Тито Петковски
Тито Петковски
intel
quote:
Не сум повеќе член на СДСМ Скопје, 24 октомври (МИА) - Пратеникот на СДСМ и член на Претседателството Тито Петковски денеска во Собранието на Република Македонија најави формирање нова партија. "Од овој момент не сум повеќе член на СДСМ, тоа го покажав од порано со неприсуството на седниците на Претседателството на СДСМ", рече Тито Петковски по завшувањето на седницата на собраниската Комисија за одбрана. Тој ја најави промоцијата на новата партија за крајот на идниот месец. Партијата како што рече, се формира како резултат на незадоволството од водењето на политиката во изминативе петнаесеттина години и во неа воглавно ќе има луѓе кои досега не биле политички определени. "Во моментов сме во фаза на усогласување на предлог статусот и предлог програмата на партијата. Во секој случај новата партија ќе биде лево ориентирана од центарот, иако во Македонија согласно политиката што ја водат актуелните партии во последниве 15 години се покажало дека тоа е најмалку битно како е профилирана партијата и можно е се и сешто", оцени Петковски додавајќи дека името на партијата ќе биде соопштено по усогласувањето на статусот и програмата. Според него, во Извршниот одбор на новата партија ќе влезат граѓани од сите профили и од сите националности и ќе има угледни професори, бизнисмени, луѓе кои во културен поглед придонеле за признавањето на Македонија, успешни земјоделци и припадници на средната класа. Петковски истакна дека го цени Трифун Костовски, но смета дека тој не припаѓа на профилот со луѓе на целната група кон која е свртена новата политичка партија, но не ја исклучи можноста за коалицирање доколку Костовски се определи да формира своја сопствена партија. За разлика од него, Лилјана Поповска е профил кој го сака секоја партија и е добредојдена во новата политичка опција доколку смета дека треба да и се приклучи, бидејќи како што кажа Петковски, досега не разговарал со неа. Во новата политичката партија сега засега нема пратеници од Собранието на Република Македонија и ќе има само мал дел од членството на СДСМ. "Не очекувам новата политичка партија да направи раздор во СДСМ, бидејќи актуелното раководство е едногласно и хомогени и е согласно за сите прашања и нема разидувања кај нив. Единствено јас се разидував од нив и поради тоа не учествував на последните состаноци на Претседателството на партијата", рече Петковски и не ја исклучи можноста за коалицирање, со сите политички опции во Македонија на наредните избори, па ниту со СДСМ. На прашањето дали тој ќе биде нов лидер на новата политичка партија, Петковски рече дека сега засега не се знае бидејќи ќе се одржи Конгрес на кој има најмалку пет угледни кандидати кои би можеле да бидат избрани за лидер на партија. Своето незадоволство и иницијативата за формирање на новата партија, како што истакна Петковски, почнало уште пред десетина месеци, односно два месеци пред назначувањето на Бучковски за претседател на на неговата претходна партија - СДСМ.
Што мислите?
vancom18 mudra odluka
Christian samo arno da bide od ova
Great_Macedonian konecno
lav Конечно ПУКНА ТИКВАТА иииии (изненаѓен сум искрено) од тој кој своевремено го организирал „фрлањето„ на Бугарските Летоци низ Скопје во 1990 година , на прагоп пред ПРВИТЕ слободни избори во тогашна С.Р.Македонија. пс Е сега .....КАКО ПРВИ ТАКА ДРУГИ иии N-ти , разбира се
Strelec Тоа што своевремено го направи Тито Петковски со растурањето на бугарските летоци не ми дозволува да му искажам безрезервен респект. Умен човек е и има квалитети во него, но вечно ќе ја носи со себе таа ’исквареност’ за која што дури и не покажа доблест досега да им се извини на ДПМНЕ. Инаку, магиите наречени ’СДСМ’ и ’ВМРО ДПМНЕ’ уште долго време ќе бидат присутни на политичката сцена и во моментов, со сегашната свест на гласачите, нема место за нова политичка опција во Македонија. Од тие причини, прогнозирам една почетна еуфорија на новата партија која што на крај сепак ќе заврши со рејтинг од нула запирка нешто проценти.
трендафил Во секој случај ќе имаме повеќе избор (да се надеваме позитивен) на следните избори, кои да сме во демократска земја со рејтинг на премиерот под 2% би биле предвремени и итни. Да се надеваме на добро. Со нетрпение очекувам да видиме кој друг ќе биде во партијата на Петковски.
Christian
quote:
но вечно ќе ја носи со себе таа ’исквареност’ за која што дури и не покажа доблест досега да им се извини на ДПМНЕ.
