Филмови кои ги очекуваме |
angel |
Neizvesno e dali ke se realizira no dokolku se realisira ke bide interesno zatoa sto filmot ke proektir vreme koe nie sme go ziveele a toa e 2002 godina a nastanot se slucuva na teritorija na Makedonija.
"Траги по патот" на Антонио Митриќески
Новиот филмски проект на режисерот Антонио Митриќески, со работен наслов "Траги по патот", засега е неизвесен. Кастингот и локациите за снимање се определени, но предвидениот буџет од еден милион евра се уште не е формиран. Во копродукција со "Хоризонт филм" влегуваат и продуценти од Полска, Бугарија и од Словенија, кои главно учествуваат со техничка опрема за продукција и постпродукција. Зад проектот застана и Македонската телевизија. Одговор од Министерството за култура за поддршка на овој проект нема.
- Проектот е поднесен до ресорното министерство. Тие имаат увид во сценариото и во режисерската експликација, па се надеваме на позитивен одговор. Таа поддршка ни е неопходна за конечно формирање на буџетот. Станува збор за интересна приказна, а екипата има извонредна идеја за реализација. Сите во екипата се ентузијасти и опстојуваат во идејата додека не се средат финансиите - ни рече Митриќески.
Сценариото го направи Филип Давид, во соработка со млада сценаристка Ева Камчевска. Ќе се снима во Струга, Скопје, Кратово и во некои региони во источниот дел од земјава.
Приказната е сместена во 2002 година, време по етничките судири во западна Македонија. Во љубовната приказна меѓу Марија и Иван постојат многу опструкции поради, општо, лошата состојба во земјата. Режисерот вели дека има извесна алузија на љубовта меѓу Орфеј и Евридика.
|
angel |
Imeto na filmot e FILMOT
По големиоут успех на "Големата вода" на Медитернскиот филмски фестивал во Валенсија, дознаваме дека режисерот на филмот Иво Трајков добил пари од македонското Министерството за култура за постпродукција на негов веќе снимен филм. Се работи за филм што се вика "Филмот" дело кое се вбројува во авангарден, авторски, арт филм. Како што ни рече Роберт Јазаџиски, продуцентот од "Кавал филм" кој работи со Трајков, новиот филм на Иво е "откачен, урбан, без дијалози, со нарација".
Филмските кругови кои ја виделе грубата верзија на "Филмот" кога тој бил покажан на АФИ фестивалот во Лос Анџелес дури рекле дека е тоа е филм што точно припаѓа на селекцијата на Санденс фестивалот.
Трајков "Филмот" го снимил во Прага и во него во добар дел и самиот се појавувал. Композитор на музиката е Тони Китановски. Осумдесет проценти е црно-бел. Сега следи постпродукцијата што ќе содржи комлетен дигитален интермедијален процес.
Од "Кавал" продукција ни рекоа дека Трајков е готов и за нов филм, а тие ќе му бидат копродуценти од Македонија. Се работи за психолошки трилер кој во најголем дел ќе се снима во Словачка, потоа во Охрид, во Лос Анџелес и во некоја од скандинавските земји. Снимател повторно ќе биде Суки Меденчевиќ кој живее и работи во Холивуд, а академијата ја завршил во Прага заедно со Трајков. Дефинарана е и екипа од Македонија. Сценографијата ќе ја работи Вања Бартлинг, костимите Жаклина Крстевска, музиката Кирил Џајковски. Овде ќе се снима 10 дена и секако ќе има потреба и од домашни глумци, соопштува Јазаџиски. "Имајќи ја предвид состојбата со парите и најавените проекти за в година, ние најверојатно за овој филм од Министерсатвото ќе бараме пари од буџетот за 2007 година, кога се надеваме ќе профункционира и филмскиот фонд", велат Јазаџиски.
|
angel |
"ПАПОКОТ НА СВЕТОТ"
Млади актери за главните улоги
Режисерот Игор Иванов-Изи, кој в понеделник ќе го почне снимањето на филмот "Папокот на светот", главните улоги им ги довери на младите Милан Тоциновски, Славиша Каевски и Сања Трајковиќ. Филмот ќе се снима на локации во Скопје и околината. Продуцент е Владимир Анастасов, а во копродукција со Маинфраме Лтд Лондон.
Тоциновски дебитираше во филмот "Како убив светец" на Теона Митевска и лани доби награда за најдобра машка улога на Сараевскиот филмски фестивал.
Станува збор за прв долгометражен филм на режисерот Иванов, како и прва работа на Салковски како директор на фотографијата на долгометражен филм.
