Џонсон контролс |
Strelec |
Македонија е најсериозен кандидат за фабрика на „Џонсон контролс“
Македонија покрај Полска е најсериозен кандидат да биде домаќин на идната фабрика за електронска опрема на „Џонсон контролс“, но конечниот избор треба да биде направен на 15 декември, информира извршниот претседател на оваа американска компанија за производство на делови за автомобили Џон Барт на средбата со Владо Бучковски во Детроит.
„Македонија е интересна дестинација за вложување и затоа е една од земјите во кои 'Џонсон Контролс' размислува да инвестира“, изјави Барт по средбата со Бучковски.
„Џонсон контролс“, како што рече првиот човек на компанијата, разгледува повеќе можности за инвестирање во Централна и Источна Европа. Инвестицијата во Македонија би била во областа на електрониката.
Премиерот Бучковски изјави дека Македонија се покажала како подобро место за инвестирање од Словачка и од Романија, земји кои беа во потесниот избор на „Џонсон контролс“, но се уште не и од Полска.
„Зависи од нас, но и од одлуката на 'Џонсон контролс' дали ќе дојде во Македонија. Подготвени сме да дадеме дополнителни гаранции за нивните барања“, рече Бучковски.
Тој не сака да прејудицира каква ќе биде конечната одлука, но оцени дека средбата со првите луѓе на „Џонсон контролс“ охрабрува оти Македонија е близу да биде најпосакуваната дестинација на компанијата во Југоисточна Европа.
Бучковски истакна дека фабриката за електронска опрема за автомобили не е единствен проект што „Џонсон контролс“ го планира во Македонија. Се разгледува и можноста за отворање фабрика за изработка на автомобилски седишта.
Фабриката за електроника на „Џонсон контролс“ би требало да вработи 600 лица. Доколку се одлучи да биде лоцирана во Македонија, плановите се фабриката да биде изградена до крајот на наредната година.
„Џонсон контролс“ е водечки светски производител на седишта, акумулатори и други делови за внатрешно опремување на автомобилите. Нејзини партнери се автомобилските гиганти „Џенерал Моторс“, „Дајмлер-Крајслер“, „Фиат“, „Форд“, „Хонда“, „Мазда“, „Рено“, „Пежо“, „Фолксваген“, „Тојота“ и други. Компанијата има 123 илјади вработени и годишен обрт од 26,6 милијарди долари.
|
concrete |
Nesto me zbuni...ova investicijata na Johnson Controls da ti bide "zelba" pred penzioniranje na nekoj "nasinec" od Tearce ili taka nesto.
Kolku znam "golemiot" biznis nikogas ne nosi odluki na osnova na nostalgicni cuvstva. Vo konk*rencija se Polska i Makedonija....aj da vidime , ke mi bide mnogu drago pogresno da razmisluvam....no il ke e nostalgicna iluzija so malku VIP tretman pred penzija (od ministri i co.), il ke e nekoe mestenje na nekoj "rodnina" od stariot kraj da go lapne Bunardzik vo"cetiri oci".........ili navistina ova zemjakov gleda nekoja moznost koja nikoj drug ne ja gleda...togas...sekoja cest!!!! |
ProMKD |
Wow...123 iljadi vraboteni?? Ovoj johnson bil gigant. Bas bi bila interesna investicija, posto nema mnogu fabriki vo MK koj pravat vnatresna oprema za avtomobili, a ete i mnogu rabotni mesta ke ima. |
toni_a |
ako ne se lazham imashe nekakov "muabet" pred nekoe vreme za ovaa kompanija vo MK? ili? |
Strelec |
Mozhno e... Jas nemam chueno...
[url="http://www.johnsoncontrols.com/"]Johnson Controls[/url]
|
toni_a |
eve najdov nesto...
"Американски производител на автомобилски делови ги испитува можностите за инвестирање кај нас “Џонсон Контрол“ ќе вложува во Македонија ?"
25.08.2004
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=230&ArticleID=9234 |
toni_a |
Владата е во дилема дали да им го продаде „Бунарџик“ на „Џонсон контрол“
Бидејќи се работи за светски познат бренд, Владата е во дилема дали да го продаде земјиштето во слободна економска зона „Бунарџик“ на американската компанија „Џонсон контрол“. Владата прифатила 18 од нивните 19 барања, а останало неодговорено само прашањето за купување на земјиштето во слободната економска зона „Бунарџик“. На Американците им пречи и лошата инфраструктура и поврзаноста на Македонија со другите земји. „Џонсон контрол“ до 15 декември ќе ја извести Владата дали ќе гради фабрика за автомобилски делови во Македонија или Полска. Претходно во игра беше и Словачка, но таа отпадна.
Според позитивните законски прописи што моментално важат во Македонија, странци не можат да станат сопственици на земјиште во земјава. Идентично барање за купување на земјиштето во слободната економска зона поставија и велшката компанија „Глендор естејт“, но Владата ги одби и тие си заминаа.