De kazi za sto da im se izvini, jas ne znam
quote:
Инаку, магиите наречени ’СДСМ’ и ’ВМРО ДПМНЕ’ уште долго време ќе бидат присутни на политичката сцена и во моментов, со сегашната свест на гласачите, нема место за нова политичка опција во Македонија.
ne se soglasuvam so ova.
concrete Ima uste mnogu voda treba da protece pod maketata na Stone Bridge (he,he!!!ama pretenciozno!!!)do slednite izbori. I iznenaduvanja koi se pofantasticni od najfantasticnite prikazni ovde kazani :-(:-(:-(:......
Great_Macedonian Тоа што своевремено го направи Тито Петковски со растурањето на бугарските летоци не ми дозволува да му искажам безрезервен респект. <---se izvinuvam, mal bev togas... sto storil????
intel
quote:
Originally posted by Great_Macedonian
Тоа што своевремено го направи Тито Петковски со растурањето на бугарските летоци не ми дозволува да му искажам безрезервен респект. <---se izvinuvam, mal bev togas... sto storil????
Ништо страшно.Стрелец се зеза малку[;)]
cyberlady Tito 5kovski? [:)][:)][:)]
Strelec
quote:
Originally posted by joci
Nasiot izbor seuste e pomegu DPMNE i SDSM (UNFORTUNATELY)!!!
Rechenica na nedelata!:)
dejan Daj da videme sto ke stori so novata partija. Poveke izbor....naj vazno e so koj ke koalicira.
concrete Pa dejane od mnogu izbor ponekogas i glava boli....mislam deka Tito5 podobro ke napravese ako vo herojski gemidziski cin da ja imlodirase SDSM ( podobro za narodot i drzavata...no koj vsusnost gi sisa niv????), sto trebase i Ljubco svoevremeno da go stori....so negovoto smotano VMRO (koga go sednaa na masa vo Ohrid)....belkim togas ke se osvestea toa "kafanskite" intelektualci....a i MZ ke si stavese prst na celo.....(jas poveke bi preferiral Ruger , no da ne preteruvame:):):)!!!!)
трендафил
quote:
Originally posted by Christian
quote:
но вечно ќе ја носи со себе таа ’исквареност’ за која што дури и не покажа доблест досега да им се извини на ДПМНЕ.
De kazi za sto da im se izvini, jas ne znam
Се извинувам што јас ќе одговорам иако прашањето не е упатено до мене. Тито Петковски на почетокот на плурализмот организираше растурање на летоци на бугарски на првите митинзи на ВМРО-ДПМНЕ, со цел партијата да се прогласи за бугарофилска. Некои уште веруваат во тоа, посебно тие што очекуваат да почне вработување по еден од секое семејство. Можеби ова одвојување и да е за спас на СДСМ на наредните избори. Гласовите да не избегаат кон опозицијата туку да останат во „семејството“. Познато е дека во првата изјава Петковски како партии со кои би коалицирал ги наведе СДСМ и ЛДП. Но дали е изјавата наменета за да не се исплашат гласачите кои повеќе ја сакаат ДУИ од било кое ВМРО (без македонска) ќе видиме после изборите.
Aj u Kafic Kakov izbor, kakvi koalicii? Makedonskata partiska scenerija e rasparchena od profiliranje na egomani so sopstveni partii i taka samo se sostavaat koalicii so premnogu partii, kade shto trebaat da se smirat razni potrebi ... na shto povekje egomani. Makedonskata vlada i taka mora da koalicionira so shiptarite i toa vekje dovolno preci na Makedonskiot razvoj! Dovolno e de! Zoshto ne se soedinat partiite? Vo sekoja partija gnevi, na segde se kara i se diskutira. Go gubime liceto pred megjunarodnata javnost so vakvo grupiranje na svoi pratenici, kako da nashite partiski lideri se nekoj Guru so sopstenva sekta ...
lav
quote:
Originally posted by Aj u Kafic
Kakov izbor, kakvi koalicii? Makedonskata partiska scenerija e rasparchena od profiliranje na egomani so sopstveni partii i taka samo se sostavaat koalicii so premnogu partii, kade shto trebaat da se smirat razni potrebi ... na shto povekje egomani.Makedonskata vlada i taka mora da koalicionira so shiptarite i toa vekje dovolno preci na Makedonskiot razvoj! Dovolno e de! Zoshto ne se soedinat partiite? Vo sekoja partija gnevi, na segde se kara i se diskutira. Go gubime liceto pred megjunarodnata javnost so vakvo grupiranje na svoi pratenici, kako da nashite partiski lideri se nekoj Guru so sopstenva sekta ...