Фабулата за приказната во сценариото е земена од вториот дел на истоимениот роман на Венко Андоновски, по кој беше поставена и театарска претстава. Соработниците на овој проект очекуваат успех. Идејата за овој филм кај режисерот и кај писателот тлеела две години. |
angel |
[img]http://www.vecer.com.mk/content_images/8329610502005116175704.jpg[/img]
ПОЧНА СНИМАЊЕТО НА НОВИОТ ТВ ФИЛМ "СТРМОГЛАВИ"
Урбана приказна за транзицијата
Во саботата почна снимањето на телевизискиот филм "Стрмоглави", во режија на Димитрие Османли и Маја Младеновска. Првите сцени од филмот кој е урбана приказна од македонската транзиција, посветена на малите луѓе и нивниот напор да го задржат човечкото во себе, беа снимени во скопско Ново маало. Останатите кадри ќе се снимаат до 18 ноември и тоа на повеќе места во градот.
Тандемот Османли-Младеновска заедно работеа на подготвувањето на материјалот. "Поради возраста на професорот најголемиот дел од снимањето ќе го работам јас, а постпродукцијата ќе ја работиме повторно заедно", вели Младеновска. Главните улоги им се доделени на Тони Михајловски, Петар Арсовски, Николина Кујача, Никола Ристановски, Јовица Михајловски, Киро Попов, Ацо Јовановски, Петар Мирчевски, Митко С. Апостоловски, Васил Шишков, Владимир Јачев, Атанас Тановски и Александар Микиќ. Сценариото го напиша Томислав Османли, сценографијата му е доверена на Бујар Муча, костимограф е Жаклина Крстевска, а директор на фотографија е Дејан Димески. Филмот е во продукција на "Гејзер". Проектот е финансиран од Советот за радиодифузија. |
angel |
ПО УСПЕХОТ НА "ДЕЦАТА ОД 48 -ТА"
Сузана Диневска ќе снима филм за трговија со жени
По наградата во Монтреал за документарецот "Децата на 48-ма", прикажувањето на канскиот фестивал во ревијата на Кодак и проекцијата во родното Скопје, Диневска која живее во Канада се зафаќа за својот следен филм зафаќајќи се со темата, трговија со ж
Сузана Диневска, позната по успехот со документарецот "Децата од 48 - ма" го подготвува својот нов филм на темата трговија со жени. Таа вели дека ја интересираат теми кои смета дека ќе го предизвикаат вниманието кај јавноста, а тоа според Диневска е, публиката да оди во кино, филмот да биде купен за телевизија или делото да има фестивалски живот. "Филмот се прави пред се за публиката" вели Диневска која го одделува чисто комерцијалниот аспект на филмот како индустрија и филмот како уметност.
Диневска смета дека темата со трговијата на жени е прилично актуелна. За време на својот престој во Македонија таа се зафатила со нејзино истражување со желба да направи краток игран филм оти смета дека така ќе може да го изрази и личното авторство, наспроти чистата документаристика, што на оваа тема ја има во изобилство. "Во играната форма има место за уметничко и авторско гледање на нештата. Во Македонија ја барам својата инспирација. Од оваа средина произлезе и темата за првиот филм. Секако дека е полесно да се работи тема која му е блиска на авторот. Не е исто да се зафатиш за приказна од некоја средина каде што си асимилирал", вели Диневска.
Таа дипломирала филмска акдемија во Торонто, Канада каде што живее."Децата од 48-ма" е нејзината магистерска работа, филм што откако ја доби првата награда на фестивалот во Монтреал беше прикажан на уште неколку фестивали. Главната награда за Диневска од тој успех беше две неделниот престој на канскиот филмски фестивал и прикажувањето на филмот во Кан на ревијата на Кодак каде што се селектираат многу филмови на млади автори наградувани по други фестивали меѓу кои се и студентските оскари.
По овој престој во Македонија, по минатогодишното прикажување на филмот на "Браќа Манаки" и неодамнешната скопка проекција, Диневска смета оти го заокружи патот на "Децата на 48" филм чија играно - документарна структура на темата децата бегалци од Егејска Македонија го допре светот пред се, како што вели авторката поради универзалноста на темата - разделбата на детето од семејството во граѓанска војна.
Овој филм Диневска го снимала во Скопје, Преспа, Егејска Македонија и Канада, а е реализиран со пари и техника на Универзитетот во Торонто. Музиката е на "Проџект Жлуст". Таа планира и следниот филм да го сними овде каде што веќе работела на локации и на потенцијалните учесници во проектот.
|