Јубилеј 112години од создавањето на Организацијата
Јубилеј 112години од создавањето на Организацијата
Jakov 4 Ноември /23 Октомври(стар стил) 1893година, во Солун петмина македонски револуционери го формираат раководното јадро на Организацијата која е синоним за македонското национално движење во 20от век. Иван Хаџи Николов, др Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Андон Димитров и Христо Батанџиев создаваат навидум мала група која ќе изгради платформа на која ќе се развие севкупнитот движење во македонија. Платформата во кратки црти се држела до следниве принципи: • Организацијата да биде основана во Македонија и таа да биде тајна • Основачи да бидат Македонци, чесни со угледно име и да живеат во Македонија • Нејзината синтагма да биде “Автономија на Македонија“. Барање кое ќе се потпира на член 23 од Берлинскиот договор за да се постигне успех. • Организацијата да биде самостојна, независна, да нема никакви врски и ангажмани со владите на сосоедните држави за да не и влијаат... • Од Македонците во Бугарија и од бугарскиот народ да се побара моралн аи матерјална поддршка, без нивно мешање во внатрешните работи. Се понатаму е историја која треа и трае се до денешниве времиња, кои еден ден ќе бидат историја слична на ова погоре. Историското, културното, националното наследство и традиции постојат за да се чуваат и да од нив се црпат искуствата на кои ќе се гради иднината. Идеата на создателите на Организацијата денес е жива и се развива сакале многумина или не, заборавиле многумина или не, се сетиле но не сакале тоа да го кажат и одбележат. За сите нив единствен суд е судот на времето. Прилог: “ВМРО-ДПМНЕ ја прослави годишнината од основањето на историската Внатрешна македонска револуционерна организација.Денеска Груевски им се заблагодари на сите кои помогнале во остварување на идеалот на ВМРО - независна и суверена Македонија.Му се заблагодари на првиот македонски премиер во независна Македонија Никола Кљусев, на министрите, и на основачите на ВМРО-ДПМНЕ.За Груевски, вековниот идеал за независност е остварен, но проблемот е бедата во која живее народот денеска. Малку од овие партии преживеаа, така што денеска освен ВМРО-ДПМНЕ и Народна на Георгиевски, но и ВМРО Македонска на Борис Стојменов, не остана речиси ниедна. На денешната прослава на 112-годишнината присуствуваа некои од коалиционите партнери на Груевски, но го немаше либералот Андов. Од власта дојде само претседателот на Собранието, Љубчо Јордановски.Инаку, деновиве Груевски го доекипира својот советнички кабинет. Нови советници на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат Панде Лазаревски, Бранислав Саркањац, д-р Жан Митрев, Габриела Коневска, како и уште двајца професори од Економскиот Факултет.
intel Убаво е да се прослави ваков јубилеј но не ми е јасно зошто Гвујо односно Дпмне упорно се фура у фазон дека е наследник на ВМРО. ВМРО е историја на сите Македонци и воопшто не смееше да се дозволи некој да го злоупотребува за партиски интереси. Мислам дека е крајно време да се заштити со закон името ВМРО.
dejan Se soglasuvam! Istoto go rekov vo drug topik moj!
dejan Kade se SDS??
Jakov Ete be Deki, Jordanovski bil na porslavata. Ne zezaj porano ni eden ne se poajvuvase sega za 100% go zgolemile prisustvoto na duri 1 clen.
dejan Auu da, lele ne go videv covekot, bravo!!
Jakov za nasledstvoto i upotrebata sudi istorijata. sto bi zastituvala makedonskata drzava koga nekolku kongresi na vmro se najantimakedonskata pojava voopsto vo periodot megu dvete svetski vojni. da ne zborime na pamet.
intel Jakov, koe vmro go prisvojuva Dpmne a kako koe vmro deluva, ima dve neli?
Jakov
quote:
Originally posted by intel
Jakov, koe vmro go prisvojuva Dpmne a kako koe vmro deluva, ima dve neli?
VMRO DPMNE e deluva kako politicka partija spored zakonite za politicko dejstvuvanje vo Makedonija. A koe VMRO bi trealo da se zastiti e prasanje.Ovde mislam ne na tvojot muabet nego na toa sto mnogu cesto se spomnuva da nema nikoj pravod a gi koristi tie cetiri sveti bukvi. Mojot muabet bese vo taa nasoka. Koi cetiri sveti bukvi onie koi go ubija Gjorce, Dimo Hadzi DImov ili onie za koi se odelo vo zatvor 55 godina ili se frlaa letoci ne taka odamna. zaboraviv: DPMNE kolku sto jas gi sledam i razbiram se povikuvaat na celokupniot kontinuitet na VMRO od osnovanjeto 1893 do posle II vojna. Mislam deka kaj niv pristapot kon VMRO e poinakva odnosno e poemsana so ona sto se narekuva i "nacioalno pomiruvanje" i razlika vo ideologija i pristap kon nacionalnite prasanja. Kompleksen e nivniot stav kon toa prasanje. Ustvari toa bese stav vo vremeto na formiranje na partijata denes ovie ne veruvam deka imaat stav samo go nosat imeto.
intel
quote:
Originally posted by Jakov
denes ovie ne veruvam deka imaat stav samo go nosat imeto.
[;)]