Фрескосликарство во Македонија |
angel |
Фрескописот во Македонија
Сликањето со земјени бои (природни пигменти) растворени во вода врз влажен малтер направен од ситен речен песок, гасена вар и насечена слама, коноп или козји влакна, е познато под името „фреско“ техника. Таа е една од најстарите и најтрајните сликарски техники, најотпорна на временската ерозија.
Македонија спаѓа меѓу земјите со најубав сочуван византијски фрескопис, воглавно од периодот на XI-XVI век. Сочувани се повеќе илјадници квадратни метри фреско-живопис, од кои поголемиот дел се во многу добра состојба, и претставуваат ремек дела на Македонската живописна школа.
Сочувани се фрагменти од ранохристијански фрескопис во Епископската базилика во археолошкиот локалитет Стоби. Една од најпознатите сочувани фрески е претставата на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, во Струмица, која датира од крајот на IX или почетокот на X век.
Фреските во Света Софија, катедралниот храм на Охридската архиепископија, во Охрид (меѓу 1040-1045 година), претставуваат најдобро сочуван живопис од сите постоечки фрескописни програми во една катедрална црква во Византија во XI век. Се смета за еден од клучните артефакти во општата историја на Византија. Од овој период, во истиот фреско-опус, спаѓаат и делумно сочуваните фрески во Водочкиот и Велјушкиот манастир, во близина на Струмица.
Според времето на настанување следи фреско-живописот во манастирската црква Св. Пантелејмон, во Нерези, во близина на Скопје, од XII век (1164 година), единствен по својот стил и естетика, создаден од непознати мајстори, од рангот на врвните царски византиски фрескописци во тој период. Потоа, фреските во црквата Св. Ѓорѓи, во Курбиново, на бреговите на Преспанското езеро, едни од најубавите, најоригиналните и во целост најдобро сочувани фрески што од тој период допираат до нас. Творештвото на тројцата непознати мајстори во Курбиново, претставува надоврзување на творештвото на нерешките мајстори, иако во голема мера се забележува голема оригиналност во стилот и изразот. Се до крајот на XIII век во македонскиот живопис доминира комненовскиот стил.
Со појавата на зографите Михаил и Ефтихиј, кои во 1295 година, по покана од Прогон Згур, великиот хетериарх на Византија, започнуваат да го сликаат Охридскиот храм посветен на Пресвета Богородица Перивлептос, започнува нов, величествен период во македонскиот фреско-живопис, во палеолошки стил. Истите мајстори подоцна ги живописале во целост и црквите Св. Георгиј во Старо Нагоричане кај Куманово (околу 1317 година) и Св. Никита во с. Бањани кај Скопје (оклу 1320 година). Нивното творештво е своевидно зографско и богословско ремек-дело, единствено по својот израз и високите живописни и духовни квалитети.
Во овој период (околу 1298 година), фрескописан од непознат зограф, спаѓа и фрескописот од манастирската црква посветена на Св. Никола, Варош, во Прилеп. Остава впечаток дека на неговиот мајстор не му биле познати делата на Михаил и Ефтихиј, бидејќи во голема мера стилски се разликува од нив.
Фрескописот во манастирската црква посветена на Архангел Михаил, во Лесновскиот манастир датира од 1347 година. Имињата на тројца од четворицата зографи, автори на овој живопис се познати: Михаило, Марко и Севаст. Додека името на главниот мајстор е оштетено, и останува непознато за нас. Од фреските настанати во XIV век по својата вредност и убавина се издвојуваат и оние во Марковиот манастир, (изработени од непознати зографи од охридскиот живописен центар во периосдот 1346-1372 година); и оние во црквата Св. Андреј, Матка (живописана од митрополитот Јован Зограф од Зрзе и Григориј, околу 1389 година), обете во близина на Скопје. Творештвото на познатите браќа зографи митрополитот Јован и јеромонахот Макариј од Зрзе, како кулминација ги остава зад себе престолните икони на Исус Христос Спасителл и Животодавец и Пресвета Богородица Пелагонитиса, од иконостасот во манастирот Св. Преображение, во с. Зрзе, Прилепско.
