Biblijata za etnickoto poteklo na etnickite Makedo |
Homer MakeDonski |
Библијата за етничкото потекло на етничките Македонци
Прашањето за етничкото потекло на древните Македонци, во неговиот целосен аспект, до ден-денес се уште не е на адекватен начин разјаснето. За стара Македонија уште во најдлабока древност свои трудови напишале видни грчки и латински писатели како Помпеј Трог, Плутарх, Квинт Курциј Руф и други, меѓутоа, во повеќето случаи, трудовите на овие древни автори за Македонија и Македонците не се целосно зачувани, туку дошле до нас во одделни фрагменти и тоа, најчесто, во препис на други автори. Таков е случајот, на пример, со "Историјата на Македонија" од Помпеј Трог; напишано околу 20 год. пред Христа, ова старо историско дело, посветено на древна Македонија, дошло до нас во препис на Јустин од третиот век по Христа. Освен тоа, древните писатели се интересирале, пред се, за животот на македонските кралеви, најповеќе за бурниот живот на Александар Македонски, додека на самиот народ, на неговите нарави и обичаи, во своите трудови, тие му посветувале сосем скромно внимание.
Во почетокот на минатиот век, кога започнува националното будење на балканските народи, научниците одново го свртеле својот поглед кон Македонија. Во 1825 год. од печат излегува научниот труд на Отфрид Милер "3а местоположбата, потеклото и древната историја на македонскиот народ". Во овој свој труд видниот германски научник посебно внимание му посветува на прашањето за етничкото потекло на древните Македонци. Тој прв го разгледува овој проблем од историско-филолошка гледна точка и доаѓа до заклучок дека древните Македонци во никој случај не можат етнички да се поврзуваат со античките Грци. Според него, Македонците имале повеќе етнички сличности со Илирите, отколку со Грците.7
Во 1832 год. се појавила книгата на Лудвиг Флате "Историја на Македонија и на државите покорени од македонските цареви". Во својот труд8 Лудвиг Флате го критикува Отфрид Милер за неговата теза дека древните Македонци не се од грчко потекло
__________________________________________________________
7 А.С.Шофман, История античной Македонии, Казан 1960, стр. 6.
8 Исто, стр. 6-7.
и по секоја цена се обидува да докаже дека древните Македонци биле сродно на Грците племе т.е. дека тие биле од грчко потекло. Во полза на тезата на Л. Флате се изјаснува и О. Абел во својата книга "Македонија пред царот Филип", во која се обидува да го докаже наводното грчко потекло на древните Македонци. Малку подоцна се појавуваат трудовите на Т. Дездевиз ди Дезер "Древна географија на Македонија" (1863 год.) и тој на Жириен ди ла Гравиер "Распаѓањето на Империјата" (1884 год.). Во наше време за Македонија и древните Македонци пишуваат францускиот историчар академикот Пол Клоше и повеќе советски научници, меѓу кои посебно место зазема А. С. Шофман. Меѓу бугарските научници проблемот на древна Македонија, со свои трудови, се обидувале да го разјаснат Г. Кацаров, В. Бешевлиев, Ценов и др., додека од грчка страна во 1954 год. е објавено пропагандното издание на Жан Калерис "Древните Македонци", во кое авторот се обидува да докаже дека старо-Македонците се "чисти Грци"9 и дека древните Македонци не се ништо друго освен "древни Грци". Во овој случај посебно интересно е тоа што бугарските и грчките историчари, во врска со етничкото потекло на древните Македонци, застапуваат потполно спротивни гледишта. Едните го одречуваат т.н. грчко потекло на Македонците, додека другите од петни жили се трудат да докажат дека древните Македонци етнички се поврзани со античките Грци и дури дека тие биле "чисти Грци". И едните, и другите, меѓутоа, ја исклучуваат можноста древните Македонци да биле едноставно само Македонци. Повеќето бугарски истражувачи само ја отфрлаат можноста помеѓу древните Македонци и античките Грци да има каква било етничка врска. Г. Кацаров, во некои свои студии, тврди дека старите Македонци се од илирско потекло, Ценов мисли дека Македонците биле во крвна врска со Тракијците, додека В. Бешевлиев, во својата книга "Кон прашањето за народноста на старите Македонци" (1939), правејки историско-филолошка анализа на некои древни известувања за јазикот и битот на старо-Македонците, категорички ја отфрла тезата за нивното грчко етничко потекло. Се разбира, има и такви бугарски "научници", кои тврдат дека древните Македонци се "Бугари", независно од тоа што Бугарите дошле на Балканскиот полуостров дури во седмиот век по Рожденство Христово. Така, бугарскиот
_________________________
9 Исто, стр. 21-23.
|
Homer MakeDonski |
"историчар" Иван Коларов во предговорот кон својата книга "Македонија и бугарското племе" изјавува дека во својот труд тој ги проучува "борбите, величието, падането и ставането на българското племе от Александра Великий до днес".10
За древната историја на Македонија е пишувано многу. Повеќе историчари, археолози, етнолози и др. го посветувале целиот свој живот на проучувањето на историјата на древните Македонци и на животот на нивните најистакнати претставници, меѓутоа, ниту еден истражувач досега (нам таков случај не ни е познат) не го проучувал прашањето за етничкото потекло на древните Македонци од гледна точка на Библијата. Тоа е навистина зачудувачки факт, бидејќи Библијата претставува вистинска ризница од историски факти; затоа што во неа ние ги наоѓаме најраните историски податоци за многу народи, меѓу кои видно место зазема и македонскиот. Уште на самиот почеток од Библијата, во таканаречената Родословна таблица на народите (1Мој., 10 глава), среќаваме известување за Македонците, што упатува на тоа дека уште во најдлабока древност Македонците биле познати како посебен етнос.
Етнографската таблица, содржана во десеттата глава на книгата Битие, е најдревниот, најдрагоцениот и најпотполниот документ што ја отсликува етничката поделба на народите во светот на длабоката древност.11 Таа и ден-денес претставува главна потпора на сите етнографски истражувања на древниот свет и тоа не само за научниците што ја признаваат Библијата, туку и за оние што ја одречуваат.
Старата поделба на народите, врз основа на Библијата, на три етнички групи, според тројцата Ноеви синови Сим, Хам, и Јафет и денес лежи во основата на општата етнографија. Кон Семитите односно семитските народи, потомци на Сим, припаѓаат Асирците, Арамејците, Феничаните и некои арапски племиња, некои од коишто се зачувале до денес како Феласите, Бедуините и др. Кон потомците на Хам спаѓаат Етиопјаните, Египќаните, жителите на Сева кај Црвеното Море и др. Кон Јафетитите припаѓаат разните североариски и индо-германски народи. Јудејската
________________________________
10 Иван Коларов, Македония и българското племе, София, 1932 год.
11 Ф. Вигуру, Руководство к чтенію и изученію Библии. Ветхий Заветь, т. 1, Москва 1897, стр. 459.
традиција набројува 70 народи: од Јафет - 14, од Хам - 30 и од Сим - 26. Црковните отци, исто така, зборуваат за 70 народи и јазици.
Родословната таблица од десеттата глава на книгата Битие е најдревниот етнографски документ, затоа што потекнувајќи од времето на Мојсеј (ХII-ХІІІ в. пр. Хр.), таа нуди податоци за народите што ја населувале нашата планета од уште подревни времиња. Мојсеј, по секоја веројатност, ја составил Етнографската таблица врз основа на постари записи, забележани од Евреите во текот на нивното многувековно постоење и кои, по се изгледа, Авраам ги донел од Халдеја. Оваа претпоставка наоѓа поткрепа и во фактот што во Родословната таблица како центар на светот и целокупното човештво не се смета Египет, ниту Палестина, туку Халдеја со градот Вавилон. Во неа, на пример, се зборува за градови, кои биле во својот расцут и кои во времето на Мојсеј веќе ја изгубиле својата сила и моќ. Сево ова не тера да мислиме дека Етнографската таблица потекнува од предмојсеевскиот период и дека Мојсеј само ја прередактирал и ја приклучил кон првата библиска книга Битие.
Етнографската таблица од книгата Битие е посебно драгоцена и поради фактот што досега не е пронајден друг сличен споменик што ја разгледува етнографијата на древниот свет. Од овој автентичен писмен споменик научниците-етнолози можат обилно да користат податоци за потеклото и родовските врски помеѓу најдревните народи, кои ја населувале земјата. Се разбира, во Родословната таблица научниците ќе најдат податоци за народите, кои ги населувале трите главни континенти - Европа, Азија и Африка, без народите, кои живееле на Далечниот Исток, Австралија и Америка, кои, најверојатно му биле непознати на древниот писател, или пак, иако знаел за нив, сепак се задоволил да ги спомне во Родословната таблица само најпознатите во древноста народи, кои древниот Евреин, по секоја цена, требало да ги познава.
Разгледувајќи го прашањето во колкава мера Родословната таблица ги опфаќа во својата содржина народите на античкиот свет, редно е да се запрашаме дали имињата цитирани во таблицата се имиња само на одделни личности или пак се среќаваат меѓу нив и имиња на народи, земји, градови и сл., веднаш мораме да истакнеме дека поголем е бројот на оние проучувачи на Родословната таблица, кои се на мислење дека
повеќето од цитираните имиња претставуваат називи на народи и само незначителен дел од нив се имиња на земји, на градови и најмногу имиња на патријарси, од кои се изведуваат одделни етнички групи. Тука, на пример, ги среќаваме имињата на Ное, на неговите синови и внуци, а исто така, имињата на други библиски личности, како Нимрод, Фалек, Јоктан и др.; имиња на земји: Мицраим (Египет), Офир, Уц, Хуш (Етиопија), Ханан и др.; имиња на градови: Тарсис, Сидон, Узал, и др.12; Арфаксад - тесно парче земја; Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Тувал, Мешех, Тирас, Аскеназ, Рифат, Тогарма, Елиса, Китим, Асур - народи; Лудим, Анамим, Легавим, Навтухим, Патрусим, Каслухим -колективни бројни именки итн.
