Crna Hronika |
sisi |
Sekojdnevno ne bombardiraat so uzasni vesti,koi gi opisuvaat do najsitni detali,ni go pretstavuvaat vo najcrnoto mozno svetlo naseto sekojdnevie.
Nasite mediumi.
Najpopularna rubrika vo sekoj pecaten ili elektronski medium,sekako e Crnata Hronika. Najpopularna e zatoa sto lugjeto najmnogu ja citaat,ja slusaat i komentiraat.
Eve ajde da vidime sto vie citate i slusate od dnevnata Crna Hronika,sto ve uzasnuva od Makedonskata Crnila! |
sisi |
Повреден 73-годишен велосипедист
Во Куманово на булеварот Октомвриска револуција вчера се случи сообраќајна несреќа во која бил повреден 73- годишниот И.К. До несреќата дошло околу 10 часот кога И.К. кој управувал велосипед се обидел да го помине коловозот на необележан премин.
И.К. кој управувал велосипед се обидел да го помине коловозот на необележан премин. Поради врнежливото време најверојатно возачот на автомобилот "матиз" 52-годишната Л.З не го видела навреме, се обидел да го избегне, закочел, но удрила во него. Од ударот велосипедистот паднал на коловозот и ја изгубил свеста по што итно бил префрлен на Хируршкото одделение во Медицинскиот центар во Куманово. По несреќата на улицата имаше траги од крв, превртениот велосипед, капата и чевелот на повредениот .
Очевидци на несреќата велат дека и.К. бил на пазар и брзал да замине бидејќи почнало да врне. Според првичните сознанија на полицијата велосипедистот задобил лесни телесни повреди.
[img]http://www.vest.com.mk/images/{83993590-B6E1-4F7D-B67F-DF019E32F5C0}_soobrakajka-2.jpg[/img]
|
sisi |
СТАРЦИТЕ ОД ДРАЧЕВО ГИ УБИЛ НИВЕН 22 ГОДИШЕН КОМШИЈА
Полицијата го откри убиецот кој во четвртокот ги заклал Санде и Цвета Тодевски во нивниот дом во селото Драчево. Убиството го извршил 22 годишниот Николче Г, викан Кинез, нивен комшија.
Мотивот, според полицијата се пари.
Според признанието што Николче го дал во полицијата, тој влегол во домот на Тодевски во четвртокот на 3 ноември околу 20.30 часот, и со нож го нападнал Санде Тодевски нанесувајќи му неколку смртоносни убоди. По ова тој ја нападнал неподвижната 75 годишна Цвета.
Ја пребарал куќата, нашол еден заклучен дрвен куфер, и откако не успеал да го отвори избегал со него. Кога го отворил внатре пронашол 60 илјади днари. Дел од парите потрошил, а другите полицијата ги нашла кај него.
Николче живеел на само 500 метри од местото каде што гоизвршил злосторството. Тој од порано и бил познат на полицијата како извршител на повеќе кривични дела. Бил пријавуван и суден за разбојништво, насилство, кражби и измами.
Полицијата го пронашла и ножот со кој е извршено убиството, и истиот е даден на вештачење.
На Николче му било дреден 48 часовен притвор во предистражна постапка, а по поднесување на кривичната пријава се очекува да му биде одреден 30 дневен притвор.
Денеска на гробиштата во Драчево бил погребан Санде Тодевски. На погребот дошле и неговите деве ќерки кои живеат во странство. Тешко повредената Цвета која во петокот била примена во Градската болница со повреди нанесени од нож во вратот, и натаму е во критична состојба,и приклучена на апарати.
Телата на Санде и Цвета беа пронајдени во петокот вечерта од страна на комшиите по барање на нивниот зет кој цел ден не можел да ги добие телефонски.
,,Кога ги нашол соседот, Санде бил легнат на под целиот искрвавен, заклан со нож,, - рече еден од соседите на убиените.
Соседите вчера беа згорзени од настанот и не можеа да поверуваат дека некој им направил вакво злосторство на нивните мирни соседи.
|
angel |
УЖАСИЈА НЕВИДЕНА......
Ова ни го кажуваат за да станеме свесни коклу сме среќни што не не снашло нас. Да бе, финта е за да ни кажат дека сме многу среќни. [:(]
Имам чувство дека во Мекедонија најмалку вреди човечкиот живот а се друго си има своја цена.
И се додека е така, се додека се друго ќе има своја цена во МК човечкиот живот најмалку ќе вреди.
И после се што сторил „младиот каошија„ мислам дека лесно ќе си помине.
Вината има ланчано дејство. Ќе објаснам вака: „младиот комшија„ си ги убил комшиите за пари, но некој и нему му има погрешено што го навело да го стори тоа, па на тој некој што нему му има погрешено друг му има погрешено .... и се така. Непотребно е да се бара почетокот, треба да се прекине крајот за да тој-крајот некому не биде почеток.
Нешто со прекинување на крајот во МК имаме проблем: Правосудниот систем не финкционира добро, социјалата се остава да страда, криминалитетот тешко се открива и прекинува, организираниот криминал почнува од највисоките државни институции.....треба ли уште? Не.
Затоа велам УЖАСИЈА НЕВИДЕНА! |
mona |
Полициски џип усмрти жена
Полициски џип усмртил пешак вчера рано изутрината на улицата Ѓорче Петров во истоимената скопска населба, соопшти полицијата.
Станува збор за Ленче Зафирова (51) од скопското село Матка.
Трагичната сообраќајка се случила околу 6 часот изутрината, кај сервисот за автомобили "Фиат", во населбата Ѓорче Петров..
Полициски џип, кој го управувал униформираниот полицаец (Ј.С.), со голема брзина удрил во Зафирова додека таа ја минувала улицата на необележан пешачки премин
По трагичната сообраќајка, жената со автомобил веднаш била однесена во Воената болница, каде што лекарите ја утврдиле нејзината смрт.
I sea koj ke bide vinovnikot?
|
angel |
quote: Originally posted by mona
I sea koj ke bide vinovnikot?
Lesno prasanje. Se znae. Zenata ke bide vinovna sto se nasla na pogresno mesto vo pogresno vreme. Toa ke bide zaklucokot po vodenjeto na dolga i spora istraga. Taka toa biva kaj nas. |
sisi |
Фрлал со камења, а по него со куршуми
[img]http://www.vecer.com.mk/content_images/8305038722005116175020.jpg[/img]
Меѓусебна омраза и нетрпеливост е причината поради која педесет и двегодишниот Н.М. од Седларево, Тетовско, во саботата, крена рака врз свој соселанец.
