Диети
Диети
The`bItCh Постојат многу диети за намалување на тежината. Некои од нив промовираат погрешни концепции, кои водат кон понатамошни здравствени ризици. Мастите доведуваат до пораст на тежината-дали е точно? Познато е дека мастите содржат апроксимативно двојна количина на килоџули (калории) на грам, во споредба со јаглените хидрати и протеините. Логично е, дека ако консумирате повеќе масти, повеќе ќе ја зголемите тежината отколку ако вашата исхрана се базира главно на јаглени-хидрати. Важен е и типот на мастите. Докажано е дека мастите од животинско потекло (заситени масти) доведуваат до поголемо покачување на телесната тежина во споредба со растителните масти или рибиното масло. Изгледа дека, последниве полесно се искористуваат од организмот, и помалку е веројатно дека ќе се складираат во форма на масно ткиво на стомакот. Покрај тоа тие се корисни од здравствен аспект. Ако се претера со внесот на јаглени хидрати или протеини, тие во организмот исто така се претвораат во масти. Вистината е, дека тежината ќе се зголемува доколку се примаат повеќе килоџули отколку се трошат, независно дали тие килоџули доаѓаат од масти, јаглени хидрати или протеини. Покрај тоа, пушењето го зголемува таложењето на мастите околу внатрешните органите ( висцерални масти) и стомакот. Диети со малку, средно или многу јагленихидрати? Краткорочно, диетата со многу намален внес на јаглени хидрати, а слободен внес на масти ( како што е т.н. Аткинс-ова диета) може да резултира во поголема загуба во тежината, отколку диета која се базира на јагленихидрати, но долгорочно, разликите се минимални. Диетата во која многу е намален внесот на јагленихидрати, ако се базира на консумација на животински масти, а недоволен внес на растителна храна не е здрава. Крута наспроти флексибилна диета? Крутите диети се придружени со стриктно броење на калориите и стриктни правила за избегнување на одредени видови на храна. Кај флексибилните диети важна е величината на оброците и постои помала строгост во ограничувањата. Кој пристап е подобар за губиток на тежината? Крутите диети се придружени со поголеми проблеми во контролата на јадењето, вклучувајќи и повеќе епизоди на прејадување. Флексибилните диети поретко се придружени со вакви проблеми и полесно се прифаќаат. Долгорочно, флексибилниот пристап има поголема шанса за успех. Предрасуди за исхраната * Ако јадете многу компири ќе се здебелите - неточно. Јаглените хидрати се најдобриот извор на енергија за организмот. Ако јадете компири или било која храна богата со јаглени хидрати нема автоматски да се здебелите. Внимавајте што јадете додатно ( на пример путер или крем сирење кои содржат многу масти). Ако вашата исхрана е претежно јагленохидратна и богата во влакнести материи, вие веројатно внесувате помалку масти. * Треба да се избегнува комбинација на храни-неточно. Различни диети пропагираат да се избегнува комбинација на храни. Се смета дека јаглените хидрати во комбинација со протеините водат кон дигестивни проблеми и покачување на тежината. Точно е обратното. Комбинациите на храни му помагаат на дигестивниот систем. На пример, витаминот С од сокот од портокали ја подобрува апсорпцијата на железо во оброкот со телешко месо. Многу малку од храните се чисти јагленихидрати или протеини, повеќето се смеса од двете. Дигестивниот систем содржи ензими кои се способни да ја разградат храната која ја јадеме. * Појадокот треба да се состои само од овошје – погрешно. Нема доказ дека ваквиот пристап има било каква предност. Повеќето овошја не се богати со комплексни јагленохидрати, кои му се потребни на организмот по ноќното гладување. Цереалиите ( особено интегралните житарки), како што се лебот, корнфлексот, мусли и сл. за појадок, преставуваат подобар извор на јагленихдирати. * Некои храни имаат магично дејство и доведуваат до брз губиток на тежина-погрешно. Постојат бројни реклами во кои ананасот се преставува како таква храна. Според други тоа е грејпфуртот, кој наводно ги согорува телесните масти. Тоа не е вистина. Вакво дејство повеќе може да им се припише на влакнестите материи, кои предизвикуваат исполнетост, со минимално килоџули. * Не треба да пиете течности во тек на оброкот- тоа доведува до здебелување? Неточно. Ова погрешно верување се базира врз мислсњето дека дигестивните сокови и ензими ќе се разредат со течноста, и ова ќе резултира со успорено варење и зголемена ресорпција на масти. Ова не е докажано. Всушност, доказите сугерираат дека пиењето на вода во тек на оброкот ја забрзува дигестијата. Се разбира дека доколку се претерува со внесување на високоенергетски пијалоци, како што се алкохолните пијалоци ќе настане здебелување, но пиењето во тек на оброкот не го потенцира ова. Како ефикасно и здраво да ослабите? * Не користете брзи диети; веројатно е дека во следните пет години повторно ќе ја вратите изгубената тежина. * Вашата цел нека биде мала загуба, од околу еден килограм неделно или помалку. * Намалете го внесот на масти, особено на заситените масти. * Исклучете ги рафинираните шеќери. * Зголемето го внесот на свежо овошје, зеленчук и интегрални житарици. * Консумирајте помалку алкохол. * Земајте помалку ужинки. * Вежбајте околу 30 минути неколку пати во неделата. Воведете повеќе движење во дневната рутина-обидете се да акумулиратие 30 минутно одење/ден. * Не елиминирајте комплетно ниту еден вид на храна- секојдневно земајте разновидна храна, дајте предност на интегрална и непроцесирана храна. * Придржувајте се кон одреден ред во јадењето.
