Секоја вечер ни пукаат пред куќата и кошот
Секоја вечер ни пукаат пред куќата и кошот
dejan Како јагне ни го оттргнаа Ванчо, ни го зедоа курбан за цело Тетово, за Македонија, низ воздишки раскажува Весна Јосифоска, мајка на матурантот што беше убиен на денешен ден пред три години додека играше кошарка со другарите. Тетовското јавно обвинителство, три години по злосторството поднесе обвинение против Бурхамедин Нухиу од селото Порој, поради основано сомневање дека на 19 октомври 2002 година со умисла го убил Ванчо Јосифоски. Според обвинението, Нухиу од автомобил "опел аскона" во движење, со рафал од автоматско оружје пукал во групата од 30-ина момчиња додека играле кошарка на импровизираното игралиште покрај стариот градски стадион во Тетово. Ванчо почина на игралиштето, на само стотина метри од својот дом, а тешко повредени беа Душко Билбиловски и Небојша Стојановски. Мајката на Ванчо не може да ги скрие болката и горчината. - Боли, премногу ме боли. Душата ми поцрне за него оти беше чист како солза. Не можам да сфатам како може некој ладнокрвно да пука во деца и три години слободно да шета, а никој ништо да не преземе? Се будам со неговиот лик, а најтешко ми е кога ќе излезам од порта и погледот ќе ми запре на кошот. Нема повеќе спокој и живот во Тетово за моето семејство -вели таа. Задлабочена во последните подготовки за парастосот, кој ќе се одржи денеска на тетовските гробишта, вели дека таа, сопругот Веле и ќерката Симона бараат од државата да им помогне да ја продадат куќата и да се казни убиецот. - Никој не сака да ни ја купи куќата. Знаејќи за трагедијата, ни нудат многу ниска цена. Чукнавме на многу врати, кај премиерот, претседателот на државата и кај јавниот обвинител за да ни помогнат, да ни најдат привремено сместување во Скопје, додека не ја продадеме куќата. Но, ништо од тоа. Празно остана и ветувањето од кабинетот на Црвенковски дека некој спортски објект ќе го носи името на Ванчо. И пратеникот Зоран Томиќ никаде го нема, иако велеше дека ќе ни помогне. А, Ванчо, еден месец пред да го убијат, гласаше за него - се потсетува мајката разочарано. Додека го уредува цвеќето пред кандилцето, кое постојано гори покрај кошот, низ солзи вели дека по убиството на Ванчо никој не стапнал на игралиштето. Дури годинава неговите другари Бојан, Михајло, Владе и Небојша почнале да играат кошарка. - Тука и по три години е исто. Речиси секоја вечер кога поминуваат со возила пукаат пред кошот и пред куќата. Не вознемируваат и праќаат порака да си одиме. Се чувствуваме како злосторници, како ние да сме виновни - вели Весна. Судскиот процес против Нухиу се очекува да почне месецов. Нему, најверојатно, ќе му се суди во отсуство, бидејќи не е достапен за органите на прогонот. Против него е распишана и потерница. Нухиу во отсуство со две пресуди на Основниот суд во Тетово веќе е осуден на по 6 години затвор за две други кривични дела. Тетовското јавно обвинителство поднесе жалба за овие две судски пресуди барајќи да бидат преземени построги судски санкции против Нухиу. http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2889&stID=65299 I ova e mnogu zhalno, kakva tragedija.
Strelec Deki...:)
quote:
Originally posted by Pana
Eve ti Deki uste nekolku idei za "novi temi"! -Vo Otlja(kumanovsko) lipsale 400 kokoski -Sinteri vo Skopje fatile pet kucinja skitnici -Staricata N.Z. od Negotino padnala od tocak i se povredila -Vo kino Kultura se dava filmot"Umri muski tret del" -Na zelen pazar vo Skopje se prodavaat papuci od Kina -Opstinite ke dobijat 13 milioni evra od DDV -Makedonija e zrtva na svetskata geopolitika -Na Trajce dedomu i se kacil na komsivkata Cveta ...do koga be deki,do koga vaka......
dejan Pa ako sega ke me napagjate deka otvoriv nov topik, pak, togas izbrsi go!! [V]
Great_Macedonian ostajgo ti Pana.. ne sakat toj da slusat vakvi rabota koga Branko i Bucko tolku "pravedno" ja vodat drzavata.
dejan Koj go vrti!
concrete A Dzango , kaj se izgubi toj covek...????...koga nego go stavija vo obor sto ostanalo za ......
intel
quote:
Originally posted by dejan
Koj go vrti!
Кого? Пана или Бучко?
dejan usfari, Pana i Bucko!
dejan http://217.16.70.245/?pBroj=1908&stID=54595&pR=3
angel Zalno, zalno, mnogu zalno.....ehhh..... Ma koj bi pomislil vo Titovo vreme deka ova ke ni se slucuva.
dejan Znam angel! I jas istoto go mislev....dali nekoj od nas, pret 15-20 godini, bi veruvale deka ova ke ni se sluci??
angel Ajde site vo Photo Galerija imam sliki od Tito pa zemete si po edna. Gledajte ja odvreme navreme i zablagodaruvajte mu se sto ne pazese site od vakvi gluposti.
lav
quote:
Originally posted by dejan
Pa ako sega ke me napagjate deka otvoriv nov topik, pak, togas izbrsi go!! [V]
Деки , никако не го разбирај погрешно човекот...освен дека те смета како директен КОНКУРЕНТ во отварање на нови теми на форумов ...(нешто како во поговорката ем кадија те тужи ...ем кадија те суди )и од чиј сопствен фонд на идни и можни теми ....ете и тебе ти понудил мал дел за да ги ти лично нели отвориш.
quote:
A Dzango , kaj se izgubi toj covek...????...koga nego go stavija vo obor sto ostanalo za ......
А за Џанго ....не бригај колега ....има тој сега попаметни работи за „бркање„ , а не и барање на некои си ситни „криминалци„ и убијци.
трендафил Џанго вчера изјави дека убиецот на Ванчо ќе биде уапсен кога за тоа ќе се створат услови. А услови веројатно ќе нема додека не дојде некој друг на власт. Бидејќи овој проблем не може да се реши успешно на ист начин како Кондовскиот.
lav
quote:
Originally posted by трендафил
Џанго вчера изјави дека убиецот на Ванчо ќе биде уапсен кога за тоа ќе се створат услови. А услови веројатно ќе нема додека не дојде некој друг на власт. Бидејќи овој проблем не може да се реши успешно на ист начин како Кондовскиот.
Во таков случај неопходна е итна замена на изнемоштениот од реформи министер ...со еве на пример ..со оној за (не)култура ...кој му ја „тресна„ вратата за преговори со доцна освестениот лидер на синдикатот составен од просветни работници -СОНК , мислам на г.Дојчин Цветановски
Strelec
quote:
Originally posted by трендафил
Џанго вчера изјави дека убиецот на Ванчо ќе биде уапсен кога за тоа ќе се створат услови. А услови веројатно ќе нема додека не дојде некој друг на власт. Бидејќи овој проблем не може да се реши успешно на ист начин како Кондовскиот.
Nemashe potreba od prikaznata... Samo boldiranoto mozheshe 5-6 pati da go napishesh i kje beshe mnogu pojasen shto imash na um!:)
concrete Eh... Strelec, ako trendafil napisal "prikazna" pogore, togas drugar ni Dzango i premierot mu negov se klanot Dumas...postariot i juniorot :):):)!!! Ko deca ste bre!!!!