Со инвазијата на Османлиите, Македонија влегува во новомаченички период на петвековното турско ропство. Иако Охридската Архиепископија не била укината се до XVIII век, сепак величествената епоха на македонскиот фреско-живопис останува неповратно назад, во историјата.
|
angel |
Вознесение Христово, Перивлептос, Охрид
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/MPC/Rnd/tn/IMG_1639.jpg[/img]
Црква Пресвета Богородица, Перивлептос, Охрид
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/AUT34495.JPG[/img]
Полагање на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна, Перивлептос, Охрид
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_1538.jpg[/img]
Архангели, нартекс, Паривлептос, Охрид
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_1540.jpg[/img] |
angel |
Богородица Перивлептос, нартекс, Перивлептос, Охрид
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_1551.jpg[/img]
Исус Христос, првоначалик на ангелите, Паривлептос, Охрид
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_1550.jpg[/img]
Богородица Перивлептос-детал од фрекосписот во проскомидија
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_1631.jpg[/img]
Причестување на апостолите, источна апсида, Св.Георгиј, Старо Нагоричане
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Kalendar/Pricest/tn/IMG_3172.JPG[/img] |
angel |
Централна апсида, Св.Георгиј, Старо Нагоричане
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/AUT35151.JPG[/img]
Св.Никита, с.Бањани, детал од фреска
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_0822.jpg[/img]
Пресвета Богородица со Архангелите, источна апсида, Курбионово
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_2714.jpg[/img]
Воскресение (Слегување во адот), Курбиново
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_2689.jpg[/img] |
angel |
Скалила од северната кула на нартексот, Св.Софија,
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_2504.JPG[/img]
Пресвета Богородица, источна апсида, Св.Софија, Охрид
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_2436.JPG[/img]
Св.Георгиј, Курбиново
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/AUT34964.jpg[/img]
Св.Пантелејмон, Нерези
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_0754a.jpg[/img] |
angel |
Св.Ахил Преспански, Курбиново
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_2695.jpg[/img]
Св.Архангел Михаил, Курбиново
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_2731.jpg[/img]
Агол од црква Св.Георгиј, Старо Нагоричане
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_3249.JPG[/img]
Агол од црква Св.Георгиј, Старо Нагоричане
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_3193.jpg[/img] |
angel |
Оплакувањето Христово, северен ѕид, Св.Панетелејмон, Нерези
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/pantele4.jpg[/img]
Симнување од крстот, Нерези
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_0780.JPG[/img]
Св.Великомаченици Прокопиј, Теодор, Тирун и Теодор Стартилат, Нерези
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/pantele1.jpg[/img]
Поглед кон сводот на проскомидијата, Св.Георгиј, Старо Нагоричане
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_3187.jpg[/img] |
angel |
Св.Архангел Гаврил, Благовештение, Св.Георгиј, Старо Нагоричане
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_2931.jpg[/img]
Св.Георгиј, црква Св.Георгиј, Старо Нафоричане
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_2929.jpg[/img]
Пресвета Богородица Елеуса, Св.Георгиј, Старо Нагоричане
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_2928.jpg[/img]
Св.Илија, церква Св.Георгиј, Старо Нагоричане
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_3065.JPG[/img] |
angel |
Успение на Богородица, Перивлептис, Охрид
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Kalendar/Praznici/tn/IMG_1573.jpg[/img]
Исус Христос Спасител, Курбиново
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/MPC/Rnd/tn/IMG_2681.jpg[/img]
Оплакувањето, Перивлептос, Охрид
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_1606.jpg[/img]
Истерување на трговците од храмот, Св.Никита, с.Бањани
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_0840a.jpg[/img] |
angel |
Од циклусот на Евангелието, јужен ѕид, Св.Никита, с.Бањани
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_0826.jpg[/img]
Од циклусот на Евангелието, Св.Никита, с.Бањани
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_0839a.jpg[/img]
Св.Архангел Гаврил, Курбиново
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_2666.JPG[/img]
Ругањето на Христа, Св.Георгиј, Старо Нагоричане
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_3128.JPG[/img] |
angel |
Симнувањето од крстот, Св.Никита, с.Бањани
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_2961.jpg[/img]
Успение на Богородица, западен ѕид, Св.Георгиј, Старо Нагоричане
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/AUT35056.JPG[/img]
Св.Јован Крстител, Св.Никита, с.Бањани
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_0825.jpg[/img]
Богојавление, Св.Никита, с.Бањани
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_0833a.jpg[/img] |
angel |
Вознесение Христово, детал, Св.Софија, Охрид