Како единствена дама учесничка на овој топик на Форумов , и Јас следеејќи ги манирите на старата Бечка школа-Балкански смер нели ...сепак ќе морам да ти одговарам на прашањата кои се од мене поцртани. 1.МК сцената е намерно „распарчена„ уште 1990 година од самите тогашни комунИСТИ ...за полесно да владеат...следејќи ја неодминливата Римска максима ПОДЕЛИ ПА ВЛАДЕЈ...нели. 2.МК „владата„ не мора да коалицира со шќиптарите , ама само затоа што многу ја љуби власта (очебијно повеќе и од сопствениот си народ) таа тоа „мора„ да го прави...за да опстане...мислам како ВЛАСТ (ете нејзиниот премиер е со помалку од 2% рејтинг...па самата спореди со тоа каде живееш...мислам со Frau Меркелова. 3.Не можеме да го „изгубиме„ лицето пред МЗ само оти тоа е одамна ИЗГУБЕНО И ИЗВАЛКАНО и тоа неповратно (барем додека се живи протагонистите на т.н. „мудра„ политика) ииии тоа си е тоа. Каков Народ ТАКВА му е и ВЛАСТА...нели?!!!! А и за партиите и лидерите (Егоцентрици) во нив не би имал што (позитивно) да додадам.
intel
quote:
Originally posted by lav
Како единствена дама учесничка на овој топик на Форумов , и Јас следеејќи ги манирите на старата Бечка школа-Балкански смер нели ...сепак ќе морам да ти одговарам на прашањата кои се од мене поцртани.
За оние кои не знаат да напоменам дека Лав мисли на Макаренко од 50тите.
Aj u Kafic Dobro, lav, priznavam deka podolgo od mene (m islam deka si i dovolno postar od mene) ja sledish makedonskata politika, no shto e so razdelbata na VMRO? Zoshto imame dve liberalni partii? Shto e so Zingo? A dali nekoj e svesen, deka sve dodeka ne edna od makedonskite partii javno se potrudi da povleche glasachi na ne-etnicka podelba, na primer SDS, ke se ocekuva da se sostava makedonska vlada so makedonski-albanski partii.
Jakov Тито Петковски не очекува расцеп во СДСМ по неговото заминување. Вели дека во раководството на најголемата владејачка партија владее единство и дека тоа добро функционира, но го остави отворено прашањето, како неговото заминување ќе се рефлектира врз базата. Тој не ја исклучува можноста во иднина, неговата нова партија да коалицира со СДСМ. Тоа би било најприродно, со оглед на програмските определби, оценува Петковски. Ova e izjavata na Petkovski koga najavi deka ke formira partija. Samo uste da kazese "Jas mu se izvinuvam na SDSM" Imase na vremeto eden vi "Sefot mu rekol na sluzbenikot sakam da te e*am" A ovoj mu vika "Izvini sefe so ti vrtam grb" Pa sega videte vie koj e Petkovski tuka.
Aj u Kafic dobro se oddalecuva od partijata, no ne zaradi programska podelba? Mislam deka ova go podrzhuva mojata procenka za egoman. Mozhda nema da ja razcepi partijata, no povekje ke go razcepi glasackoto delo ... edna vakva slicna situacija so istotaka ne kosolidirana demokratija vo Vajmarskata republika vo Germanija vo 20ti godini na minatiot vek. Verojatno ne vi e poznato sto se sluci sve vo Germanija vo tie godini, no ako razmislite shto se sluci vo Germanija vo 1930-45 ke imate pretstava ...
lav
quote:
Originally posted by Aj u Kafic
Dobro, lav, priznavam deka podolgo od mene (m islam deka si i dovolno postar od mene) ja sledish makedonskata politika, no shto e so razdelbata na VMRO? Zoshto imame dve liberalni partii? Shto e so Zingo? A dali nekoj e svesen, deka sve dodeka ne edna od makedonskite partii javno se potrudi da povleche glasachi na ne-etnicka podelba, na primer SDS, ke se ocekuva da se sostava makedonska vlada so makedonski-albanski partii.
Почитувана колешке Погледите кои ги имаш лично здобиено , со живеење надвор од Македонија споредено со некои овде домицилни (како овој погоре што (ни) пишува за неговиот идеолошки пулен Макаренко-комунистички педагог од СССР) за твојата и моја татковина Македонија , е исто како да ги споредуваш ПОГЛЕДИТЕ кои ги има некој-си станар кој живее на 15 кат од некоја скопска висококатница со „овој„ кој веќе го спомена другарот-му Макаренко (според мои мерила) и тој мора да „живее„ во приземје или пак во сутеренските простории на веќе споменататта висококатница. пс Нему (и не само нему) секако дека му е неопходно потребно секидневно „качување„ по скалилата ...само за да им се изедначат ПОГЛЕДИТЕ. А мораш да признаешоти е „заморно„ за скоро секого и го имаме тоа што го имаме:РАЗЛИЧНИ ПОГЛЕДИ на ИСТИ НЕШТА , но од различен ракурс.