Како што се гледа, редум со имињата на Ное и неговите синови и внуци и сл., во Родословната таблица се именуваат и народите, кои потекнуваат од нив. Ова мислење се потврдува од фактот што многу од имињата спомнати во таблицата се во множина, што од своја страна покажува, дека станува збор не за одделни личности, туку за цели народи. Што се однесува пак до глаголот ****,eyevvhsev, genuit(1 Мој. 10:8,13,15), според Вигуру, во времето кога била составена Родословната таблица, тој, најверојатно, се употребувал не само во буквална смисла "раѓа", туку имал и пошироко значење -"потекнува". Ако пак сакаме да го откриеме името на прародителот од којшто потекнувал даден народ, потребно е само да го отфрлиме суфиксот за означување на множина (-им) и ќе го добиеме името на соодветниот прародител.13
Сите научници се согласуваат со едно, а тоа е дека во Родословната таблица од десеттата глава на книгата Битие, библискиот автор ни ги соопштува имињата на народите, кои во тоа време постоеле, и кои им биле познати на Евреите. По сё изгледа, во времето кога живеел авторот на првата библиска книга, или поточно кога била составена Родословната таблица, постоело народно предание дека сите народи потекнуваат од Ное преку неговите синови Сим, Хам и Јафет, поради што библискиот автор, или поконкретно првоавторот на Родословната
_________________________________________
12 Во случаите кога македонскиот превод на Библијата премногу се оддалечил од изворните називи, ги употребуваме имињата онака како што тие фигурираат во еврејскиот оригинал.
13 Ф. Вигуру, Цит. д., стр. 464.
http://mitglied.lycos.de/homermakedonski/str.28.jpg
|
Homer MakeDonski |
таблица, кој, најверојатно, бил Евреин, се повлијал од тоа предание и го ставил во основата на својата Родословна таблица. Имајќи го во предвид, притоа, и духот на Стариот Завет, сё да се изведува од Евреите како богоизбран народ, овој факт е сосем лесно објаснив.
Драгоценото во Родословната таблица е тоа што во неа се наброени имињата на народи, кои постоеле во едно така оддалечено од нас време т.е околу Х#1140;-ХІІІ в. пред Христа. Имено, во тоа време го поставуваат составувањето на Родословната таблица скоро сите проучувачи на Библијата. Само неколку научници го посочуваат осмиот век како најдоцнежен период, во текот на којшто би можела да се појави Родословната таблица. Притоа, основна цел на проучувачот на десеттата глава од книгата Битие е да открие кој народ го имал предвид авторот на Родословната таблица кога споменува дадено име и каде живеел тој народ во тоа време.
Со тоа, дека во Родословната таблица се спомнати имиња на древни народи, кои навистина постоеле, се согласува и истакнатиот руски историчар А. П. Смирнов. Во својата книга "Скифы" тој пишува: "Родословната таблица на народите, во вистинска смисла, претставува обид за систематизација на народите, познати во времето кога била пишувана Библијата"14. Според него, оваа таблица претставува исклучителен етнографски документ, не само поради својата древност, туку и поради исцрпноста на својата содржина, со обилните податоци, што авторот на книгата Битие ги дава за потеклото и местото на живеење на најдревните народи, кои ја населувале земјата. Судејќи по богатата содржина на Родословната таблица, ние со сигурност можеме да тврдиме дека авторот на книгата Битие поседувал историски, географски и етнографски знаења, коишто не можеме да ги најдеме кај ниту еден историчар, географ, етнограф или филозоф на древноста. Редум со податоците за етничкото потекло на народите спомнати во Родословната таблица, тука наоѓаме, исто така, податоци за географската местоположба на истите народи; така, според Етнографската таблица, Јафетитите ги населувале северните брегови на Црното Море и на Каспиското Море и најмногу северните брегови на Средоземното Море,
________________________
14А. П. Смирнов, Скифы, Москва 1966, стр. 29.
почнувајќи од Босфорот па сё до Гибралтар. Ова сфаќање го потврдува Филастриј, епископ Бресчијански, во неговата книга за ересите, напишана околу 386-391 год. по Христа. Во овој свој труд епископот Филастриј, меѓу другото, одбележува дека народите што потекнале од третиот Ноев син Јафет, ги населувале земјите од Босфорот до Италија и воопшто земјите на Запад,15 Хамитите ги населувале Северна Африка и Арабија, а Семитите - Месопотамија и околните й области.
Како што веќе рековме, во Родословната таблица народите се делат на одделни групи, при што како родоначалник на секоја од нив се јавува некој од потомцитс на Ное, преку еден од тројцата негови синови. При дефинирањето на тие етнички групи, авторот го имал во предвид нивното физичко сродство, или како што сам се изразува "според родот свој", потоа јазичното сродство - "секој според јазикот свој", географската блискост - "во земјите нивни" и етничките белези - "секој според ... народот свој" (1 Мој. 10,5). Од наведеното јасно може да се види дека во Родословната таблица има една исклучително прецизна класификација на древните народи, при што при поделбата на тие народи на групи авторот на овој драгоцен етнографски документ, се раководел од генетската, географската и јазичната врска меѓу тие народи.
Имајќи го предвид фактот дека Македонците се вбројуваат меѓу најдревните народи на светот, сосем е логично да се запрашаме дали тие се спомнати во Родословната таблица на народите и ако се спомнати, под кое име тие фигурираат во неа. Во таа насока ние тука ќе изнесеме извесни сознанија, кои ќе бидат поткрепени со библиски и вонбиблиски аргументи. Имено, на проучувачите на Библијата им е познато дека во Првата книга на Макавеите се вели дека Александар Македонски излегол од земјата Китим,16 потоа за некои кралеви од македонската царска династија се вели дека тие се китиски кралеви и сл., а исто така, ним им е познато дека етнографско-
_______________________--
15 В. В. Латышевъ, Известія древнихъ писателей греческихъ и латинскихъ о Скифіи и Кавказе, Т. 1-2, Санктпетербургъ 1906, стр. 362.
І6 Во македонскиот превод на Библијата стои "од земјата Хетејска", додека во бугарскиот синодален превод стои "из земя Китим" (1 Мак. 1,1). Во врска со овој проблем види повеќе податоци во поглавјето "Библијата за Александар Македонски и неговите наследници".
|
Homer MakeDonski |
географскиот назив "Китим" се јавува и во текстот на Родословната таблица. Сево ова ни дава за право да ја искажеме претпоставката дека со староеврејскиот збор **** (kitioi 17, cetthim, китіистій) во десеттата глава од книгата Битие се означени, имено Македонците. Китим се изведува од Јафет преку Јаван(1 Мој. 10,4). Притоа, мора да се одбележи дека во Родословната таблица одделните народи се именуваат како синови (бене) односно како родени и тоа на прв поглед буди некоја недоумица, меѓутоа, ако се има предвид дека глаголот "јалад"-раѓа ***) во древните времиња се употребувал и во пошироката смисла "потекнува", а зборот "бене" - синови (****) го имал и значењето "потомок", "поколение", не е тешко да се разбере вистинската смисла на односната синтагма, а имено, дека соодветниот народ потекнува т.е. дека припадниците кон тој народ се потомци на Сим, Хам или Јафет. Македонците, како што веќе рековме, се вбројуваат кон народите Јафетити. Освен Македонците (Китим), како потомци на Јафет преку Јаван се споменуваат, исто така, Елиса (Грци)18, Тарсис (Шпанци)19 и Доданим (жителите на островот Родос и соседниот на него малоазиски брег)20. Според редоследот на спомнувањето, Китим е ставен на трето место - по Елиса и Тарсис, но пред Доданим.
Постои голема веројатност етнографско-географскиот термин "Китим" првобитно да звучел "Скитим", но бидејќи Семитите тешко можат да изговорат две согласки во почетокот на зборот, затоа почетната согласка од основата на зборот отпаднала и така останало само зборчето "Кит", кон кое Евреите го додале суфиксот за множина "-им", со кој кај нив се прават и термините за означување на одделните народи. Размислувајќи во таа насока, можеби нема да бидеме далеку од вистината ако заклучиме
_____________________________________
17 Kodex Alexandrinos- "khtioi".
18Сп. 1 Мак. 6,2 - "e'llhoi". Оттаму "Елин", "Елада".
19Сп. Псал. 47,7; 71,10. Градот Тарсис е основан од Феничаните во длабока древност. Уништен е пред 2.500 години. Се наоѓал на бреговите на Јужна Шпанија и бил престолнина на истоимено царство. Во 1905 год. проф. Адолф Шултен ги открива остатоците на градот. Во тоа му помогнале описите на Апијан за опсадата на Нумантија од Публиј Корнелиј Скипио во 133 год. во книгата му "Иберика".
20Сп. 1 Мој. 10,4 и 1 Лет. 1,7. Ѕ. и во двата случаја дава 'rodoi , а Vulg.. -Dodanim.
http://mitglied.lycos.de/homermakedonski/str.31.jpg
дека во извесен период на длабоката древност Македонија била означувана со името Скитија, додека жителите што ја населувале Македонија во етничка смисла се третирале како Скити. Во прилог на оваа претпоставка говори древното верување дека секој народ потекнува од еден прародител. Така, Елините потекнуваат од прародител по име "Ellhv (сп. "Ellhoi), Јонците - од "Ywves, Ахајците - од Axaios итн. Херодот вели дека татко на Скитите е Skithhs (сп. Скитим). Тирзенејците, според него, потекнуваат од Тугѕеnоѕ, а Дарданците - од Dardanos (Xep. И,94). Исто сфаќање односно потеклото на народите гледаме и во Родословната таблица на десеттата глава од книгата Битие. Тргнувајќи од своето сфаќање дека секој народ потекнува од еден прародител преку размножување, авторот на Родословната таблица го додава кон името на тој прародител суфиксот за множина "-им" и така го добива името на народот што потекнал од соодветниот прародител. Оттука логично е да претпоставиме дека од прародител по име "Кит" односно "Скит" е добиено името на народот што потекнал од него - "Китим", кое име подоцна почнало да се употребува и за земјата што била населувана од "Китимците". Таквото пренесување на името на прародителот-патријарх врз целиот народ што потекнал од него, а оттаму и врз земјата што била населена од тој народ, мошне често се среќава во Библијата. Така, Јаков, прародителот на Евреите, бил наречен Израил (1 Мој. 32,28; 35,10; 1 Лет. 1,34; 2,1; 4 Цар. 17,34), поради што и неговите потомци го носат името Израилтјани односно Израелци. Во Библијата еврејскиот народ се нарекува директно Израил (1 Лет. 11,2), а земјата, во којашто живеат Евреите, и денес го носи името Израел. Исав бил наречен Едом (1 Мој. 25,30), а подоцна и областа, во којашто живееле неговите потомци, го добила истото име (1 Мој. 32,3; 4 Мој. 20,18; 1 Лет. 1,43). Од Енак (4 Мој. 13,23; 13,29; 13,34; Исус 14,12) потекнале Енакимците21 (Исус 11,21-22). Во древнина Персија била нарекувана Елам, според името на еден од синовите на Сим, којшто се смета за родоначалник на Персијците (1 Мој. 10,22; 14,1). Потомците на Офир (1 Мој.
