Dzo vozvrakja udarac
Dzo vozvrakja udarac
DJ_SHEMA VMRO narodna ja napadna Maticata na Iselenicite http://www.vest.com.mk/default.asp?id=106465&idg=6&idb=1602&rubrika=Makedonija ВМРО-Народна вчера објави документи со кои тврди дека зградата на Агенцијата за иселеништво на Македонија, државен имот во вредност од околу три милиони евра, кој се наоѓа на една од најатрактивните локации во срцето на Скопје, е присвоена од Иван Џо Петрески. Александар Ѓорѓиев, портпарол на партијата, изјави дека ова се случило во спрега со државниот правобранител Зоја Лега - Станоевска. Документите, за кои Ѓорѓиев вели дека Народна добро се намачила да ги открие, велат дека се почнало кога во 2002 година кога се основало здружение на граѓани со назив "Матица на иселеници од Македонија", под раководство на Иван Џо Петрески, што коинцидира со називот Матица на иселениците на Македонија од 1998 година, пред да прерасне во Министерство, а потоа во Агенција за иселеништво. Петрески на таа основа, како што аргументираше Ѓорѓиев, ја тужел државата, го барал имотот на Агенцијата и го добил спорот. ВМРО-Народна тврди дека застапникот на државата Зоја Лега - Станоевска свесно и намерно отсуствувала од рочиштата и го изгубила спорот. "Битен удел во аферата има и правничката во Агенцијата за иселеништво Виолета Секулова, која од раководството на Агенцијата ги криела поканите за рочиштата. Таму воопшто и не знаеле дека имало спор", тврди Ѓорѓиев. A Dzo vozvrakja udarac so Ја избркавте Матицата на улица ама не успеавте да го угаснете огништето на иселениците (Реакција на прес конференцијата на ВМРО-Народна одржана 27-10-2005 година) Матицата на иселенеците од Македонија со најостра индигнација и презир ги отфрла неморалните квалификации на ВМРО-народна искажани преку нејзиниот портпарол Александар Георгиев на прес конференција, во четвртокот, минатата недела, пренесена и во медиумите. Навистина не можеме да се изначудиме на плитката памет на овој неук политички гласноговорник како и на тоталната амнезија на неговите партиски ментори. На македонската јавност сеуште и се свежи економските и политичките рани кои и ги зададовте на Нацијата за време на вашето владеење од 1998-2002 година. Тогаш Владата на војводата Љубчо Георгиевски заедно со Митре (Мартин) Тренески ја испудија Матицата на улица но не успеаа да го угасат македонското огниште на наштите иселеници, кое патем да ги потсетам како НВО егзистира уште од 1951 година а во 1998 се усогласи според новиот Закон за здруженија и фондации Сл. весник 31/98. Вие крадејќи ни го идентитетот со мутации како-министерство или агенција не успеавте да ја преобратите Македонската дијаспора. Единствено што успеавте е, да ги потрошите парите (девизите) на Матицата, да го угасите илустрираното списание Македонија и да ја руинирата зградата. Инвентарот и архиви ги одзедовте од нас со силеџииство. Ви се чудам како немате појма изминативе години, за информациите кои биле секогаш транспарентни и на дофат, па сега со судни маки сте дошле до некоја хартија. Да ве потсетам само дека во изминативе години на егзил на нашето здружение, дневниот печат и ТВ станиците во Р.Македонија имаат безброј написи во врска проблемот на Матицата. Во народните библиотеки читајте ги следните неколку списанија за да ви се разведри умот од глупостите: "Доста со лажни претставувања" - Дневник 19.07.2005 г; "Што сака да каже зелениот артист" - Утрински 13.10.2003 г; "Со Матица ќе газдува Владата" Вечер 19.01.1999 г; "Иселенички дом хотел на Треневски" Македонија денес 13/14.05 2000 г; "Тужба" Македонија денес 02.04.2004 г; "Тајфата на Треневски ја помина црвената линија" Македонија денес 30.10.2000г "Државата го изгуби маратаонскиот спор " Вечер 04.02.2005 г; "Сопствениците на Матицата бараат да им се врати зградата" Утрински 19.09.2003 г; "Матица не треба да се плаши" Дневник 11.02 1999 г; "Министерот Треневски го исели раководството на Матицата на улица" Дневник 27.01.1999 г; "Матицата е против своето укинување"-Дневник 16.01.1999 г; "Министерството е мртво - да живее Матицата"- Македонија денес 24/25.06.2000г; "Обвинетиот ослободен дека оштетил споменик на културата" Утрински 19/20.04.2003 година "Замислата на Камбовски за укинување на мојот ресор е чиста будалаштина" од Треневски во Фокус 03.12.1999 г; Понатаму во изминатите шест години во политичките неделници "Старт", "Фокус", "Пулс", "Време" и други, незнам колку пати се објавувани информации за судските процеси, кои завршија сите до еден во полза на Матицата. Е, па братја од ВМРО незнам какво: играорно, народно или некое друго не заборавајте си ги сите судски процеси што се водат против вашите бивши и сегашни челници за Електростопанство, Печатница Гоце Делчев, Социјално, Окта, Македонска банка, Експортимпорт банка, Радо- банка, Народна банка и да не ги набројуваме многу, си има кој да ги брои и суди а тоа е народот наш македонски. Планот за зградата на "Матица" вашата партија го направи ама ви се изјалови, а ако треба да одговара некој, тоа сте Вие што ја ишката мувата. Крајот е веќе присутен со сите правосилно-извршни судски пресуди, одлуки решенија кои набргу ќе се реализираат. И не кукајте на туѓо. Заради погоре кажаното немаме намера да полемизиораме со квази-политичари од некоја минорна група на пратенички бегалци присобрани заради своите ситни и буржоаско економски комплекси. Претседателство на Матица на иселеници на Македонија Иван Џо Петрески Sum se skinal od smeenje koga go chitav ova.