Natasa Jas procitav edna doeta i pisit deka mozis vo tekot na denot da jadis so sakas ama ponacesto i pomalku,namesto desert 2 jabolka ili bilo kakvo ovosje,do 7 navecer posle mozis 1 saaat da trcas ili pesacis pa taka sekoj den ke si ja zgolemviz vizickata aktivnost.Isto ke namalis alkohol i gazirani sokovi ali se po malku mozis znacit i so moderacija na se.Zasto vo sekoj produkt imat hranlivi materii koi mu se potrebni na organizmot.Ne e vo red koga ke prestanis so zemanje na nekoi vazni nutricioni elementi koi pomagaat na organizmot.Se sto jadme meso, zelencuk mleko se e potrebno mozite da go jadete ali po malku vnimavajte da imate golem pojadok sreden rucek i malku vecera.Bidete poveke aktivni i ke vidite deka ke izgubite na kilaza,ako samo vnimavate so jadite.Taka ke jadite sve a ke izgubite kilaza.Gubenjeto na vazni sostojki od hranata so dieti razni mozite da se izlozite na Diabet,ili drugi zaboluvanja bilo na kardiovaskularen sistem ili drug sistem.Se zabranuvaat i mnogu masni jadenja radi holesterol.ajde bidite pozdraveni
The`bItCh Како да ослабите, без да го нарушите вашето здравје? Рационален одговор на прашањето како да се ослаби здраво е - повеќе да се вежба и да се зема храна која содржи помалку калории. За да обезбедите исхрана со помалку калории, не мора комплетно да ги измените вашите прехрамбени навики. Понекогаш помага, ако направите одредени промени во начинот и времето кога јадете. Фактори кои допринесуваат кон зголемување на тежината се: * Jадење ноќе * Различни социјални настани, придружени со јадење * Jадење заради навика * Јадење и истовремено пиење на алкохол. Понекогаш е доволно само да го избегнете јадењето во овие околности. Нема потреба да се намалува бројот на регуларните оброци. Пожелно е, да јадете помалку при секој оброк и да ја зголемите количината на влакнести материи, јагленохидрати и незаситени масти. Познато е дека ако се консумираат обилни поединечни оброци, капацитетот на желудникот се зголемува. Со тоа се зголемува и количината на храна која треба да се изеде, за да се постигне чувство на ситост. Доколку се обидувате да ослабите, не се препорачува да прескокнувате оброци. Всушност, ако прескокнете оброк, вие потоа веројатно ќе изедете повеќе отколку што инаку би јаделе и тоа води до зголемување на капацитетот на стомакот. Долготрајно гледано, брзите диети водат до повторно здебелување * Повеќето луѓе кои треба да ослабат се обидуваат да држат некоја брза диета, што е всушност краткотрајно решение. На периодите на лишување или гладување , организмот одговара така, што го снижува метаболизмот. По престанување со диетата, организмот согорува дури помалку калории отколку претходно, бидејќи метаболизмот е помалку ефикасен. * Покрај тоа, познато е дека губитокот на тежината во тек на строгите диети повеќе е резултат на губитокот на вода и мускулно ткиво, а не на масното ткиво. За да се согоруваат килоџулите потребнa е работа на мускулите. Секогаш кога држите таква диета, вие губите и одреден процент на мускулното ткиво, што значи дека вашиот организам не може да согори толку килоџули , колку што можел, пред држењето на диетата. * Само еден циклус на повторно здебелување, по ваква ригорозна диета, го зголемува ризикот од коронарна болест, независно од нивото на мастите. * Современите диети за слабеење во кои се препорачува висока содржина на протеини и ниска содржина на јаглени хидрати се ефикасни, но може да доведат до метаболички пореметувања. * Спротивно, нискокалорични диети со висока содржина на овошје и зеленчук, интегрални житарки, легуминози и обезмастени продукти, се исто така ефикасни и со поголема шанса, тежината да се задржи по прекинување на диетата. Со овој тип на диета, се постигнува желудникот да е полн и чувство на ситост, а истовремено се намалува ризикот за хронични болести. Зголемете ја физичката активност! Иако традиционално, нашата земја има релативно здрава исхрана, бројот на дебели луѓе се зголемува секоја година. Тоа е затоа, што сме станале седечка нација. За повеќето од нас, физичката активност не е веќе природен дел од нашиот животен стил. Умерена физичка активност е доволна за да се забрза метаболизмот и загубата на тежината. Најдобро е, ако физичката активност се зголемува постепено. Умерена активност- како пешачење, работа во градината, возење точак или дури шишање на тревникот, може да помогнаат во намалувањето на масните наслаги. Откажете ја употребата на автомобилот секогаш кога е тоа можно. Шетајте куче. Користете скали наместо лифт. Одберете активности кои вам ви причинуваат задоволство, а не она што сметате дека е добро за вас. Кои практични чекори да ги првземете за да ослабите, на здрав начин? * Избегнувајте брзи диети. * Јадете поголем број продукти, од сите хранителни групи. * Земајте помалку храна во тек на секој оброк, но зголемето го бројот на оброци или ужинки во тек на денот. * Намалете го внесот на високоенергетските хранителни продукти, кои се сиромашни во хранителни состојки- како слатки пијалоци и бомбони. Некои високоенергетски храни кои се богати во хранителни состојки, може да се земаат, но само мала количина –на пример црвено месо, ореви,нерафинирано маслиново масло. * Исфрлете ги од исхраната заситените масти и алкохолот. * Обидете се да јадете повеќе свежа храна и помалку процесирани продукти. * Избегнувајте да јадете заради задоволство, тогаш кога сте загрижени или сте под стрес. * Обидете се да запрете со јадењето- кога ќе почувствувате дека сте се најале. Дали ви е потребна дополнителна помош? * Ако повеќе пати, безуспешно сте се обидувале да ослабите со брзи диети, веројатно ви треба професионална помош, за да ве упатат во здравиот начин на исхрана. * Ако сте дебели, а имате повеќе од 40 години , посоветувајте се со докторот пред да започнете со вежбање.