21Во македонскиот превод стои Енакијци. Во староеврејскиот оригинал фигурира зборот Anakim со иницијален Ain и Hatef patah под него, поради што мислиме дека поблизок до оригиналот и поправилен е етнонимот Енакимци.
|
Homer MakeDonski |
10,29), еден од синовите на Јоктан, се населиле на еден полуостров во Јужна Арабија, поради што тој полуостров потоа го добил името Офир (3 Цар. 9,28; 10,11). Во древноста било прочуено офирското злато, за коешто во Библијата често се зборува. Овде, секако, треба да го одбележиме и тоа дека Евреите, кога зборуваат за родословното дрво на дадена личност, семејство или народ, секогаш ги наведуваат само претците од машка страна. Така, на пример, во Родословната таблица се зборува за Ное, за неговите синови и внуци, но ништо не се кажува за нивната женска челад. Co истата ситуација се среќаваме и во Новиот Завет, кога се зборува за родословието на Исус Христос.
Постојат повеќе библиски и вонбиблиски докази дека називот "Китим" во Библијата е употребуван за означување на територијата на древна Македонија и на нејзиното население и ние, поважните од нив, во понатамошниот текст на овој труд, ќе ги наведеме. Буди недоумение, меѓутоа, што и покрај тоа, некои проучувачи на библискиот текст, десеттата глава од Првата Мојсиева книга ја толкуваат сосем превратно. Проф. Иван Марковски, на пример, ја толкува Родословната таблица на овој начин: кон Јафетитите, според него, спаѓаат ермено-малоазиските народи, кои во Родословната таблица се означени со името Гомер; со името Магог се означени Скитите, Мадај -Мидијците, Јаван - Јонци и воопшто Грци, Елиса - Сицилијанци и долно-Италијанци, Тарсис - Шпанци, Китим - Кипар и неговите жители, Доданим - жителите што ја населувале областа кај древниот град Троја, Тувал - жителите на Понт кај Црното Mope, Мешех - име на древна Кападокија22.
Во толкованието на проф. Марковски постојат, навистина, премногу неотпорности. Тешко е, на пример, да се сфати врз основа на какви податоци: историски, библиски, јазички, археолошки итн. почитуваниот автор го изедначува Магог со Скитите. Co ова негово мислење не се согласува дури и неговиот наследник на Софискиот Богословски факултет проф. Б. Пиперов, кој смета дека во Родословната таблица Скитите фигурираат под името Аскеназ (****). Тој е на мислење дека почетната самогласка во **** е поставена заради благозвучие, произволно го менува нун (*) во вав (*) и така го добива зборот ****
________________________
22Проф. Ив. Марковски, Мирогледът на ветхозаветния човек. - Годишник на Софийския университет, Богословски факултет, 1929-1930, стр. 27.
http://mitglied.lycos.de/homermakedonski/str.33.jpg |
Homer MakeDonski |
(Ашкуз односно Аскуз), коешто, според него, личело на грчкото Skuthhs.
Bo споменатата погоре студија проф. Иван Марковски, исто така, тврди дека под Јаван треба да ги идентификуваме Грците, а под Елиса - Сицилијанците и долно-Италијанците. Проф. Марковски, меѓутоа, заборава дека во 1 Мој. 10,4 кон Јаван се однесуваат Елиса, Тарис, Китим и Доданим, поради што, ако се раководиме од неговото толкување, треба да заклучиме дека сицилијанците и јужните Италијанци биле Грци. Освен тоа, нам ни е познато дека во Библијата со Елиса секогаш се означуваат Грците, а не жителите на Сицилија и Јужна Италија. Доволно е само да ја цитираме 1 Мак. 6,2, за да се убедиме во неоснованоста на тврдењето дека со Елиса во Библијата се означени сицилијанци и долно-Италијанци.Еве го буквалниот текст на овој стих:"kai to iepov ev auih :Plousiov sfodra,kai ekei kalummaia hpusa kai thwakes opla,a kaielipev ekei'Alezavdpos o tou Filippou o Basileus o makedwn,os eBasileusev prwios ev iois ellhoi ". Овде ќе го наведеме соодветниот стих од Првата книга на Макавеите според бугарското синодално издание на Библијата од 1925 год., бидејќи преводот е вршен врз основа на оригналниот текст: "И в него храм твьрде богат, и че там има златни покривки, брони и орьжия, оставени от Александьр, син на Филип, македонски цар, които прьв се вьзцари над елините". Во црковнословенскиот текст на Библијата на местото на грчкиот збор ellhsi стои зборот ELINHЬ'ХЬ, со што на недвосмислен начин се потврдува дека со спомнатиот збор се означуваат Грците23.
Што се однесува до терминот Китим, проф. Иван Марковски го застапува мислењето дека со тој збор во Библијата се означуваат Кипар и неговите жители. На исто мислење се, исто така, Гезениус, Кнобел и Пиперов, додека големиот познавач на Библијата и воопшто на древноста Бохарт категорички тврди дека во Библијата со Китим се означуваат Македонија и населението што живеело на таа територија. Проф. Б. Пиперов мисли дека "Китим" во Родословната таблица се наречени жителите на градот Китион, којшто се наоѓал на островот
23Јеремијас врз основа на Дан. 11,30 мисли дека Сицилија и Јужна Италија во Библијата го носат името Китим, додека во македонскиот превод на Библијата зборот ellhoi сосем произволно е протолкуван како Египет.
http://mitglied.lycos.de/homermakedonski/str.34.jpg
Кипар, а потоа ова име почнало да се употребува за именување на целиот остров. Ова тврдење на Б. Пиперов, меѓутоа, е неприфатливо поради следниве причини: 1. Градот што се наоѓал на островот Кипар не се викал Китион, туку Килтион24. Град со име Китион25 во длабоката древност постоел, но тој се наоѓал во Македонија, некаде помеѓу градот Пела и планината Бермиј. He e исклучено, овој древен град да бил една од првите македонски населби на Балканот, а можеби и прва македонска престолнина, уште пред Еге; 2. Во Родословната таблица Китим се вбројува кон потомците на Јаван т.е. кон народите Јафетити, а познато е дека кипарскиот град Килтион бил основан и заселен од Филистејците (Јер. 47,4), кои се од египетско потекло26. Во таков случај, ако во Библијата со "Китим" се означени жителите на кипарскиот град Килтион, тогаш Китимците во Родословната таблица би требало да бидат приклучени кон родословието на Хам.
Всушност во Библијата островот Кипар се именува Кафтор, а неговите жители - "Кафторим". Кафторим се изведува од Хам преку Мицраим (Египќаните) и Каслухим. Еве што читаме во 1. Мој. 10,13-14: "Од Мицраим произлегоа Лудим, Анамим, Легавим и Нафтухим; Патрусим и Каслухим, од кои водат потекло Пелиштим и Кафторим"27. Во книгата на пророкот Јеремија
____________
24Полный православный богословский энциклопедический словарь, т.1, Спб 1913, стр. 1278.
25Большая советская знциклопедия, т, 26, второе издание, Москва 1954, стр. 99 (карта на античка Македонија).
Освен град со име Китион, во Македонија постоела и планина по име Китос. Ксенофонт (440-355 год. пр Хр.) во своето дело "Kuvhyeikos" ("За ловот", XI,1) пишува: "Лавови, пардели, рисови, пантери, мечки и други такви ѕверови се ловат во туѓи земји: околу планината Пангеј и Китос, што е над Мигдонија".
26Р#1123;чникъ на святото писаше, Цариградъ 1884, стр. 526. 27Стиховите се преведени директно од еврејскиот текст на Библијата, бидејќи називите во македонскиот превод премногу се оддалечиле од изворните термини. Тоа посебно важи за староеврејскиот збор ****, кој ја добил формата Хасмејци. Недоследности има и кај "помакедончувањето" на еврејските називи **** (Кафторим) односно **** (Кафтор). Еврејското "Кафторим" во 1 Мој. 10,14 е преведено со "Гафторејци", во 5 Мој. 2,23 - со "Кападокијци", а во 1 Лет. 1,12 - со "Кафторими".3а евр. "Кафтор" во 5 Moj. 2,23 се употребува геофрафскиот назив "Кападокија", но затоа пак во Јер. 47,4 се употребува оригиналното "Кафтор".
http://mitglied.lycos.de/homermakedonski/str.35.jpg |
Homer MakeDonski |
47,4 читаме: "... Господ ќе ги разори Филистејците, остатокот од островот Кафтор "(Види исто 5 Мој. 2,23, 1 Лет. 1,12). Тврдењето на некои истражувачи дека библискиот остров Кафтор е островот Крит е потполно неприфатливо, бидејки етнонимот Критјани се употребува во текстот на Библијата. Така, во книгата на пророкот Језекиил 25,16 го читаме следново: "Така вели Господ Бог - еве, ќе ја протегнам раката Своја над Филистејците, ќе ги истребам оние од Крит (****),krhias ) и ќе го уништам нивниот остаток покрај морскиот брег". За Крит зборува и Конон, којшто живеел во првиот век пред Христа, во своите раскази за Архелај од Кападокија.
Најверојатно Гезениус, Кнобел, Марковски и Пиперов попаднале под влијание на Јосиф Флавиј, којшто пишува (Antiqq. 1,6,1) дека под Китим во Библијата требало да се разбира Кипар, бидејки таму имало град со име Китион28, кој, како што веќе видовме, не е Китион, туку Килтион. He e прифатливо, исто така, тврдењето на Епифаниј (+403 год. по Хр.) дека името Китим во древнина се употребувало за Кипарците и Родосците, а исто така, и за Македонците, бидејки тие биле од кипарско или од родоско потекло . Јеремијас, пак, во својот труд "Das alte testament"29 оди уште подалеку, тврдејќи, врз основа на Дан. 11,30, дека под Китим треба да се разбира Јужна Италија и Сицилија30.
Ако го прифатиме мислењето на Јосиф Флавиј и на оние што се согласуваат со него, дека под името Китим во Библијата треба да се разбира островот Кипар, ние ќе се сретнеме со повеќе тешкотии во врска со толкувањето на извесни делови од библискиот текст. Така, на пример, ние ќе бидеме во големо недоумие, кога ќе го читаме првиот стих од Првата Макавејска книга, кој гласи: "Откако Александар, син на Филип, Македонецот,
__________
28А. П. Лопухин, Библейская исторія. Ветхи Завет, Санктпетербург 1889, стр. 196.
