Меѓународен Монетарен Фонд (ММФ) |
Strelec |
Не знам дали некаде по медиумите ја имаа оваа вест, но како и да е неодамна добив информација дека Зам. Директорот на ММФ изјавил дека се задоволни од работата на власта и развојот на реформите, како во правосудството, така и во здравството (двете најжешки точки досега)... Истакнал и дека се бележи нагорна линија и мисијата доаѓа во Скопје, на здрави основи и во одлична соработка со владата.
|
concrete |
Mozno, e mozno............, ako MMF kaze nagorna linija, togas smetaj dolldrum !!!!! |
intel |
БУЏЕТОТ ЗА 2006 ВО ФОКУСОТ НА МИСИЈАТА НА ММФ
Скопје, 7 ноември - Контрола на буџетот и ниски дефицити е пораката
што новиот шеф на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за македонија Марк Грифитс ќе му ја пренесе на македонскиот тим за време на разговорите за буџетот за наредната година што денеска почнаа во Скопје.
“Целта на оваа мисија е буџетот. Ќе работиме на сите детали за него”, изјави Грифитс пред денешната прва средба во Министерството за финансии со ресорниот министер Никола Поповски, гувернерот на Народната банка Петар Гошев и досегашниот шеф на Мисијата на ММФ за Македонија Франек Розвадовски.
Грифитс смета дека со контрола на буџетот и ниски дефицити економијата ќе биде стабилна и ќе се контролира растот како што е направено оваа година.
Оваа Мисија на ММФ е прва откако Бордот директори го одобри аранжманот на Македонија. Според досегашниот шеф на Мисијата Франек Розвадовски за време на четиридневниот престој претставниците на ММФ ќе ја разгледаат и имплементацијата на аранжманот, кој како што вели, е вистинскиот за Македонија, ги опфаќа структурните проблеми и ќе биде основа за посилен развој.
Според Грифитс, стартот на аранжманот е добар и таа се движи во позитивен правец. “Програмата добро стартуваше, растот е добар, инфлацијата е ниска, билансот се подобрува и мислам дека оди во позитивен правец”, изјави Марк Грифитс.
Мисијата на ММФ во Македонија ќе престојува до 10 ноември.
|