Dali nekoj znae nesto za Gjorgi Pulevski??
Dali nekoj znae nesto za Gjorgi Pulevski??
dejan I za negovata kniga???
nemo
quote:
Originally posted by f9
Ѓорѓија Пулевски е соселанец на Партенија Зографски. Роден е во 1838 година во Галичник. Умира во Софија во 1895 година.Академикот Блаже Ристовски обемниот ракопис со над 1.700 страници го нашол пред повеќе од 40 години во ракописниот оддел во Народната библиотека во Софија. Таму се наоѓала и "Јазичницата", што се уште не & е во целост позната на научната јавност, во која на 500 страници Пулевски пишува за особеностите на македонскиот јазик.
quote:

zosto tolku vreme se cekalo da se mikrofilmuva (mrzlivost) i nepoznato za vo javnosta , dali si zgresil vo pisuvanjeto za negovata god na smrtta imas dvapatti 1893 i ednas 1895 koja e tocna?
quote:

Пишувана од 1865 до 1892 година, "Славјанско-маќедонската општа историја" е првата историја на Македонија и на Македонците воопшто, напишана од Македонец и на македонски јазик и претставува најобемно досега познато дело на современ македонски јазик си до 1944 година. Целосниот микрофилмуван ракопис на "Славјанско-маќедонската општа историја" Ристовски го добил дури во 1992 година, а од печат излезе лани, во издание на Македонската академија на науките и уметностите во едицијата на Фондацијата "Трифун Костовски". - Делото е поставено врз научни основи, бидејќи Пулевски сепак бил добро информиран и коректно користи повеќе од 50 извори. Методолошки тоа е сосем современа книга. Таа е напишана на современ македонски јазик, со оригинален правопис и со вонредно интересна и значајна лексика за апстрактните и научните поими. Со сето тоа таа е значаен извор и за проучувања од нашите јазичари, историчари, лингвисти, етнографи и истражувачи на нашата национално-политичка историја. Всушност, тие 1.700 страници се најзначајниот тестамент на Пулевски за својот народ и својата земја - вели академикот Ристовски. Во "Славјанско-маќедонската општа историја" е опфатен периодот од создавањето на светот па си до неговото време. Историјата завршува со настаните што се случиле во 1892 година. Таа ги содржи сите клучни моменти од националната, политичката и културната историја на Македонија. - Посебно се интересни неговите пишувања за Охридската архиепископија и за државата на кралевите Волкашин и Марко како последни суверени на Македонија. Особено значаен за нас е прегледот на 19 век, каде што како сведок или соучесник ги опфатил македонските востанија и востанијата на соседните народи за ослободување од Турците и војните на големите европски држави со Турција. Во поголем дел од овие востанија и борби учествувал и самиот тој, бидејќи Пулевски уште од 40-тите години на 19 век бил активен во револуционерните движења. Самоукиот галички ѕидар и печалбар, еден од првите комити и револуционери, војвода и поет, учебникар, фолклорист и етнограф, лексикограф, граматичар, историчар и културно-национален идеолог е еден од најголемите македонски преродбеници од 19 век. Ѓорѓија Пулевски починал на 13 февруари 1893 година во Софија во голема беда зашто, и покрај неговата голема револуционерна и културно-национална дејност, властите во Бугарија не наоѓале интерес да го вработат.Знаменитот македонски преродбеник, галичанецот Ѓорѓи Пулевски (1838-1895), несомнено, најизразитиот, најголемиот македонист во нашиот преродбенички 19 век, низ светот одел облечен во традиционалната галичка носија. Во Софија му била понудена работа во државната администрација, но, со единствен услов - Пулевски да се облече во современа градска облека. Пулевски ја одбил понудата и им одговорил на надлежните чиновници: “Ако Вие сакате да ме принудите да си го фрлам народното облеко, со кое што сум пораснал и сум работел толку време за својот народ, тогаш јас не Ви ја сакам ни службата ни платата“. Најпосле, непосредно пред смртта, добил скромна пензија. Инаку, за својата храброст и пожртвуваност во Руско-турската војна, Пулевски бил одликуван со орден и награден со сабја од рускиот цар.