Американската компанија „Џонсон контрол„ важи за еден најпознатите светски производители на автомобилски делови и сигурносни системи. Компанијата има 270 фабрики на пет континети и 76.000 вработени.
kolku sto mi e poznato,pri reciprocitet pomegju drzhavite e dozvoleno da se poseduva zemjishte vo MK kako stranski drzhavjanin.
vero i ramstore isto si go kupuvaat zemjisteto ili?
sega neznam dali ova vazhi samo za slobodnata ekonomska zona??? |
Strelec |
Бучковски се сретна со претставници на „Џонсон Контролс Инк“
Премиерот Владо Бучковски денеска се сретна со претставници на корпорацијата „Џонсон Контролс Инк“, заради заинтересираноста на корпорацијата за значајна инвестиција во Европа во производството на електронска опрема.
Беда Болзениус, извршен потпретседател и генерален менаџер за Европа, Јужна Африка и Јужна Америка кој ја предводи делегацијата, по разговорите изјави дека имале мошне добра, пријателска и ефикасна средба.
„Со Владата разговаравме за поддршката за инвестицијата, за условите овде за таква инвестиција и она што го најдовме е исклучителен интерес за ова прашање“, подвлече Болзениус.
Во однос на дилемата дали да инвестираат во Полска или во Македонија и за тоа кој нуди подобри услови, Болзениус рече дека не се работи за едоставен одговор, бидејќи земјите не се споредливи една со друга.
„Полска се соочува со други проблеми во однос на бизнис-ситуацијата во Македонија. Се работи за постигнување на балансирана оценка во однос на понудата во двете земји, а конечните бројки ќе не донесат до одлуката“, рече претставникот на корпорацијата.
На средбата било разговарано за условите за отстапување на земјиште, транспортните и трошоците за логистика и состојбата на инфраструктурата, податоци кои треба да бидат споредени на меѓународно ниво.
Се разговарало и за вложувања во слободната екононска зона „Бунарџик“.
Според портпаролот на Владата, Сашо Чолаковски, Владата искажала подготвеност да ги субвенционира вработувањата за подолг период во однос на првичните три години.
Според експертите, една од предностите на полската понуда е и условот да ги субвенционира вработувањата за пет години.
„Џонсон Контролс“ се заинтересирана за изградба на фабрика за производство на внатрешна електронска опрема за автомобили со што би се отвориле 600 нови работни места.
Конечната одлука дали ќе инвестира во Македонија или во Полска, раководството на „Џонсон Контролс“ се очекува да ја донесе за две до три недели.
|
concrete |
Strelec....mislam deka "borbenoto iskustvo" vo Canada bi trebalo da gi izostri tvoite biznis setila.....se nadevam deka ozbilno ne mislis deka Dzonson Control bi vlegol vo ovoj moment vo MKD....edno e tvojot pozitiven pristap...no sepak drugo e realnoto gledanje na rabotite.
Bucko(i sekoj nareden Premier. minatite se "minato") treba da svati deka edinstvena sigurna rabota so koja raspolaga vo Makedonija e utrunskoto (dnevnoto...nedelnoto??? ili nesto slicno) praznenje na crevata na 2.000.000 miliona ziteli na Makedonija i proizvodot sto e rezultat na toa...
Ako toa go svati kako edinstvena sigurna rabota, duri togas ke moze da pocne da planira dali od toa moze da se napravi nesto....a bidejki od se biznis biduva...sigurno moze.
Koga ke se apsolvira toa nivo...se otvaraat nevideni moznosti.....za se drugo..duri i za nekoj deal so Dzonson Control.... |
toni_a |
concrete,za toa "crevo vnatreshnosta" chitav interesni raboti...luge vo DE si se snabduvaat so gas na toj nachin.imashe bash za eden "seljak" kaj kogo site drugi "seljaci" (od seloto/10-tina kukji)ja nosat "crevo vnatreshnosta"...pa posle "besplatno" si koristat gas [:D]
ps-staviv nekoja slika na "biznis ideja",da ne go rasipuvame ovoj topik. |
toni_a |
iskreno kazhano ,mislam deka e mozhno MK da ja dobie "bitkata",AMA dodeka svrshat izborite!
nesto nalik priznavanjeto od USA,no ne bash taka.
vo predizbornoto ludilo da se objavi deka ke se investira vo MK i deka ke se vrabotat x-lugje,deka "trgnala" rabotava itn,za potoa koga ke zavrshat izborite da se "predomislat" i spakuvaat rikverc. |
Strelec |
quote: Originally posted by toni_a
...za potoa koga ke zavrshat izborite da se "predomislat" i spakuvaat rikverc.
Очигледно дека не знаете каква компанија е ’Џонсон контролс’!:)
Не би си играле тие тукутака со реномето!:)
|
concrete |
Ne ni pomisliv deka se igraat so renometo...samo gi razgleduvaat opciite, a baska nekoj od involviranite direktori e Makedonec, pa malku "pomaga" pred penzija,so sareni baloni,poveke od sto e normalno:):).....,no znaejki ja realnosta , mnooogu tesko vo momentov da ja stavat Makedonija pred Polska....nekogas mozebi da , no vladata prvo treba da go apsolvira biznisot so "osnovniot materijal" , togas veruvam se ke bide mozno..., ama bez toa skolo: NIKAKO:):):)!!! |
concrete |
Sto stana so Dzonson Control , napravi li taa kompanija voopsto nesto poveke od rucekot vo Klubot na Pratenici ili kade veke bil????? |