Државата миже, споменикот расте |
dejan |
Четири месеци по почетокот на изградбата на меморијалниот центар во Арачиново за припадници на ОНА загинати во конфликтот во 2001 година, ниедна државна институција не проверила дали здружението "Ќендреса" ја има потребната документација. Во Државниот инспекторат за урбанизам велат дека децентрализацијата им ги врзала рацете и дека легалноста на спомениците не е нивна надлежност, а за Министерството за култура Арачиново "не е приоритет", бидејќи биле "слабо екипирани". Таму велат дека ќе има кривични пријави за општинарите ако се утврди дека одобриле споменик што ја симболизира голема Албанија и не го почитува суверенитетот на Македонија.
"Дневник" објави дека на 24 јуни, денот кога ОНА ги прекинала воените дејства, Здружението на воени ветерани од ОНА "Ќендреса" почна да го гради меморијалниот центар. Во неговиот центар ќе има споменик со три столба за територијата на Албанците - највисокиот за Албанија, средниот за Косово, а третиот за Илирида.
Во Општината Арачиново одбија да покажат документи или одобренија за споменикот. Градоначалникот на Арачиново Музафер Бислими телефонски потврди дека имаат дозвола за изградба на гробишта, но одби да каже дали го одобриле идејното решение за меморијалниот центар на "Ќендреса".
- За новите гробишта имаме дозвола од Министерството за транспорт, а за споменикот општината ја донесе одлуката во јули. Кога беа инспекторите за урбанизам не можеа да ги видат документите зашто не бев тука. Потоа не им ги однесовме зашто со децентрализацијата веќе не се надлежни. Инспекторите од Министерството за култура телефонски ни се најавија, но не дојдоа - вели тој.
Во Државниот инспекторат за урбанизам никој не можеше да потврди дали при увидот на 30 јуни издале решение за уривање на споменикот или само направиле записник. Архивата ја префрлиле во општината, а тројцата инспектори рекоа дека не можат да се сетат што се случувало кога биле на терен. Таму велат дека општината Арачиново го искористила вакуумот при преносот на надлежностите на локално ниво за самата да издададе дозвола.
Тодорче Тасевски, портпаролот на Министерството за култура, изјави:
- Нашиот инспекторатот е слабо екипиран. Увидот се врши според приоритет. На надлежните им е укажано дека стриктно треба да ги почитуваат законите за изградба на споменик. Казнените одредби важат и по изградбата. Општинарите ќе добијат прекршочна или кривична пријава ако се утврди дека усвоиле идејно образложение за споменик што е симбол на териториите на Албанците и дека трите столба ги претставуваат Албанија, Косово и Илирида.
Изградбата на меморијалниот центар е во тек. При крај е изградбата на камената ограда, а откако ќе се постави капијата ќе бидат пренесени осумте тела на загинатите од ОНА. Според градоначалникот, изградбата на споменикот ќе заврши в година.
http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2890&stID=65397
I ako moze gi imat tie dokumenti, ne ni treba ovakvo nesto da se dozvoli da se gradi!!
Vo slicni vesti...
"Командант Струга" среде градот на поезијата
Во Струга ќе се гради споменик на Нури Мазари, алијас Командант Струга од селото Делогожда, припадник на поранешната паравоена ОНА, кој загина во вооружената пресметка во јули годинава, реши Советот на Општината. Со одлуката е предвидено бистата да биде изградена од десната страна на реката Црн Дрим до централниот чаршиски мост. Тоа било решено на последната седница на Советот по иницијатива на 14 советници-Албанци. На гласањето 16 советници-Албанци гласале "за", а тројца советници-Македонци биле воздржани.
Советници-Македонци велат дека воопшто не биле запознаени со идејата и тврдат дека иницијативата била покрената на самата седница, за што бил изменет и дневниот ред. Координаторот на советничката група на СДСМ, Илија Матески, вели дека нивната партија ќе излезе со став откако ќе ги разгледале сите аспекти зашто тие не учествувале на седницата.
- Загрижени сме затоа што за оваа иницијатива никој не не извести, ниту побараа мислење од нас. Сметам дека за ваква одлука треба да важи Бадентеровото правило, кое не живее во Струга. Не е првпат да не се почитува ова правило - вели Илија Матески.
Крсте Миладинов, претседател на Општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека нивниот комитет денеска ќе расправа за ова и дека воопшто не биле запознаени со идејата, а иницијативата им била претставена на самата седница.
Петко Кутаноски од ВМРО-НП вели дека за нив тоа не е изненадување.
- Нас нема да не зачуди ако Советот на Општината, во кој веќе две години се спроведува тивко етничко чистење на Македонците, се носат вакви и слични одлуки без согласност на советниците-Македонци - рече тој.
Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко вели дека идејата за споменик на Командант Струга потекнува од граѓаните и дека заклучокот што го донесол Советот на Општината не подлежи на Бадентеровото правило.
- На седницата присуствуваа и тројца советници Македонци кои се воздржале од гласање - вели градоначалникот Мерко.
"Дневник" дознава дека ваквата одлука на Советот на општина Струга предизвикала интерес во ОБСЕ. Таму побарале информации за одлуката од Советот на општината и од градоначалникот.
Засега се уште не е целосно не е затворена финансиската конструкција за бистата на командант Струга. Според градоначалникот Мерко во нејзината изградба ќе учествуваат и заинтересирани граѓани со свои донации.
[V]
|
f9 |
Opshto zemeno decentralizacijata vo Makedonija ja vrakja Makedonija vo Tursko vreme.Feudalizacija so Agi i Begovi
i toa ke ja opfati cela Makedonija bez razlika na etnichkite problemi. |
Makedon |
Vlasta (SDSM+LDP) ne dozvoluva podiganje spomenik na makedonskite braniteli KOI ZAGINAA VO ODBRANA NA DRZAVATA (RM), no zatoa si dozvoluva gradba na spomenici na balisti. Od tamu sekoj covek moze da zakluci vlasta na cija strana bese 2001 g., kogo zatvarase (2002-20003 g.) itn. |
OooOo |
quote: Originally posted by Makedon
Vlasta (SDSM+LDP) ne dozvoluva podiganje spomenik na makedonskite braniteli KOI ZAGINAA VO ODBRANA NA DRZAVATA (RM), no zatoa si dozvoluva gradba na spomenici na balisti. Od tamu sekoj covek moze da zakluci vlasta na cija strana bese 2001 g., kogo zatvarase (2002-20003 g.) itn.
I shto pravish ti za da go sprechish toa?
|
SLaCk |
Povikuvas na radikalizam OooOo??? |
трендафил |
Прашањето е дали веќе не доцниме со радикализмот, кога владата е глува и слепа кога и се обраќа некој на македонски, српски, ромски или друг јазик. Изгледа дека за политиката разбира само албански, а за економијата влашки јазик.
|
dejan |
Сите ќе го плаќаме споменикот на ОНА?!
Изградбата на меморијалниот центар за припадниците на ОНА во Арачиново замислен како три столба, кои ќе ги симболизираат Албанија, Косово и Илирида, ќе ја финансираат повеќето од општините во кои мнозинство се Албанци, дознава "Дневник". Градоначалникот на Општината Арачиново Музафер Бислими побарал од колегите-Албанци општините финансиски да го помогнат споменикот. На некои градоначалници писмено им побарал пари за споменикот, на други усно, а од градоначалникот на Сарај Имер Селмани, кој е од ДПА, побарал парична помош за тековно работење на општината.
"Дневник" пишуваше дека Општината Арачиново издвоила 25.000 евра за меморијалниот центар. Бислими негира дека општината нема пари и дека побарал парична помош од другите општини.
- Од градоначалниците-Албанци, но и од бизнисмените побарав да ни помогнат за изградба на спомен-обележјето, но не сум барал пари за тековно работење. Градоначалниците на Тетово, Гостивар, Дебар, Теарце ми ветија дека ќе обезбедат пари за споменикот - вели Бислими.
Градоначалникот на Сарај потврди дека Бислими писмено побарал помош за општината.
- Тој бара пари за да може Општината Арачиново да ги извршува основните функции. За тоа ќе решаваат нашите советници во наредната недела. Во дописот нема ни збор дека бара пари за споменикот на ОНА. Во ред е да сме хумани и ако можеме да и помогнеме на општината, но не е во ред ако парите се наменат за други цели. Не би се враќал во времето на СССР или на Ирак, кога на секоја педа се поставувале споменици на Сталин и на Хусеин. Не сум за тоа општински пари да се трошат за споменици. Имам поприоритетни работи за решавање и затоа во Сарај нема ниеден споменик - вели Селмани.
Градоначалниците на Тетово, Чаир, Дебар, Липково и Теарце - Хазби Лика, Изет Меџити, Аргетим Фида, Беќир Саќипи и Рами Ќерим - потврдија дека Бислими побарал пари за споменикот. Некои го одбиле, бидејќи едвај имале пари за плати на вработените, но сите сметаат дека нема ништо лошо во тоа општините да ја финансираат изградбата на споменикот.
- Ќе најдеме начин да им помогнеме за споменикот. Ако треба, за тоа ќе решаваат и советниците, но како градоначалник имам право да управувам со парите на општината - изјави градоначалникот на Тетово Лика.