f9 Ѓорѓија Пулевски е соселанец на Партенија Зографски. Роден е во 1838 година во Галичник. Рано го напушта родниот Галичник и со татко си заминува на печалба во Романија (Влашко), во местото Турно-Могурел. Таму, живеејќи заедно со многумина македонски печалбари, младиот ѕидарски работник се здобива со основите на писменоста и почетните импулси за идната национално-револуционерна дејност. Во 1862 година, со чета од негови сонародници, Пулевски учествува во разбивањето на опсадата и бомбардирањето на Белград од страна на Турците. Подоцна работел како ѕидарски мајстор во српската престолнина и во тоа време се обидувал од српските просветни власти да издејствува за себе учителско место во родниот Галичник, но молбата му била одбиена. Од друга страна, пак, успева да ги публикува своите два речника: "Речник од четири јазициии и "Речник од три јазициии. Во првиот, во делот наречен "Српско-албанскиии паралелно со српските, внесени се и македонски зборови според галичкиот дијалект, додека вториот речник е пишуван во форма на разговорник, низ прашања и одговори, според примерот на Шапкаревиот учебник од 1868 година. Во него еден дел е посветен на Македонија, на нејзината сегашност и минато. За неа авторот пишува со патриотска загриженост заложувајќи се за политичко ослободување и за создавање на литературен јазик кај Македонците, но и со извесна идеализација. Тука Пулевски го актуелизира и прашањето за создавање на граматика на македонскиот јазик. Илузијата дека по ослободувањето на Србија и Бугарија од турска власт ќе дојде редот и на Македонија, освен што го одведува во борбата за ослободување на Белград од Турците, го мотивира да учествува и во Руско-турската војна (1877-1878), во која ќе ја демонстрира својата храброст во битката на Шипка за што ќе биде одликуван од рускиот император. Неговиот патриотски долг кон татковината доаѓа до израз и со директно учество во Кресненското востание во Источна Македонија, во октомври 1878 година. Но, неповолните одлуки за Македонија донесени на Берлинскиот конгрес, во 1878 година, длабоко го разочаруваат. Во тој период се преселува во Софија и таму времето го минува во творење, целосно посветен на работата. Во 1879 година ја објавува книшката во два дела "Македонска песнаркааи-збирка од вкупно 15 македонски народни песни и од негови лични стихувани творби. Следната година, Ѓорѓи Пулевски ја објавува својата граматика под наслов "Слогница речовскааи, напишана на релативно чист јазик, со одреден број архаизми и русизми, кој немала некоја особена научна вредност. Нејзиното вистинско значење е во јасното разграничување што го прави авторот меѓу македонскиот, српскиот, бугарскиот, па дури и рускиот јазик. Во рамките на споменатата "Македонска песнаркааи поместени се и неколку негови ангажирани патриотски песни од типот на "Плачење македонскоои, напишани исто така на галички дијалект со извесен број туѓи јазични примеси и без некоја версификаторска вештина. Ѓорѓи Пулевски е автор и на далеку подолгата песна "Самовила македонскааи, објавена сепаратно, во 1879 година, како еден вид "политичка елегијааи. Низ објавените поетски текстови се дополнува неговиот лик на македонист и македонски патриот. Важен е секако и неговиот придонес за формирањето на "Славјанско-македонската книжовна дружинааи во Софија во 1888 година и има својство на нејзин прв претседател. Во 1892 година ја објавува и првата Славјанскомакедонска општа историја. Умира во Софија во 1895 година.