misko dali ste ja probale dietata na dr. Zhan Mitrev koj ja preporachuva za onie koi imaat srcevi bolesti ili onie koi mora da ja drzhat pred da odat na operacija?
dalila Eve edna dieta[:)] ВКУСНАТА, ЗДРАВА И ЛЕСНО СВАРЛИВА ХРАНА ЌЕ ВИ ПОМОГНЕ ДА ИЗГУБИТЕ 3-4 КИЛОГРАМИ ЗА 4 НЕДЕЛИ, ДА ЈА ЗГОЛЕМИТЕ ЕНЕРГИЈАТА И ДА ГО ЗАЈАКНЕТЕ ИМУНИТЕТОТ 4kg помалку за еден месец ДИЕТА ЗА ВИТАЛНОСТ И УБАВИНА Менито е составено од продукти кои на организмот му обезбедуваат доволно витамини и минерали, протеини и млични ферменти- се што му е потребно на телото да се ослободи од токсичните материи. Ќе ја зголемите енергијата и одбраната од стресот, а телото ќе ги добие саканите пропорции. ПОНЕДЕЛНИК Појадокот е ист секој ден: шолја млеко или јогурт, 30 гр интегрален леб со лажичка нискокалоричен мармалад и 200 гр овошје. Меѓуоброк: 200 гр овошје. Ручек: Ризото со тиквички, 100 гр печено месо, салата од зеленчук со маслиново масло и оцет. Меѓуоброк: 1,5 дл млеко. Вечера: Омлет од 1 јајце, 200 гр спанаќ со маслиново масло, 200 гр овошје, 50 гр интегрален леб. ВТОРНИК Меѓуоброк: 200 гр овошје. Ручек: 80 гр тестенини со сирење, зачинети со босилек или рузмарин, печен зеленчук со лажица маслиново масло и 200 гр овошје. Меѓуоброк: јогурт. Вечера: 130 гр варена риба, 200 гр варен зеленчук со лажичка маслиново масло, 50 гр интегрален леб, 200 гр овошје. СРЕДА Меѓуоброк: 200 гр овошје. Ручек: 80 гр ризото со зеленчук и лажичка маслиново масло, салата од зеленчук, 1 варено јајце и 200 гр овошје. Меѓуоброк: 1, 5 дл млеко. Вечера: 150 гр телешко месо, 200 гр спанаќ со лажичка маслиново масло, 50 гр интегрален леб, 200 гр овошје. ЧЕТВРТОК Меѓуоброк: 200 гр овошје. Ручек: 80 гр тестенини со 12 гр брокули, босилек и пармезан, 50 гр пршут, 200 гр рендан морков со сок од лимон и маслиново масло, 200 гр овошје. Меѓуоброк: јогурт. Вечера: 80 гр риба, 200 гр домати со маслиново масло, 50 гр интегрален леб, 200 гр овошје. ПЕТОК Меѓуоброк: 200 гр овошје. Ручек: Ризото со грашок (80 гр ориз и 50 гр грашок), варен зеленчук со лажичка маслиново масло и 200 гр овошје. Меѓуоброк: 1,5 дл млеко. Вечера: 100 гр пилешки стек, салата од зеленчук со оцет и маслиново масло, 50 гр интегрален леб. САБОТА Меѓуоброк: 200 гр овошје. Ручек: 80 гр тестенини со 100 гр морски плодови, варен зеленчук со маслиново масло и 200 гр овошје. Меѓуоброк: 1,5 дл јогурт. Вечера: 130 гр риба на пареа, 200 гр печурки со магдонос и лук, 50 гр интегрален леб, 200 гр овошје. НЕДЕЛА Меѓуоброк: 200 гр овошје. Ручек: 50 гр леќа и 80 гр ориз, варени. Домати со маслиново масло, 200 гр овошје. Меѓуоброк: 1,5 дл млеко. Вечера: 200 гр ослич со маслиново масло, варен зеленчук и 50 гр интегрален леб. izvor:idividi
dada Sani Dalilice, mnogu ubava dieta, samo da i dodades bar 15-20 min. fizicka aktivnost i mnogu tecnosti i ete te vo katalogot na Victoria Secret[;)]
dalila
quote:
Originally posted by dada Sani
Dalilice, mnogu ubava dieta, samo da i dodades bar 15-20 min. fizicka aktivnost i mnogu tecnosti i ete te vo katalogot na Victoria Secret[;)]
Eve edna so technosti[;)] ati vezhbaj, nikoj ne ti brani[:D] Упатство за спроведување на терапијата за слабеење со помош на чаеви чајни комбинации и режим на исхрана. Условите и начинот на живеење, брзиот и динамичен живот, полн со нервози и стресови, постојана напнатост, неможноста за прилагодување на новонастанатата состојба, непочитување на природните законитости, биоритамот и друго а особено кај женскиот пол, доведуваат често пати до одредено пореметување на таканаречено дебелеење кое може да се третира и како болест и како заболување, бидејќи поставките за таква појава се секогаш врзани за одредени органски пореметувања и се последица на други случувања во организмот што може да имаат третман на болести. Ова посебно е изразито при климактеричниот синдром кај понежниот пол во времето на предклимаксниот, климаксниот и пос климаксниот период, кој период може да трае и повеќе од 10 години а може да почне и многу рано (30 тата година). Проблемот е причинет од зголемените естрогенски лачења, независно од кои причини е тоа предизвикано. Неможноста овој проблем благовремено да се разоткрие и реши често пати се прибегнува кон лажни претпоставки како што се ,,дебеелење на нервна основа, дебелеење на постојано ,,подлапнување измеѓу јадењата, дебелеење на основа на ,,домаќинлок – да не се фрла она што ќе остане и сл. “ . Дебеелењето е процесс кој што многу леесно се навикнувва и се заработува а тешко се отстранува поради сугестијата и стравот за отстранување на лошите навики, да не ослабне крвта, да не се ослабне нагло, да