30 години од смртта на Ристо Крле
30 години од смртта на Ристо Крле
angel Грофот од Струга- човекот што ја задолжи македонската литература [img]http://217.16.70.245/izdanija/1916/31452.jpg[/img] Антон Панов, Димче Стефановски и Ристо Крле "Набргу се оженив и почнав на жена ми да Ј се фалам дека еден таков и таков мотив ме има инспирирано и дека од него ќе напишам драма... Во јули 1937 година секој ден ова го повторував, а на 11 јули таа година на неколку пати Ј го нагласив на жена ми. Нејзе, се разбира, здодевно Ј беше моето празно повторување и со невообичаен тон за неа ми подвикна: Ма ти само се фалиш ..." - ќе запише во предговорот на "Парите се отепувачка" еден од најзначајните македонски драматурзи, Ристо Крле. Ристо Крле, како што вели театарскиот критичар Александар Алексиев, е раскажувач по душа (парафразирајќи ја мислата на Блаже Конески за Цепенков), зашто само така може да се објасни потребата да се отфрли чеканот и земе перото, кое само по себе не претставува некакво задоволство, туку напротив донесува немир и грч и тоа и за оние кои сосема подготвено се зафаќаат за пишување. Тој припаѓа на генерацијата втемелувачи на македонскиот театарски текст заедно Васил Иљоски и Антон Панов, а нивни претходник е селчанецот Војдан Чернодрински. Во тие години пред ИИ Светска војна, кога било забрането да се биде Македонец, без никакво формално образование, оставен сам на себе си и "својот исконски, органски усет за драмски дијалог и сцена" (И. Милчин), кога сў било против неговиот избор да се занимава со литература, живеејќи во Струга, далеку од театарските случувања, ја пишува најпрвин "Парите се отепувачка", драма што длабоко задира во тежината и сложеноста на живеењето на овие простори, иако слични мотиви можат да се сретнат и кај други национални литератури и автори. Тој не само што ја напишал, ами успеал и да ја постави на штиците на тогашниот Скопски театар и покрај судрувањата со актуелната српска власт и таа е една од првите театарски претстави одиграни на македонски јазик. За претставата, театарскиот критичар на списанието "Јужен преглед", Петар Митропан во својот осврт кон претставата ќе запише дека Скопскиот театар е повикан да го негува домашниот театар и дека во тој период има автори кои ги исполнуваат условите за прикажување на нивните дела. На таа група Ј припаѓа и Ристо Крле со пиесата "Парите се отепувачка" - "во дијалект и содржина од овој крај" - чија премиера била на 27 декември 1938-та година. Драмата била поставена во режија на Јосиф Срдановиќ, кој заедно со актерите, и заедничкиот пристап кон делото на Крле, пријатно ја изненадиле скопската публика која уживала слушајќи како актери од сцената зборуваат на мајчиниот јазик. Покрај другите актери кои учествувале во претставата, на премиерата, улогата на Митре ја толкувал доајенот на македонската сцена, Тодор Николовски. Александар Алексиев во својата книга "Основоположници на македонската драмска литература" (Култура, 1976) ќе запише дека, што се однесувало до Крле, тој немал никакви посебни претензии освен што бил прогонуван од вистинската случка, да ја опише, да си го испита талентот и како што велел, да се отстрами од жена си на која Ј се фалел дека ќе го опише овој неверојатен настан. Потем 11 години Ристо Крле успеал чевларскиот чекан успешно да го замени со писателското перо и овој, по многу нешта грозоморен настан да го преточи во театарски текст. Ристо Крле се родил на почетокот од септември 1900 година, во Струга во занаетчиско семејство на Јаковчета Крле кој поседувал чевларски дуќан. Младиот Ристе паралелно со учењето работел и во татковиот дуќан. Тоа било време на тешки премрежја, време на Балканските војни, распарчувањето на Македонија и И Светска војна. "Уште во првите часови на денот ќе станев да работам на дуќан, а десетина минути пред да почне школскиот час го фрлав чеканот и ги земав книгите ... Исто така, дојди од училиште фрли ги книгите и грабни го чеканот..." - вели Крле во својата "Автобиографија". За неговиот интерес за театарот, неговата доживотна љубов, "вина" има пиесата "Ѓеновева" што учителите и учителките во тогашна Струга (1908) година се подготвувале да ја играат, а која била забранета за деца, туку се играла само за возрасни. Тој сепак успеал да присуствува, а во својата "Автобиографија" ќе запише "...