30Дан. 11,30 - во евр. текст стои ****' а во Septuaginta - "'Rwmaioi."
http://mitglied.lycos.de/homermakedonski/str.36.jpg
излезе од земјата Китим (****) kitioi , КИТІЙСТIЙ)31, и мидиски32,
и се зацари наместо него во Елада ...". Ако се согласиме со тоа дека во Библијата со
географско-етнографскиот назив Китим33 се означува Кипар,
тогаш сосем нормално би било да заклучиме дека Александар
Македонски бил цар на Кипар, а не на Македонија, со што,
верувам, би го насмеале и најнеупатениот читател. Ако пак
претпоставиме дека Александар Македонски, како цар на
Македонија, првин го завладеал Кипар и потоа, користејки го
островот како појдовна точка на своите воени дејства, "го
разбил Дариј, царот персиски и мидиски и се зацарил наместо
него во Елада", ќе се сретнеме со други историски и логички
несообразности: 1. Историјата сведочи дека Александар
Македонски, по смртта на татка си Филип Втори Македонски,
дефинитивно ги покорил Грците, напаѓајќи ги од територијата
на Македонија 2. Александар го разбил персискиот цар Дариј
кај реката Граник, поминувајќи од Македонија преку Тракија и
Протоците во Мала Азија 3. Логички несообразно е да прифатиме
дека Александар Македонски првин го презел Кипар и оттаму,
по море, ја нападнал Грција (Елада) и ја покорил, бидејки
Грција е земја која граничи со Македонија, така што многу
полесно било да се нападне од копно одошто од море 4. Во
Прва книга Макавејска се среќава и името "Кипар" (15,23), a
него го среќаваме, исто така, во Втора книга Макавејска (4,29;
10,13; 12,2), поради што е мошне тешко да се согласиме дека во
една книга, пишувана од еден автор, една и иста земја може да
носи две различни имиња: Китим и Кипар.
_____________
31Во македонскиот превод на Библијата наместо "од земјата Китим" стои "од
земјата Хетејска". Мораме, меѓутоа, да истакнеме дека Хетејците (****) ,
асир. chatti, егип. cheta) биле хананско племе и го воделе своето потекло од
Хет, еден од потомците на Хам. Се споменуваат на повеќе места во текстот
на Библијата (1 Мој. 15,20; 2 Мој. 3,8; Исус 3,10 и др.) заедно со други
древни народи, кои живееле во Палестина или во околните и области.
Според Тел-Амарненските писма (14 в. пр. Хр.) Хетејците дошле откај
Сирија и постепено навлегувале кон југозапад во насока на Палестина (Сп.
Р#1123;чникъ на свято-то писаше, Цариградъ 1884, стр. 539; Ив. С. Марковски,
Библейска археология, София 1948, стр. 80; Николай Шиваров, Библейска
археология, София 1992, стр. 120.
32Во бугарското синодално издание на Библијата од 1925 - "индиски".
33Во бугарското синодално издание на Библијата од 1925 год., исто така, се
употребува називот "земя Китим" (1 Мак. 1,1), а не "земја хетејска" како
што е во македонскиот превод.
http://mitglied.lycos.de/homermakedonski/str.37.jpg |
Homer MakeDonski |
Што се однесува до мислењето на Епифаниј дека заедно со Кипарците со името Китим во Библијата биле означувани, исто така, и жителите на островот Родос, мораме да истакнеме дека ова мислење се демантира од самата Родословна таблица, каде што Родос и неговите жители се спомнуваат веднаш по Китим. Тука Родос и Родосци го носат името Доданим. Дека со терминот "Доданим" се означени Родос и неговите жители се согласуваат скоро сите проучувачи на Библијата, вклучувајки го и Лопухин. Сите тие се на мислење дека првобитно зборот гласел "Роданим", но подоцна, можеби случајна грешка на препишувачите на библискиот текст го променила "Роданим" во "Доданим". Во прилог на оваа претпоставка зборува и фактот дека во 1 Мој. 10,4 и 1 Лет. 1,7 Septuaginta дава "s Rodioi", a Vulgata - "Dodanim", додека во Самаританското петокнижие 1 Мој. 10,4, исто така, дава "Rodanim". Мислењето, пак, на Јеремијас дека библискиот Китим ги означува Сицилија и Јужна Италија е крајно тенденциозно, затоа што авторот на "Das Alte testament" ги пренебрегнува сите други преводи на еврејскиот збор(****) и само врз основа на Дан. 11,30, каде што во Sept. тој збор е преведен со "'Pwmaioi", ја гради својата теорија дека Китим во Библијата означува Сицилија и Јужна Италија. Нему како да не му е познато дека освен во Дан. 11,30 зборот (****)се среќава на уште седум места во Светото Писмо на Стариот Завет (1 Мој. 10,4; 4 Мој. 24,24; 1 Лет. 1,7; Ис. 23,1; 23,12; Јер. 2,10; Јез. 27,6) и во сите тие случаи (****), во зависност од контекстот, се преведува во Sept. со kitioi (1 Мој. 10,4; 1 Лет. 1,7), kitiaiwv (4 Мој. 24,24; Ис. 23,1),kitieis (Ис. 23,12),xetthm (Јер. 2,10) и xettiiv (Јез. 27,6)34, меѓутоа, ова, сепак, не му попречило на овој автор да го идентификува библискиот Китим со Сицилија и Јужна Италија.
Мораме да признаеме дека преведувањето на еврејскиот збор (****) во Дан. 11,30 со грчкиот збор Pwmaioi во Sept. e мошне загадочно, особено ако се има предвид дека во преводот на Теодотион (Theodotion) на истото место стои kitioi. Сосем логично е да се верува дека заменувањето на еврејскиот збор со грчкиот "Pwmaioi од страна на Седумдесетмината
34Во македонскиот превод на Библијата на местото на евр. (****) стојат или именките Китим (1 Мој. 10,4), Хетим (1 Лет. 1,7), Китин (Ис. 23,12), или придавките китиски (4 Мој. 24,24), китијска (Ис. 23,1), хистимските (Јер. 2,10), китимските (Јез. 27,6).
http://mitglied.lycos.de/homermakedonski/str.38.jpg
преведувачи е плод на политичката ситуација во Египет во
времето кога било преведувано Светото Писмо на Стариот
Завет од еврејски на грчки јазик. Во Книгата на пророкот
Даниил 11,30 фактички на алегоричен начин се зборува за
Александар Македонски и за неговото царство, но бидејки во
времето кога биле преведувани старозаветните библиски книги
на грчки јазик (III в. пр. Хр.) Александар Македонски и моќната
македонска империја веке биле минато, при што на многумина
им било повеќе од јасно дека некои од претскажувањата за
него во Библијата, особено оние во единаесеттата глава од
Книгата на пророкот Даниил, не се оствариле, поради што
преведувачите протолкувале дека во единаесеттата глава на
Данииловата книга не се претскажува за Александар Македонски,
туку за Римјаните и за нивното царство. Тоа од своја страна ги
натерало еврејскиот збор (****) да го преведат соPwmaioi , a
не со kitioi, како што е во преводот на Теодотион. Освен тоа,
во времето кога Библијата била преведувана на грчки јазик,
римската држава веќе била доста силна; нејзините легиони во
секој момент биле во состојба да ја нападнат и да ја покорат
секоја земја, вклучувајки го и Египет, под чија власт се наоѓала
Палестина. На секој истражувач, притоа, му е јасно дека многу
историски вести често се толкуваат во зависност од политичката
ситуација во соодветната земја; така се случило и со единаесеттата
глава од Книгата на пророкот Даниил. Во неа во вид на
пророштво се зборува за настани, коишто ќе се случат во
иднина. Главни личности во тие историски збиднувања се
"северниот цар" и "јужниот цар", поради што политички поволно
било да се смета дека "северниот цар" е римскиот император,
а "јужниот цар" е царот на Египет. Ако пак се има предвид и
тоа дека преводот на старозаветниот библиски текст се правел
на барање од египетскиот цар со македонско потекло Птоломеј
Втори Филаделф, потполно јасно станува зошто Седумдесетмината
го превеле еврејскиот збор (****) со грчкиот "'Rwmaioi".
Секој цар на древноста би бил поласкан од едно такво тврдење
дека за неговото царување се претскажува во книга пишувана
пред повеќе од еден век и тоа по сугестија на натприродна сила.
На овој начин се целело, исто така, да се зголеми будноста на
египетските државници и во исто време да се подигне борбениот
дух на египетскиот народ во целина.
http://mitglied.lycos.de/homermakedonski/str.39.jpg
|
Homer MakeDonski |
Покрај наведените осум места во кои се употребува зборот (****), тој се среќава на уште две места во текстот на Библијата (1 Мак. 1,1 и 1 Мак. 8,5), меѓутоа, еврејскиот оригинал на оваа книга не е зачуван; ние располагаме само со нејзиниот најстар грчки превод. Во 1 Мак. 1,1, каде што се зборува дека Александар Македонски излегол од земјата Китим и го разбил персискиот цар Дариј, зборот "Китим" во грчкиот текст фигурира како "Xettiim", поради што, споредувајки го ова место со Јер. 2,10, каде што во грчкиот текст, исто така, стои "Xettiim", со право можеме да заклучиме дека и во изгубениот еврејски текст на 1 Мак. 1,1 на местото на грчкиот збор "Xettiim" стоел еврејскиот збор (****), онака како што тој е запишан во Јер. 2,10. Слична е ситуацијата и во Јез. 27,6, каде што еврејското (****) е преведено со лексичката варијанта "Xettiin". Што се однесува до замената на иницијалната буква "к" со "х", мораме да истакнеме дека тоа е сосем нормална појава во староеврејскиот правопис и правоговор, затоа што во овие случаи графискиот знак "Каф" се наоѓа по вокали, а познато е дека во староеврејскиот јазик секое "Каф" кое се наоѓало по вокал фонетски било мошне блиско до гласот "х".
Во 1 Мак. 8,5, каде што се зборува како Римјаните ги разбиле во војна "китиските"35 цареви Филип и Персеј, зборот "китиски" е преведен во грчкиот текст со зборот "kitiawv"36. Ha ист начин е преведен овој збор и во грчкиот текст на 4 Мој. 24,24 и Исаија 25,1, при што на истите места во еврејскиот текст стои зборот (****). Од ова следува да заклучиме дека во еврејскиот протограф на 1 Мак. 8,5 зборот "kitiawn", исто така, звучел така, како што него го наоѓаме во 4 Мој. 24,24 и Исаија 25,1, а имено (****). Од наведениот стих станува јасно дека македонските цареви Филип и Персеј се нарекуваат "китиски", што од своја страна покажува дека со зборот Китим во Библијата се означува Македонија, а не Јужна Италија и Сицилија. Во истата глава на Прва книга Макавејска, кога се зборува за Римјаните, тие, во грчкиот текст, се означуваат со терминот "'Rwmaioi".