не виси кожата и сл. што се апсолутно неточни претпоставки. Процесот на дебелеење е процесс којшто многу лесно се придобива и на којшто често пати благонаклоно се гледа се до оној момент кога тој неможе туку така да се запре и да се отстрани. При користењето на разни терапии и диетални исхрани од разни автори и научници се доведува до ситуација покушајот за слабеење да доведе до состојба на губење на еритроцитите, хемоглобинот разни анемичности и сл. што не е многу пожелно и корисно. Алтернативната медицина решавањето на овој проблем го согледува многу потемелно и го решава на начин со којшто се ослободува од масните наслаги, маснотиите, непотребната килажа, холестеролот и целулоитот, замастеноста на органите во абдоменот и нивното залојување со што се оневозможува нивното правилно функционирање и работа а при што се води и строго сметка да не се дојде до состојби на анемичности, губењето на железото и пореметување на основните системи во организмот, крвен – лимфен- хормонален- одбрамбен и сл. За да се постигне тоа терапијата се состои од два делови – првиот дел е составено од чаеви - чајни комбинации кои се припремаат и пијат прњма дадените упатства од треварот, чие комбинирање опфаќа 50-70 врсти на лековити тревки во чии што дејства има антисептички, антибактериски, антивирусни, холеритчни, холагогни, стомахични, диуретични и други својства со што се врши целосно чистење на крвниот и лимфниот сsстем, крвниите и лимфните садови, се средува хормоналниот сsстем и се врши сервисирање и чистење на сите органи во абдоменот. Во составот на чаевите има и компоненти кои ја пресекуваат желбата за почести и прекумерни јадења а содржат и доста компоненти кои што имаат влијание на мозокот и нервниот сsстем да благовремено ја издадат наредбата навреме да се престане со јадење. Вториот дел е Режим на исхрана со којшто се исправува метаболичката рамнотежа, природниот биоритам, метаболизмот и катаболизмот, избор на правилна исхрана со приоритет на овоштието и зеленилото и начин на правилност на јадењето. Третиот дел којшто исто така е важен е психолошкиот фацтор којшто мора да биде арбитер при спроведувањето на горните два дела и со чија помош треба да се отстрана лошите навики и да се јаде и пие како и останатиот животински свет којшто ги почитува во целост овие правила, односно никој не јаде и не пие повеќе од она што му е потребно. Само трите дела спроведени истовремено даваат ефекти. Терапиите траат од 21 (најмалку ) до 42 дена за кое време може да се ослабе од 7 до 20 кг. · Режим на исхрана (прва варијанта ) 7--------------14--------------21 ден Доручек од 06 до 11 1. една таблета калциум + селен 2. една таблета железо + магнезиум 3. двапати по едно омега 3 4. 30-50 грама суво грозје 5. 100 грама јогурт 6. овоштие по желба 7. зеленчук по желба 8. 200---300----500 грама бројсов сок 9. чаеви 200----300------500 гр. (бр.1 –бр.2) 10.чаеви 200------300 (бр. 3 ---бр.4) Ручек од 11 до 18 часот Јадењата се приготвуваат исклучиво со маслинов зејтин и крупна сол. Јадењата не смее да се гарнираат ---------се земаат поеднинечни јафдења пример се земаат само компир, само ориз. Не смее да се меша скроб со беланчевини-----може да се јаде на секои 3 часа ------може да се јаде едно од следните јадења------------ориз-------компир-------боранија---------грашак--------леќа-------сојавита----------морска риба---------кисело млеко и јогурт--------------и црни диететски лебови. Јадењата може да се запржуваат со количински мали запршки ----20 минути пред секој оброк се зема сезонска салата ----основата секогаш да биде или домати или свежа зелка. Вечера од 18 – 20 часот Може да се вечера кисело млеко или јогурт или сезонска салата. Надвор од она што е заокружено не ссмее ништо друго да се јаде нити пие. Овоштие може да се зема во било ое време по желба и количински неограничено. · Режим на исхрана втора варијанта 7------14------21 Доручек од 06 до 11 часот Исто како при прва варијанта Ручек и вечера се земаат јадења припремани без зејтин. Горните правила важат и тука – пожелно би било 7 дена да се зема првата варијанта а останатите 14 дена втората варијанта. Бројсов сок се зема преку целиот ден напоредно со чаевите и се зема од 700 до 1 литар дневно. Се прави 500 гр. Цвекло 300 гр. Морков се чисти се сече и се меле со машина за месо мелење. Се става во поголем сад во кој се ставаат 5 китки магдонос и 3 китки целер и сето се залива со 10 литри ладна вода, се остава да отстои 6 часа се процедува во стаклени шишиња и се чува во фрижидер. По вкус во Бројсовиот сок може да се стави пола килограм течен мед.
