se selime vo Bolivija
se selime vo Bolivija
RaGeAnGeL Огромен дел од боливиските фармери очекуваат многу од наредните претседателски избори. На нив учествува човек кој ветува дека ќе го легализира одгледувањето на стратешки важниот производ на Боливија - коката. Немојте да се чудите, човекот е пријател со Хуго Чавез. Левичарскиот претседателски кандидат Ево Моралес, на гласачите им вети дека ќе го декриминализира одгледувањето на кока, што, освен значајни економски ефекти, би довело и до крај на повеќегодишните судири меѓу селаните и војската. "Кокалеросите" веќе долго време се во судир со владата на Боливија, која под притисок од САД масовно ги уништува полињата на кокаин. Само минатата година беа уништени повеќе од 8.300 хектари насадени со овие зелени ливчиња. Освен што претставува најголем финансиски извор за боливијските Индијанци, таа е длабоко вкоренета и во нивната култура, исхрана, медицина и извесни "рекреативни активности". Инаку, Моралес е близок пријател со - кој друг ако не - Хуго Чавез и доколку победи на изборите, Боливија ќе се приклучи кон левичарскиот тренд на Латинска Америка кој веќе ги зафати Бразил, Аргентина, Чиле и Уругвај. Моралес би бил и првиот Индијанец избран за претседател на земјата во која овој народ е мнозинство во 8,5 милионската популација. Според статистиките на САД, Боливија е третиот светски производител на кокаин и заостанува само зад Колумбија и Перу а во минатата година произвела 118 тони, што е пораст од 35% во однос на 2003. Иако фармерите добиваат парична отштета од државата и средства за пренамена на своите поседи за одгледување на нови култури, тие остро се спротиставуваат на оваа пракса бидејќи со кафето, бананите и сличните дрангулии никако не можат да го "шмркнат" ќарот на кој се "навлекле" садејќи кока.
achtung_panzer Tuku, prochitav nekade deka senjor Morales pobedil na izborite: [url]http://www.timesonline.co.uk/article/0,,3-1943525,00.html[/url] Shto mislite, kolku vreme kje pomine dodeka ne go sredi tetka CIA...
ProMKD Ocekuvajte mesec dena covekot da sedi vo fotelja, posle....