________________
35Во македонскиот превод, најверојатно, поради печатна грешка стои "кинескиот цар Персеј". Во бугарското синодално издание од 1925 год. читаме - "Филипа и Персея, китийски цар".
36 Kodex Alexandrinos - "khtiaiwn".
http://mitglied.lycos.de/homermakedonski/str.40.jpg
Може со голема веројатност да се претпостави дека називот Китим за Македонија и нејзините жители не бил чисто еврејски термин т.е. термин што бил употребуван само од нив во однос на Македонија и на древните Македонци. Тоа име, по сё изгледа, било употребувано и од другите народи, па, можеби, дури и од самите Македонци. Неумесно е да се претпоставува дека името Китим е чисто еврејски термин само поради еврејскиот суфикс за множина, ниту пак да се смета дека Евреите не биле доволно добро известени за Македонија како прекуморска земја (познато е дека Евреите не биле морепловци) и си изработиле сопствен термин за неа, различен од оној што го употребувале самите Македонци и околните им народи. Авторот на Прва книга Макавејска (8,5), како што веќе рековме , ги споменува "китиските" цареви Филип и Персеј, кои биле победени од Римјаните и нивната земја била покорена од нив, што значи дека Евреите ги знаеле имињата на малку познати македонски цареви, поради што нелогично би било да се мисли дека авторот на оваа библиска книга и неговите читатели (Евреите) не го знаеле името на земјата над којашто царувале овие цареви, онака како што таа била нарекувана од самите нив. По секоја веројатност, не само на авторот на Макавејските книги, туку и воопшто на еврејскиот народ, веќе им било познато поновото име на "Китимската земја" - Македонија, но и покрај тоа авторот на Прва книга Макавејска претпочита да го употреби старото име, придржувајќи се кон традиционалната употреба на терминот Китим во однос на Македонија и древните Македонци во текстот на Библијата.
Од наведените дотука аргументи сосем очевидна станува неубедливоста на тврдењата на некои проучувачи на Библијата дека со зборот Китим во Библијата се именуваат Родос, Јужна Италија и Сицилија и, пред сё, островот Кипар. Најмногу приврзаници на овие три погрешни мненија има мислењето дека во Библијата со името Китим се означува островот Кипар и неговите жители. Меѓутоа, како што видовме, сите библиски факти решително сведочат против оваа хипотеза. И не само библиските факти, туку и сите извесни на историјата и археологијата податоци зборуваат дека меѓу повеќето имиња, што Кипар ги носел во минатото, го нема името Китим. Така, во Тел-Амарненските писма (№ № 33-40, 52, 114), островот Кипар се нарекува Алашија; Египќаните, пак, го нарекувале |
Homer MakeDonski |
Кипар Ирш. Bo победничката химна на Тутмозес Трети Кипар се нарекува Иси. Во XII в. пред Христа ( во времето кога, според повеќе истражувачи на Библијата, била составена Родословната таблица) Кипар бил нарекуван Јаднана или Аднана. Во натписот Прунк, чиешто потекло се однесува кон XII в. пред Христа, читаме: "Од Јаднана, којшто е расположен во средината ка Западното море, (јас ги завладеав), до границите на Египет и Муски, далечниот Амури и земјата Хатти во целата й должина". Мошне интересен е, исто така, и фактот што уште Хомер го употребува името Кипар, додека на него, сё уште, му било непознато името "Македонија". Според Б. Пиперов "името Кипар се појавило во времето на Персијците или малку подоцна"37.
Впрочем, од кажаното дотука станува јасно дека називот "Китим" не може да се однесува на ниту еден од гореспомнатите острови: Кипар, Родос и Сицилија. Библиското име "Китим" може да се однесува единствено на Македонија и на нејзините древни жители. Во корист на тоа сфаќање зборуваат сите библиски податоци: земјата на Александар Македонски се нарекува во Библијата "Китим" (1 Мак. 1,1)38, македонските цареви Филип и Персеј се нарекуваат "китиски"39 (1 Мак. 8,5) итн. Во полза на тоа мислење, меѓутоа, зборуваат не само сите библиски, туку и сите вонбиблиски податоци. Освен во Библијата, на историјата и се познати и други историски и археолошки споменици, во кои Македонија се нарекува "Скитија". Така, околу 505 год. по Христа, кога византиски император бил Анастасиј, настанале големи борби во православната црква, предизвикани од појавата на разни еретички учења. Императорот Анастасиј бил на страната на еретиците, додека Тракиецот Виталијан бил на страната на православните. Еве што пишува за тие историски збиднувања современиот црковен писател Јоан Малала: "Во времето на истиот император (Анастасиј, б.н.) почна да господарува Тракиецот Виталијан ... и ги освои Тракија, Скитија и Мизија дури до Одесос" (Варна, б.н.)40 Повеќе од
_____________________
37Б. Пиперов, Древната етнография, стр. 43.
38Како што веќе рековме, во бугарското синодално издание на Библијата, чиј превод е направен директно од оригиналот, земјата на Александар Македонски е наречена во првиот стих од Првата Макавејска книга "Китим".
39Во македонскиот превод погрешно "кинески".
40Архим. д-р А. Шивачев, Християанството на Балканския полуостров, София 1929 год., стр. 92.
јасно е дека во овој случаЈ црковниот писател ja нарекува со името "Скитија" - територијата на Македонија. Многу векови поминале откако Македонија го изгубила своето најдревно име и еве 500 години по Рождество Христово еден виден црковен писател одново ја нарекува Македонија "Скитија". Како да си го објасниме тоа? Зарем пет векови по Христа Македонија се уште го носела тоа име? He, такво нешто, секако, никој не би можел да тврди. Употребата, од страна на црковниот писател Малала, на старото име на Македонија, наместо нејзиното фактички употребувано во тоа време име, може да се објасни единствено со исклучителната конзервативност на црквата како општествена институција. Ние и денес сме сведоци на една таква употреба на древните имиња во сферата на црковниот живот, наместо новите, денес употребувани имиња. Така, на пример, во Бугарија и ден-денес митрополитот на Русе и Русенската епархија се титулира "Доростоло-Червенски". Доростол е древното име на денешниот град Силистра, додека градот Червен одамна е предмет на археологијата. Постојат епископи со титули: Стобиски (Стоби), Знеполски (Знеполе), Велички (Велица), итн., чиишто титулирања потекнуваат од имиња на градови, кои одамна веќе не постојат.
Има автори кои тврдат дека Скитија била нарекувана Добруџа и ние сме спремни да се согласиме со тоа, бидејќи, како што знаеме, еден дел од древните Скити што ја населувале Македонија (уште пред таа да го добие ова свое име), ја напуштиле својата татковина и заминале на север, населувајќи се и живеејќи подолго време по северните крајбрежја на Црното Mope. Меѓутоа, во случајот за којшто зборува хроничарот Јоан Малала, името Скитија е употребено за именување на територијата на Македонија. Железната логика бара од нас да се согласиме со таа констатација и секое поинакво толкување на спомнатиот текст, ќе не одведе во погрешна насока. Имено, Малала пишува дека Виталијан ги освоил "Тракија, Скитија и Мизија дури до Одесос", поради што од редоследот на наведените земји станува јасно дека освојувачот првин ја покорил Тракија; а ако тоа е така, тој не би можел да ја покори Тракија, па потоа, прескокнувајки ја Мизија да ја заземе Скитија (Добруџа), па дури тогаш да ја освои Мизија, "дури до Одесос". Од сево ова се гледа колку нелогично е тврдењето дека пишувајки за Скитија, црковниот писател Јоан Малала ја имал предвид Добруџа. Ако
|
Homer MakeDonski |
тоа навистина беше така, спомнатата погоре фраза би требало да изгледа сосем поинаку: Мизија треба да го заземе местото на Скитија, Скитија треба да остане последна, а зборот "дури" ќе мораше логички да се поврзе со некој добруџански град, како најдалечна точка на Виталијановото освојување. Освен тоа, ако црковните спорови се одвивале помеѓу епископите на Тракија, Скитија-Добруџа и Мизија, несфатливо за здравиот разум е зошто црковниот собор, чија цел била да се подобрат односите помеѓу скараните епископи, бил одржан во градот Хераклеа41 (во близина на денешна Битола), кој се наоѓал во срцето на Македонија. На историската наука и е познато едно писмо на папата Ормизд, кој, преку своите претставници -епископ Евдокиј и протоѓакон Виталијан, посредувал за зближување на двете спротивставени страни, преку тогашниот византиски император Анастасиј, во коешто папата Ормизд, меѓу другото, го пишува и ова: "Бидејки во Скитските области се појавило некакво сомнение односно православната вера, затоа наше смирение одлучи да се собере многупочитуван собор во Хераклеа, во провинцијата Европа, за да се постигне согласност на душите ..."42. Од писмото на папата Ормизд до императорот Анастасиј станува јасно дека верските недоразбирања и борби се развиле со најголема жестокост во Скитските области и имено затоа таму е свикан црковниот собор. Повеќе од јасно е дека авторот на писмото, папата Ормизд, ги нарекол "Скитски области" териториите во Македонија.
Покрај употребата на името "Скитија" за македонската територија, ние среќаваме, исто така, и употреба на името "Скити" во однос на народот што живеел на територијата на Македонија и тоа значително подоцна од времето кога бил одржан црковниот собор во Хераклеа Линкестиска. Во тоа не уверува византискиот хроничар Теофан, кој, пишувајќи за востанието на Македонците-Струмјани во 930 год., ги нарекува востанатите со името "Скити"43.
_________________
41Според архим. д-р А. Шивачев, уште во најстаро време постоела традиција, според која по изборот на нов цариградски патријарх, на денот на неговата интронизација, истиот го добивал патријаршискиот жезол од рацете на Хераклискиот митрополит, како најстар по апостолска приемственост (види архим. д-р А. Шивачев, Цит. д., стр. 32-37).
42Архим. д-р А. Шивачев, Цит. д., стр. 93.
43Драган Ташковски, Раѓањето на македонската нација, Скопје 1966, стр. 127.
Прашањето за етничкото потекло на древните Македонци, како што веќе рековме, предизвикало големи несогласувања помеѓу научниците. Некои од нив сметаат дека древните Македонци имале грчко потекло како Абел, Белох и Маер; други, пак, тврдат дека тие биле одделен народ, кој етнички, културно и религиозно бил тесно поврзан со античките Грци, како Керет, Момилјано и др. Тарн ја брани теоријата дека древната македонска држава претставувала смеса од разнородни етнички групи - Пелазги, Фриги, Тракијци, Илири, Грци и Македонци. А. С. Шофман е на мислење дека древните Македонци биле тракиско племе44. Такво мислење искажувале, исто така, и некои бугарски историчари, како Цухлев, Ценов и др. Во својата "Историја на бугарската црква" Димитар Цухлев пишува дека Тракијците "го населувале пространството помеѓу западниот Илирик и Дунав" и "биле поделени на две големи етнички групи: западни и источни". Кон западните Тракијци, според Цухлев, припаѓале Македонците и Епиротите, а исто така и Илирите, кои ја населувале територијата на денешна северна Албанија"45.