dalila Eve vi edna dieta vo tabela[;)] [IMG]http://i2.tinypic.com/svkx86.jpg[/IMG] Blago i gazirani sokovi-NE!!! kafe bez shekjar mineralna voda
antigona
УН диета
Целта на оваа диета,покрај намалувањето на килограмите е да доведе до промени на метаболизмот,со што се гарантира дека намалените килограми нема да се вратат. Диетата трае 90 дена и за тоа време се ослабнува од 18-25 кгр.Ако е потребно да се намалат помалку килограми,диетата може да се прекине,ама тогаш нема да дојде до промена во метаболизмот. Појадокот сите 90 дена е ист-овошје.Се јаде секогаш во пар,на пр.2 јаболки,2 круши,2 портокала или една рака некое ситно овошје. Диетата секогаш почнува со протеински ден и после овошниот ден пак се почнува со протеински. Редоследот на деновите не смее да се менува. ПРВ ДЕН Ручек:Месо варено или печено во количина од 3 хотелски шницли,едно парче леб,салата (во неограничени количини).На крај мора да се испие супа,но без фиде.Наместо месо може да се изедат 3 јајца варени или испржени. Млеко и сирење може да се јаде само овој ден,а супата мора де се испие. Вечера: ИСто што и за ручек,само без супа.Треба да се води сметка ако за ручек било месо,мора да биде и за вечера,а ако биле јајца,тогаш пак јајца. ВТОР ДЕН Ручек : Грав,грашок,леќа,ориз,компир (обавезно варено со додаток на зачини-бибер,кечап,варен патлиџан,оригано),парче леб и салата. Вечера : Исто што и за ручек во помала количина (полн танњир за ручек,пола за вечера) ТРЕТ ДЕН Ручек :Варена тестенина (шпагети,макарони) со додаток на зачини,пица само со кечап или било кое пециво во количина колку една пица. Вечера :Две помали парчиња торта,3-4 колачиња,3 топки сладолед и обавезно едно ребро чоколадо за готвење. ЧЕТВРТИ ДЕН Ручек :овошје Вечера :овошје Три пати за време на диетата (еднаш месечно) треба да се држи воден ден,кој доаѓа одма после денот со овошје,а после него се продолжува со протеинскиот ден. Кафе и чај може да се пие во неограничени количини,но без шеќер. Од кога ќе заврши диетата (после 90 дена),се јаде нормално,освен што овошјето останува уште 90 дена за појадок. Ако во следните 3 месеци од завршувањето на диетата се изгубат 5 кгр.,тоа значи дека дошло до промена на метаболизмот. Ако не се изгубат тие 5 кгр.,диетата треба да се повтори,но не и да се продолжи,а може да се продолжи после 3 месеци. Делува компликувано,но не е.Количината на храна е поголема од онаа која секој дневно ја внесуваме.Без оглед на тоа килограмите се губат. Не треба да се изгуби надеж и воља затоа што се случува и по 10 дена тежината да не се промени,но потоа одеднаш се губат по 3-4 кгр. Ништо не смее да се прескокнува затоа што секоја намирница си има своја намена.Организмот не смее да остане без неа. Не е вообичаено да се јаде овошје за појадок,но организмот нај прво од него го искористува интегралниот шеќер кој го храни нервниот систем. Чоколадото ги спречува алергиите кои се присутни баш кога се држат разни диети. Добро е кога сте на половина од диетата да се проконтролира крвниот притисок и да се анализира крвната слика. Сите кои ја држеле оваа диета,изгубиле нај малку по 10 кгр.,без здравствени проблеми. Луѓе кои патат од висок крвен притисок,после пар недели немаат веќе потреба да користат лекови.
dalila Ne znam tochno. Eve antigona vika so slichna dieta skinala 5 kila.Za kolku vreme, kje ni kazhe. Ne sum mnogu po sproveduvanje na dietite...samo po zborenjeto za niv[:D]
sasha dieta znaci zdrava ishrana nemoj da mi se isushite:))))))))
LIDIJA - SKorpija Bash dobro sho Sasha ja otkopa temava. Pokraj nervozata(stresot) ova e edna od najdiskutabilnite temi na deneshnicava. Licnho, sum za dieta koga se raboti za zdravstveni problemi kako dijabetis,prekumerna tezina,holesterol....itn. Vo site drugi sluchai se e samo trend zamka i dobar biznis. Fakt e deka "ponezniot pol" e onoj koj e najmnogu pod vlijanie na ovoj trend, bidejki nie sme tie postojano nezadovolnite od svojot izgled i "oblini". Pritisokot na mediumite i pechatot e ogromen i sekojdnevno sretnuvame raznorazni dieti so koi se garantira gubenje na ne znam volku kilogrami za neznam tolku dena..... Dietata ne e igracka.Sum imala prilika da vidam kakvi posledici moze da predizvika nepravilna dieta. Tocnho e deka sekoj si e sopstvenik na svoeto telo i deka sekoj odluchuva za sebe. Jas preferiram kombinacija od dobra hrana i fizicki aktivnosti. Moja dieta: Nema podobra dieta od dobar sex! [;)] Odrzuvanje na najpriroden mozen nacin i fizicki i mentalno.[;)][:D]
antigona @Dalila- ovaa tabela e ista kako UN dietata,samo shto vo denot koga se jaglehidratite za vecera ima torta i chokolado za gotvenje. P.S.Do sega jas skinav 5 kg.,ama sinokja ja zeznav rabotata.Se napiv alkohol.
beti869 I kolku vreme treba da trae ova
dalila Se dodeka ne se stopime[:D]
LIDIJA - SKorpija Jas lichno ne sum ja probala taa dieta Misko,no moj blizok drugar i negovata sopruga ja drzea ovaa dieta od Zan Mitrev. Ako e toa onaa shto preku nedela vnimavash shto jadesh a za vikend se ti e dozvoleno....togash da ti kazam deka ima efekt.I dvajcata bea prezadovolni.
Tanja19
quote:
Originally posted by misko
dali ste ja probale dietata na dr. Zhan Mitrev koj ja preporachuva za onie koi imaat srcevi bolesti ili onie koi mora da ja drzhat pred da odat na operacija?
ima jaki efekti...ubavo se oslabnuva[;)]samo i od koga ke oslabnis treba da pazis dane ti se vratat nazad.Oti taa dieta kako sho i ti samiot kaza e za onie so srcevi bolesti...sho znaci treba za kratko vreme da izgubat odredena kilaza....a obicno so takvite dieti:brzo slabeis,ali i brzo ti se vrakat,ali duplo[B)] ako vike ja probas vaa dieta i ako oslabnis togas ti preporacuvam sekoj mesec po ednas da ja povtoruvas i onaka e 5dena[;)]
Strelec Можеби не е многу ефикасна, но најубава диета дефинитивно е т.н. "Авокадо диета"... Им ја препорачувам на сите оние кои што не сакаат да се лишат од задоволството што го имаат при јадење!
