Ски скокови
Ски скокови
јузер Најинтересна дисциплина ми е оваа мене. Посебно новогодишната турнеја Четири скокалници како најпрестижна манифестација и заштитен знак на ски скоковите. Скокалници каде што се одржува манифестацијата се Бишовсхофен и Инсбрук во Австрија, и Гармиш Партенкирхен и Оберсдорф во Германија. Јенс Вајсфлог (Германија) е единствениот скокач што победил 4 пати на турнејата (1984, 1985, 1991 и 1996). После него со по 3 триумфи следат Хелмут Рекнагел (Германија), Бјорн Виркола (Норвешка) и Јане Ахонен (Финска). Јане Ахонен е сеуште активен скокач и може да го стигне рекордот на Јенс Вајсфлог. А најмногу индивидуални победи на турнејата имаат Јенс Вајсфлог и Бјорн Виркола со по 10. Потоа доаѓа Мати Никенен од Финска со 7 победи. Во натпреварувачката сезона 2001/2002 Свен Ханавалд успеа да победи на сите 4 скокалници, што за првпат се има случено во историјата на ски скоковите. [img]http://www.germany-info.org/relaunch/culture/new/images/hannawald3.jpg[/img]
јузер Треба да се напомене дека во 1990 шведскиот скокач Јан Боклов за првпат го воведе популарниот V-стил со кој за 10% се зголемува должината на летот во однос на старата техника со паралелни скии. [img]http://www.eurosport.com/imgbk/jmpski/all/md-i177654.jpg[/img]
dada Sani Ovie skokachive sekogas sum gi gledala so podzinata usta:) Stalno mislev deka ke padnat:(
јузер ..ама ретко паѓаат. А и кога паѓаат знаат како да паднат да не се повредат.
OooOo Od koga datira ovoj sport?
јузер The origin of ski jumping was in Morgedal, Norway, but the first proper competition was held in Trysil in 1862. The first widely known ski jumping competition was held in Husebybakken, Oslo, in 1879. The yearly event was moved to Holmenkollen from 1892, and Holmenkollen has remained the Mecca of ski jumping ever since. In addition to the separate sport of ski jumping, with the three events of "normal hill", "large hill", and "team competition", ski jumping is one of two elements in Nordic combined. [url]http://en.wikipedia.org/wiki/Ski_jumping[/url]
StormAngel Mene na chitanje na ovoj topic mi tekna Primozh Ulaga. Faktichki, doma koga i da se spomneshe ovoj sport, odma posle nego ideshe imeto na Primozh. A inaku fan bev na Andreas Golberger, Jane Ahonen i nekolku drugi.
јузер Најголема должина прелетана со скии е 233 метри од норвешкиот скокач Еинар Ромерен остварена на словенечката скокалница (леталница) Планица на 23.3.2005 година. Летот траел вкупно 7.7 секунди. [img]http://www.eurosport.com/imgbk/jmpski/all/big_md-i96250.jpg[/img] [url="http://www.eurosport.com/home/pages/v4/l0/s50/e7443/sport_lng0_spo50_evt7443_sto700760.shtml"]повеќе[/url]
јузер А најинтересно е тоа што од сезона во сезона многу им се менува формата на скокачите. На пример Примош Петерка откако беше најдобар 96/97 година после тоа се изгуби. Исто и Свен Ханавалд 2001/2002 беше брилијантен следната буквално нигде го немаше. И многу други примери има. Само Јане Ахонен мислам дека е константен. Секогаш е во врвот, никогаш немал такви падови во формата. А за скокач со најдобар стил јас мислам дека е јапонецот Казујоши Фунаки. Во иста рамнина му е телото со скиите, никој друг не сум видел како него. И не за џабе ги има сите 20-ки добиено од судиите за изведба на скокот.[8D] Еве го Фунаки на слика.. [img]http://www.3chome.com/01-02/sapporo/funaki.jpg[/img] Еднаш дури и се заборави со скокот, не направи телемарк (правилен доскок) и буквално се залепи за скокалницата кај што слета. Мислам дека беше тоа рекорд на скокалницата, ама заради тоа што падна при доскокот не беше прв.
deni that's my nigga , Kazayoshi Funaki .. inache oddamna ne sum gledal ima edno 3-4 godini
a-pin-dim јузер овој спорт мислам дека е најинтересен во зимо, кога има скокови нон стоп ги гледам, али во последните 2 - 3 години не сум гледал по што не се завртувам дома.