Бугарскиот историчар и археолог Г. Кацаров, во почетокот на својата научна дејност, бил приврзаник на теоријата за грчкото потекло на древните Македонци. Како главни аргументи во полза на оваа теорија тој ги наведува следниве "историски факти": 1. Некои древни Македонци носеле грчки имиња и 2. старо-Македонците во времето на Филип и Александар Македонски зборувале грчки јазик. Се разбира, ние веднаш мораме да кажеме дека станува збор за навистина сосем плитки "аргументи" со кои се сака да се разјасни едно толку сложено прашање. Да бевме современици на г-н Кацаров, со право ќе го запрашавме: кои бугарски лични имиња се бугарски? И нека сами да си одговориме дека поголемиот број бугарски лични имиња не се бугарски, туку се од грчко потекло. Во поткрепа на ова ќе наведеме само неколку најпопуларни бугарски лични имиња (кои, впрочем, не се само бугарски, туку се општохристијански): 1. Васил - од грчко потекло, со значење "цар, царски"; 2. Георги - од грчки - "земјоделец"; 3. Иван - од
_______________
44Д. Цухлев, История на българската църква, #964;. I, София 1910, стр. 19.
45Г. И. Кацаров, Нови мнения по въпроса за етнографическото положение на старите Македонци, София 1907, стр. 1-2.
|
Homer MakeDonski |
еврејски - "Божја благодат"; 4. Никола - од грчки - "којшто победува"; 5. Петар - од грчки - "камен, карпа"; 6. Тодор - од грчки - "Божји дар" итн. Можеме да наброиме уште многу, многу имиња, кои, како што се гледа, не се бугарски, туку имаат грчко потекло. На г-н Кацаров не му било јасно дека именувањето кај даден народ не зависи од неговата етничка припадност, туку, пред се, од религијата што ја исповеда и од културното влијание на коешто тој народ бил подложен. Старо-Македонците живееле во соседство на античките Грци и, секако, биле подложени на религиско и културно влијание од страна на своите соседи. Се разбира, дека влијанието било обострано и ако ние не сме го проучиле и не сме свесни за влијанието на древната македонска цивилизација врз развојот на античката грчка култура, тоа сосем не значи дека такво влијание не постоело.
Во истиот свој труд Г. Кацаров самиот се негира, пишувајќи: "Воопшто не може да има сомнение дека уште во времето на Филип и Александар Грците не ги сметале Македонците за свои сонародници; исто така и самиот македонски народ јасно се разграничувал себеси од грчкото население"46. Каков поголем доказ дека древните Македонци биле одделен, сосем различен од Грците, народ, би можело да има од тоа што самите тие народи се разграничувале еден од друг т.е. се сметале за различни народи. Зарем ние, коишто живееме во епоха оддалечена од времето на Филип и Александар Македонски со повеќе од 2000 години, можеме повеќе да кажеме за овие два народа, отколку што тие самите кажуваат за себе? Истражувачот настојува на еден или на друг начин да ја дознае самосвеста на луѓето што живееле во таа далечна епоха, да ги дознае нивните мисли и чувства, а никако не би требало да настојува тие нивни чувства и мисли да ги демантира. Она што древните луѓе ни го соопштуваат самите за себе, ние можеме само со благодарност да го прифатиме како стопроцентна вистина, а не со површни аргументи да настојуваме да го побиеме. Се разбира, подоцна Г. Кацаров потполно го променил своето мислење за потеклото на древните Македонци, а во својата зрела творечка возраст тој конечно сфатил дека старите Македонци, во никој случај, не можат етнички да бидат поврзувани со античките Грци.
__________
46 Исто, стр. 3.
Другиот главен аргумент на оние што се застапуваат за теоријата за грчкото потекло на Македонците е тоа што древните Македонци во определен период од своето историско постоење го зборувале и грчкиот јазик. Справедливоста бара да признаеме дека тоа навистина е така. Старо-Македонците уште мошне рано попаднале под културното и религиозно влијание на својот јужен сосед, при што, од нивна страна, било прифатено највредното од грчката културна традиција - писменоста и јазикот47. "Во древна Македонија се сретнале две култури -пишува Г. Кацаров - од кои победила повисоката, каква што била грчката"48. Древните Македонци, меѓутоа, и по прифаќањето на грчката писменост и култура, си останале Македонци. Прифаќањето на античкиот грчки јазик и старата грчка писменост од страна на древните Македонци може да се спореди со прифаќањето на латинското писмо од некои народи (на пример Турци, Хрвати и др.) и прифаќањето на арапските цифри од сите цивилизирани народи. Ние сме сведоци дека во денешно време многу народи се служат со јазикот на други народи, но тоа сосем не им пречи тие да ја зачуваат својата национална посебност. Американците, Канаѓаните и Австралијците зборуваат англиски, но никој не вели дека тие се Англичани; Бразилците зборуваат португалски, но никој не се осмелува да тврди дека тие се Португалци; цела Латинска Америка (со исклучок на Бразилците) зборува шпански, но никој не тврди дека таму живеат Шпанци; Белгијците зборуваат француски, но не се Французи; повеќето од африканските народи ги изоставиле своите примитивни јазици и ги прифатиле посовршените: англиски и француски јазик, но никој не може да каже дека со прифаќањето на јазикот и писменоста на покултурните народи, какви што се
47Тоа се случило не само со древните Македонци. Постојат уште многу древни народи, кои попаднале под културното влијание на античките Грци. Дури и Бугарите, кои на Балканскиот полуостров дошле дури во VII в. по Рожденство Христово, долго време во својата држава ги употребувале како официјални грчкиот јазик и грчката писменост. Акад. Тодор Павлов, долгогодишен претседател на Бугарската академија на науките, во својата реч изговорена во Софија на 21 мај 1969 год., при отворањето на симпозиумот во чест на 1100-годишнината од смртта на св. Кирил Солунски, рече дека грчкиот јазик и писменост биле официјални во бугарската држава до 893 год., кога на Преславскиот собор било земено решение, тие да бидат заменети со словенскиот јазик и словенското писмо.
____________
48Г. Кацаров, Нови мнения, стр. 4. |
Homer MakeDonski |
францускиот и англискиот, африканските црнци станале Французи и Англичани. Се разбира, дека туѓата писменост и туѓиот јазик можат да променат некои пројави во културниот живот на народот што ги прифатил, но тие не можат да ги променат најосновните црти на неговите нарави, обичаи и бит. Co еден збор, тие не можат да ја променат етничката припадност на тој народ.
Во врска со прашањето дали старите Македонци од почеток зборувале старогрчки или пак, пред прифаќањето на грчкиот јазик, се служеле со свој народен јазик, различен од јазикот на античките Грци, научниците, исто така, застапуваат различни мислења. Некои лингвисти, како Ф. Штурц, А. Фик, П. Кречмер, В. Лесни, В. Шмидт, Ц. Бук и др. го сметаат старомакедонскиот јазик за грчки дијалект. Гирт смета дека старомакедонскиот јазик бил различен од старогрчкиот јазик, но бидејќи древните Македонци мошне рано го прифатиле старогрчкиот јазик во својата средина, затоа Македонија се претворила во "двојазична земја". А. Тсамб е на мислење дека старомакедонскиот јазик бил самостоен јазик, кој немал ништо заедничко со старогрчкиот. Истото мислење го застапува и советскиот македонист A. C. Шофман кој, проучувајќи ги глосите на Америј, дошол до научното сознание дека повеќето од зборовите имаат негрчка провениенција. Според него спомнатите глоси фонетски и семасиолошки повеќе се слични со тракиски и илирски зборови отколку со старогрчки, поради што тој заклучил дека теоријата за грчкото потекло на старомакедонскиот јазик е потполно неаргументирана и неприфатлива. Освен тоа, голем број стари извори укажуваат на тоа дека Македонците во древнина имале свој самостоен народен јазик, кој бил различен не само од грчкиот, туку бил различен и од јазиците на сите други соседни народи. Познато е, исто така, дека Македонците не се откажале од својот мајчин јазик и по прифаќањето на старогрчкиот јазик како официјален во целата македонска империја. И самиот Александар Македонски барал од своите сонародници, во својата средина, да се служат исклучиво со својот роден македонски јазик и само во присуство на не-Македонци да го употребуваат прифатениот во Империјата како официјален јазик за меѓуетничка комуникација грчки јазик. Квинт Курциј Руф, кој во времето на императорот Клаудиј (41-54 пo P. Хр.) напишал книга за животот на Александар Македонски, опишува еден интересен судски
процес против Македонецот Филот, кој бил обвинет дека подготвувал заговор и дека не го почитувал својот мајчин македонски јазик. На поканата од страна на Александар Македонски да зборува на својот мајчин јазик, Филот изјавил дека подобро ќе биде ако зборува на грчки, за да биде разбран од сите присутни, бидејќи меѓу присутните имало и Грци, кои не го разбирале македонскиот јазик. Од оваа документирана изјава на древниот Македонец Филот сосем логично е да се заклучи дека старомакедонскиот јазик не бил никаков грчки дијалект, туку одделен јазик, којшто Грците не го разбирале49. Овој расказ на Квинт Курциј Руф недвосмислено потврдува дека Александар Македонски го вовел грчкиот јазик во општа употреба во македонската империја, не со цел тој да ги замени автентичните јазици на другите народи што живееле во империјата, туку само за да служи како средство за меѓуетничка комуникација. Имено затоа, тој барал од своите сонародници да се однесуваат со почит кон својот мајчин македонски јазик и во никој случај да не дозволат тој да биде заборавен. Во тој случај посебно јасно може да се види дека древните Македонци го прифатиле старогрчкиот јазик како поразвиен и посовршен од својот, со цел да го воведат како меѓународен, сеопшт јазик во својата идна светска империја, та на тој начин светската македонска држава, составена од различни народи, да се чувствува единствена и неразделна. Иако го прифатиле и го наложиле грчкиот јазик како официјален во целата македонска империја, Македонците продолжиле да го употребуваат како домицилен јазик јазикот на своите дедовци и прадедовци. Дури нешто повеќе - грчкиот јазик се употребувал исклучиво во македонските аристократски кругови, додека обичното македонско население ја зачувало употребата на својот македонски јазик дури во времето на најголемиот расцут на елинизмот. Така, народот на древна Македонија со векови се служел со два јазика - македонскиот и грчкиот. Во практиката тоа мошне лесно можело да се спроведува, бидејки помеѓу Македонците скоро и да не живееле Грци, а ако имало такви, тие биле малцинство и живееле во посебни етнички заедници. Македонците го изоставиле својот првобитен јазик и истовремено ја напуштиле употребата на официјалниот старогрчки јазик, кога во Македонија дошле
______________
49Г. Кацаров, Д. Дечев, Извори за старата история и география на Тракия и Македония, София 1949, стр. 257.
|
Homer MakeDonski |
Словените50. Тие биле помногубројни од месното македонско население, поради што, со тек на времето, ја наложиле употребата на својот јазик низ цела Македонија, а исто така, укажале соодветно влијание и врз наравите, обичаите и битот на македонскиот народ. Така соединети, овие два народа формирале нова етничка спојка, нов народ - македонските Словени, чиишто директни наследници сме ние, денешните Македонци.
