Промоции на нови дела
Промоции на нови дела
angel Веста е од 04.11.2005 година Промоција "Антологија на македонската поезија - 11 века" Во просториите на Друштвото на писателите на Македонија, денеска во 12 часот, ќе биде промовирана книгата "Антологија на македонската поезија - 11 века" на составувачот Ристо Јачев. Делото е во издание на издавачката куќа "Мисам" од Скопје, а ќе го промовира писателот Христо Крстевски. Стихови ќе чита актерот Владимир Јачев и дел од поетите чии песни се застапени во книгата. Антологијата содржи извадоци од творештвото на 41 поет, меѓу кои се застапени стихови од Климент Охридски, од автори од 19 век, како и извадоци од поетските книги на наши современи поети. Според најавите на издавачот, антологијата во идната година ќе биде објавена во Словенија, во Австрија и во САД.
angel НАСКОРО ОД "МАТИЦА" Излегува бестселерот "Сахара" на Клајв Каслер Каслер е автор на седумнаесет бестселери кој беше најбаран на годинешниот Франкфуртски саем на книгата. Како и во другите, и во "Сахара" авторот го оживува Дирк Пит, модерна варијанта на Индијана Џонс. Според книгата Брејк Ајснер го сними истоимениот Бестселерот на Клајв Каслер со наслов "Сахара", книгоиздателството "Матица" ќе го издаде на средината на месецов. Овој роман "Њујорк тајмс", "Дејли мирор", "Индепендент" и "Сандеј телеграф" го прогласија за роман на годината, а Каслер беше најбараниот автор на годинешниот Франкфуртски саем на книгата. "Сахара" е уште една книга на Клајв Каслер од серијата за книжевниот јунак Дирк Пит, современ Индијана Џонс, кој за прв пат авторот го ставил во книга во 1973 година. Оттогаш, седумнаесет романи за авантурите на Пит станаа светски бестселери. Овие книги се преведени на четириесетина јазици во стотина земји во светот, а меѓу нив се "Пронаоѓањето на Атлантида", "Ноќна сонда", "Златото на Инките". Во "Сахара" Дирк Пит талка по песоците на Сахара за да го спаси човештвото од еден злобен бизнисмен. Неколку случаи на мистериозна смрт се случуваат во различни делови од Африканската пустина. Тој, како дел од тимот на Националната агенција за истражување на мориња и подморје, е испратен да ги истражи овие случаи. Приказната осцилира од застрашувачки биолошки трагедии, преку мистеријата околу смртта на еден изгубен пилот и на американскиот претседател Абрахам Линколн до еден грозоморен затворски камп. На својот пат Пит сретнува една прекрасна жена која му кажува за чумата што го нападнала локалното население. Приказната добива поинаков тек кога тој открива дека зад појавата и ширењето на чумата стои една корпорација. Според овој роман на Каслер, режисерот Брејк Ајснер ја сними истоимената акциона авантура чија премиера беше во април годинава. Во филмот Дирк Пит го игра Метју Меконахи, а глумат и Пенелопи Круз и Стив Зан.
ozonce "Сонце на дирек" од Илинденка Петрушевска Се за македонскиот филм, од првата проекција на филм во Битола до денес. Навистина едно дело кое треба да се поседува.