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_2455.JPG[/img]
Црква Св.Јован Крстител, Бигорки манастир
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Crkvi/tn/img_2217.jpg[/img]
Црква Пресвета Богородица, Перивлептис, Охрид
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/AUT34459.jpg[/img]
Миење на нозете на апостолите, Св.Никита
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/IMG_0827.jpg[/img]
Качувањето на крстот, Старо Нагоричане
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Galerii/Freskopis/tn/img_3183.jpg[/img] |
angel |
[img]http://faq.macedonia.org/images/blagoveshtenie.jpg[/img]
THE ANNUNCIATION / BLAGOVESHTENIE
Early 14th c., 94.5 X 80.3 cm, Saint Clement, Ohrid
This icon is the most famous of the Ohrid collection. It has been reproduced innumerable times and has been the subject of many scientific analyses. The dominant figure is that of the Archangel Gabriel, who is depicted, in all his splendor, as a young Greek, radiating vigor and displaying a degree of formal beauty rare in the art of icon painting. The dark brown strip at the bottom right of the painting indicates the original colors before restoration work and shows the darkening effect of the "olifa". |
angel |
[img]http://faq.macedonia.org/images/raspetie.jpg[/img]
THE CRUCIFIXION / RASPETIE HRISTOVO
13th c., 97 X 67 cm, Saint Clement, Ohrid
The reverse side of an icon representing the Virgin Hodeghetria, one of the most important icons of the Ohrid collection. Restored about fifteen years ago, it shows, when compared with the following plate, the importance but also the limitations of the restorer. A dark strip in the lower part of the figure of John is a reminder of the state of the icon before restoration. Whoever saw it in its former state may well wonder if the now bright colors correspond to the original conception. Certain p arts of the icon had t be completed and the question of just how far restoration work should go is one that poses itself particularly clearly in this case. |
angel |
Во Македонскиот културен центар во Њујорк Фрескосликарството во Македонија од XI-XIV век
Во организација на Музејот на Македонија, финансирана од Министерството за култура, на 17 ноември во Македонскиот културен центар во Њујорк, ќе биде отворена изложбата “Фрескосликарството во Македонија од ЏИ-ЏИВ век“. Во рамките на ова ликовно претставување чиј автор е Јасмина Чокревска - Филип, за 19 ноември е закажано и предавање на д-р Анета Серафимова под наслов: “Фрескосликарството во Македонија од ЏИ-ЏИВ век - стилски разноличија“, која во оваа прилика ќе го промовира и ЦД-ромот “Сликарски висови“.
Изложбата содржи копии од 23 фрески, од црквите “Св. Софија“ - Охрид, 1040-1045 г.; “Богородица Елеуса“, с. Вељуса - Струмица, 1085-1094 г.; “Св. Пантелејмон“, с. Нерези - Скопје, 1164 г.; “Св. Георги“, с. Курбиново - Ресен, 1191 г.; “Св. Димитрија“, Варош - Прилеп, околу 1290 г.; “Св. Богородица Перивлепта“ (Св. Климент)-Охрид, 1295 г.; “Св. Георги“, с. Старо Нагоричино, Куманово, 1316-1318 г.; Лесновски манастир “Св. Архангел Михаил“ и “Св. Гаврил Лесновски“, с. Лесново - Пробиштип, 1346-1347 г.; “Св. Димитрија, Марков Манастир“, с. Сушица - Скопје, 1376-77 г.; “Св. Андреја“ (Андреаш), р. Треска - Скопје, 1389 г.
Во копирањето на вредните дела на презентација учествувале Спасе Спировски, Ганчо Бошковски, Никола Цонев, Владимир Деловски, Љубодраг Маринковиќ-Пенкин, а во конзервацијата Никола Цонев и Владимир Деловски.
|
angel |
Во Њујорк отворена изложбата на копии од фрески
Предавање за фрескосликарството во Македонија
[img]http://www.novamakedonija.com.mk/images/Editions/20643%20663/3-thumb.jpg[/img]
Во Македонскиот културен центар во Њујорк, вечерва предавање на тема “Фрескосликарството во Македонија 11 - 14 век - стилски разноличија” ќе одржи д-р Анета Серафимова, доцент на Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Предавањето ќе биде проследено со презентација на ЦД-ромот “Сликарски висови” на истиот автор. Предавањето е во рамките на мултимедијалниот проект чија цел е афирмација на Република Македонија под мотото “Ако зборуваш за Република Македонија, зборувај со факти”. Во рамките на овој проект Музејот на Македонија во Македонскиот културен центар во Њујорк завчера вечер ја отвори и изложбата со дел од колекцијата на копии од фрески при Музејот. Станува збор за една мошне интересна и уметнички вредна збирка која постои од почетоците на музејската дејност кај нас. Презентирани се 23 копии фрески со ликовно, историско и културно значење од десет споменици на културата. Овие дела се најверни репродукции на нашето средновековно сликарство, изработени од сликари специјалисти кои документирале иконографски претстави во нивните оригинални димензии и колорит, во техника темпера на платно.
Со презентацијата на дел од оваа колекција на едно место можеме да ја следиме богатата еволуција на сакралното сликарство во Македонија од 11-14 век, како и уметничкото живеење во духот на византиско-словенската културна сфера. Ова е прво прекуокеанско претставување на дел од колекцијата на копии фрески. Автор на изложбата е Јасмина Чокревска Филип, кустос советник во Одделот за уметност при Музејот на Македонија.
|