Птичји грип
Птичји грип
трендафил
quote:
Акција за ништење на целокупната живина во Могила Пеце Стефановски, А1 телевизија 19.10.2005 Утрово од 8 часот во пелагониското село Могила започна акцијата за целосно уништување на живината и дезинфекција на дворовите и кокошарниците. Во акцијата се вклучени 8 екипи со ветеринарни инспектори, лекари и ветеринарни техничари од Битола и Прилеп. „Не знаеме до кога ќе завршиме, бидејќи бројот на пернатите животни не е утврден“, рече Нина Димовска, државен ветеринарен инспектор и координатор на акцијата. На синоќешниот собир со градоначалникот поголем дел од жителите на Могила се спротивставија живината да се уништува. Денешните реакции беа во неколку насоки. Некои се убедени дека кокошките им се здрави, а други тврдат дека државата нема да им даде соодветен надоместок. Но, барем во овие неколку часа на теренот може да се забележи дека могилци не ја испочитуваа препораката живината да ја чуваат затворена. Напротив, според наши убедувања, тие намерно кокошките од раните утрински часови ги испуштија по дворовите и нивите, а пајките во селската река. Во вакви услови акцијата може да се одолговлекува. Инаку, поништената живина се собира во најлонски вреќи, а за натамошно складирање во депонија е задолжено ЈП Комуналец од Битола. Денеска се огласи и градоначалникот на Битола Владимир Талевски, кој рече дека оствариле средба со локалната самоуправа на Могила. „Ќе дадеме целосна поддршка со возила, стручни екипи и се друго што ќе биде побарано од нас и од општината Битола, бидејќи таа е целосно ставена во функција на оваа акција од Ветеринарната управа“, рече градоначалникот Талевски. Инаку, најавуваната акција за карантин во с.Могила не е спроведена
По три дена од масовниот помор на живина и пронаоѓањето на една птица почината како последица на вирусно заболување (истата е испратена во Лондон да се види дали се работи за типот смртоносен за човек), конечно почна да се делува.
dejan Nemoj trendafil....da ne dojde 'nekoj' pa da ti redi sto drugo da postiras[;)] [:D]
трендафил
ЕУ се сомнева дека во Македонија има птичји грип
Макфакс Европската Унија денеска изрази сомневања дека во Македонија има случај на птичји грип и додава оти Унијата е подготвена да испрати експерти во земјата доколку Македонија го побара тоа. Ова штотуку го јавија западните агенции, повикувајќи се на неименуван висок претставник во Брисел. Директорот на Ветеринарната управа Слободан Чокревски изјави за Макфакс дека ваквото предупредување од страна на ЕУ доаѓа како последица на единствениот сомнителен случај на мртва кокошка од Могила, што се очекува да се испрати во лабораторија во Лондон. „Овој примерок на птицата ќе биде испратен најдоцна до утре, бидејќи е неопходно таа да биде дополнително обезбедена“, рече Чокревски. Македонија нема никаков извоз на пилешко месо во земјите на ЕУ, така што, и во случај да има птичји грип, државата нема да биде погодена со дополнителни ограничувања. Сепак, во земјата веќе се чувствуваат последици од стравувањата од појава на птичји грип бидејќи речиси е преполовена препродажбата на пилешко месо. Чокревски наведува дека Македонија секојдневно ќе ги известува властите на ЕУ за развој на настаните. Тој, исто така, соопшти дека мострите земени од мртвите кокошки од регионот на Куманово покажале резултати на постоење на т.н. птичја чума, односно Њукасл вирус.
dejan Jas mislam deka nekoj od sosedite ni go stavi toj grip namerno...na primer Grcka, neli tamu se pojavi nesto??
ProMKD Ne bi bilo logicno nekoj od sosedite da ni napravi takvo nesto, posto toa se siri, i nasite sosedi gi jadat nasite pilinja... odnosno toa bi bilo samoubistvo. Odam da gledam BBC i da vidam sto ke kazat za nas..
