СДСМ и ДУИ (УЧК).
quote:
Originally posted by ProMKD
Epa mozda toa SDSM go racuna kako "stabilni" politicki odnosi. Tie imaat puski, nie imame puski
Кога ќе се сетам дека во време на протестите на опозицијата пред владата токму во деловите на Скопје окулу местото на кое е најдено оружјето беа фрлани летоци со против владина содржина, не знам дали да мислам дека постои таква патриотска организација или сево ова е наместено од власта. (Познати се бугарските летоци од почетокот на плурализмот што на митинзите на тогашното ВМРО-ДПМНЕ ги растураа службите за државна безбедност (за кои не е уште јасно дали беа под контрола на македонските или на југословенските комунисти).
_________________
Интересен е пронајдениот пиштол (покрај чадорот) во облик на бастун. Дали тоа треба да наведе дека наводниот атентатор треба да биде повозрасен човек. Уште не се знае зошто веднаш е отфрлена евентуалната вина на сопственикот на гаражата, ниту е познато времето од кога оружјето е во неа. Затоа е нејасно дали тоа е дел од планот Б на Бучковски за соборување на владата на ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и ДА во 2000 година, наменето за герилски акции доколку УЧК навлезе во Скопје во 2001 година, односно дали е наменето против УЧК и нејзините сојузници сега. Дали и ова е тајна како и кокошката испратена од битолско на анализа во Лондон за да се види дали вирусот од кој боледувала е од типот смртоносен за човек или не. Гледавме на телевизија како се уништуваат птиците во Романија, а кога сега тоа се прави и кај нас се замижува и молчи. Дали власта мисли дека ако за нешто не се зборува тоа не се случува???
OooOo
quote:
Originally posted by трендафил
Не беше оружјето на улица, туку во гаража.
Ne zaebavaj ... znachi situacijata e ushte po-opasna!
lav
quote:
Originally posted by OooOo
quote:
Originally posted by трендафил
Не беше оружјето на улица, туку во гаража.
Ne zaebavaj ... znachi situacijata e ushte po-opasna!
Затоа и своевремено фрчковски ги пребаруваше сите сомнителни гаражи низ Скопје. Веројатно имал право за тоа ...ама тој тогаш барал само песок!!!
OooOo Gledam ja, epten TELEgentni muabeti :) OooOo outta here!
ProMKD Mozam da garantiram deka nikogas povekje nema da slusneme za izvestajot na policijata za civo e oruzhjevo. Dokolku stignat rezultati, policijata nema da smee da gi objavi, poradi pritisok od vladata (posto verojatno e namesteno od niv)
Makedon
quote:
Originally posted by ProMKD
Mozam da garantiram deka nikogas povekje nema da slusneme za izvestajot na policijata za civo e oruzhjevo. Dokolku stignat rezultati, policijata nema da smee da gi objavi, poradi pritisok od vladata (posto verojatno e namesteno od niv)
Sosema si vo pravo ProMKD, iako ne sum po Trajkovski koj bese dobar covek no predavnik na nasiot narod!
трендафил Нејасно е и од каде граната за безповлечен топ, кога таков имаше Агим Красниќи во Кондово, а не во гаражата. Да не бил извлечен топот порано, кога се покажуваше оружјето наводно запленето во Кондово.
concrete Od garderobata so rekviziti na Dramski teatar Trendafile, od kade bi bila. Baska "beztrzaecot" e demode ,toj nema nitu balisticka pateka, sto gleda toa udira( malku poglomazna zolja na tkalca za polesno vlecenje po kalta). Krasniki se falese so nekoja amerikanska haubica kolku se sekavam ?????? Najdoa nekade i nekoja zaboravena municija za toj kalibar isto vo nekakva "koliba za cuvanje bostan" , ama haubicata(..ite) izgleda mnogu dlaboko e ( se ) zakopana....:):):)!!!!
SLaCk MVR e tolku iskompromitirana sto bi pretstavuvalo cudo da im poveruvame vednas deka ne stanuva zbor za mestena rabota.Da kazat cie e oruzjeto i koi se motivite e togas da poveruvavme vaka ova e samo parada.Denes nasle oruzje kaj tetovo zadutre tipuvam na berovo!
трендафил Навистина е нејасно како тоа газдата на гаражата да нема појма кој ја користел гаражата. И тоа веројатно бесплатно. Исто е нејасно и како во Тетово беше „при рутинска контрола на паркирано возили со германска регистрација“ најдено оружје, а повторно не се знае кој е и сопственик на оружјето и сопственик на возилото. Колку што ми е познато, ако ги исклучиме неколкуте осудени за поседување на воздушна пушка, никој не е осуден за нелегално поседување на формацијско оружје. Иако не е пронајдена мала количина откако новиот закон (со поостри казни) е донесен. Но законите во Македонија и така се наменети само за да ги читаат во комисиите на ЕУ и НАТО (да се фалиме како имаме европски закони), а не за внатрешна употреба.