Тој со два куршуми од пиштол му пукаше директно во градите на Даут Даути (45). Дваесет и четири часа по убиството, осомничениот е пронајден и приведен во полициска станица.
На злосторот, според информации добиени од тетовската полиција, му претходел инцидент кој се случил неколку дена пред тоа. Имено, Даути тогаш со камења фрлал кон убиецот, кој работел како чувар во училиштето "Косан Тамини". Еден од десетината фрлени камења, завршил дирекно во главата на Н.М. Видно разгневен, од сето што се случило претходно, Н.М. ја чекал својата шанса и конечно ја дочекал во саботата. Во една од селските улички го пречекал Даути, го извадил пиштол за кој немал никакви документи и почнал да пука. Даути се струполил на земја и кусо време потоа починал.
|
c0nGuR |
A da se prefrleshe topicov na
Macedonia - News and Political talks
Дневни случувања во Македонија.
Ne mu e tuka mestoto neli, ili gresham ?[^] |
sisi |
quote: Originally posted by c0nGuR
A da se prefrleshe topicov na
Macedonia - News and Political talks
Дневни случувања во Македонија.
Ne mu e tuka mestoto neli, ili gresham ?[^]
Kaj gledas ti ovde "news and political talks" da te prasam???
Gresis. Zarem mislis deka na toj podforum bi trebalo da se razgleduvaat "vakvi temi"? (pregazena baba,ubieni starci,se stepale so kamenja...)? Pa toj podforum ne go zasluzuva toa!
Vprocem,postoajat administratori,koi ubedna sum ke ti odgovorat i dokolku e potrebno ke interveniraat. |
c0nGuR |
quote: Originally posted by sisi
quote: Originally posted by c0nGuR
A da se prefrleshe topicov na
Macedonia - News and Political talks
Дневни случувања во Македонија.
Ne mu e tuka mestoto neli, ili gresham ?[^]
Kaj gledas ti ovde "news and political talks" da te prasam???
Gresis. Zarem mislis deka na toj podforum bi trebalo da se razgleduvaat "vakvi temi"? (pregazena baba,ubieni starci,se stepale so kamenja...)? Pa toj podforum ne go zasluzuva toa!
Vprocem,postoajat administratori,koi ubedna sum ke ti odgovorat i dokolku e potrebno ke interveniraat.
.................
news and political talks
Novo I politichki razgovori
Дневни случувања во Македонија.
Zhachi shto ima "novo i od politika" znachi moze tamu da se otvaraat i temi vo vrska so "Crna Hronika". Ili nedelni ili mesechni slucuvanja se toa?
|
sisi |
............... ova za vo crna hronika e? da pocnam da se plasam Hogar Srasni?
edit: A so editiranje igrame? vazi!
Otvori be Hogar! |
c0nGuR |
quote: Originally posted by sisi
............... ova za vo crna hronika e? da pocnam da se plasam Hogar Srasni?
Calm down.[;)] |
sisi |
quote: Originally posted by c0nGuR
quote: Originally posted by sisi
............... ova za vo crna hronika e? da pocnam da se plasam Hogar Srasni?
Calm down.[;)]
You too.[;)] |
c0nGuR |
quote: Originally posted by sisi
............... ova za vo crna hronika e? da pocnam da se plasam Hogar Srasni?
edit: A so editiranje igrame? vazi!
Otvori be Hogar!
Nemam pravo na Edit? Zatoa pishav samo ........., posle toa gleam replay na ........., pa editirav [^]
btw, don't call me Hogar, that isn't my name, about that title u can ask [url="http://forums.vmacedonia.com/pop_profile.asp?mode=display&id=2148"]Here[/url] |
sisi |
Пронајдена експлозивна направа крај црквата "Св. Богородица"
[img]http://217.16.70.245/izdanija/1920/31682.jpg[/img]
03.11.2005
ТЕТОВО
- Вчераутро во стариот дел на Тетово покрај ѕид на црквата "Св. Богородица" била пронајдена неекслодирана импровизирана експлозивна направа. Веднаш по пријавувањето на случајот од граѓани, биле активирани екипи за антитероризам на МВР и СВР-Тетово. Експлозивната направа вчераутро била уништена во околината на црквата.
Црквата "Св. Богородица" се наоѓа во стариот дел на Тетово, на улицата "Цветан Димов°, попознато како Горно Маало. Луѓето што живеат во близина на црквата велат дека во текот на ноќта не забележале ништо посебно. |
ace6vel |
Stalno koga citam vesnik prvo odam na crna hronika ne znam oti :) |
sisi |
НЕСРЕЌА ПРИ ЛОВ КАЈ НЕГОТИНСКОТО СЕЛО ТИМЈАНИК
Пукал во гулаби, погодил жена
С.П. (37) од Неготино завчера со сачми од ловна пушка ја ранил 52-годишната неготинчанка Р.Б. додека бил во лов, соопшти вчера полицијата.
Несреќата се случила во месноста Езеро, во близина на неготинското село Тимјаник. Таму С.П. заедно со неколку пријатели бил во лов. С.П. пукајќи во диви гулаби, не предвидел дека во близина може да има луѓе, ја погодил Р.Б. која со пријателките шетала во близина, информираше полицијата. Во МВР велат дека С.П. имал уредно одобрение за ловечката пушка со која пукал.
52-годишната Р.Б. е погодена со сачма во левата натколеница и при тоа и е нанесена телесна повреда.
Случајот е пријавен во полиција која направила увид на местото на настанот и по комплетирање и документирање на случајот ќе поднесе и пријава.
|
ozonce |
Jas ne ja chitam taa rubrika, tuku koga i da se vidime so novinarkata na Dnevnik Svetlana Darudova, obavezno mi gi kazuva ovie raboti. Mnogu se posmeshni (ili trebashe da kazam po tragichki) koga ona gi kazuva :) a i samata znae da napravi dobri prikazni okolu sluchkite :) |
mona |
По минатонеделната сообраќајна несреќа во скопската населба Ѓорче Петров
Полицискиот џип кочел дури откако ја усмртил жената?
Истражниот судија Седат Реџепагиќ не сака да коментира шпекулации
Семејството на Ленче Зафировска (51), која минатата недела почина откако беше прегазена од полициски "лендровер", го ангажира скопскиот адвокат Васил Димишков да ги штити нивните интереси.