BorisVM
quote:
Originally posted by LIDIJA - SKorpija Moja dieta: Nema podobra dieta od dobar sex! [;)] Odrzuvanje na najpriroden mozen nacin i fizicki i mentalno.[;)][:D]
Jas imam samo eden komentar za ova: [:D]
sasha Od Shkorpija ne ni ocekuvav podrug post od ovoj:))))
Tanja19 ja ima li nekoj dietata na dr. Zhan Mitrev?ako ke moze nekoj da ja napise...jas ja imav,ali ne mozam da ja najdam...
LIDIJA - SKorpija
quote:
Originally posted by Tanja19
ja ima li nekoj dietata na dr. Zhan Mitrev?ako ke moze nekoj da ja napise...jas ja imav,ali ne mozam da ja najdam...
Abe Tanjche kakov Zan Mitrev, chitaj tamu pogore [;)] I kalorii "kje stopish" i hormoni kje smirish i shto e najvazno nema da gladuvash [;)] Pa sega e najlosho vreme za bilo kavi drugi dieti. Prolet,na organizmot mu trebaat site vidovi na svezi vitamini, a ne dieti.I posle vrtoglavici,anemii.... Znam deka sega site gi fakja kriza za toa kako kje izlezat na plaza letoska i dali kje gi sobere stariot bikini od lani, ama zdravjeto e pred se. Zatoa prirodna dieta....[;)][:D] Pochni ushte vesherva,pa sabota e....[8D]
Tanja19
quote:
Originally posted by LIDIJA - SKorpija
quote:
Originally posted by Tanja19
ja ima li nekoj dietata na dr. Zhan Mitrev?ako ke moze nekoj da ja napise...jas ja imav,ali ne mozam da ja najdam...
Abe Tanjche kakov Zan Mitrev, chitaj tamu pogore [;)] I kalorii "kje stopish" i hormoni kje smirish i shto e najvazno nema da gladuvash [;)] Pa sega e najlosho vreme za bilo kavi drugi dieti. Prolet,na organizmot mu trebaat site vidovi na svezi vitamini, a ne dieti.I posle vrtoglavici,anemii.... Znam deka sega site gi fakja kriza za toa kako kje izlezat na plaza letoska i dali kje gi sobere stariot bikini od lani, ama zdravjeto e pred se. Zatoa prirodna dieta....[;)][:D] Pochni ushte vesherva,pa sabota e....[8D]
[:D][;)]znam lidce....ali sakam da si ja zapisam..nekogas moze ke mi pritreba za pet den na se skine nekoe kilo...a vaa dieta ne e teska za izdrzuvanje,a i dobri se rezultatite...znam,ne e zdravo naglo dubenje kilorami...ali za sekoj slucaj da ja imam[;)]
Tanja19 inace za slabeenje i kalorii trosenje pomaga mnogu i cistenjeto po doma[;)] eden saat govtenje - 162 kalorii 25minuti cistenje so pravosmukalta - 118 kalorii 30min. pazarlak vo supermarket - 93 kalorii 20min. nabrzina brisenje prasina - 81 kal. 20min. menjanje postelnina i mestenje na krevetot - 54 kalorii [;)][:D]
misko Tanja jas kje ti ja dadam samo da odam doma da ja prepisham ;)
Tanja19
quote:
Originally posted by misko
Tanja jas kje ti ja dadam samo da odam doma da ja prepisham ;)
fala[;)]
Mona Lisa Imam cueno deka dieti ne pomagaat mozes da dobies samo jojo efekt. Jas praktikuvam cesto jadenje znaci na dva casa po malku. Dosta ovosje zelencuk i vezbanje..Dieti ne se potrebni.
misko Mona lisa i jas toa go imam slushanto i pocnav da go praktikuvam i e efikasno dosta,samo shto treba da bidish malku povekje aktiven od obichno.
Mona Lisa
quote:
Originally posted by misko
Mona lisa i jas toa go imam slushanto i pocnav da go praktikuvam i e efikasno dosta,samo shto treba da bidish malku povekje aktiven od obichno.
