Skopje Jazz-Festival,pocnuva!
Skopje Jazz-Festival,pocnuva!
sisi Време е за Jazz! Со на­ста­пот на во­ка­лис­тка­та Ери­ка Ста­ки од Швај­ца­ри­ја и еден од нај­го­ле­ми­те пи­ја­ни­сти во џез исто­ри­ја­та, афри­ка­не­цот Аб­ду­ла Ибра­хим, ве­чер­ва во Уни­вер­зал­на­та са­ла со по­че­ток во 20.30 ча­сот, ќе поч­не 24-то из­да­ние на Скоп­ски­от џез фе­сти­вал. Де­вет кон­цер­ти со вид­ни ими­ња од об­ла­ста на џе­зот кои до­а­ѓа­ат од Евро­па и од САД, ја пра­ват про­гра­ма­та на го­ди­наш­ни­ов Џез фе­сти­вал кој ќе трае до 24 октом­ври. Му­зи­ка­та на Аб­ду­ла Ибра­хим (или До­лар Бренд, ка­ко што е поз­нат во Аме­ри­ка), ги со­е­ди­ну­ва ме­ло­дич­ни­те зву­ци на не­го­ва­та род­на зем­ја, Јуж­на Афри­ка, џез-им­про­ви­за­ци­ја­та и тех­нич­ка­та пре­фи­не­тост на кла­сич­на­та му­зи­ка. Во по­че­то­кот на ше­е­сет­ти­те во Ци­рих е за­бе­ле­жан од Дјук Елин­гтон. Го­ле­ми­от Дјук го по­сво­ју­ва Аб­ду­ла Ибра­им и му по­ма­га во по­на­та­мош­на­та ка­ри­е­ра. Култ­ни­от Аб­ду­ла из­да­ва го­лем број пло­чи, а не­го­во­то сви­ре­ње е уни­кат­но. Ери­ка Ста­ки е ро­де­на е во Сан Фран­ци­ско, а израс­на­ла во Мо­рел, ма­ло алп­ско ме­сто во Швај­ца­ри­ја. Неј­зи­на­та му­зи­ка по­сто­ја­но ја пре­скок­ну­ва гра­нич­на­та ли­ни­ја ме­ѓу ар­ха­ич­но­то и аван­гард­но­то, ме­ѓу ре­ал­но­ста и има­ги­на­ци­ја­та. Ери­ка е ап­со­лут­но искре­на во сво­ја­та екс­пре­си­ја, за­чи­не­та со те­а­тар­ски фор­ми на изра­зу­ва­ње, аме­ри­кан­ски ак­цент и цврст швај­цар­ски ди­ја­лект. Влез­ни­ци­те за ве­че­раш­на­та про­гра­ма чи­нат 500 де­на­ри, а исти­те мо­жат да се ку­пат во: Ју­го­тон, Чув де чув и на бла­гај­на­та во Уни­вер­зал­на­та са­ла.
sisi На стартот со легендарниот пијанист Абдула Ибрахим [img]http://www.mmm.com.mk/Sliki/abdulaibrahim.jpg[/img] Вечерва и утревечер ќе се слуша врвен европско-северноамерикански џез, а в недела мало затоплување со бразилски џез Вечерва во Универзалната во 20.30 часот започнува 24. Скопје Џез Фестивал. Фесдтивалот го отвора една од култните џез фигури во светот, пијанистот Абдула Ибрахим (Долар Бенд е неговото име до неговото прифаќање на исламската вера). Ибрахим е основоположник на јужноафриканскиот џез кој се сели во Цирих и во Њујорк, каде што почнува силна соработка со славниот Дјук Елингтон и работи со најпознатите џез музичари како Орнет Колман, Џон Колтреин, Дон Чери и други. Спиритуалниот и медитативен џез на Ибрахим Постојано се стекнува со нови следбеници низ целиот свет, а рециталите на соло - пијано станаа легендарни во џез музиката. Ибрахим се вбројува во 10 најдобри пијнаисти џезери во светот. Пред големиот пијанист ќе настапи триото на Ерика Стаки која е позната по своите контрасти кои доаѓаат со нејзиното потекло. Родена е во Сан Франциско, а живеела во алпско место во Швајцарија. Таа ќе настапи заедно со своето трио "Мис Баблс и Бонс". Утре е триото на Рено Гарсија- Фонс кој го нарекуваат и "Паганини на контрабас". Тој е еден од водечките европски џез музичари чија музика ги надминува границите на класичното, џезот и фолколрот. Него го придружува "Трио Ентремундо". По нив настапува вокалистката Медлин Пејру, што ја нарекуваат нова Били Холидеј затоа што на 22 годишна возраст со леснотија ги пее композициите на Били Холидеј и Беси Смит. Таа не е типичен музичар што го покажува и на албумот "Безгрижна љубов" кој е збирка на акустичен блуз, кантри-поп, џез, балади. Утревечер настапува и најпознатиот италијански трубач со европска репутација Паоло Фресу, споредуван со онаа на Мајлс Дејвис и Винтон Марсалис Вo неделата, по сиот овој европски и северноамерикански џез , мало затоплување со бразилска музика на Џојс Ленине со нејзиниот квартет. Вo понеделник е последната вечер на годинешниот Џез фестивалот, а настапуваат легендарни имиња: басистот Дејв Холандој кој е веднаш до најуспешниот автор во светот Чарлс Мингус. Фестивалот завршува со големиот оркестар на легендите на фри џезот, пијанистка Карла Блеј и басистот Чарли Хејден. Цените на билетите се движат од 500 до 900 денари.
angel Веќе отворив топик за оваа тема на подфорум Култура и Уметност. http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=11771