Во четвртокот на гробиштата во селото Матка беше погребана Ленче и тагата сў уште е присутна во нејзиното семејство, но нејзините најблиски се подготвени за соочување со вистината и бараат виновниците да бидат казнети.
- Се надеваме дека ќе нема забошотување на случајот и дека работите за кусо време ќе си дојдат на свое, велат блиски на трагично загинатата Зафировска.
Истрагата за овој инцидент е во тек, но во меѓувреме се лиферуваа определени шпекулации кои на целиот случај му даваат нови моменти. Имено, очевидци тврдат дека џипот "лендровер" веќе утрото, по несреќата, бил забележан во близина на стадионот во населбата Ѓорче Петров. Наводно му бил заменет браникот, иако не бил однесен на технички преглед, како што налагаат правилата. Од друга страна, пак, уште поневеројатно звучи шпекулацијата дека џипот воопшто не кочел пред да удри во жената која стоела на двете средишни ленти од коловозот, туку дека кочење имало дури по ударот?!
Истражниот судија од Основниот суд Скопје 1, Седат Реџепагиќ, кој го води овој случај, не сака да ги коментира овие шпекулации и вели дека истрагата нема нови моменти.
- Очекуваме Министерството за внатрешни работи да си го заврши својот дел од задачата, односно да ја достави фотодокументацијата, скиците од записникот по извршениот увид, резултатите од извршениот алкотест и урина, како и по техничкиот преглед на возилото, но за такво нешто е уште рано, вели истражниот судија Реџепагиќ.
Несреќата се случи минатата среда во шест часот наутро на улицата "Ѓорче Петров". Семејството на починатата се сомнева дека возачот на полицискиот џип, Јаким С. (49), наводно, бил под дејство на алкохол и дека возел со голема брзина. Ваквите сомневања тие ги поткрепуваат со кажувања на очевидци.
Ovoj post e povrzan so mojot predhoden post. |
sisi |
Вчераутро, грабеж во кумановската приватна фирма "Шмеки компани"
Вооружена банда украла железна каса со околу 90.000 евра
Откако не успеале да ја отворат, разбојниците ја влечеле касата низ ходниците во една канцеларија со доволно голем прозорец низ кој успеале да ја изнесат и да ја натоварат во нивното возило.
КУМАНОВО - Вчераутро околу четири часот повеќечлена вооружена група разбојници со црни маски на главата упаднале на стражарското место од управната зграда на фирмата "Шмеки компани°. Со закана дека ќе го убијат, му наредиле на стражарот да се залепи со лицето кон ѕидот со кренати раце и започнале да ја бараат касата со пари. Додека еден разбојник го држел на нишан стражарот, другиот излегол да ги повика другите членови на вооружената банда кои чекале во автомобил пред влезот на компанијата.
"Како што тврди мојот работник за обезбедување, сў се случило многу брзо°, вели сопственикот на фирмата "Шмеки компани°, Имери Саити. Целата операција траела околу половина час, додека напаѓачите се обидувале насилно да ја отворат железната каса тешка околу 200 килограми што стоела во ходникот пред стражарската просторија.
Откако не успеале да ја отворат, разбојниците ја влечеле касата низ ходниците до една од канцелариите со доволно голем прозорец низ кој успеале пленот да го изнесат и да го натоварат во нивното возило. Веднаш потоа исчезнале. Во касата, според тврдењето на сопственикот на компанијата, имало околу 90.000 евра и 80.000 денари. Саити се сомнева дека полицијата ќе им влезе во трага на сторителите на ова разбојничко дело, бидејќи, како што вели, пред пет години бил киднапиран, а една година подоцна истото му се случило и на неговиот брат. И во двата случаја полицијата нема никакви информации. |
sisi |
Професор на стоматологија се обидел да силува студентка
Пред два дена професор на стоматологија се обидел да силува студентка која дошла на испит. Шеесет и тригодишниот професор по орална хурургија со иницијали Ј. Ј ја нападнал студентката откако влегла во неговиот кабинет. Почнал да ја допира по интимните делови на телото, но студентката дала отпор . Професорот потоа употребил и физичка сила.
По телото на студентката од трета година се уште има сериозни модринки кои сведочат за настанот. Професорот не успеал во својата цел, студентката успеала да побегне и веднаш случајот го пријаваила во полиција.
Од министерството за внатрешни работи го потврдуваат случајот.
Полицијата веднаш интервенирала професорот е во затвор. За него е изречена мерка притвор од 15 дена се додека трае истражната постапка информираат од МВР. Останатите информации од МВР не сакаат да ги обелоденат со цел да ја заштитат жртвата.
И по два дена надлежните од стоматолошкиот клинички центар молчат, деканката Марија Накова денеска беше недостапна за коментар.
Студентите на факултет или се плашат или случајот навистина се држи во тајност.
Дали сте чуле за професорот кој ја сулувал студентката на вашиот факултет?
„Не. Не сме чуле... Не прв пат слушам... Како можел тоа ги надминува сите работи... Не сум чул но го осудувам професорот“, вака реагираат студентите.
Шеесет и три годишниот професорот по орална хирургија во медицинските кругови е познат како човек со ниски морални вредности. Случајот е во истражна постапка.
|
sisi |
СЛУЧАЈ СЕКСУАЛЕН НАПАД НА СТОМАТОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ
Притворениот за силување пуштен на чесен збор.
Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 одлучил дека стоматологот Ј.Ј. нема потреба да остане во притвор во наредните 15 дена. Нема да бега, објаснуваат од Основниот суд 1, оти има имот на негово име и семејство во земјава. Тој нема ни да влијае в
Лекарот Ј.Ј., забар на Клиниката за стоматологија, кој пред четири дена се обидел да силува студентка, е пуштен на слобода од истражниот затвор во Шутка. Вака одлучил Кривичниот совет во Основниот суд 1 во Скопје. Професорот е ослободен, откако неговата адвокатка Светлана Савиќ поднела приговор на решението на истражниот судија за мерката притвор.
"Професорот е ослободен оти немало основи за продолжување на притворот. Според Законот за кривична постапка, утврдено е дека тој нема да бега и нема да влијае на сведоци", вели судијата Милан Доганџиски, портпарол на Основниот суд 1 во Скопје.