Од случајот со Филот може јасно да се согледа, исто така, силната етничка самосвест на Александар Македонски, којшто милеел за сё што е македонско и сурово ги казнувал предавниците на македонскиот народ. За едно такво силно македонско етничко самочувство на великиот македонски цар ни соопштува и Плутарх, којшто бил современик на Квинт Курциј Руф. Во биографијата на Александар Македонски, чиј автор е Гркот Плутарх, истиот ни соопштува за еден мошне показателен за Александровото македонско етничко самочувство, случај. Имено, за време на еден свечен ручек, на којшто присуствувале Македонци и Грци, некојси Грк по име Клит мошне забележливо ја манифестирал карактеристичната за Грците надменост. Тоа било забележано и од страна на царот Александар, поради што тој станал и јавно, пред очите на сите присутни, го укорил Гркот поради неговата надменост. Притоа, обраќајки им се на своите блиски соработници, Македонците Ксенедох и Артмиј, тој им рекол: "Зарем не ви се чини дека Грците се движат помеѓу нас Македонците како полубогови меѓу животни?"51 Од наведените зборови на царот јасно може да се согледа неговата македонска етничка самосвест. Едноставно кажано, Александар Македонски се чувствувал Македонец, а не Грк, и бил готов да му се спротивстави на
50Општоприфатено е да се смета дека Словените дошле на Балканскиот полуостров околу III в. по Христа. Архим. Антим Шивачев (Цит. д., стр. 81-83) тврди дека Словените се населиле на Балканот кон крајот на V в. или во почетокот на VI в. по Христа. Ова свое мислење тој го поткрепува со тоа што црковниот писател Јоан Ефески во својот летопис од 584 год. сведочи дека на третата година од смртта на Јустинијан и стапувањето на престолот на Тибериј, Словените ги освоиле Тракија и Македонија. Научниците искажуваат различни мислења и во врска со тоа од каде дошле Словените. Некои од нив мислат дека тие дошле од север (Дринов, Иречек), додека другите (на пример Алексински) се на мислење дека тие дошле од југ и се движеле кон север.
______________
51Плутарх, Животописи, София 1969, стр. 60.
секој, којшто ќе се осмели да се поигра со честа и достоинството на Македонецот.
Што се однесува до етимологијата на самото име Македонија и тука научниците искажуваат најразлични претпоставки. Хомер, којшто живеел околу IX-VIII век пред Христа, во своите дела не го споменува името Македонија. Прв, според досегашните сознанија, името "Македон" го спомнува Хезиод, кој живеел во текот на VII век пр. Хр. Имено, тој пишува дека Тија му родила на Зевса два сина: Магнет и борецот со колесници Македон. Диодор (I 20, 1-3), пак, пишува дека Озирис, кого некои го изедначуваат со Дионисиј, имал син по име Македон, кој бил поставен за цар на наречената според негово име Македонија. Есхил (524-456 год.) во својата трагедија "Персијци" (492-512) пишува: "ние пристигнавме во Магнетската земја и во земјата на Македонците, до реката Аксиј"52. Херодот, кој живеел во V век пред Христа, исто така, ги споменува Македонија и Македонците. Помпеј Трог во својата "Историја на Македонија", напишана околу 20 год. пред Христа, пишува дека Македонија првин го носела името Ематија, според името на својот цар Ематион. Страбон (VII, 11) тврди дека Македонија го добила своето име според името на еден од своите древни водачи. Историчарите Poirson и Саух сметаат дека Македонија го добила своето име од една колона Пелазги која, околу 1302 год. пред Христа, била прогонета од царот Хестиотид Кадмејски и се населила некаде во околината на Пинд, од каде подоцна се проширила до областа Ематија. Оваа област ја заземала територијата по долното течение на реките Вардар и Бистрица, со главни градови Едеса (Воден), Пела и Бероја (Бер). Таа војничка колона односно фаланга, според Поирсон и Саух, била позната под името "Македонци". Бугарскиот историчар и археолог Г. Кацаров смета дека Македонците го добиле своето име од грчкиот збор "makednos", кој означува "висок", "строен", a оттаму и земјата во којашто живееле тие "високи" и "стројни" луѓе го добила името "Македонија"53.
Зборовите "Македонија", "Македонец", "македонски", и покрај моите големи залагања, не успеав да ги откријам во староеврејскиот текст на Библијата. Малку погоре ние видовме дека за Македонија и за Македонците зборуваат некои старогрчки
___________
52Аксиј е античкото име на реката Вардар.
53Г. Кацаров, Нови мнения, стр. 1-2.
|
Homer MakeDonski |
историчари и писатели, кои живееле во време оддалечено неколку векови пред почетокот на Новата ера, како Херодот, Есхил и др., а тоа покажува дека зборовите "Македонија" и "Македонец" во тоа време веќе биле во употреба, но и покрај тоа во еврејскиот текст на Библијата овие зборови не ги среќаваме дури и во книги што настанале подоцна. Од ова следува да заклучиме дека пред епохата на Филип и Александар Македонски на Евреите овие термини им биле потполно непознати. Дури повеќе од тоа: ние среќаваме употреба на зборовите "Китим" и "китиски" во однос на Македонија и по смртта на Александар Македонски (1 Мак. 1,1; 8,5).
Во книгата Естира, чиешто настанување, скоро сите истражувачи, временски го сместуваат кон крајот на персиското владеење, се раскажува, меѓу другото, и за животот и делата на Аман Амадатов, којшто во преводот на Седумдесетмината е наречен "Македонец". Во еврејскиот текст на Библијата, меѓутоа, името "Македонец" не го наоѓаме. Во овој стар библиски текст Аман Амадатов секогаш се нарекува (****) (Агаги). Во грчкиот текст на Библијата еврејскиот збор (****) се предава со грчкиот збор "Bouyaiov", во латинскиот превод (Вулгата), на местото на овој еврејски збор, стои зборот "Agag" (Aman filium Amadathi, qui erat de stirpe Agag), додека во словенската Библија го наоѓаме, на истото место, зборот "ВОГЕАNИNА" (Ест. 3,1). Притоа, за нас, е мошне важно што освен со зборот "Bouyaiov", еврејскиот термин (****) се преведува на грчки со зборот "makedwn" (Ест. 9,24). Во латинскиот превод (Вулгата) и во словенскиот превод на Библијата на ова место стои соодветното "Agag"
ОДНОСНО 'МАКЕДWNANИNЬ 54.Староеврејскиот термин (****) е мошне загадочен. Според Јосиф Флавиј и Лопухин (****) означува Амаликиец, затоа што Агаг биле нарекувани амаликиските цареви, така како што египетските цареви биле нарекувани фараони. Јосиф Флавиј, најверојатно ги имал предвид текстовите на 1 Цар. 15,8 и 15,32-33, каде што се зборува за амаликиски цареви по име Агаг (*****)Ayay Basilea Amalhk ). Тоа е, меѓутоа, потполно нелогична хипотеза, бидејќи во Библијата се зборува за
54Во македонскиот превод на Библијата на местото на евр. "'****" стои зборот "Вугеец" ("Вугеецот Аман, Амадатов син"). Зошто не е зачуван Кирило-Методиевскиот термин "Македоњанин", не ни е познато.
http://mitglied.lycos.de/homermakedonski/str.52.jpg
Амаликијци, но никаде во неа не се говори за "Agagi", како народ. Освен тоа, историјата не познава случај, кога од заедничката именка со која биле именувани царевите на даден народ да било изведено името на тој народ. Така, на пример, Египќаните не биле наречени Фараонци, Бугарите - Ханци, ниту пак Турците - Султанци. Познатиот библеист Вигуру тврди дека во древноста со зборот Амаликиец биле означувани паганите што ја населувале Европа55, поради што во Преводот на Седумдесетмината еврејскиот збор "****" бил преведен со грчкиот збор "makedwn". Зарем Македонците биле единствените пагани во Европа или, можеби, тие биле нивните најистакнати претставници! ?
Некои други проучувачи на Библијата, како проф. Иван Марковски, тврдат дека Аман од книгата Естира бил Мидиец56. Проф. Марковски, меѓутоа, не објаснува врз основа на какви аргументи го определува Аман Амадатов како Мидиец. Навистина, воопшто не е јасно каква врска наоѓа овој библеист помеѓу зборовите "Агаги" и "Мидиец"?
Како што рековме, пишувањето на книгата Естира временски се лоцира кон крајот на персиското владеење. За пишувањето на книгата послужиле стари персиски записи и писмата на Јудеецот Мардохеј, кој е еден од главните актери на историските збиднувања за коишто се зборува во овој библиски текст. Грчкиот превод на Библијата, а тоа значи и на книгата Естира, е направен стотина години подоцна, така што преведувачите, кои ја претставувале елитата на древната ученост, не би можеле да не го знаат значењето на називот (****). Имајки го, притоа, на ум и фактот дека преведувачите на Библијата од еврејски на грчки биле Евреи, кои добро ги знаеле и двата јазика, логично е да заклучиме дека штом тие го превеле еврејскиот збор (****) (Агаги, Ест. 9,24) со зборот "makedwn", тоа меѓу нив морало да постои тесна врска. Мошне веројатно е, библискиот автор да го нарекол Аман Амадатов "Agagi", поради тоа што бил Македонец и потекнувал од главниот град на Македонија
_________
55Ф. Вигуру, Цит. д., стр. 175.
56Иван С. Марковски, Частно въведение в Светото Писание на Ветхия
Завет, София 1957, стр. 130.
http://mitglied.lycos.de/homermakedonski/str.53.jpg |
Homer MakeDonski |
Ere57, Bo таков случај (****) би означувало "жител на Еге".