Da se razbira jas na toj nacin izgubiv 6 kila ama redovno vozam tocak .[8D]
misko jas ne vozam redovno tocak ama redovno trcham.:D
Tanja19
quote:
Originally posted by misko
jas ne vozam redovno tocak ama redovno trcham.:D
ne mora ni da trcish...mozis i nekoja druga AKTIVNOST,taman nema da bidis sam,mozis u dvojki,a u posledno vreme jako aktuelno ti e u trojki[;)]...vazno e da se troshish[:p][;)][:D]
Mona Lisa
quote:
Originally posted by Tanja19
quote:
Originally posted by misko
jas ne vozam redovno tocak ama redovno trcham.:D
ne mora ni da trcish...mozis i nekoja druga AKTIVNOST,taman nema da bidis sam,mozis u dvojki,a u posledno vreme jako aktuelno ti e u trojki[;)]...vazno e da se troshish[:p][;)][:D]
Vazno samo aktivnost da e..Ne e vazno kakva...[;)]
Tanja19 abe sho bidna so dietata na zan mitrev?ako ja ima nekoj i ako ne mu e tesko da ja napise...ke ve molam:)
LIDIJA - SKorpija
quote:
Originally posted by Tanja19
abe sho bidna so dietata na zan mitrev?ako ja ima nekoj i ako ne mu e tesko da ja napise...ke ve molam:)
jas kje prasham sega i ako uspeam da dobijam info kje pisham na forum vednash.ako ne utre...[;)]
Tanja19 fala[;)]ako ja najdis ili na forum pishi ili na mail prati ja...a i MSN bi trebalo da mi bide uklucen[;)]...deneska,utre...ne e bitno...vazno naskoro[:p][:D]
LIDIJA - SKorpija
quote:
Originally posted by Tanja19
fala[;)]ako ja najdis ili na forum pishi ili na mail prati ja...a i MSN bi trebalo da mi bide uklucen[;)]...deneska,utre...ne e bitno...vazno naskoro[:p][:D]
OK.utre togash..[;)]
LIDIJA - SKorpija Eve napraviv copy/paste od e-mailot so dietata.Mi ja zakasnija ama vazno stigna:))) DIETA ZA 15 DENA (OD BOLNICA - KARDIOLOGIJA) ____________________________________________________________________ DORUCEKOT E IST VO TEKOT NA 15 DENA (PORTOKAL, KRUSA,PRASKA, DINJA, LUBENICA; NE SMEE - BANANA,GROZJE) DVOPEK SOLJA KAFE ILI CAJ BEZ SEKER _______________________________________________________________________ R U C E K V E C E R A _________________________________________________________________________ 1 DEN 1 PORTOKAL 2 DOMATI (2 DL.VARENI DOMATI) 1 VARENO JAJCE 2 VARENI JAJCA 1 KANCE KISELO MLEKO 1/2 SALATA ILI KRASTAVICA 2 DVOPEKA ________________________________________________________________________ 2 DEN 1 PORTOKAL 125 GR. MEL.VARENO JUN.MESO 1 VARENO JAJCE 1 DOMAT 1 KISELO MLEKO 1 PORTOKAL, 1 DVOPEK, 1 SOLJA CAJ ILI KAFE BEZ SEKER ________________________________________________________________________ 3 DEN 1 PORTOKAL 125 GR. MEL.VAR.JUN.MESO 1 VARENO JAJCE 1 PORTOKAL 1 KISELO MLEKO 1 DVOPEK 1 GL.SALATA (KRAST.) 1 SOLJA CAJ ILI KAFE _______________________________________________________________________ 4 DEN 125 GR.KRAVJO SIRENJE 125 GR.MEL.VAR.JUN.MESO 1 DOMAT ILI SALCA 2 DOMATI 1 DVOPEK 1 JABOLKO 1 DVOPEK ______________________________________________________________________- 5 DEN 2OO GR.VARENO MESO 1/2 KG.VAREN ZELENCUK ILI RIBA (MORKOV,GRASOK,KOMPIR) 1 DOMAT ILI SALCA 1 VARENO JAJCE 1 DVOPEK 1 DOMAT ________________________________________________________________________ N A P O M E N A : MESOTO I VARENIOT ZELENCUK SE ZACINUVAAT SO VEGETA, 6 I 7 DEN STE BEZ DIETA,, ZA VREME NA DIETATA NE SE PIE ALKOHOL. POSLE 5 DENA SEGUBAT 2,5 - 5 KG A POSLE 2 DEN SE POVTORUVA 3 PATI PO 5 DENA I ZA 15 DENA SE GUBAT BEZ POSLEDICI PO ZDRAVJETO 15 KG. I NEMA DA SE VRATAT DO KOLKU POSLE DIETATA JADEETE NORMALNO OSVEN SEKOJ PONEDELNIK: DORUCEK: 1 CASA SOK OD LIMON BEZ SEKER RUCEK: 1 JABOLKO, DVOPEK VECERA 1 JAJCE, 1 DOMAT, 1 DVOPEK NAVEDENITE NAMIRNICI MOZE DA SE ZEMAAT TOPLI ILI LADNI, NO E VAZNO DA SE ZEMAAT PO NAVEDENIOT RED I DA NE SE IZOSTAVI NITU EDNA. AKO NE SE ZEMAAT PO REDOSLED ILI SE PROMENI NEKOJA NAMIRNICA NEMA DA GO POSTIGNETE SAKANIOT EFEKT. Ete , veteno -storeno [:)]
Tanja19 mnogu fala...fala[;)][:D]
RaGeAnGeL jas mislam deka ednas do dva pati dnevno Pero da ti kazit nekolku muabeti i ni dieti ni apetit ni nisco ke nemas kilaza ke gubis bez problem
Tanja19 ako nema rezultati dietata togas ke mora kaj pero da se obratam:)
LIDIJA - SKorpija Zaboraviv da dopolnam kon dietata shto ja postirav vcera. Dietava e rigorozna kako shto mozete da prochitate. Im se preporachuva na pacienti so srcevi zaboluvanja, na koi prethodno im se meri pritisok,se proveruva krvna slika itn... Znachi vnimavajte....nemoj glisti da se napravite
orlak не јадете ништо, само пијте вода!
toni_a http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?ARCHIVE=true&TOPIC_ID=9748 eve moj "recept" pishan pred nekoe vreme."chisti" dieti poddrzhuvam samo koga ima problemi so zdravjeto.osobeno dieti kaj lugje sto se razvivaat uste (deca,tinejdzeri) ne e ubavo (mislam na onie rigoroznite,vnimavanje i pravilna ishrana e ok)... bolest na modernoto vreme e debelinata! isto i masnotiite sto se so tolku losh "imidz" ne se najloshoto! chitame "fat free" ili "0,001% fat" itn...a dzirnete nakaj kaloriite! aj za fat-ot mozhe ponataka [:D] i vnimavajte sto oslabnuvate i kakva tezhina gubite!!! (muskuli,voda) ps-kupete si vagi sto merat tezhina,voda%,masnotii%,muskulna masa%...tuka barem gi ima za do 20 evra! dobra rabota za kontrola! sepak chuvstvoto i osekjanjeto e najvazhno...vo ramkite na zdravo telo...
toni_a od eden razgovor vchera...pa se setiv. ubavo e delenjeto na jadenjeto vo pomali obroci.ne ednash na den da jade chovek,tuku istoto kolichestvo razdeleno na povekje pati. na pr. pet obroka preku denot. samoto varenje na hranata e rabota koja treba da ja svrshi organizmot + zheludnikot ne se rasshiruva tolku...