Кривичниот совет одлучил дека стоматологот Ј.Ј. нема потреба да остане во притвор во наредните 15 дена, бидејќи нема да бега и да влијае на сведоци во постапката. Нема да бега, објаснуваат од Основниот суд 1 оти има имот на негово име и семејство во земјава. Исто така, додаваат оттаму, тој нема да влијае врз сведоци затоа што единствен сведок во постапката е оштетената девојка, а таа е веќе сослушана.
Скандалот со професорот по орална хирургија се случи во вторникот, кога студентката од петта година на Стоматолошкиот факултет во Скопје отишла во кабинетот на лекарот Ј.Ј за да полага испит. Девојката влегла во канцеларијата, а професорот, без да забележи таа, ја заклучил вратата. Веднаш потоа, како што изјавила студентката, забарот почнал да и се умилкува и да ја убедува дека ќе и помогне да го положи испитот. Студентката се спротиставила и сакала да стане да си оди. Но, забрефтаниот професор не се откажал од намерата, насила ја турнал девојката и почнал да блудничи врз неа.
Кога завршил со перверзиите, забарот ја пуштил студентката да си оди дома. По неа, полагале и други студенти. Професорот завршил со испитот и си заминал дома. Во извештајот на истражниот судија од Основниот суд 1 е наведено дека кај девојката биле забележливи траги од насилство по телото и модринки на устата.
И вчера, директорот на Стоматологија Хасан Мемети не одговори на повиците за да објасни какви санкции ќе спроведе врз својот колега.
|
sisi |
Двојно убиство во Тетово
13.11.2005
Дваесет и осум годишниот Терзија Сафет и 34-годишниот Терзија Мухаби од страна на четири непознати лица беа убиени синоќа околу 21 часот во Тетово, на улица „Штипска“.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека по извршениот увид на местото на настанот е утврдено дека откако Мухаби и Сафет излегле од куќата и влегле во патничко возило БМВ, од друго возило излегле четворицата непознати и со неколку истрели од огнено оружје ги лишиле од живот двајцата роднини, а потоа се оддалечиле во непознат правец.
Телата на убиените се предадени на обдукција, со која кај двајцата се констатирани повреди на главата и во градите.
МВР презема мерки за пронаоѓање на сторителите.
|
sisi |
Bidejki nikoj drug ne saka da mi pravi drustvo vo Hronikava,eve jas sama ke si postiram pomocu copy-paste nastani koi mracno go odbelezuvaat denot:
Го прегазил автомобил во рикверц
Во сообраќајна несреќа што се случила bo петокот во Свети Николе, во дворот на семејната куќа тешко бил повреден Б.Д. (47) од Свети Николе кој по укажаната помош бил пренесен и задржан на лекување во велешкиот медицински центар.
Несреќата се случилa во петокот, попладне околу 17 часот на улицата Ударничка. А.Б. (36) од Скопје кој управувал автомобил "шкода" со скопски регистерски ознаки го паркирал на стрмната уличка без да ја подигне рачната кочница. Излегол од автомобилот и заминал да заврши некои работи. Во меѓувреме автомобилот почнал да се движи наназад по удолнината, влегол во дворот и удрил во Б.Д.
Од ударот и падот Б.Д. се здобил со сериозни повреди по главата и телото, по што веднаш бил пренесен во болница.
За сообраќајката била известена и полицијата која го пронашла возачоT.
|
sisi |
ГРАБЕЖ ВО ФИЛИЈАЛА НА "КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА" ВО "СКОПЈАНКА"
Разбојниците фатени за 10 минути
ДЕСЕТИНА МИНУТИ ТРАЕЛА ЗАЛОЖНИЧКАТА ДРАМА ВО "КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА". РАЗБОЈНИЦИТЕ ГРАБНАЛЕ 987.000 ДЕНАРИ, 2.500 ЕВРА И 327 АМЕРИКАНСКИ ДОЛАРИ И СО ТАКСИ ИЗБЕГАЛЕ КОН АВТОКОМАНДА. ДВАЈЦАТА СЕ УАПСЕНИ, ЕДНИОТ КАЈ "АЛКАЛОИД", А ДРУГИОТ КАЈ "ПИВАРА", А ПАРИТЕ, СИТЕ ДО ДЕНАР, СЕ ВРАТЕНИ ВО БАНКАТА
Две маскирани лица вооружени со пиштоли завчера попладне упаднаа во филијалата на "Комерцијална банка" во Трговскиот центар "Скопјанка" и оттаму украдоа близу 1,5 милион денари. Само дваесетина минути потоа, во координирана акција на полицијата, на "алфите" и на припадници од ПС "Гази Баба", во Автокоманда, кај "Пивара", разбојниците се уапсени и приведени, а парите се вратени во Банката. Вчера инспекторите од "Кражби" се уште работеа на случајот, и со оглед на фактот дека за осомничените постојат сомненија дека се сторители и на други тешки дела, многу детали, освен за тоа дека се работи за А.К. (20) и П.К. (21), не беа достапни за јавноста.
За случајот во "Комерцијална" не сакаа да зборуваат ниту вработените, ниту луѓето од околните дуќани во Трговскиот центар кои однадвор гледале што се се случува таму. Велеа, само "тоа е тоа", креваа раменици и се тргаа настрана. И едните и другите беа вчудовидени од настанот и уплашени. Сепак, еден очевидец којшто од страв да не му се случи нешто не сакаше да ни го каже името, за "Вечер" изјави:
"Беше како на филм. Видов десетмина долу исполегнати на подот и еден со капа "фантомка", му се гледаа само очите и устата, кој стоеше крај вратата и, веројатно, чуваше стража. Не знаев што се случува. Претпоставував дека е грабеж. Сешто ми помина низ глава. Не можев никако да им помогнам на луѓето, освен случајот да го пријавам в полиција. Свртев и во куси црти ги информирав надлежните за случувањата во Банката". |
sisi |
КАВАДАРЦИ
Нишанел во синовите го погодил внучето
Слеп дедо пукал со пиштол во неговите два сина при расправија што доцна завчера се случи во Кавадарци, на ул. "Скопска", и место нив го погодил внукот. Седумнаесетгодишниот Д.К. со прострелна рана во слабината е пренесен и задржан на лекување, а Ж.К. (74) е однесен во полиција, одземено му е оружјето и привремено е задржан на распит.