Академикот Блаже Ристовски обемниот ракопис со над 1.700 страници го нашол пред повеќе од 40 години во ракописниот оддел во Народната библиотека во Софија. Таму се наоѓала и "Јазичницата", што се уште не & е во целост позната на научната јавност, во која на 500 страници Пулевски пишува за особеностите на македонскиот јазик. Пишувана од 1865 до 1892 година, "Славјанско-маќедонската општа историја" е првата историја на Македонија и на Македонците воопшто, напишана од Македонец и на македонски јазик и претставува најобемно досега познато дело на современ македонски јазик си до 1944 година. Целосниот микрофилмуван ракопис на "Славјанско-маќедонската општа историја" Ристовски го добил дури во 1992 година, а од печат излезе лани, во издание на Македонската академија на науките и уметностите во едицијата на Фондацијата "Трифун Костовски". - Делото е поставено врз научни основи, бидејќи Пулевски сепак бил добро информиран и коректно користи повеќе од 50 извори. Методолошки тоа е сосем современа книга. Таа е напишана на современ македонски јазик, со оригинален правопис и со вонредно интересна и значајна лексика за апстрактните и научните поими. Со сето тоа таа е значаен извор и за проучувања од нашите јазичари, историчари, лингвисти, етнографи и истражувачи на нашата национално-политичка историја. Всушност, тие 1.700 страници се најзначајниот тестамент на Пулевски за својот народ и својата земја - вели академикот Ристовски. Во "Славјанско-маќедонската општа историја" е опфатен периодот од создавањето на светот па си до неговото време. Историјата завршува со настаните што се случиле во 1892 година. Таа ги содржи сите клучни моменти од националната, политичката и културната историја на Македонија. - Посебно се интересни неговите пишувања за Охридската архиепископија и за државата на кралевите Волкашин и Марко како последни суверени на Македонија. Особено значаен за нас е прегледот на 19 век, каде што како сведок или соучесник ги опфатил македонските востанија и востанијата на соседните народи за ослободување од Турците и војните на големите европски држави со Турција. Во поголем дел од овие востанија и борби учествувал и самиот тој, бидејќи Пулевски уште од 40-тите години на 19 век бил активен во револуционерните движења. Самоукиот галички ѕидар и печалбар, еден од првите комити и револуционери, војвода и поет, учебникар, фолклорист и етнограф, лексикограф, граматичар, историчар и културно-национален идеолог е еден од најголемите македонски преродбеници од 19 век. Ѓорѓија Пулевски починал на 13 февруари 1893 година во Софија во голема беда зашто, и покрај неговата голема револуционерна и културно-национална дејност, властите во Бугарија не наоѓале интерес да го вработат.Знаменитот македонски преродбеник, галичанецот Ѓорѓи Пулевски (1838-1895), несомнено, најизразитиот, најголемиот македонист во нашиот преродбенички 19 век, низ светот одел облечен во традиционалната галичка носија. Во Софија му била понудена работа во државната администрација, но, со единствен услов - Пулевски да се облече во современа градска облека. Пулевски ја одбил понудата и им одговорил на надлежните чиновници: “Ако Вие сакате да ме принудите да си го фрлам народното облеко, со кое што сум пораснал и сум работел толку време за својот народ, тогаш јас не Ви ја сакам ни службата ни платата“. Најпосле, непосредно пред смртта, добил скромна пензија. Инаку, за својата храброст и пожртвуваност во Руско-турската војна, Пулевски бил одликуван со орден и награден со сабја од рускиот цар.
dejan Fala f9! Najdev ova na internet http://www.gate.net/~mango/Macedonian_renaissance.html#THE%20MACEDONIST%20G'ORG'I%20(G'ORGO)%20PULEVSKI i ova, mnogu interesno!! Ye, Macedonian inhabitans, listen. Nothing awaits us Except the Asiatic's tyranny and disgrace abroad. A foreign country is unpleasant; there, you are looked at suspiciously And all are called unbearable drones. In foreign lands, Macedonians, are said all sorts of things, They are looked at sternly and called rudely. Have, you, Macedonians, heard what old people say: “There have not been bolder people than the Macedonians." “The Tsar Alexander the Macedonian, three hundred years before Christ” “Conquered the whole planet with the Macedonians.” Our king Philip is a Slav, the Tsar Alexander is a Slav, They have been given birth to by our Slavonic grandmothers. Macedonians! remember Macedonian heroism And follow the path of your ancestors! It is better to lose our lives in our dear country Than bear all kinds of maltreatment.” Jas procitav negde drugste deka on pocinal vo Petargrad??
stojanov Poradi nepocituvanje na pravilata i ignoriranje na opomenite, ovoj post e izbirsan.