Whitebaby Najefikasna dieta e broenje na kalaroii i normalno da pazish sho jadesh. Vo nikoj sluchaj ne smee da se eliminiraat mleko, sirenje... zatoa shto tie sodrzhat mnogu proteini. Imashe eden test za toa kolku si aktiven preku denot i ti kazhuva kolku kalorii troshish, pa spored toa ke ti kazhe i kolku kalorii na den mozhesh da jadesh za da pochnesh da gubish tezhina. Efikasno e... provereno. [;)]
dalila
quote:
Originally posted by LIDIJA - SKorpija
Eve napraviv copy/paste od e-mailot so dietata.
Posle vakvi rigorozni dieti, koga kje se prestane so niv neminovno se vrakja izgubenata kilazha.Ste chule li za yo-yo efekt?[:)] Ima lugje shto i po dvaeset godini naizmenichno gubat kilazha i koga kje prestanat so dietata za kratko vreme ja nadoknaduvaat.Toa ostava seriozni posledici po zdravjeto. Najdobro e da se smeni rezhimot na ishrana, shto znachi komplet stilot na zhiveenje i da ne se odstapuva od toa.I fizichka aktivnost!!!
toni_a za yo-yo-to...[:D] se gubi muskulna masa dodeka saloto si ostanuva.so losha dieta se iznemoshtuva teloto i prvata "akcija" e namaluvanje na muskulot bidejki toj "gori" energija.neli ideme vo "stand-by" rezhim so namaleno kolichestvo na gorivo.prirodna i normalna funkcija na teloto koja porano bila od golema vazhnost! muskulot tezhi povekje od saloto. za sporedba,otidete vo mesara i poglednete go volumenot na parche salo i parche chisto meso koi imaat ista tezhina!!! ili videte volumen na puter na primer so nekoe meso... katastrofalnoto e sto pri dietata (ako se namali muskul) toa se popolnuva so salo!!! a za da kachime na istite kilogrami sto sme gi imale,nie trupame nepotreben volumen!!!! tuka e "mamkata" i nie pochnuvame od pochetok i se gubime vo "krugot" normalno dvizhenje i normalna muskulna masa se dovolno za drzhenje na kilazha.vospostavete edna ramnotezha.
LIDIJA - SKorpija Toni, ako razmisluvash da davash chasovi kako (virtuelen)privaten trener, jas se prijavuvam,stavi me na listata [^][:D][:D]
antigona Jas pocnav pred 3 dena so UN dietata,vikat deka bila efikasna,pa da vidime kako kje bide kaj mene.
beti869 Ne ozbilno prasam kolku vreme za kolku kila?
rina A shto velite za limonovata dieta, odnosno taa so javorov sirup? [:)] Od 5 do 7 odnosno 10 dena se pie samo 6-12 chashi podfotveni so dve lazici javorov sirup, dve lazici limon i malku gjumbir i voda normalno! Ako se drzi kako sto treba se slabee kilo na den!
feverly
quote:
Originally posted by rina
A shto velite za limonovata dieta, odnosno taa so javorov sirup? [:)] Od 5 do 7 odnosno 10 dena se pie samo 6-12 chashi podfotveni so dve lazici javorov sirup, dve lazici limon i malku gjumbir i voda normalno! Ako se drzi kako sto treba se slabee kilo na den!
aj ubo objasni ja i kako od 6 do 12 casi?sho pojke to pubo?i ovie sostojkive kazi mi kako se prigotvuvet i kako da gi najdam na angliski[:)][:D]
Tanja19 ubava e dietata so javorov sirup...mnogu se slabee...ubava e i za oraganizmot,se procistuva...ali posle duplo se vrakaat kilata.... edna drugarka oslabna so ovaa dieta za dve nedeli okolu deset kila...ali posle 15kg si vrati nazad... inace sirupot drzi sitost,taka da ne e teshko,se izdrzuva...pojaki rezultati ima i ako vezbas...
kolumbo Прашање ама само за оние кои знаат да одговорат. Кои препарати можат да помогнат во процесот на слабеење?? Аминокиселини, сок од јаболка? Чаеви?
dalila
quote:
Originally posted by kolumbo
Прашање ама само за оние кои знаат да одговорат.
Jas mislam deka go znam...ama mozhe i ne go znam...pa kje si kjutam[:D]
rina
quote:
Originally posted by feverly
quote:
Originally posted by rina
A shto velite za limonovata dieta, odnosno taa so javorov sirup? [:)] Od 5 do 7 odnosno 10 dena se pie samo 6-12 chashi podfotveni so dve lazici javorov sirup, dve lazici limon i malku gjumbir i voda normalno! Ako se drzi kako sto treba se slabee kilo na den!
aj ubo objasni ja i kako od 6 do 12 casi?sho pojke to pubo?i ovie sostojkive kazi mi kako se prigotvuvet i kako da gi najdam na angliski[:)][:D]
Podgotvuvanjeto e mnogu ednostavno. Vo edna chasha polna so voda se stavaat dve lazici javorov sirup (maple sirup), dve lazici sok od svezo ceden limon (znachi polovina limon) i malku djumbir vo prav (ginger) ili chili Sekoj moment koga ke pochuvstvuvash glad piesh od toa. Vo megjuvreme e dozvoleno samo voda, eventualno chaj od nane, no i chaj Alkalax (ili chaj za prochistuvanje). Kafe ne se preporachuva, no moze i toa bez sheker. Ubava e za prochistuvanje od site otrovi natalozeni vo organizmot vo tekot na zimata, zatoa e najdobro da se drzhi na prolet. Isto taka ne smee da se drzi poveke od dvapati godisno mislam....