Повикувајќи се на официјални информации од МВР, околу 20,30 часот во дворот од куќата на Ж.К. почнала расправија меѓу двајцата негови синови К.К.(44) и С.К.(46). Вакво нешто и досега се случувало поради што неколкупати интервенирала полицијата, но овојпат не се стигнало да се пријави случајот. Триесет минути траел "дијалогот" меѓу браќата главно придружен со навреди и од едниот и од другиот по што дошло до кошкање. На старецот му дошло преку глава да ги слуша расправиите за тоа кому што му оставил во наследство и кој на која земја е сопственик, отишол дома, зел пиштол, а потоа излегол надвор и "на невидено" пукал во синовите.
Куршумите не завршиле во оние на кои им биле наменети. Дедото со еден си го погодил внучето што се нашло меѓу таткото и чичкото и се обидувал да ги раздвои да не се тепаат. |
sisi |
Искршени надгробни плочи на православните гробишта
[img]http://www.vest.com.mk/images/{52C83E37-C9F7-46C1-B025-6D0818984010}_grobista-2.jpg[/img]
На православните гробишта во селото Опае се уништени поголем дел од надгробните споменици и плочи. Вандализмот бил случајно откриен од жители на селото кои деновиве заминале на помен кај некој од семејството. Ја изветиле полицијата која извршила увид на лице место, но се уште не е утврдена вкупната вредност на направената штета.
"Од координативното тело ни кажаа дека се уништени 12 надгорбни плочи на гробиштата во селото. Се уште не знаеме на кои семејства припаѓаат. Откако почна војната, не сме се вратиле во Опае. Пред конфликтот не не чепкаа селаните, а сега ова е втор пат како ги потресуваат и мртвите", вели Елица Цветковска, сместена во хотелот "Кристал".
Во селото Опае по завршувањето на војната само неколку македонски семејства се вратија да живеат во селото додека останатите се се уште во колективните центри или ги продадоа своите куќи и се преселија во други делови на градот.
|
sisi |
ПРОСТИТУТКИ ВО СТАН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ
Муштерии чекале во редица за секс-партија
В.В. (42), К.Н. (25) и Б.Ѓ (49) заедно со четворица клиенти и други двајца кои чекале на ред биле уапсени во стан од зграда број 7 на улицата Страшо Пинџур веднаш до Новата железничка станица, сопственост на полицаец.
[img]http://www.vest.com.mk/images/{526355BB-694C-4DD1-9808-51E6339AD7BA}_prostitutki-2.jpg[/img]
Три проститутки сосе нивните клиенти и макрото завчера вечерта биле уапсени на дело во стан од зграда на улица "Страшо Пинџур" веднаш до новата желзничка станица во Скопје .
Како што соопшти полицијата, во акцијата биле уапсени проститутките В.В. (42), К.Н. (25) и Б.Ѓ. (49), заедно со нивниот посредник К.М.( 49) кој станот го изнајмил од С.А. полицаец. Во акцијата, во прегратките на проститутките биле затекнати четворица клиенти и уште други двајца кои чекале на ред во холот од станот. Сите биле приведени во полиција и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.
Уапсените проститутки за секс- партија наплатувале 1.300 денари од клиент. 300 денари му давале на макрото, а остатокот го задржувале за себе.
Станот за проституција се наоѓа во зградата број 7.на приземјето. Според тврдењето на станарите, станот бил поделен на два дела. Едниот дел го користеле проститутките а другиот бил издаван на ден. Додека бевме таму станарите тврдеа дека во станот во тој момент престојувале станари.
Во другиот дел од станот каде што биле сместени проститутките вчера немаше никој. Ролетните на прозорците беа спуштени. Но сепак имаше кленти кои најверојатно закажале претходните денови, а не биле информирани оти завчера вечерта полицијата извршила рација и ја прекинала двегодишната работа на проститутките. Клиентите вчера беа упорни. Вртеа околу зградата и станот. Не им беше јасно што се случува. За половина час таму наминаа тројца мажи на возраст меѓу 40 и 50 години. Нив ги препознаат станарите од зрадата. Најупорен беше еден посетител на возраст од околу 50 години. Беше дотеран. Облечен во црн капут.
Прво влезе во зградата па кога никој не му ја отври влезната врата од станот тој повторно излезе надвор и заврте неколку круга околу зградата. Се јавуваше и на мобилниот, па кога не доби никаков одговор зеде камчиња и почна да фрла кон ролетните од прозорецот на станот. Едно од камчињата го промаши прозорецот од станот и удри во соседниот. Од таму излезе едно девојче. Тогаш непознатиот ја праша како се вика. Па кога девојчето му одговори дека погрешил тој се провртка околу половина час и замина.
Сопственик на станот според тврдењето на станарите е С.А. вработен во полиција. Нему станарите честопати му се жалеле и барале тој повеќе да не го издава станот под кирија бидејќи тој е претворен во гнездо на проституција и е неиздржливо за живеење. Но тој не реагирал на молбите и укажувањата на соседите.
"Се изнагледавме се и сешто овие две години вели една станарка. Понекогаш редицата на мажи кои сакаа да се сексаат со проститутките беше долга, дури до парков. Не можевме да си влеземе дома"- вели една од станарките и додава . "Насекаде имаше шприцеви и игли. Ги фрлаа под балконот. Се случуваше да има купишта и од долен веш но го исчистија пред два дена.
Две години одевме и пријавуваме во полиција но никој не реагираше само затоа што сопственикот беше полицаец.
" Се се договараше по телефон. Во станот имаше секакви од баби на бастунчиња, забулени, па дури и малолетнички. Фала богу што се стави крај на ова.
Сега можеме мирно да спиеме. Ноќе беше неиздржливо. Се слушаше викање, крици кои понекогаш наликуваа на животински, а сето тоа го слушаа нашите внучиња-вели една од станарите која сакаше да остане анонимна оти како што ни рече се плашела од сопственикот на станот бидејќи е полицаец.
|
sisi |
ШВЕРЦ СО ЛЕКОВИ ВО БИТОЛА
Аптекари избегнале данок за 150.000 аналгини и кафетини.
