Планинарење и планинарски друштва |
јузер |
Планинарско друштво Кораб
http://www.korab.org.mk
Важи за едно од подобрите во Македонија, заедно со ПД Бистра - Скопје.
Се наоѓа во Дом на АРМ, просторијата најдесно.
Има и распоред на активности за секој месец на линкот [url]http://www.korab.org.mk/programa.html[/url], само без точен датум кога ќе бидат.
На линкот за успеси [url]http://www.korab.org.mk/uspesi/uspesi.html[/url] на првата слика ги има и тие што беа на Килиманџаро (тој со долгата коса е Дуле).
[img]http://www.korab.org.mk/kilimandzaro/kili7_a.jpg[/img]
|
јузер |
Зависи на која планина се иде Harko. Обично повисоки планини се избегнуваат затоа што и да нема многу снег и опасност од лавини, времето е многу често лошо во зима (ладно, ветровито итн).
А има планини и места кои што се опасни и не само во зима доколку има снег. На пример, пред неколку години на Солунска Глава погинаа од лавина двајца планинари, и тоа во месец април. |
јузер |
Harko, договорено.[;)]
Во саботата бев по подолга пауза на Матка-Водно.
Од Матка се иде се до врвот на Водно. Имаше и снег, така што први бевме ние што го разгазувавме патот и малку беше понапорно да се оди во неразгазен снег. Тоест јас одев прв, а останатите си чекаа стапалки на готово.[}:)][:D]
Скопје беше целото во густа магла, а ваму на Водно мирно тивко, сончево од време на време, право уживање.
На врв после кога стигнавме по 4 ипол саати, во домот седнавме на задолжително чајче, јадење пиење и на крај финиширавме со малку ракиичка.[:p][:D] |
nemo |
so se nosi za prva pomos ako ti se zakaci jazeto ili da ostanes da visis i da si prespies taka visejki, imate voda |
јузер |
ШЕСТ ОСНОВНИ ПРАВИЛА ЗА БЕЗБЕДНО ПЛАНИНАРЕЊЕ (според швајцарското биро за превенција на несреќи):
1. Секоја планинарска акција испланирајте ја внимателно !
2. Проверете дали поседувате соодветна опрема и дали истата е во добра состојба !
3. Никогаш на планина не заминувајте сами !
4. Известете ги блиските и чуварот на планинарскиот дом за правецот и времетраењето на акцијата. По враќањето, јавете се дека безбедно сте се вратиле !
5. Постојано внимавајте на временската ситуација и на евентуалните промени !
6. Основна максима при планинарењето нека ви биде: Кога се сомневаш, врати се !
ЕТИКА ВО ПЛАНИНА (10-те заповеди):
1. Читај, оди (движи се), качувај се, учи го занаетот;
2. Опреми се како што треба и формирај добра екипа;
3. Тренирај постепено, не истрчувај се (не трчај кон целта);
4. Почитувај ја природата, тишината и луѓето;
5. Остави ги животните намира, а планинарските куќи чисти;
6. Не стреми се да се искачиш погоре од својот задник (повеќе одошто можеш);
7. Тргни, но без да сметаш на туѓа помош;
8. Симни се без да чекаш ако временските прилики се влошуваат;
9. Биди услужлив, помогни им на другите во тешкотија;
10. Уживај, запамти ја лекцијата од планината.
[url]http://www.korab.org.mk/tamu%20negde/pravila.html[/url]
|
јузер |
Еве линк и за [url="http://www.mmsf.com.mk/"]Федерација на планинарски Спортови на Македонија[/url].
Таму на линкот Планинарски Друштва (Download) ги има сите планинарски друштва од Македонија со нивно седиште и кој е претседател. |
јузер |
nemo, за што збориш сега за алпинизам?
За планинарење се знае однапред кај се иде и што треба да се земе.
Најчесто топол чај во термус се носи. Подобро од тоа нема. |
nemo |
quote: Originally posted by јузер
nemo, за што збориш сега за алпинизам?
За планинарење се знае однапред кај се иде и што треба да се земе.
Најчесто топол чај во термус се носи. Подобро од тоа нема.
imashe edna alpinistka ili planinarka toa bese pred 7-8 godini ja donese celata oprema ,pa i jaze koe mislam mozelo da izdrzi do 2000 kg, pa raskazuvase deka nekoj od niv se slucilo da si ja pijat mokracata kondenzirana vo voda koga nemalo sto da pijat vo kriticen slucaj koga visele na jazeto na Himalaite no toa se slucuva sosema retko. |
јузер |
На 19/20 ноември овој викенд што доаѓа се иде на Мусала - највисокиот врв на Балканот, на планината Рила.
Спиење во бугарскиот туристички центар Боровец. Шетња исто така е планирана низ Софија.
800 денари превоз, поаѓање споти Народна Банка во 24.00 часот.
Организатори се планинарските друштва Трансверзалец и Макпетрол.
Јас најверојатно идам, незнам за вас.[8D]
Информации и пријавување на следните телефони..
070 641-998 / 250-626 / 351-998 / 725-880 / 070 905-686 (Синиша) |
Harko |
quote: Originally posted by јузер
На 19/20 ноември овој викенд што доаѓа се иде на Мусала - највисокиот врв на Балканот, на планината Рила.
Спиење во бугарскиот туристички центар Боровец. Шетња исто така е планирана низ Софија.
800 денари превоз, поаѓање споти Народна Банка во 24.00 часот.
Организатори се планинарските друштва Трансверзалец и Макпетрол.
Јас најверојатно идам, незнам за вас.[8D]
Информации и пријавување на следните телефони..
070 641-998 / 250-626 / 351-998 / 725-880 / 070 905-686 (Синиша)
Изгледа не си заминал! |
јузер |
Epa ne otidov, mi ispadna nesto rabota za vcera, faken. |
rina |
a cesto odish na planinarski turi? |
SpaceLily |
Jas i slasa ke ojme na Galichica so shator sami! |
јузер |
quote: Originally posted by rina
a cesto odish na planinarski turi?
Не. Бирам само некои поинтересни, како што беше оваа на Мусала.
|
Harko |
Гледам дека си планинар а и дека те интересира велосипедизмот. Си пробал ли некогаш планински велосипедизам (mountbiking)? Ако немаш пробано, задолжително да пробаш[^][^][^]
Јас понекогаш возам во околината на Кавадарци и е ептен возбудливо. Впрочем, ако те интересира, прочитај повеќе на бугарскиов сајт http://www.mtb-bg.com/ па ако си за - јави се и одиме на некоја планина со точаци [;)] |
Harko |
Јузер,
Што правиш во зима? Безбедно ли е да планинариш? Мислам на опасност од лавини, премногу снег и слично... |