Скопски џез фестивал 2005 |
angel |
Европски џез, бразилска вечер, легенди на американскиот џез, ова е накратко најавата за годинашново 24-то издание на скопскиот Џез фестивал.
Од 21-ви до 24-ти октомври, во Универзална сала ќе настапат вкупно девет светски познати изведувачи. Ова е враќање кон вистинскиот џез, вели првиот човек на фестивалот, Белопета.
„Ќе се гледа она што во овој момент е најактуелно во џезот. Да се донесат познати имиња, кои сеуште не биле во Скопје - прва пат ќе имаме можност да во Скопје ги видиме и Чарли Хејден и Долар Бренд и Абдула Ибрахим“, изјави Оливер Белопета, уметнички директор на скопскиот Џез фестивал.
„Мислам дека и првите реакции на програмата се многу позитивни - вистински џез фестивал, кој е 100% џез“, додаде Белопета
Освен бразилската вечер со Џојси и Ленин, доаѓаат квалитетни изведувачки имиња од Франција и Швајцарија, Паоло Фресу Италија, Абдула Ибрахим, попознат како Долар Бренд од Њујорк.
Ѕвезди на годинашново издание на Џез фестивалот се Дејв Холанд, со својот квинтет и басистот Чарли Хејден со Карла Блеј, легендарни имиња на фри џезот.
|
angel |
ВЕЧЕРВА ПОЧНУВА СКОПЈЕ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ
На стартот со легендарниот пијанист Абдула Ибрахим
Вечерва и утревечер ќе се слуша врвен европско-северноамерикански џез, а в недела мало затоплување со бразилски џез
Вечерва во Универзалната во 20.30 часот започнува 24. Скопје Џез Фестивал. Фесдтивалот го отвора една од култните џез фигури во светот, пијанистот Абдула Ибрахим (Долар Бенд е неговото име до неговото прифаќање на исламската вера). Ибрахим е основоположник на јужноафриканскиот џез кој се сели во Цирих и во Њујорк, каде што почнува силна соработка со славниот Дјук Елингтон и работи со најпознатите џез музичари како Орнет Колман, Џон Колтреин, Дон Чери и други. Спиритуалниот и медитативен џез на Ибрахим Постојано се стекнува со нови следбеници низ целиот свет, а рециталите на соло - пијано станаа легендарни во џез музиката. Ибрахим се вбројува во 10 најдобри пијнаисти џезери во светот.
Пред големиот пијанист ќе настапи триото на Ерика Стаки која е позната по своите контрасти кои доаѓаат со нејзиното потекло. Родена е во Сан Франциско, а живеела во алпско место во Швајцарија. Таа ќе настапи заедно со своето трио "Мис Баблс и Бонс".
Утре е триото на Рено Гарсија- Фонс кој го нарекуваат и "Паганини на контрабас". Тој е еден од водечките европски џез музичари чија музика ги надминува границите на класичното, џезот и фолколрот. Него го придружува "Трио Ентремундо".
По нив настапува вокалистката Медлин Пејру, што ја нарекуваат нова Били Холидеј затоа што на 22 годишна возраст со леснотија ги пее композициите на Били Холидеј и Беси Смит. Таа не е типичен музичар што го покажува и на албумот "Безгрижна љубов" кој е збирка на акустичен блуз. кантри-поп, џез, балади.
Утревечер настапува и најпознатиот италијански трубач со европска репутација Паоло Фресу, споредуван со онаа на Мајлс Дејвис и Винтон Марсалис
В неделата, по сиот овој европски и северноамерикански џез , мало затоплување со бразилска музика на Џојс Ленине со нејзиниот квартет.
В понеделник е последната вечер на годинешниот Џез фестивалот, а настапуваат легендарни имиња: басистот Дејв Холандој кој е веднаш до најуспешниот автор во светот Чарлс Мингус. Фестивалот завршува со големиот оркестар на легендите на фри џезот, пијанистка Карла Блеј и басистот Чарли Хејден.
Цените на билетите се движат од 500 до 900 денари.
|
ozonce |
Da idite (tie od Skopje) i da pishuvate za ova... ako ne teshko vas... eve jas sponzoriram edna vleznica za festivalot!!!! |
RaGeAnGeL |
a zaso ti ne odis ako veke sponzoriras ??
bidena sum 3 pati i naj super si imam pominato.Spored mene ova e edinstven festival vo Makedonija so vredi |