[img]http://www.vest.com.mk/images/{2B0A7C5C-7AD7-4239-A554-19EA6603791E}_apteka-2.jpg[/img]
Битолскиот гинеколог Т.А.( 44) и неговата сопруга М.А.(44) се осомничени за извршени кривични дела: вршење недозволена трговија и даночно затајување, при што им се поднесени кривични пријави. Според пријавата, двајцата сопружници, како сопственици на аптеката "Медика - Марта" во Битола, на 26. октомври, годинава направиле извозно-увозна зделка со 100.000 таблети "аналгин" и 50.000 парчиња "кафетин" со засега непознато лице од Косово. Извозно-увозната зделка осомничените сопружници ја направиле на незаконски начин, и без потребната докуметнација и одобрение. Тие требало да се стекнат со имотна корист од 1.100 евра, избегнувајќи го на тој начин плаќањето на данокот на додадена вредност. Истрагата е проширена заради откривање на непознатото лице од Косово преку кое што е направена оваа зделка, како и за евентуално вмешаност и на други лица.
|
sisi |
Велешанец бил убиен додека готвел вечера
[img]http://www.cybermacedonia.com/aveles.jpg[/img]
Седумдесет и едногодишен велешанец бил смртно застрелан во рамо додека готвел крај шпорет, од засега непознато лице што пукало однадвор, соопшти полицијата.
Убиството било извршено во петокот околу 20.30 часот во велешкото село Ореше, кога засега непознато лице истрелало два куршума кон прозорецот од куќата на Лазар Милошевски. Едниот куршум завршил во фасадата на куќата, а другиот го погодил Милошевски во десното рамо, по што навлегол во градниот кош и повредил некои витални органи.
Во моментот на убиството тој седел крај шпоретот, си готвел вечера и се подготвувал за лов за следниот ден. Неколку минути претходно тој телефонски разговарал со својот син во Скопје. Истрелите никој не ги чул во селото, а телото на убиениот Милошевски го пронашол негов роднина следното утро.
|
sisi |
НЕСРЕЌА ПРИ КРАЖБА НА СТРУЈА ВО ЗГРАДА ВО ТЕТОВО
Двајца повредени во експлозија на струјомери
[img]http://www.vest.com.mk/images/{B641C29F-1614-4840-8ABE-56751F61D3A9}_struja-2.jpg[/img]
При кражба на струја, ноќта меѓу саботата и неделата во станбена зграда на индустриската зона во Тетово со тешки телесни повреди се здобиле М. Ф. (26) и Б. Џ. (40) двајцата од Тетово.
Работејќи меѓу електричните тарифни броила со намера да извршат "премостување", односно да овозможат неовластено преземање струја за потреби на една кафеана, лоцирана во стан на приземјето во зграда на улицата "Видое Смилевски - Бато" електричарите предизвикале краток спој и експлозија во сандучињата со струјомерите.
Со здобиени изгореници од втор степен тешко повредентие М. Ф. и Б. Џ. биле префрлени во тетовската болница, а потоа и во ургентниот центар во Скопје. Годинава во тетовскиот регион при кражба на кабли од среднонапонски далноводи и при обиди за директно преземање на струјата од далноводите, или од други делови од електросистемот, пет лица биле потешко повредени. Дел од нив ги краделе бакарните жици од далноводите, додека системот бил под висок напон, а другите ја "спроведувале" струјата без дозвола во своите деловни или станбени објекти.
Извори во Електростопанство на Македонија потврдвуаат дека се зачестени случаите за крадење струја но информираат и оти и дистрибутерите ги интензивирале активностите за нивно откривање и спречување.
Во тетовско од јануари до декември е регистрирана загуба на безмалку еден милин и 500.000 киловат часови што се должи во голема мера на кражбите, со вкупна вредност од 5,1 милиони денари или околу 84.000 евра. Во тетовскиот суд лани и годинава биле поднесени 16.800 тужби, не само за неподмирени сметки за трошена а неплатена струја, туку и за украдена електрична енергија.
|
sisi |
КРАЖБА ВО ПОШТА ВО СКОПСКОТО СЕЛО СТУДЕНИЧАНИ
Украдена каса со 60.000 денари
Од поштата во скопското село Студеничани за викендов била украдена метална каса со 60.000 денари и други поштенски пратки.
Кражбата била откриена во понеделникот кога вработените дошле на работа и ја нашле обиена влезната врата, по што ја повикале полицијата која извршила увид и биле преземени мерки за пронаоќање и фаќање на непознатиот провалник.
Непознатиот во поштата влегол откако насилно успеал да ја отвори влената врата и вратата од канцеларијата каде што била сместена металната каса.
Се претпоставува дека непознатиот при кражбата користел и моторно возило во кое ја ставил металната каса и избегал од местото на настанот.
Ова е вторпат за една година да биде ограбена поштата во ова село. Претходната кражба беше извршена во октомври, лани. И тогаш беше украдена метална каса со 100.000 денари, ваучери за мобилни телефони, поштенски жиг и други поштенски пратки.Полицијата и тогаШ како и сега сеуште не го откри крадецот на касите во поштата во селото. |
sisi |
Полицаец во цивилка пукал кај Бит Пазар
Полицаец во цивилка пукал кај Бит Пазар. Сам вршел рација меѓу препродавачите на петарди. Откако не успеал да уапси еден од локалните препродавачи испукал два куршума. Бил припадник на „Алфите“, тврдат локалните трговци.
„Кај го има тоа сред бел ден да пука со пиштол, а имаше деца околу. Не извади ни легитимација, зошто да му ги давам петардите“, изјави продавач на петарди.
Во МВР ја негираат верзијата на препродавачите. Велат нивниот припадник не бил во „Алфите“, ниту бил на должност кога околу 14 часот се случил инцидентот.
Сакал да спаси едно дете кое го тепале двајца од препродавачите на петарди. Се легитимирал, но двајца му се нафрлиле и тој пукал само еднаш во воздух - изјави Горан Павловски, шеф на кабинет во МВР.
Препродавачите пак велат, дека инцидентот се случил по пукањето на полицаецот. Тие му се нафрлиле на полицаецот, кој за да се спаси избегал во продавницата на „Мобимак“. Метежот траел цел час додека не стигнале „Алфите“ и го прибрале полицаецот.
|
sisi |
ПРЕСТРЕЛКА ВО ГРАДСКИ ПАРК
Клоци, тупаници и пукање од пиштоли
Две групи од по пет лица завчера ноќта се бркале и се пукале низ Градскиот парк во Скопје, од страната на јужната трибина на Градскиот стадион.