lav
quote:
Originally posted by Aj u Kafic
dobro se oddalecuva od partijata, no ne zaradi programska podelba? Mislam deka ova go podrzhuva mojata procenka za egoman. Mozhda nema da ja razcepi partijata, no povekje ke go razcepi glasackoto delo ... edna vakva slicna situacija so istotaka ne kosolidirana demokratija vo Vajmarskata republika vo Germanija vo 20ti godini na minatiot vek. Verojatno ne vi e poznato sto se sluci sve vo Germanija vo tie godini, no ako razmislite shto se sluci vo Germanija vo 1930-45 ke imate pretstava ...
Подцртаново од мене НИКОЈПАТ нема да се случи во Македонија ....од едноставна причина што НАЦИОНАЛНОТО ЧУСТВО кај Македонците и Германците е на различит временски период , но и со различни методи „втиснувано„ во битието на секоја единка. а)Германците ...својата државотворност и Национална свест ја имаат со ВЕКОВИ наназад. б)Македонците ...својата национална свест ја менувале (како што ги менувал Тито кошулите - најмалку 3-ти пати дневно) почнувајќи со тоа дека се срби , бугари , грци или други , па се до неодамна благоглаголиви југословени а најмалку како ЧИСТИ Македонци. пс Но , кај маладата генерација овие девијации веќе се драстично намалени и за едно 60-70 годишен период ...треба да стане исто како и кај Германците или ним слични национално освестени Народи. Секако само под услов ако некој од „премудриве„ ни владетели ...во меѓувреме не (ни) ја ПРОДАДЕ државата на Македонците ...та да веднаш стане видливо она за што колегата БЛ522 понекојпат загонетно и го наговестуваше дека може да се случи
Aj u Kafic izvini, germanskata drzavotvornost e kako sekoe nacionalno dvizhenje od 19tiot vek, a germanska drzava postoi od 1918, ... pa zatoa i den denes mnogumina tek kako vtoro spomnuvaat deka se Deutsche, kako prvo se bavarijaci, saksoni, vestfalci, shvabi ... makedonija e mnogu povekje nacionalisticki nasocena nego shto e germanija ... a mnogu pomalku se pocituva demokratijata nego tuka. Opsanosta za drzhavata e ochigledna i za zhal isto taka se zakanuva i albanskoto nacionalno dvizhenje na nashata nacija. Sigurno nema se zakanuva genocid na zemjata ... ama i eden konflikt e dovolen za da unishti razvoj ... konsens za edinstvo. e alternativa i mora da se upotrebi. no po moe mislenje, lichni interesi se sekogash povazhni od sve i zatoa ... forget it!
joci Jas navistina ne znam sto tolku ste zapnale vo komunistite i dali i denes po 15 godini uste za niv ke se fakate i ke velite deka se tie krivi za se? Pateticno i smesno, dragi sobesednici!!! Inaku da odgovoram na temata. Odnesuvanjeto na Tito Petkovski e tipicno odnesuvanje na edna razocarana politicka balkanska sueta koja sto ne uspeala da si ja ostvari liderskata ambicija vo ramkite na partijata i poradi toa si rekla da stvori partija. I toa e OK, ama na site nam treba da ni bide jasno deka zasiten e makedonskiot politicki prostor od partii, prvenstveno, a vtorostepeno i od "novi" partii so luge od starite. Potres na makedonskata politicka scena nema da ima zasto Tito Petkovski ja nema v race mokta da go podeli prvo glasackotot telo na SDSM a vtoro i da osvoi novo, taka sto jas ZA ZAL ne ocekuvam promeni. Nasiot izbor seuste e pomegu DPMNE i SDSM (UNFORTUNATELY)!!!
intel Нашиот избор е помеѓу СДСМ и СДСМ-5ковска.
joci Da vi kazam pravo ne e za smeenje, ami e za placenje oti nemame pravo na kvaltiten izbor ama taka stojat rabotite denes. P.S. Ne razbiram SDSM-5kovska
lav
quote:
Originally posted by joci
P.S. Ne razbiram SDSM-5kovska
За да (го) разбереш „писателот„ на оваа ногу „мудра„ дилема еве ти мала припомош се разбира непобарана. Тој ,(се мисли на писателот) сугерира дека сдсм и сите нејзини во иднина (евентуално многубројни) варијации на иста тема , комунИСТИ , дека ќе доминира на МК сцената политичка...и зачудо и Јас истото го мислам. пс Нашиот избор е стеснет и може да биде помеѓу: 1.Јавно декалрирани комунисти. 2.Тајно деларирани комунИСТИ (како и нашиов „писател„овдешен )..нели? 3.Останати (ни тамо-ни вамо) граѓани , бегалци и накрај нели Македонската дијаспора која одалеку „учествува„ во случувањата во Македонија.
achtung_panzer
quote:
Originally posted by joci
Odnesuvanjeto na Tito Petkovski e tipicno odnesuvanje na edna razocarana politicka balkanska sueta koja sto ne uspeala da si ja ostvari liderskata ambicija vo ramkite na partijata i poradi toa si rekla da stvori partija.