јузер Pa ajde ovaa godina gledajte.[;)] I jas poslednive dve godini propustiv da gledam nekolku skokalnici, neli okolu Nova Godina ili ne sum tuka ili spijam do kasno.[:I]
Lidija Ova e navistina super sport. Dolgo traj sezonata i nekoj so skoka super na pocetok mozi ic da nema sansa na krajot. Ova godina ke bidi pointersno i so zimskata olimpijada. Jas navivam za fincite i norvezanite i Sven Hannawald, na kraj izleze deka navivam za site.[:)] Ama ne... S.Hannawald praese pauza proslata godina pa ke vidime dali ke mu pomozi to.
Bravo Ski Skokovi e zakon sport. Ja ushe mnogu odamna se iam prashueno zaso u Makedonija , negde na Shara ili u Mavrvo ne napraat edna skokalnica.Moze kje ne bide. Ja imate i mojata podrshka za Kazujoshi Funaki, momakot e stvarno kamikaza,i sekako 'nordmann'-ot Espen Bredesen :) A edna ispravka do Juzer-ot, za toa deka znaele kako da pagjaat skokachive, koga kje dojde do pagjanje ; Se sekjavash be ti Rajko Lotrich koa padna , koa sjeba 5-6 rebra , edna raka i noga ili ne ? I ushe edna rabota treba da zabelezite ... dobar ski skokach , uvek doagja so 'dzigerici':) Videte go na slikana pogore onoj sho 'letal' 7,7 sekundi , i sekako poljakot Adam Malish ... Ali osekjajot e nenadminliv, siguren sum ....ti letash 100 i kusur metara , a 'dzigericive' od pod kaciga se talasaat....zakon prizor!
јузер Ma se zezav za pagjanjeto. Vo pravo si. ;) Vo ski "letaci" spagja inaku Espen Bredesen, zaedno so sonarodnikot Lase Otesen, ti teknuva na nego? ;)
Bravo O , kako ne be Lase Otesen norvezanecot isto A Sven Hanavald ti teknue?:) Samo koj kje bide tolku mangup da mi kaze (ja go iam zaboraveno [:(]) , kako se vikashe eden momak od New Zeland sho skokashe po 4-50 metra , na 200 metarski skokalnici? [:D] Ama uvek dobivashe od publikata ogromni ovacii , a sekoj skok znaeshe da go proslavi na celnata ramnina :P Ajde sega!
јузер Аууууууууууу ме воодушеви денес Јакуб Јанда од Чешка на скокалницата во Лилехамер. 135.5 и 131.5 метри скокна на два пати и заслужено беше прв на крај. За вториот скок сите оценки му беа 19.5 иако јас лично би му дал 20.5.[^] Паралелно со скиите леташе, како Фунаки. И не мрдна воопшто во текот на целиот скок, ретко се гледа такво нешто.[8)][8D] И во генерален пласман во светскиот куп се наоѓа на прво место. Иначе скокањево го гледав на Канал 4 и коментаторов ме пукна од смеење со неговото прогнозирање колку рипнале и кое место ќе бидат.[:D] Некои буквално ги гаѓаше и до пола метар прецизност, на пример 126.5 метри и стварно така ќе испадне после. А па еден рипна слабо и вика овој на 25 место ќе се пласира и кога видов 25 после на ранкинг ПРСНАВ.[:D][:D][:D] Некои и ги промашуваше, ама ретки беа таквите ситуации.[:o)]
јузер Почна турнирот четири скокалници. Во Оберсдорф вчера победи минатогодишниот победник на турнејата финецот Јане Ахонен. Втор беше норвежанецот Роар Љокелсој, а трет чехот Јакуб Јанда. Иначе пропуштив да ги гледам овие скокови, ама затоа ги гледав квалификациите дента пред тоа. Тогаш најголема должина постигна австриецот Андреас Видхелцл со 142.5 метри, само еден метар помалку од рекордот на скокалницата во сопственост на норвежанецот Сигурд Петерсен. Незнам што направил Видхелцл на официјалниот натпревар, зошто го нема меѓу првите, чудно.
Lidija Janda & Ahonen go delea prvoto mesto na turnirot, interesno, ne se slucva cesto. I do posledniot skok na Janda ne se znaese koj ke pobedi. Janda za Janda super e ama Ahonen, sekoja godina coekot e vo forma sekogas, legenda e :) Tret ili vtor kako idi bese Lokelsoy!
јузер Во право си Лидија, ама и јас кога погоре напишав вака за Ахонен и мило ми е што и оваа година не ме демантираше:
quote:
А најинтересно е тоа што од сезона во сезона многу им се менува формата на скокачите. На пример Примош Петерка откако беше најдобар 96/97 година после тоа се изгуби. Исто и Свен Ханавалд 2001/2002 беше брилијантен следната буквално нигде го немаше. И многу други примери има. Само Јане Ахонен мислам дека е константен. Секогаш е во врвот, никогаш немал такви падови во формата.