На револверашката престрелка и претходеле жестока караница и тепачка меѓу двете групи. Според кажувањата на оние што во тоа време се затекнале таму неколку момчиња најпрвин се скарале на паркиралиштето кај стадионот. Во кавгата се приклучиле уште неколку момци по што караницата прераснала во тепачка. Среде мавањето со клоци и тупаници момците почнале да вадат пиштоли и почнале да се бркаат од паркиралиштето кон Градскиот парк каде почнале да се пукаат.
Полицијата вчера го потврди настанот и информираше дека во пукањето немало повредени, а не била пријавена ниту материјална штета.Полицијата веднаш интервенирала по јавувањето за случајот и привела неколку лица чиј идентитет не го откриваат во интерес на истрагата.
|
sisi |
ПРЕСЕЧЕН НАРКО КАНАЛ НА ПРЕМИНОТ БОГОРОДИЦА КОН ГРЦИЈА
Запленети 136 кила марихуана во дупло дно од камион
[img]http://www.vest.com.mk/images/{0089ADAD-DC6C-4B1B-9237-3682CAB89862}_kamion-2.jpg[/img]
На граничниот премин Богородица вчера половина час по полноќ полицијата запленила 136 килограми марихуана скриени во двојно дно од камион.
Дрогата била пронајдена при контрола на камионот "мерцедес" со велешки регистарски таблички управуван од А.А.. Возачот се обидел дрогата да ја прошверцува од Македонија во Грција.
Марихуаната била спакувана во 136 паковки од по еден килограм и била наредена во специјално изработен бункер во двојното дно на камионот.
Дрогата била запленета и предадена на вештачење, а возачот бил приведен во полиција. Во тек се активности за проверка на потеклото на дрогата, како и истрага за можна замешаност на други лица во наркошверцот. Постојат сомневања дека се работи за шверцерски синџир преку кој марихуаната требало да биде пренесена преку македонско - грчката граница.
Полицијата во интерес на истрагата не открива детали за овој случај на шверц на дрога.
|
SpaceLily |
ВО КУМАНОВСКИОТ СУД РОЧИШТЕ ЗА УБИСТВО ВО ОБИД
Обвинетиот побара ама не доби соочување со судијата
Адвокатот на Герасим Николовски (72) кој на пазарот во Крива Паланка со нож го нападнал судијата Иван Стојчевски, побара соочување на обвинетиот со нападнатиот судија, обвинителството се спротивстави а судскиот совет го отфрли предлогот.
Судењето против Герасим Николовски (72) од Крива Паланка обвинет за убиство во обид на судијата Иван Стојчевски, вчера во Основниот суд во Куманово беше одложено оти не дојдоа двајца сведоци. Одбраната и обвинителството се откажаа од сведоците бидејќи досегашните докази биле доволни за завршување на доказната постапка. Адвокатот на обвинетиот побара соочување на Герасим со судијата Стојчевски на што обвинителството се спротивстави а судскиот совет го отфрли предлогот. На следното рочиште ќе бидат дадени завршните зборови на обвиниелството и одбраната. Обвинетиот Герасим и вчера од судијата Љубомир Ѓорѓевиќ побара да го пушти да си оди дома велејќи дека немал намера да го убие судијата Иван, туку само сакал да поразговара со него. Старецот се пожали дека повеќе не може да издржи во притвор каде е осум месеци бидејќи му е наружено здравјето и неколку пати бил носен во болница.
Според обвинението во мај годинава Герасим се обидел да го удри со нож во грбот судијата Стојчевски на Зелениот пазар во Крива Паланка. Таму случајно се нашол еден полицаец во цивилно кој го задржал обвинетиот а судијата успеал да побегне. Герасим го нападнал судијата Стојчевски поради тоа што тој како извршен судија му ги запленил тракторот и колата поради судски долг. (С. Н.)
|
SpaceLily |
Го убедија да не скока од 8-ми кат
32-годишниот Д.Д. вчера околу 8.30 часот се качил на покривот од повеќекатницата број 1 во Ново Лисиче за да скокне, но го виделе од поштата спроти зградата и повикале полиција која дошла со пожарникари и успеале да го предомислат самоубиецот
[img]http://www.vest.com.mk/images/{58FC57DE-5474-46EE-86FF-756361216A52}_lisice-2.jpg[/img] Полицијата вчера го премисли 32-годишниот Д.Д. од Скопје да се самоубие скокајќи од неговата зграда на улицата Видое Смилевски Бато во скопската населба Ново Лисиче.
Д.Д. вчера околу 8.30 часот се качил на покривот од повеќекатницата број еден во Ново Лисиче со намера да скокне. Кога се искачил горе и седнал на работ од замрзнатиот покрив го виделе од поштата спроти зградата и пријавиле во полиција. Веднаш биле испратени повеќе припадници на специјалната полиција. Заедно со полицајците на местото на настанот пристигнале и пожарникари.
Додека пожарникарите поставуваа воздушен балон пред зградата стотина луѓе се насобраа околу зградата да ја следат спасувачката драма.
Д.Д. седеше на работ од покривот заканувајќи се дека ќе скокне. Кога четворица специјалци со планинарска опрема и двајца преговарачи тргнаа да се качат на покривот, Д.Д. седејќи се спушти по косиот лим и се приближи до самиот раб од покривот. Кога го видоа дека е на само неколку сантиметри од крајот на лимот, насобраните луѓе под зградата почнаа да паничат и да лелекаат. Неколкумина почнаа да викаат дека лимот на покривот е замрзнат и дека човекот ќе се лизне. Д.Д. тогаш се оддалечи и седна на местото каде беше пред да тргне полицијата кон него, на половина метар од работ на покривот.
Двајца полицајци се качија на покривот и почнаа да разговараат со Д.Д.. По три часа, кога се симнаа дознавме дека разговарале за причините, за неговото семејство, за тоа дека ништо нема да реши ако скокне.
Двајца полицајци - преговарачи се качија горе и седнаа со Д.Д.. Едниот од нив извади цигари и го понуди Д.Д.. Тој зема цигара, полицајците му запалија и сите тројца се повлекоа уште на назад, подалеку од работ. Додека разговараа насобраните граѓани лелекаа и на глас коментираа за нивниот сосед. Неколку полицајци интервенираа за да ги смират насобраните за со нивното вревење долу да не го испровоцираат Д.Д. па да скокне од 8-катницата.