[^][^] Tokmu taka joci... a shto se odnesuva do "zgolemeniot" izbor, ne deka vo Makedonija nedostasuvaat partii i "opcii", de jure gi ima najrazlichni, de facto nema niedna za izbor. Duri i site dve opcii (SDSM + VMRO) se teledirigirani od "sponzori" koi gi kontroliraat i "opciite" i glasachkoto telo...
cyberlady
quote:
Originally posted by Jakov
Samo uste da kazese "Jas mu se izvinuvam na SDSM" Imase na vremeto eden vi "Sefot mu rekol na sluzbenikot sakam da te e*am" A ovoj mu vika "Izvini sefe so ti vrtam grb" Pa sega videte vie koj e Petkovski tuka.
E da [:)][:)][:)]
Jakov
quote:
Originally posted by cyberlady
quote:
Originally posted by Jakov
Samo uste da kazese "Jas mu se izvinuvam na SDSM" Imase na vremeto eden vi "Sefot mu rekol na sluzbenikot sakam da te e*am" A ovoj mu vika "Izvini sefe so ti vrtam grb" Pa sega videte vie koj e Petkovski tuka.
E da [:)][:)][:)]
WOW koja elokvencija[:0]
joci Lav, fala mnogu za pomosta, bese prlicno jasen. I da edinstveno polosi od komunistite se antikomunistite.
Aj u Kafic pa ne bi rekla, kakov narod takva drzhava, no bi rekla, kakov narod, takvi partii...
cyberlady Da, pa sto! [:)][:)][:)]
трендафил Тешко е да се каже како ќе делува партијата на Петковски на македонската политичка сцена. Веројатно ќе земе гласови и од сегашните позиција и опозиција. Сигурно е дека за него нема да гласа тврд ВМРОвец, но затоа моѓе да ги земе гласовите од опозиционата Социјалистичка партија. Сигурно и од незадоволните од СДСМ и ЛДП (доколку Поповска не формира своја партија). Во тој случај е интересно со кого би одела новата партија во коалиција. Доколку оди со СДСМ, партијата е формирана без потреба.
lav
quote:
Originally posted by joci
Lav, fala mnogu za pomosta, bese prlicno jasen. I da edinstveno polosi od komunistite se antikomunistite.
Нема за што колега...з.атоа сме тука да си помагаме..кој колку може нели Патем би напоменал дека флоскулата е непоодбна за кај нас оти е изречена од Хавел , а Чесите ...во сите нивоа се као и (дури пред нив) Германците. Еден период живеев таму во Прага...така да зборувам од лично искуство. Во Македонија НИКОЈПАТ (во последниве 5-6 децении) и немало прави анти-комунисти за да може да правиш споредба со Чешка која спредена со културно одвоениот нивен некогашен партнер Словачка беше во братска „дружба„ , каде Чесите толку беа „комунисти„ како и Словенците во поранешната Југославија а Словаците беа исто толку зацапани по комунизмот како и Македонците (чест на можните исклучоци..нели). Но има една многу битна разлика помеѓу Словаците и Македонците а таа е дека во поранешниот комунистички систем во сооодветните (покојни) држави Југославија и Чехословачка , тие (Словаците) беа ПРВА ДУШКА НА КАВАЛОТ за разлика од Македонија која беше ПОСЛЕДНА ДУПКА НА ЈУ КАВАЛОТ.
concrete Predposledna,...... aj ne lazi :):):)!!!!!!
lav
quote:
Originally posted by concrete
Predposledna,...... aj ne lazi :):):)!!!!!!
