Ova Ranit :) |
Thunder from down under |
od dnevnik.com.mk
Гркот што ја призна Македонија "испратен" на психијатар
Никос Георгијадис, грчки пратеник од владејачката Нова демократија, под притисок на јавноста, вчера ја повлече изјавата дека "политиката на Грција за спорот за името е за никаде и дека не е работа на Грција како ќе се нарекува соседна Македонија".
- Поради нашето инсистирање за името губиме многу на дипломатско ниво и сметам дека тоа не е во ред - повтори вчера Георгијадис.
Но, откако неговиот став предизвика серија остри реакции, тој беше принуден да се извини.
- Згрешив што го употребив тој збор и разбирам зошто мојата изјава предизвика толку бурни реакции. Надворешната политика е битно прашање и треба да се најде заедничка позиција - рече Георгијадис.
Портпаролот на Нова демократија, Русопулос, рече дека Георгијадис е пратеник на владејачката партија и не би требало да каже такво нешто.
Солунскиот митрополит Антимос, оцени дека станува збор за млад човек, кој не го познава доволно прашањето и дека од политичка гледна точка е вистинска лудост да се соопшти такво нешто.
Префектот на Солун, Псомијадис, излезе со уште поостра забелешка.
- Не сум сигурен дали Георгијадис по таква изјава треба да шета слободно или да оди на психијатар - рече Псомијадис. Тој истакна дека Грција мора да се осигура дека соседната земја нема да го добие името Македонија.
Изјавата на Георгијадис ја коментираше и поранешниот министер за развој и за одбрана на Грција од опозициската ПАСОК, Акис Цоказопулос.
- Не очекував дека политиката што ја водат САД толку брзо ќе наиде на приврзаници од редовите на грчката влада. Нашата соседна земја за своите ставови треба да се избори водејќи официјални дијалози, а не криејќи се зад трета страна - изјави тој.
Николас Гоергијадис е роден во 1964 година и потекнува од грчкиот остров Крф. Пет години работел како советник во Европската комисија.
|
Homer MakeDonski |
na coekot treba da mu se odade Orden za razum od najviskoka kategorija
i da se proglasi za pocesen gragjanin na Makedonija
|
tomislav1978 |
види го ѓубрево африканско
Папуљас ни се закани со војна за името
Претседателот на Грција Каролос Папуљас вчера и се закани на Република Македонија за проблемот со името и истакна дека Атина нема да прифати никакви уцени. На вчерашната церемонија по повод почетокот на борбата против фашизмот, Папуљас рече:
- Денеска оддаваме признание за придонесот на нашите воени сили за одбрана на територијалниот интегритет и зачувување на безбедноста на нашата татковина. Во деновите што ни претстојат ќе водиме и други војни - и во и надвор од нашите граници. На надворешен план тоа ќе биде борбата за наоѓање заедничко прифатливо решение за името на ПЈРМ и притоа нема да прифатиме никакви уцени.
Претседателот Папуљас при посетата на археолошкото наоѓалиште во Вергина ги повика сите што го доведуваат во прашање грчкиот карактер на Македонија да ги погледнат откритијата во тој локалитет.
- Нивната иднина не може да не биде заснована на историската вистина, јасните правила, обврски и меѓународното право - нагласи грчкиот претседател.
Тој рече дека Грција искрено ја поддржува европската перспектива на земјите од Балканот за да придонесе за стабилноста и за безбедноста на регионот, кој е исклучително чувствителен.
|
ProMKD |
ovoj papuljas ako saka da provocira vojna, ke si ja unisti svojata drzava, pogotovo koga svetot vekje gleda na krivo sprema grcija. Epten neseriozno se odnesuva grckata vlada po moja procenka, preteruvaat so nivniot nacionalizam i svetot primetuva |
cyberlady |
Kade e Jakov?
[:)][:)][:)] |
intel |
http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=11938 |
DJ_SHEMA |
A prati go pak sho im vika
The Greek MP persistent - Athens cannot give name to Macedonia
Athens, 18:58
The Greek MP Nikos Georgiadis reiterated again his stance that Greece
cannot impose a different name to Macedonia.
Georgiadis said Athens couldn't decide on the name of a neighboring
country, regardless of how much Greece dislikes the existing one.
"There is no country in the world, which does not addresses our
neighboring country as Macedonia, there is no international document
nor map, in which the country is noted as Macedonia. Nobody but us,
the Greeks, calls it Former Yugoslav Republic of Macedonia", said
Georgiadis for the National Radio Alpha.
We cannot expect that through the foreign policy and the stubborn
citing of the 1995 Agreement we will manage to persuade the whole
world the we are right, and all those who use the name Macedonia are
wrong, said the MP of New Democracy Georgiadis. |
achtung_panzer |
quote: Originally posted by Homer MakeDonski
na coekot treba da mu se odade Orden za razum od najviskoka kategorija
i da se proglasi za pocesen gragjanin na Makedonija
[:D] Chuvaj se od Grcite i koga nosat podaroci [;)] |
Jakov |
quote: Originally posted by cyberlady
Kade e Jakov?
[:)][:)][:)]
Eve me...doma sum i citam koj sto kazal.
Dokolku sakas zezalici imas link kade treba da pomines. Mislam deka navistina e neubavo koga i pokraj POSTIRANI pravila se obiduvas da se seguvas so moderatoroto, a so toa i so cel Forum "Politika" znaci ako me baras mene imas PM.
Se izvinuvam sto vaka javno OFF odogovoriv na ova. |