Убавата игра на "артистите" ја воодушеви публиката и ја придоби театарската уметност. Од тогаш нема стружанин што не гори и сонува за театар..." Немирниот дух што го поседувал и неговата склоност кон зборот, го поттикнуваат на почетокот од 20-тите години на минатиот век, по завршувањето на големата светска војна и окупацијата на Вардарскиот дел од Македонија од страна на Србија, за прв пат да се спои со театарот. Се зачленува во Културно-уметничкото друштво "Црн Дрим" каде што започнува како суфлер, а со тек на времето започнува и да се занимава со актерство. Тој бил автодидакт, и во тој период работел во сопствениот чевларски дуќан. Во средината на триесеттите години на ЏЏ век започнал со пишување драмски текстови. По успешното претставување со "Парите се отепувачка", Ристо Крле ги пишува "Антица" и "Милиони маченици" кои исто така биле ставени на театарскиот репертоар. Но, Крле не е познат само по своите драмски текстови. Тој ја пишува својата "Автобиографија", дело што е историја на живеењето на еден град во периодот на неговата младост и како што вели приредувачот на "Автобиографијата" Коле Чашуле - "според хрониката на настаните во Автобиографијата може, на овој начин да се врши реконструкција на животот, поминокот и историјата на самата Струга, историјата на нејзините премрежиња, радости, маки, простуми, обичаи". Сведоштвото на Коле Чашуле за почетоците на творештвото и неговото значење е особено и започнува од времето кога во Охрид се организира Студентската колонија. Тогаш Чашуле ги впива редовите напишани од Ристо Крле. Тој врши инвазија во творечка инитима на Крле и ги учи првите лекции од драматургијата. Не помалку значајно е и искажувањето за импресионираноста од китнестиот ракопис на Крле и над сў тајната за потребата и логиката ракописот што веќе еднаш бил создаден повторно да се преработува во повеќе варијанти. - "Работејќи над избледените и одвај читливи страници на "Автобиографијата" откривајќи ја ред по ред, јас изнајдов/доживеав најубедлив демант на тезата за "сомнителното авторство" на Ристо Крле. Секоја страница од дешифрираниот ракопис, како што веќе и обзнанив, ме убедуваше во вистинската, конгенијална, дарба на авторот на записите. Во тоа дека тој не е само врвен, неспорен, класик во македонската драма, туку и најбогато надарен раскажувач и романсиер." - вели Чашуле. По ИИ Светска војна, во самостојната македонска држава се формира театар. За жал, за тој театар останува неразјаснето - зошто не ги поставува ниту Крле, ниту Иљоски, Панов или Чернодрински? Чашуле, објаснувањата зошто така се постапува со основоположниците на македонскиот театарски текст, ги запишува во Предговорот на "Автобиографијата" на Крле - "Беа приземни, житејски. Впрочем, тие сега и не се важни. Беа и останаа данок на времето, но и неправда кон македонската драмска реч! Неправда кон фондот драмски автори кои беа, во извесна смисла, отидени подалеку од нашиот тогашен книжевен фонд." Или како што вели Ристо Стефановски - "Чудна, темна и неразбирлива е судбината на пиесите на Ристо Крле во слободна Македонија. За прв пат во Скопје "Парите се отепувачка" ќе се прикажат во тогашниот Младинско детски театар на 9 март 1961 година а во режија на Тодор Николовски... Како и во поголем број други прилики така и при поставувањето на оваа пиеса, Младинско детскиот театар се раководеше од желба да ги афирмира текстовите на домашните автори, а од друга страна не ја следеше и не ја слушаше политиката кога се работеше за театарски проблеми за кои често пати бил прозиван неаргументирано. Благодарејќи на ваквата ориентација делото "Парите се отепувачка" беше за прв пат поставено во Скопје во повоениот период и со тоа придонесе пиесата на Ристо Крле да биде прикажана и доживеана во услови на ослободената татковина. Режисерот Тодор Николовски, како и целиот актерски ансамбл, беа на завидна висина." Ристо Крле пред ИИ светска војна ги напишал драмите "Парите се отепувачка", "Милиони маченици" и "Антица", а по 1945 година "Гроф Миливој" и "Велик Ден", како и "Автобиографијата" од која е објавен само еден дел. Живеше токму 75 години. Се роди во Струга 1900-та, а животот тивко му згасна во Скопје при крајот на октомври 1975 година. Јубилеј што не се слави - туку се одбележува постоењето на Ристо Крле.