Кој тоа овде ...нели го „лаже„ Форумов ...почитуван колега !!! Македонија , одсекојпат била последната и никако не и предпоследна дупка на свиралката (кавалот-де) во поранешната-ни омиљена и (сеуште нажалост) „братска„ нели ЈУ држава. Ако не беше последна дупка ..немаше да постои и вицот за „нашиот„ делегат во ЈУ Скупштината , на кој кољегите му подметнале игла на сешиштето (кога бил одсатен секако) и како овој (нашиов-де) изреагирал односно си одМОЛЧЕЛ , иако ИГЛАТА докрај му се забила во задникот...нели?. пс А , ако сакаш да зборуваш за последната ЦРНАТА ДУПКА на поранешната ЈУ држава ...мислам на КоСмет ...е тоа е неспоредливо , само поради тоа што ....сепак тогаш каква-таква Македонија си беше ДРЖАВА (иако нејзините „водачи„ беа и останаа со АНТИ-Македонски погледи и сфаќања) , за разлика од КоСмет кој беше АП (автономна покраина) во составот на тогашната Република Србија. ппс И сеуште незатната од никого ЦРНА ДУПКА Космет нели...има амбиции да проголта СЕ што е во нејзина непосредна околина....
intel Каква и да беше Лав Македонија во таа ЈУ а не е баш така како што кажуваш, сепак за Бугарија на пример беше ’ЗАПАД! и тоа во прав смисол на зборот а тоа си било така зошто Југославија поточно(ЈНА)фигурираше како најтајното крило на НАТО.
lav
quote:
Originally posted by intel
Каква и да беше Лав Македонија во таа ЈУ а не е баш така како што кажуваш, сепак за Бугарија на пример беше ’ЗАПАД! и тоа во прав смисол на зборот а тоа си било така зошто Југославија поточно(ЈНА)фигурираше како најтајното крило на НАТО.
Секојпат нема да се сложам со секого во и за многу нешта , ама секојпат ќе го бранам неговото право да има свое мислење , и на кое накрај ќе му ги спротиставам мојата сила на аргументи...наместо спротивното...како што во почетокот и беше секидневна практика (и не само) на овој Форум. Е-бан или пак само Бан ...како кому ќе му се стрефеше ...нели... Ова секако не важеше за некои наши кољеги...кои си беа (знам ама не кажувам) повластени или „заштитени„ како мечките со закон во МК. Еве сега за што сакам моите контра-аргументи да ги прикажам овде и сега. Не е пробљемот во тоа , ШТО СЕ СМЕ БИЛЕ (минато е нели) туку КАДЕ СМЕ СЕГА ...секако споредено ...со од тебе посочените држави. Значи ли ова.... дека Македонија СПИЕЛА додека СИТЕ (спори и брзо минувачки) ВОЗОВИ или ТРАМВАИ ВРВЕЛЕ ПОКРАЈ НЕА?!. Дали со ова непосредно ПРИЗНАВАШ дека тотални АНАЛФАБЕТИ сме имале на „чело„ на Македонската (одлична според твое мислење) држава. Ѕинго би прашал: КОЊ ГО Е ТОВА НАПРАВИЛ , А??? И кој накрај ги „ставил„ тие државорастурачки АНАЛФАБЕТИ да ја „водат„ ДРЖАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ во ПРОВАЛИЈА , а ???? пс Околу ова поточно(ЈНА)фигурираше како најтајното крило на НАТО. можам само да посочам на свежите (и сеуште незаборавени) сеќавања на учесниците ВО СИТЕ ВОЈНИ НА БАЛКАНОТ , во минатата деценија (исклучок се само Словенија и Хрватска) кои беа „обучувани„ како што ги видовме на дело...почнувајќи од војната во Словенија па завршувајќи во Македонија ...мислам 2001 година. Тие , иако беа ПЛАЌАНИ ОДЛИЧНО и тоа ЕНОРМНО (мерено во однос на останатите трудбеници) на крајот и (НЕ) се ПОКАЖАА , односно наСЕКАДЕ ги ИЗГУБИЈА БИТКИТЕ и ВОЈНИТЕ. пс 1.Една од мааните на тие старешини беше и си остана неизменета до ден денешен ...НЕ МОЖЕА ДА СИ ГИ ВИДАТ ЧЕВЛИТЕ (чизмите-де) ОД НАДУЕНИТЕ ОД ХРАНА И ПИЕЊЕ СТОМАЦИ. 2.Втората причина (според мене) беше што повеќето од нив добро хранети и гледани некако одненадеш и под ИТНО се „испо-разболеа„ , разбира се одкога ВОЈНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА ..почна да си го зема данокот во крв , против балистите кои ете така ден/денес дојдоа и сеуште се на ВЛАСТ во Македонија секако со несебична ПОМОШ на некои „македоднски„ сили.