Makedon
quote:
Originally posted by трендафил
quote:
Акција за ништење на целокупната живина во Могила Пеце Стефановски, А1 телевизија 19.10.2005 Утрово од 8 часот во пелагониското село Могила започна акцијата за целосно уништување на живината и дезинфекција на дворовите и кокошарниците. Во акцијата се вклучени 8 екипи со ветеринарни инспектори, лекари и ветеринарни техничари од Битола и Прилеп. „Не знаеме до кога ќе завршиме, бидејќи бројот на пернатите животни не е утврден“, рече Нина Димовска, државен ветеринарен инспектор и координатор на акцијата. На синоќешниот собир со градоначалникот поголем дел од жителите на Могила се спротивставија живината да се уништува. Денешните реакции беа во неколку насоки. Некои се убедени дека кокошките им се здрави, а други тврдат дека државата нема да им даде соодветен надоместок. Но, барем во овие неколку часа на теренот може да се забележи дека могилци не ја испочитуваа препораката живината да ја чуваат затворена. Напротив, според наши убедувања, тие намерно кокошките од раните утрински часови ги испуштија по дворовите и нивите, а пајките во селската река. Во вакви услови акцијата може да се одолговлекува. Инаку, поништената живина се собира во најлонски вреќи, а за натамошно складирање во депонија е задолжено ЈП Комуналец од Битола. Денеска се огласи и градоначалникот на Битола Владимир Талевски, кој рече дека оствариле средба со локалната самоуправа на Могила. „Ќе дадеме целосна поддршка со возила, стручни екипи и се друго што ќе биде побарано од нас и од општината Битола, бидејќи таа е целосно ставена во функција на оваа акција од Ветеринарната управа“, рече градоначалникот Талевски. Инаку, најавуваната акција за карантин во с.Могила не е спроведена
По три дена од масовниот помор на живина и пронаоѓањето на една птица почината како последица на вирусно заболување (истата е испратена во Лондон да се види дали се работи за типот смртоносен за човек), конечно почна да се делува.
Abe kakov pticju grip vo Makedonija moze da ima koga Vladata na RM tolku sovesno si ja svrsi rabotata okolu prevencija i priprema za tretman na pticjiot grip dokolku se pojavi vo RM. [:D] Kolku spremna i uspesna [:D] luge, ama ke dojdat posle 01 Noemvri!
трендафил Излезе дека државните органи немаат обезбедено ни со што да ја префрлат сомнителната кокошка до Лондон. И сега е нејасно дали имаат нарачано еден или повеќе контејнери за ваква намена. Изгледа дека владата мислеше дека болест од 21 век не може да се добие во Македонија, затоа што тие не држат некој век поназад. Интересно е со каква леснотија се поминува преку поморот на неколку илјади птици од чума, само затоа што не биле вакцинирани. Односот на власта е како да е тоа нешто најнормално. Што правеле ветеринарите и инспекцијските органи? Оваа власт, што во 2001 година ја сметаше тогашната за виновна затоа што Али Ахмети ја нападна Македонија од Косово, очигледно не се смета за виновна за ништо што сега се случува во државата. Некои злобници пак сметаат дека на владата и одговара кога некој Македонец ќе си замине, па дури и како последица на птичјиот грип. Веднаш ќе симне една бројка од списокот на невработени. По можност со Албанец, затоа што си утубиле во глава дека праведно и пропорционално имаат исто значење. Штетите од птичјиот грип веќе се појавуваат. Точно е дека Македонија не извезува пилешко месо, како што тврди владата, но извезува јајца. Вчера, првиот камион со јајца е вратен од границата со Хрватска. Доколку снимката како се уништуваат кокошките во Могила (со виткање на шија) ја видат друштвата за заштита на животни во Европа, ќе паднат во несвест. Веројатно на таков начин тоа беше правено и во Романија и Турција, но беа доволно умни тоа да не го снимаат. Инртересно е и што за [url="http://edition.cnn.com/2005/HEALTH/conditions/10/19/birdflu.macedonia/"]CNN[/url] изјави имаат дадено Оровчанец и Чашуле од ВМРО-НП, а не некој од власта. Не само поради пилињата. Не е ли ова знак во кого имаат доверба американците.
Pana ...deki,deki,.....si mu go ukral nickot na Trendafil.....
lav
quote:
Originally posted by Pana
...deki,deki,.....si mu go ukral nickot na Trendafil.....