И градоначалникот на Чаир, Меџити, вели дека е добро сите да се солидаризираат за да се изгради споменикот. Според него, нема ништо спорно ако споменикот на ОНА се финансира со пари на граѓаните, иако во Чаир општинскиот буџет се полни и од Македонците и од другите заедници.
|
Belomorec |
Кога говоревме за референдумот, за рамковниот договор,добар дел од учесниците на форумот имаа “космополитски погледи“ на настаните и ги осудуваа истите.
Македонија е влезена во фазите на призренската лига за голема Албанија.
Додека од другата страна имаме забрзано приготвување на теренот за соединување на албанските територии од нашата македонска страна имаме само фразологии и демагогии кои наголемо се подржани медиумски и енвеовски(невладино).
Фразологии мултиетничка, рамковна, соживот, процентуална, евроатланска 24 часа на скоро сите медиуми го пере мозокот на Македонците.
Како се решава оваков настан во нормални држави.
Интервенција на МВР во село Арачиново и рушење на дибвоизградениот објект.
Нема филозофии.
Нека повелат сега демагозите. |
f9 |
Spomenici rastat,a kukjata ni ja zidaat nakrivo...
[img]http://img.photoamp.com/i/psC9XXOeY.jpg [/img] |
Strelec |
quote: Originally posted by Belomorec
Како се решава оваков настан во нормални држави.
Интервенција на МВР во село Арачиново и рушење на дибвоизградениот објект.
Нема филозофии.
Така е... нема што муабет тука... Ако сакаме да си ја задржиме територијата, треба енергична акција... Исто како Србите што реагираа енергично на Косово... И на тој начин си ја зачуваа територијата!
|
SLaCk |
Ne!Treba da molcime samo SDSM i DUI da ostanat na vlast i ne daj boze da pukne pak!
Strelec kogo zaplasuvas so ovie manipulatorski izjavi?Zarem pocituvanjeto na osnovnite zakoni vo drzavata za tebe pretstavuva radikalizam?Drzavata mora da funkcionira vrz pravoto a kaj nas funkcionira vrz silata i politickite dogovori,znaci funkcionirame nekade pred 19 vek a ti toa go odobruvas?! |
f9 |
Pragmatichen oportunist...petsto godini pod Tursko ostavilo posledici vo psihata na Trpe Trpeski so naravouchenieto:
Od losho samo polosho ida. |
SLaCk |
f9 odlicna konstatacija!Koga ke go unistime i posledniot Trpe ke ni trgne. |
Strelec |
quote: Originally posted by SLaCk
Zarem pocituvanjeto na osnovnite zakoni vo drzavata za tebe pretstavuva radikalizam?
Vakvo neshto ne sum rekol nikogash i krajno vreme e da prestanesh da insinuirash...
Zakonite ne se pochituvaat i toa ne e dobro, a odgovornosta za nepochituvanje na zakonite sekogash treba da ja snosat tie shto se na vlast... Toa e jasno kako bel den i ne se odnesuvaj kako dete, nabeduvajki nekogo deka saka da gi zashtiti SDSM, LDP, ili DUI!
Megjutoa...
Sepak smetam deka i radikalizmot vo ovaa situacija e losho reshenie! Problemite mora da se reshavaat so mnogu razum, mnogu diplomatija, so lobiranje niz svetot i pred se', so jasni poraki do albanskiot partner vo vlasta deka tie ne se del od vladata samo za da se izboruvaat za 'prava' na Albancite, tuku da dadat maksimalen pridones vo implementacija na postojnite zakoni!
btw, voopshto ne me chudi shto ne se izjasnuvate za primerot shto go dadov za Srbija i Milosevic!
|
achtung_panzer |
quote: Originally posted by Strelec
...btw, voopshto ne me chudi shto ne se izjasnuvate za primerot shto go dadov za Srbija i Milosevic!
Zhiti primerot! Slobo i svekolikoto serpstvo imashe SO SHTO da bide radikalen vo Kosovo. Imaa zaviden arsenal i pokraj trite prethodni vojni vo Slovenija, Hrvatska i Bosna, a i iskusna vojska. Makedonija i da saka da bide radikalna, nema so shto: vojskata i policijata nikogash ne bile poneopremeni, poneorganizirani i so ponizok moral od sega, so nadolen trend vo idnina.
Prodolzhi mirno da si mudruesh od dalechnata i studena Kanada bez strav deka bilo shto radikalno kje se prezeme od makedonskata strana... |
Strelec |
Pa ako e taka kako shto kazhuvash, samo ja potvrduvash mojata teza deka radikalizam ne e dobar izbor!