SLaCk Mojata dilema ne e SDSM - VMRO-DPMNE tuku za koja opoziciona partija ke glasam.SDSM e minato istorija poddrska za potegot na Tito Petkovski(dokolku e iskren) i im preporacuvam na drugi luge koi imaat malce pamet a se vo SDS da si odat(a takvi bogami nema mnogu pa lesno ke se prepoznaat).Denot koga taa bagra komunjarska ke se raspadne na Makedonija ke i trgne koj toa ne go zaklucil do sega ne e mnogu pameten.Sto pobrzo si odat toa podobro za Makedonija uste im ostana i imeto da ni go shitnat i ke si ja zavrsat misijata da se nadevame deka nema da uspeat.
lav
quote:
Originally posted by SLaCk
Mojata dilema ne e SDSM - VMRO-DPMNE tuku za koja opoziciona partija ke glasam.SDSM e minato istorija poddrska za potegot na Tito Petkovski(dokolku e iskren) i im preporacuvam na drugi luge koi imaat malce pamet a se vo SDS da si odat(a takvi bogami nema mnogu pa lesno ke se prepoznaat).Denot koga taa bagra komunjarska ke se raspadne na Makedonija ke i trgne koj toa ne go zaklucil do sega ne e mnogu pameten.Sto pobrzo si odat toa podobro za Makedonija uste im ostana i imeto da ni go shitnat i ke si ja zavrsat misijata da se nadevame deka nema da uspeat.
За да нема случаи на дилеми кај гласачите како евве кај тебе но и кај ногумина кои слично мислат , Јас мислам дека е време за да се врати и ОЗАКОНИ ЧИСТИОТ МНОЗИНСКИ ИЗБОРЕН СИСТЕМ ...каде што немора да гласаш за партии ако не ти се според ќејфот ...ами има место и за кандидирање на НЕЗАВИСНИ ПОЕДИНЦИ поддржанио со граѓански потписи....што е НЕВОЗМОЖНО со сега важечкиов изборен пропорционален систем , за кој велат дека носи заштеди...но никако во ваква земја ...каква што ја „направија„ премудриве-ни владетели нашата Македонија.
SLaCk najdobar bese mesaniot izboren sistem,no imajki v predvid deka sega treba i za ova prasanje badinterovo mnozinstvo, terorot na malcinstvoto vrz mnozinstvoto, povtorno izborniot sistem ke zavisi od keifot na albancite.
intel Каков сака нека е системот. Дпмне и НП се лузери.СДСМ ќе ги мачка на леб догодина да не кажам ќе избрише патос со нив.
dejan Pa posle DUI ke ne macka na leb, neli intel?? Toa e celta, na SDS i DUI, pa posle pak po svoeto deka SDS ja spasile Makedonija ili neznam sto.
concrete Nikoj nikogo nema da macka ni na leb , ni na patos....veke se e razmackano.....po razmackano zdravje!!!!!
suspect Sega koj saka neka si makni,koj saka neka....
intel
quote:
Originally posted by dejan
Pa posle DUI ke ne macka na leb, neli intel??
E da, i ti si vo pravo. Samo neznam kako ne mu e sram na Branko.
dejan Ne mu e sram, on nema nikakov sram...cekaj, Usranko, g****o edno, ke ima sram koga ke uvredi albanec...neznam kako, moze nema da mu dade pozicija nekoja, taka nesto, DURI TOGAS covekot ke znae sto e sram!
lav
quote:
Originally posted by intel
Каков сака нека е системот. Дпмне и НП се лузери.СДСМ ќе ги мачка на леб догодина да не кажам ќе избрише патос со нив.
Воопшто и не се сомневам во способноста на твоите сдсм пулени да уништуваат се до што ќе ги стават своите „извалкани„ раце со се и сешто во 6 децениската „Историја„ нивана...како што е на пример „мачкањето ги на леб„ на своите идеолошки противници или пак „бришеејќи„ патос со нив. Ах да не заборавам и „газењето„ како шлепер жаби....чинам дека викаа своевремено...или пак сега „шлеперот„ им „рикнал„ а ? Тоа (што) го правеа и сеуште прават и со сопствениот (мазохистичен) „народ„ кој ете нели повторно ги „гласаше„ како идни избавувачи од бедата која нивните татковци им ја натурија поскле 2-та светска војана.