Тоа само покажува дека конечно сите Македонци се просветлуваат односно гледаат она тие што сакаат и како сакаат а не и она што АГИТПРОПОТ им го „сервира„ , разбира се ИЗЏВАКАНО според сдсм-терк.
трендафил Стаса ли македонската кокошка конечно до лабораторијата во Лондон? Не можеше ли за транспорт да се употреби авионот на владата или тој не е за кокошки туку исклучиво за самопрогласени петли?
трендафил Очигледно е дека имаме власт што не е способна да организира транспорт на една кокошка. Најновите информации се` дека таа е испратена со некомплетна документација, па откако тоа е сторено веројатно ќе појде во среда (да се надеваме утре, а не некоја следна) од Приштина, каде сега се наоѓа. И со грипот оваа влада не може да излезе на крај без Косово. Од другите земји за два дена се знае резултатот, а ние за 10 дена не можеме да организираме транспорт. Срамота за Македонија. И за власта и за нас што ја трпиме.
concrete Ej ova so kokoskava CUDO NEVIDENO!!!!! Edna preporaka do Premierot , ako saka kako taka, cesno da se izvlece.....prvo se......bukvalno se... od minister do zamenik direktor onamu za sto toj vo nekoja linija na komanduvanje odlucuva, da smeni se sto e potesko od 80 kgr. i sto ima ugoena "gice" faca !!!!!!Aj sto se glupi , aj sto tropaat gluposti...ama ne e red na izgladneta nacija takvi "gici" pamet da i prodavat i luda na bel den da ja pravat!!!!! Navistina , kade se toa granicite.......??????Ona sto se narekuva : USUL?????
toni_a [:(] vo gradcheto kade sum roden (vo DE) vo edno ezero nasle 25 patki koi pod grchevi umrele.sega gi ispituvaat!
Aj u Kafic kakva srekja imash ;) aj dosta panika. Dosega virusot e samo prenesliv preku podolg kontakt so zhiva i bolna ptica, a ne preku hranata. I sve dodeka ne e prenesliva od covek do covek, pomalku panika, please.
air a sto da kaze kokoskata? da mozese da zbori.. sigurno "eb*te vladata" [:)] a da mozese da glasa? sigurno narodna/dpa.. nema doverba vo sdsm/dui [:)]
quote:
Originally posted by трендафил
Очигледно е дека имаме власт што не е способна да организира транспорт на една кокошка. Најновите информации се` дека таа е испратена со некомплетна документација, па откако тоа е сторено веројатно ќе појде во среда (да се надеваме утре, а не некоја следна) од Приштина, каде сега се наоѓа. И со грипот оваа влада не може да излезе на крај без Косово. Од другите земји за два дена се знае резултатот, а ние за 10 дена не можеме да организираме транспорт. Срамота за Македонија. И за власта и за нас што ја трпиме.
[:)][:)]
toni_a
quote:
Originally posted by Aj u Kafic
kakva srekja imash ;) aj dosta panika. Dosega virusot e samo prenesliv preku podolg kontakt so zhiva i bolna ptica, a ne preku hranata. I sve dodeka ne e prenesliva od covek do covek, pomalku panika, please.
vchera nespiev radi toa [:D] deneska kazhaa deka bile otrueni i nemale grip,pa mi olesna! utre bez problem ke si otidam "doma" [:D][:D]
трендафил Кокошката конечно пристигнала во Лондон. И тоа со цивилен авион на Аустриан Ерлајнз (кој патем лета и од Скопје. А до вчера не убедуваа дека тоа не е можно. Очигледно некој и од можното успева да направи неможно. Македонија, заедно со Туркменистан и Молдавија, се единствените земји-членки на Светската здравствена организација од Европа кои немаат изготвено било каква стратегија во борба со птичјиот грип доколку тој се претвори во пандемија. Ова, како што јави синоќа Асошиетед прес, го изјавил шефот на СЗО за Европа Марк Дензон, во Копенхаген. Уште еднаш сме помеѓу првите три земји во Европа. Веројатно и за ова не е виновна власта. Виновни се кокошките што не се чуваат самите од болести.
трендафил Што правиме со знамето на Република Албанија што се вее низ Македонија. Бидејќи на него има птица. Што би рекле можност да ни пренесе птичји грип.