Pu j'zk... Nesakajki vo moj prilog diskutirash!:)
|
achtung_panzer |
quote: Originally posted by Strelec
Pa ako e taka kako shto kazhuvash, samo ja potvrduvash mojata teza deka radikalizam ne e dobar izbor!
Pu j'zk... Nesakajki vo moj prilog diskutirash!:)
Ja promashi poentata pak, ama aj zabavuvaj si se [:D] Deka se nema so shto da se bide radikalen, ne e deka ne se razmisluva za radikalizam. Blagovremeni nabavki na izvesni ukrainski proizvodi i slikata kje se promeni [;)] |
toni_a |
nema potreba od oruzhje,imame dovolno za da se spravime...i voen arsenal na USA da imame ,nisto nema da vredi ako ne se "saka"!
zakoni imame isto,ama ete,ne se "saka"!
dzhabe mi e pushka,ako nemam dozvola da ja upotrebam...
vakvi raboti se resavaat mnogu porano,uste pred da pocnat.ne se dozvoluva zapocnuvanje so rabota!
veke izgradeno da se buta razgoruva nepotrebno tenzii.
koga ke se nauchi vo MK da se reagira na vreme,duri togas ke se podobrat rabotite,ne da se "budime" pred svrshen fakt.
kako beshe: "bolje je sprechiti nego leciti" |
f9 |
Ako radikalizmot ne e dobar,toj ne e dobar samo za drzhavnite postapki sprema Albancite?
A za Makedoncite...kako onie vo Struga e posakuvan?
Vancho Josifoski da beshe Albanec,rodninite za 24 sati ke se revanshiraa-krvno.
Zato shto beshe Makedonec,rodninite chekaat drzhavata da reagira.
Ke ja bide ili ne...Makedonija drzhava?
Ili samo pufki paroli.
Znaesh kaj nas Makedoncite nemalo krvna osveta,no po priroden pat ke dojde do radikalizacija sprema funkcioneri koj ja kochat pravnata drzhava.
Toj shto go zashtituva ubiecot na Vancho vo drzhavata zasluzhil od davna radikalni merki. |
Pina |
Prvo treba da razjasnime zoshto ne mozhe da se gradi takov spomenik.
Dali poradi nekoj urbanistichki plan ili zatoa shto se pravi spomenik na teroristichka organizacija. A bash vo Arachinovo kade shto gi sobraa kako nevesti vo avtobusi, i ONA i instruktorite od Zapad, pa gi odnesoa za Preshevo li beshe, zaboraviv.
A toa za Srbija e neshto sosema drugo, i nema vrska so radikalizam, SUP na Srbija si ja vrsheshe rabotata, trebeshe militanti koi ja destabiliziraa drzhavata, i na kraj gi istrebi, si ja svrshi rabotata.
A i da ne beshe toa, NATO ke si najdeshe prichina da intervenira.
Ako se odnesuvashe Srbija kako Makedonija, kaj ke i beshe krajot. Mozhebi ke beshe nekoja si federacija na KOsovo Vojvodina Shumadija..
I rabotava e vrvka. A spomenikot ili se gradi legalno ili ne. Sredina nema. Ako e bez dozvola treba da se rushi ako e so dozvola peki, gradi.
Nashata vlast se pokazha mnogu efikasna vo vakvi sluchai, ima bogato i uspeshno iskustvo za ovie raboti. Kako odma se spravi so taa crkvata ili neshto slichno, shto pochna da ja gradi Vranishkovski. Ni dve ni tri gi pushtija bulduzherite da rushat. Shto, zarem ovde za radikalizam zboruvame ili nadlezhnite organi si ja vrshea rabotata.
Eve sega imaat prilika ushte ednash da se pokazhat...A vranishkovski beshe "piece of cake" sho vikaat ovde, ili "lokumche" po nashe.
Aj sega da vidime. Teshko da ime nekoj so madinja da potpishe reshenie za rushenje.
I bash Arachinovo, kade shto nashite sili go nateraa NATO kako pizdi da prakjaat avtobusi i da si gi sobiraat partalite...\
Tamo treba spomenik na Makedonskata Armija... Ne treba radikalci, treba lugje so madonja.
A koj da izgradi spomenik za toj nastan, i dali nekoj smee da predlozhi takvo neshto. |
трендафил |
Нормално е дека министерството за култура е слабо екипирано за да влезе во Арачиново. Тоа не располага ни со најобичен панцир, а да не зборуваме за нешто со што би возвратило на очекуваниот „пријателски“ дочек на арачиновци.
П.С.: Можеби не е на оваа тема местото, но сепак ќе напишам дека во сабота во Љубанци почна уредувањето на теренот на кој ќе се постави споменикот на загинатите бранители од селото. По повеќе од една година, конечно се добиени дозволите.
|