dejan Нова Социјалдемократска партија - името на партијата на Петковски МИА 23.11.2005 Нова Социјалдемократска партија е името на новата политичка партија што ја формира пратеникот и доскорашен член на Социјалдемократскиот сојуз Тито Петковски. Партијата, програмата и статутот, како што информира на денешната прес конференција Петковски, ќе биде промовирана на 30 ноември во Универзална сала. „Ориентацијата на новата партија ќе биде социјалдемократска. Ја нарековме нова бидејќи де факто е така. Таква политичка партија на македонската политичка карта не постои. Има партии со социјалдемократски предзнак, но не и со социјалдемократска идеологија. Има една што е парламентарна долго време и друга што е регистрирана меѓу првите во Македонија, но без свои претставници во Парламентот“, рече Тито Петковски. Нова социјадемократска партија ќе ја промовира социјалдемократската идеја, а нејзина целна група, како што истакна Петковски се сите граѓани, посебно оние кои не се партиски определени и се изгубени во транзицијата. Тој информира дека во Иницијативниот одбор на партијата членуваат луѓе од сите етнички заедници во Република Македонија. Основачи се над 600 граѓани, а најавени се уште 200. Петковски очекува добар дел од членството на СДСМ да се одлее во неговата партија, без да прецизира колкав би бил тој процент. Такви најави, како што рече, имало во дел од општинските организации на СДСМ. Петковски досега не разговарал за соработка со пратеници од Парламентот, освен со Љиљана Поповска. „Партијата нема намера да врши рекомпонирање на собранискиот состав, туку целта и е да се подготви за следните парламентарни избори независно дали ќе се одржат предвреме“, истакна Петковски. Тој во моментов не гледа конкуренција во ниедна политичка партија и на следните избори очекува добар изборен резултат. Најдобро е, смета Петковски, на изборите партиите да настапат самостојно за да се види која колку тежи, а потоа сродните меѓусебе да коалицираат. „Нова социјалдемократска партија нема да се занимава со критика на политичките партии туку ќе стреми кон конкретни програми и проекти. Мислиме дека не е продуктивно да се држат прес конференции секоја втора вечер и да се критикуваат политичките конкуренти без да се нуди ништо. Сакаме да го смениме стереотипот, да понудиме нешто ново. Ќе спроведуваме нова политика со нови луѓе и ќе воспостави нова пракса и нов квалитет“, рече Тито Петковски на денешното претставување на неговата Нова социјадемократска партија на која презентирани и париските симболи.
lav
quote:
Originally posted by dejan
Нова Социјалдемократска партија - името на партијата на Петковски МИА 23.11.2005 Нова Социјалдемократска партија е името на новата политичка партија што ја формира пратеникот и доскорашен член на Социјалдемократскиот сојуз Тито Петковски. Партијата, програмата и статутот, како што информира на денешната прес конференција Петковски, ќе биде промовирана на 30 ноември во Универзална сала. „Нова социјадемократска партија ќе ја промовира социјалдемократската идеја, а нејзина целна група, како што истакна Петковски се сите граѓани, посебно оние кои не се партиски определени и се изгубени во транзицијата. Тој информира дека во Иницијативниот одбор на партијата членуваат луѓе од сите етнички заедници во Република Македонија. Основачи се над 600 граѓани, а најавени се уште 200. Петковски очекува добар дел од членството на СДСМ да се одлее во неговата партија, без да прецизира колкав би бил тој процент. Такви најави, како што рече, имало во дел од општинските организации на СДСМ. „Нова социјалдемократска партија нема да се занимава со критика на политичките партии туку ќе стреми кон конкретни програми и проекти. Мислиме дека не е продуктивно да се држат прес конференции секоја втора вечер и да се критикуваат политичките конкуренти без да се нуди ништо. Сакаме да го смениме стереотипот, да понудиме нешто ново. Ќе спроведуваме нова политика со нови луѓе и ќе воспостави нова пракса и нов квалитет“, рече Тито Петковски на денешното претставување на неговата Нова социјадемократска партија на која презентирани и париските симболи.
Како и да се вика новата партија ...суштината е една ...и таа накрај си означува дека конечно почна долгонајавуваното и сепак очекувано раслојување и на оваа единствена и монолитна (однадвор гледано) партија ...на своите составни делови. пс Е , оваа затоа што почна со „цветање„ во есен , Јас би ја нарекол и сдсм-Есенска!?. Па потоа следат Пролетна и дрн дрн дрн други опции кои им престојат...нели?
трендафил Тито Петковски на конференцијата за печат рече дека СДСМ им прети со откази од работа (ладно) на некои од потенцијалните членови на неговата партија. На други пак им се нуди работа за да останат во СДСМ. На ова експресно одговори Борис Кондарко, дека наводно СДСМ вакви работи не правел никогаш со своите политички противници. Кондарко очигледно не знае за отпуштените ВМРОвци од ЕСМ, железница, од полицијата (замена на Лавовите со Алфи и УЧКи) и други служби. Или само ја продолжува ЛЕВАТА традиција. Тито (не Петковски туку Јосип Броз) наводно не знаел ништо за Голи Оток, за задолжувањето на државата, за злоупотребата (кражбата) на парите од пензиските фондови, девизните штедни влогови...
dejan Stvarno....posle sve ova sto SDS stori...neznam kako moze nekoj da gi podrzhuva?!