ProMKD |
Неодлучноста на македонската Влада - дали шарениот полжав е агресивен или не, до сега и нанесе штета од 6.000 евра на секоја фарма со полжави. Владата, со вкупно 400.000 евра го оштети овој бизнис - велат фармерите.
„Тоа е директната штета, додека индиректната штета си ја направи самата држава, затоа што нивната неажурност ги доведе Бугарија, Србија и Романија во прва позиција пред Македонија“, изјави Тодор Ѓорѓиев, „Бонекс“ - Велес.
По примерот на владите од соседството и бугарската ангажираше италијански експерти за развивање на фармерскиот бизнис со полжави.
„Бев добро примен, посетив различни Министерства, банки, асоцијации и друштва за помагање и развој на земјоделството. Сите се многу заинтересирани за овој бизнис“, рече Али Ѓузепе, „Лумакерио Валдинето“ - Италија.
За македонските фармери, времето за увоз и старт на новата сезона одминува. Но одмина и првиот договорен извоз од 20 тони полжави на францускиот пазар. Таму годинава, италијанската фирма „Лумакерио Валдинето“, наместо македонските ќе пласира полжави од други земји.
http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=53377
|