трендафил Матицата на иселеници не работи како невладина организација од 1951, туку беше филијала на УДБА и преку неа се контролираше кој иселеник какво мислење има за режимот. Дури се вршеа ликвидации во странство. Да не зборувам за контролата на луѓето од тука што на било каков начин контактирале со некој „обележан“. Веројатно негативниот однос кај ВМРО-НП (и ВМРО-ДПМНЕ) е поради негативното учество на некои негови членови со таквата работа на Матицата. Исто така веројатно такво негативно искуство нема кај ниеден член на СДСМ. Се разбира доколку на некого не му било непријатно да кодоши па дури и да ликвидира. Да напоменам и дека дејството на Матицата во овој поглед не било усмерено само против Македонци (поради ненормалниот однос кај нас по ова прашање да напоменам дека под ова мислам на сите државјани на Македонија без разлика на нивната етничка припадност), туку против сите од СФРЈ. Неспорно е и позитивното делување на Матицата. Но мислам дека Џо повеќе го има работено тоа другото.
lav
quote:
Заради погоре кажаното немаме намера да полемизиораме со квази-политичари од некоја минорна група на пратенички бегалци присобрани заради своите ситни и буржоаско економски комплекси. Претседателство на Матица на иселеници на Македонија Иван Џо Петрески
Sum se skinal od smeenje koga go chitav ova. И Јас се изнасмеав кога ова го читав ...само поради ФАКТОТ дека во 1998 година во (сега скоро) руинираниот скопски хотел Панорама , се одржувала некаква си КОМИТСКА ВЕЧЕР , каде со уредни покани дошле многу луѓе да ја прослават победата на ВМРО-ДПМНЕ. НАЈИНТЕРЕСНО е тоа ....што и „дотичниов„ другар Џо ти бил стасан пред вратата на хотелот и тоа во друшштво со министерот за здравство (уролог од Битола) со намера за да „влезе„ на БАНКЕТОТ и да му лично честита на идниот премиер (се работи за Љубчо Георгиевски). Ама немаал покана иако велат дека некако и влегол таму ..ама бил ставен на магарешката маса тамо...мислам на некоја која била ставена во некој агол или дел од салата која немала поглед на присатните на Банкетот ...мислам визуелно. пс 1988 година другарот Џо во истиот хотел Панорама ...на рецепцијата бил како некој од многуте тогаш (од нужда нели) промовирани таксисти кога се вратил од дијаспората...мислам дека сум слушнал дека стасал од Мексико каде му било и семејството се разбира преку (тогаш) Западна Германија. Голем напредок е сепак ...од обичен таксист да се стане председател на матицата на иселениците на Македонија. Еден мој познаник од Србија , ми кажа дека тој многу се дружел со покојниот Аркан кога биле во странство.
Belomorec Tokmu taka za maticata i za UDBA. Proverete go samo imotot na Dzo i kade se on gravitira, Vodno. Del od UDBA. A za VMRO-NP no comment, oni ja imaa Dosta trojanski konj so tatarska opaska. Stemneto mi e od ovakvi prepukuvanja kodos protiv kodos.
DJ_SHEMA Dzo dobi stan od udba, a ne kukja.
lav
quote:
Originally posted by DJ_SHEMA
Dzo dobi stan od udba, a ne kukja.
Не ја гледам разликата помеѓу стан и куќа на Водно , освен во цената која не е иста. И ништо за бадијала не даваат никаде нели.... пс А плацот за сендвичарата 903 на „ударни„ локации пред домот на АРМ , а потоа пред Метропол на самаиот плоштад не се „дава„ за бадијала. Се тоа треба да се спечали...нели?
DJ_SHEMA Rabotel za drzavata i kako zasluzen gradjanin dobil stan. Kolku bil zasluzen moze da se diskutira no vo ta vreme koga trebalo da se brani komunizmot toj go branel. Isto kako nekoj nash od mvr sega da odi po dijaspora i da tepa albanci koi sakaat da ja odelat zapadna makedonija. Kje bide li zasluzen gradjanin ako toa to stori vo ova vreme? e sega shto ispadnal pameten i toj stan go pretvoril vo kukja na vodno toa si e negova rabota.