Убедувањето на покривот продолжи. Полицајците и Д.Д. палеа цигара по цигара, додека четворицата специјалци ја местеа планинарската опрема во случај ако Д.Д. не се предомисли, па да се обиде да скокне. На секое движење на Д.Д. насобраната толпа реагираше со групна воздишка. Кога убедувањето влезе во тртиот час, долу насобраните почнаа да губат надеж дека Д.Д. ќе се премисли. Во еден момент преговарачите станаа и стоечки муабетеа со Д.Д.. Во тој момент и специјалците се исправија и чекаа на готовс закачени со јажиња за оџаците. Негде околу пладне Д.Д. стана, а заедно со него и полицајците што го разубедуваа. Д.Д. попушти. Едниот поицаец тргна напред, а другиот фаќајќи го под рака, му помогна на Д.Д. да замине од покривот. Насобраните долу почнаа да аплаудираат. Од врвот на зградата ги снема и специјалците. Дел од насобраните кои стоеја на дваесетина метра од зградата за да можат да гледаат што се случува потрчаа кон влезот мислејќи дека Д.Д. ќе се симне долу. Лекарската екипа која цело време беше присутна веќе беше во зградата. Но, Д.Д. не излезе од зградата. Луѓето коментираа дека останал дома, бидејќи лекарите и дел од полицајците излегоа без него. за цело време на тричасовната спасувачка драма насобраните соседи шпекулираа за причините зошто Д.Д. сакал да се самоубие. Некои велеа дека се во прашање пари. Од МВР вчера не сака да коментираат за тоа.
|
sisi |
ОБИД ЗА САМОУБИСТВО ПОРАДИ НЕПРЕЖАЛЕНА ЉУБОВ ВО КОЧАНИ
Си зарил нож во стомак оти му ја продале саканата на друг
Мотив за обидит за самоубиство на Тарар Реџепов е очајот оти не можел да ја преболи изгубената љубов, 16-годишната девојката која за 3.000 евра ја продал татко и на постар човек.
Хирурзите од Општата болница во Кочани по тричасовна опртација успеале да му го спасат животот на седумнаесетгодишниот Тарар Реџепов по обид самиот да си го одземе животот.
Мотив за обидит за самоубиство на Тарар е очајот оти не можел да ја преболи изгубената љубов.
Реџепов подолго време бил во љубовна врска со девојка-ромка, но нејзиниот татко никако не сакал тие двајцата да се земат, бидејки си имал друг есап. Имал намера да ја продаде керка си на друг, постар човек за сума од 3.000 евра. Тоа и го сторил по новогодишните празници.
Според кажувањето на Тарар тој не можел тоа да го поднесе па затоа на првиот ден од Новата година се опил и со два убода со нож во стомак сакал да си ги скрати маките. Најмногу ја жалел девојката оти таа со само шеснаесет години, против нејзина волја сега била кај разведен маж со едно дете.
Според кажувањето на лекарите убодите завршиле во пределот на дебелото и на тенкото црево. По тричасовна операција пациентот бил спасен и се опоравува од повредите кои самиот си ги нанел.
|
antigona |
Мразот донесе смрт
Сремска Митровица-Во тешка сообраќајна несреќа која се случила на автопатот кај Сремска Митровица,загинале тројца патници во автобусот на „Хисар-туризам„ од Скопје,е единаесетмина се потешко и полесно повредени.Автобусот кој сообраќал на релација Љубљана-Скопје,со регистарски таблички СК-113-ОН,се излизгал во средата навечер,на замрзнатиот автопат,слетал од патот и се преврнал.На лице место загинале Абдирамани Семет (50),Кироски Киро (25) и Рамазани Муртезани (48),сите од Македонија.
Истражниот судија Борислав Пуповац,кој го извршил увидот,наредил да се однесе во притвор возачот на автобусот Елвир Ризвановиќ (29) од селото Батинци кај Скопје,заради сомнение дека извршил кривичнио дело против безбедноста на јавниот сообраќај.После неколку часовниот увид,се сомнева дека несреќата ја предизвикал возачот Ризвановиќ,кој изгубил контрола на возилото,затоа што возел со неприлагодена брзина,иако на патот имало мраз.
Автобус се излизгал и непосредно пред несреќата „шетал„ лево-десно по авто патот.Пожарникарите морале да го сечат лимот за да можат повредените и загинатите да ги извадат надвор.Истражниот судија одма издал наредба за хитен технички преглед на автобусот.
Директорот на здравствениот центар во Сремска Митровица,Горан Ивиќ изјавил вчера наутро,околу 03.00 часот,дека во болницата се примени 15 повредени патници и тоа 8 од Р.Македонија,4 од Хрватска,1 од Словенија и 2 од СиЦГ.
-Две лица со тешки повреди се сместени на хируршка интензивна нега. Тоа се Нафија Мурати од Мекедонија,кој задобил тешки повреди на слезената,заради што е и оперисан.Ганија Казири (44)од Словенија има повреда на градниот кош со скршеници на ребрата.Двајцата пациенти се чувствуваат стабилно и се наоѓаат вон животна опасност-изјавил др.Ивиќ.
Тој кажал дека на лечење се задржани уште три пациента,еден со скршена кичма и двајца со повреда на градниот кош.НАгласил и тоа дека службата за брза помош реагирала извонредно и дека во нај краток рок ги згрижила сите повредени.
После деталното испитување,10 пациенти во текот на вчерашниот ден се пуштени од здравствениот центар.За нив е обезбедено сместување во хотелот „Сирмиум„,на сметка на Собранието на општина Сремска Митровица.
Еден од повредените патници Нафија Мурати вели дека наместо во Скопје завршил во болница.Тој рекол дека автобусот неколку минути се занесувал пред да слета од автопатот.
-Мраѕот беше голем.Се лулавме таму-ваму и само чекавме катастрофа.Имавме голема среќа што слетавме на рамно.Да беше некоја длабока провалија.трагрдијата ќе беше многу поголема-кажал Мурати,распитувајќи се здравственота состојба на пријателите.
Понатаму,објаснил кога автобусот слетувал од патот и се превртувал,во автобусот помеѓу патниците настанал врисок и паника,се додека не дошла брзата помош,која ги извлекувала со часови.
извор:курир
|
SpaceLily |
Bracem mi prv beshe vo avtobusot...golema srekja za nego i za cela moja familija sho prezivea... |
antigona |
Среќа во несреќа имал братучед ти.Јас кога го видов автобусот на тв,мислев дека од таму нема да извадат ни еден преживен. |