Во писмото-повелба на царот Артаксеркс (Ест. 8,12) кое, за жал, недостасува во еврејскиот текст на Библијата, на две места се употребува зборот "Македонец". Тоа е најраната употреба на овој етноним во текстот на Библијата (на другите места евр. (****), обично, се преведува со зборот #914;#959;#965;#947;#945;#953;#959;#957; односно Вугеец). Овде ќе го наведеме само делот од писмото-повелба на персискиот цар во којшто се зборува за "Македонец" и "Македонци": "Така , Аман Амадатов, Македонец, поправо туѓ на персиската крв и многу далеку од нашата благост, бидејќи беше примен кај нас на гости, се здоби со благонаклонетост, што ја имаме кон секој народ, дотолку што беше прогласен за наш татко и почитуван' од сите, при што претставуваше втор човек при царскиот престол; но, бидејќи не ја скроти гордоста, замисли да не лиши од власта и душата, а нашиот спасител и секогаш благодетел Мардохеј и непорочната соучесничка на царството Естира, со сиот нивни народ, се стремеше да ги погуби со разни сплетки. На тој начин тој мислеше да нё остави без луѓе, а персиската држава да им ја предаде на Македонците".
Повелбата на персискиот цар, во која, за првпат во библискиот текст, се употребува зборот "Македонец", е напишана во првата половина на V век пред Новата ера, приближно 150 години пред покорувањето на Персија од страна на Александар Македонски. Два века подоцна е направен преводот на книгата Естира на библиски грчки јазик, при што на местото на веќе споменатиот еврејски збор "Agagi" александриските преведувачи го ставиле зборот "Македонец". Притоа, во царската повелба на Артаксеркс, Аман Амадатов, освен што се нарекува "Македонец", за него се кажува, исто така, дека тој и бил "туѓ на персиската крв" и дека бил почестен со благонаклоноста на царот, којашто тој ја имал "кон секој народ". Од ова станува јасно дека уште во времето на царот Артаксеркс, неколку векови пред Новата ера, Македонците веќе биле третирани како самостоен автохтон народ и тоа на високо државно ниво. И тој народ, како што станува јасно од понатамошниот текст на царската повелба, имал една од најсилните држави во тоа
57Некои македонски историчари и јазичари се на мислење дека правилниот изговор на името на древната македонска престолнина с "Ајга".
http://mitglied.lycos.de/homermakedonski/str.54.jpg |
Homer MakeDonski |
http://mitglied.lycos.de/homermakedonski/str.55.jpg |
Homer MakeDonski |
реме, која претставувала опасност дури и за огромната персиска империја, која имала "127 области од Индија до Етиопија" (Ест. 1,1). Имајќи го предвид тоа дека повелбата е пишувана во време кога македонската држава ги зафаќала само областите во географските граници на самата Македонија, не може да не побудува восхит фактот што големата персиска империја гледала опасност за својата безбедност во една мала и далечна држава по име Македонија.
Во текстот на ова писмо-повелба се крие, можеби, и лукавството на Јудеецот Мардохеј, кој, по секоја веројатност, е составувач на повелбата. Обвинувајки го Аман Амадатов за предавство т.е. дека сакал "персиската држава да им ја предаде на Македонците", Мардохеј имал за цел да го компромитира пред очите на царот Артаксеркс, како што и навистина станало. Обвинет за предавство, Аман ја изгубил благонаклоноста на царот, по што бил осуден и погубен заедно со целото му семејство. По неговата смрт, Мардохеј ја зазема неговата висока државна служба, додека царицата Естира го наследила сиот негов имот.
На крајот, кон сево ова што го рековме дотука, ќе кажеме неколку зборови и во врска со тоа од каде дошле старо-Македонците на територијата на денешна Македонија. Дали тие уште од праисториските времиња ја населувале нашата земја, или пак дошле тука од некое друго место. Нам ни се чини дека со право може да се претпостави дека прадедовците на древните а делумно и на денешните Македонци дошле во Македонија од југ. Нивната прататковина се наоѓала, најверојатно, некаде на територијата на азискиот континент. Од Азија тие се движеле, уште во најдлабоката древност, кон север, барајќи подобри услови за живот. В. А. Хертли во својот труд "Prehistorie Makedonia" (1939 год.), врз основа на извршени археолошки истражувања, тврди дека во епохата на Неолитот и во Бронзеното време на територијата на Македонија навлегла "нова раса", којашто дошла од Азија58. Основа за една таква смела хипотеза ни дава и фактот што древните Македонци, дури и кон почетокот на Новата ера, ја почитувале водата и воопшто изворите и реките како божество. Во своето дело "Sipwmaieis" ("Килими") св. Климент Александриски пишува дека Македонците и Фригијците
-----------------------
58А. С. Шофман, Цит. д., стр. 30.
jа почитувале како божество водата и воопшто изворите и реките. Тоа свое божество тие го нарекувале "#914;#949;#948;#965;". Светиот апостол Лука во "Дела на светите апостоли", исто така, соопштува дека граѓаните на македонскиот град Филипи имале обичај да излегуваат надвор од градот, кај една река, и таму да се молат. Логично е да се претпостави дека тој обичај е остаток од некогашното обожавање на водата кај старо-Македонците. A ако древните Македонци ги обожавале водата, изворите и реките, тие мора да живееле на такви места, каде што водата била голема реткост. Од историјата на религиите знаеме дека древните народи им оддавале божествена почит скоро секогаш на нештата, што биле посебно ретки и од кои зависел опстанокот на соодветниот народ. Египќаните, кои живееле во жешка и пустинска земја, ја обожавале реката Нил, без којашто нивниот живот бил незамислив. Во Библијата, исто така, мошне често се зборува за оддавање на божествена почит на извори и на гори што, секако, е резултат од тоа што во Палестина и околните й области изворите и реките биле мошне ретки, а истото може да се каже и за горите. Се разбира, дека ние не би можеле да го објасниме ова обожавање на изворите и реките, ако Македонците живееле отсекогаш на територијата на Македонија, каде што извори, реки и гори има во изобилство. Доволно е само да го наведеме она што Хомер го кажува за реката Вардар (II 11,844-850) и ќе се увериме дека тоа и во најдлабока древност било така: "Широкотекуштиот Аксиј, чијашто најубава вода струи по земјата".
Според А. С. Шофман етногенезата на старомакедонскиот народ го има својот почеток во третото илјадолетие пред Христа. Тој смета дека македонскиот етнос (пред доаѓањето на Словените на Балканот) произлегол од соединувањето (мешањето) на следните етнички елементи: од населението на долнодунавската рано-неолитска култура, од тракиски и илирски елементи, a подоцна и од грчки и скитски етнички состојки. Притоа, учеството на овие етноси во етногенезата на древните Македонци, според него, не било еднакво. Во процесот на соединувањето на тие различни етнички групи во единствен етнос, главна улога одиграле тракиските племиња59.
---------------------
59Исто, стр. 99. |
Homer MakeDonski |
Хипотезата на #913;. С. Шофман односно етничкото потекло на древните Македонци е оригинална и крие во себе значителна доза на вистина. Грешката на Шофман, според моето скромно мислење, е само во тоа што ги става на последно место Скитите, а ние видовме, од податоците зачувани во текстот на Библијата, дека древните Македонци во етничка смисла биле мошне блиски со древниот народ познат под името Скити. He почива врз тврда основа и мислењето на A. C. Шофман дека Тракијците одиграле суштинска улога при градењето на етногенезата на македонскиот народ пред појавата на Словените. Фактички, докази за едно такво силно тракиско влијание врз древните Македонци не наоѓаме никаде. Беспорно е дека Тракијците, како соседен на Македонците народ, укажале врз нив извесно влијание, како што и Македонците, од своја страна, укажале соодветно влијание врз соседните на нив Тракијци, меѓутоа, ние сосема немаме основа да тврдиме дека Тракијците укажале поголемо влијание врз Македонците во споредба со другите нивни соседи - Грците и Илирите. Во секој случај, влијанието на спомнатите народи врз Македонците не било премногу големо, со исклучок на Грците, кои укажале значително влијание врз древните Македонци во културен и религиозен поглед.
Од древните македонски "Китимци" се одделиле Скитите и Фригијците, при што од последните потекнале Ерменците. Единствениот современ народ, сроден по крв со древните Македонци, е ерменскиот народ. Фригиски колонисти ја населиле Ерменија60 во 700 год. пред нашата ера. Херодот (VII, 73) пишува дека Ерменците се потомци на Фригијците. Фригијците пак, според него, дошле од Македонија. Страбон (63 год. пр. Хр. - 19 год. по Хр.) во својата "Географија" (VII, 25-26) вели дека дел од Бригите, кои живееле на планината Бермиј кај античкиот град Бероја (денешниот Бер), се преселиле во Азија и притоа го добиле новото име Фриги т.е. Фригијци. Истиот податок ни го соопштува и Конон (I в. пр. Хр.), дополнувајќи го тоа дека за време на својата преселба од Македонија во Мала Азија Бригите биле предводени од својот цар Мида.
60Своето име Ерменија го добила од Грците. Самите Ерменци себеси се нарекувале "Торгомијци".
Додека Бригите-Фригијци, поминувајќи ги Протоците, отишле во Мала Азија, Скитите, кои, за разлика од Фригијците, го зачувале името на своите прадедовци, заминале на север, извесно време живееле по степите северно од Црното Mope и потоа, заобиколувајќи го морето ја поминале планината Кавказ и се населиле во Мала Азија. Археолошките споменици публикувани од Хертли на категорички начин налагаат да се сфати генетската врска помеѓу неолитската македонска култура и културата на северното Црноморие. За една таква сличност сведочат: начинот на градењето на куќите, средствата (орудијата) за производство, разните керамички производи и сл. Во Украина се пронајдени голем број археолошки предмети од "микенски тип" со потекло од регионот на Егејското Mope61. За врската помеѓу македонските "Китимци" и Скитите од северното Црноморие говори и сличноста во именувањето на некои населени места. Така, на пример, освен во Македонија, град со име Китион (Китеј) постоел, до V в. пред Христа, и на триесетина километри јужно од Керч. Истиот град бил населен исклучиво со Скити.
Поминувајќи го Кавказ, Скитите се заселиле кај Урмиското Mope и оттаму преземале напади врз околните народи, при што постепено ги покориле скоро сите народи на западна Азија, со исклучок на Вавилон и Египет. Меѓутоа, тоа што не успеале да го освојат Скитите, го завладеале нивните браќа по крв -Македонците на Александар Велики.
______________________
61 Л. П. Смирнов, Цит. д., стр. 30. |