Басни |
vardarce |
Se mislev dali da go otvoram ovoj topic na "opsto" ili na "kultura" no se resiv za tuka, ako smetate deka e za na "kultura" prefrlete go. Vcera citav nekoi basni od Ezop i bidejki mislam deka se mnogu interesni i poucni resiv da vi prekucam nekolku.
Волк и јагне
Кога волкот налетал на загубено јагне, не го изел одма туку сакал да го изеде со некоја оправдана причина: - Минатата година гадно си ме навредил. Јагнето на тоа плаченката рекло: - Јас лани не сум било родено. Волкот на тоа одговорил: - Но ми ја пасеш ливадата. Јагнето одговорило: - Остра храна уште не сум јадел. Тогаш пак волкот му рекол: - Пиеш од мојот извор. А на тоа јагнето му одвратило: - Никогаш до сега не сум пиел вода бидејќи млекото од мајка ми ми е и храна и вода. Тогаш волкот го зграбил наеднаш јагнето и јадејќи го рекол: - Нејќам јас толку долго без ручек да бидам, иако ти ми ја побиваш секој моја причина.
Оваа басна ни покажува дека што и да кажеме дури и да е вистина тоа нема да ја смени одлуката на лошиот и лакомиот.
Волк и јагне
Кога волкот забележал дека јагнето пиело од некоја река, посакал да го изеде со оправдана причина. Тогаш волкот решил да застане погоре од каде што стоело јагнето и почнал да го окривува дека му ја мати водата и не му давал да пие. Бидејќи јагнето викало дека волкот пиел погоре од него и неможело да му ја мати водата, волкот не можејќи да ја постигне својата цел рекол: - Лани го навреди татко ми. Кога јагнето одговорило дека тогаш тоа не било родено волкот му рекол: - Иако ти имаш оправдување за се, јас сепак ќе те изедам.
Оваа басна ни покажува дека праведната одбрана не помага од тие што решиле лошо да прават.
Волк и коњ
Додека волкот минел низ полето наишол на јачмен. И бидејќи со јачменот не можел да се послужи како храна го оставил и продолжил понатаму. Меѓутоа волкот му се намерил на коњот и му рекол дека во полето нашол јачмен но не го изел туку го оставил за него бидејќи повеќе сакал да го гледа како он јадел одколку бил сит. Коњот на тоа рекол: драг мој, кога волците би можеле да се хранат со јачмен никогаш не би ти препорачал да се нахраниш со моите уши.
Оваа басна ни покажува дека по природа покварените луѓе не уживаат доверба иако се покажуваат чесни. |
vardarce |
Лавица и лисица
Кога лисицата и рекла на лавицата дека секогаш раѓа само едно младунче, лавицата и одговорила: - Едно, ама лав.
Баснава ни покажува вредноста не се состои во множината туку во јачината.
Лавица и лисица (на друг начин)
Сите животни се раскарале меѓу себе кој раѓа повеќе младунчиња. Во цела таа караница и рекле на лавицата: - Кажи ни ти колку млади раѓаш? Лавицата се насмеала и одговорила: - Едно лавче ама од племенит род.
Баснава ни покажува дека е поарно да има еден со телесна снага, храброст и разум него еден куп кукавици и глупаци.
Лав и орел
Некој орел долетал до лавот и барал да му биде пријател. Лавот му рекол: - Што се однесува до мене може, ама ти како залог ќе ги дадеш своите крилја за да не кренеш двајцата. Ако не останеш со мене цело време како навистина ќе ти верувам како пријател?
Баснава не учи дека не чини да им веруваш на сите одпочеток, а поготово на оние што сеуште не ти се пријатели. |
vardarce |
Me interesira dali vie deneska naucivte nesto od ovie basni, dali se pronajdovte samite sebesi megu niv? Jas momentalno gi citam ovie sto gi imam doma i kaj da e ke vi pisam uste nekoja. |
sisi |
quote: Originally posted by vardarce
Me interesira dali vie deneska naucivte nesto od ovie basni, dali se pronajdovte samite sebesi megu niv? Jas momentalno gi citam ovie sto gi imam doma i kaj da e ke vi pisam uste nekoja.
Topicov e super Vardarac.[:)]
So e vazno dali sum se pronasla,ama si ljubopiten,nego ako imas uste pisi tuka,pa jas da si gi ispecatam.[;)] |
vardarce |
Волк и коза
Волк забележал коза која пасела на некоја стрмнина. Бидејќи не можел да ја достигне, застанал и почнал да ја наговара да се симне кај него бидејќи можела да се лизне, говорејќи и при тоа дека кај него ливадата е убава и пообилна. Козата на тоа одговорила: - Не ме викаш ти на пасење, него сам копнееш по храна.
Поука: На лошите луѓе ни лукаството не им помага кога пред стручњаците се покажуваат добри.
Волк и магаре
Кога некој волк станал лидер на глутницата, им објавил на сите закон во кој им налага кој и да улови нешто тоа да го донесе и да го сподели со сите. Кога магарето го чул тоа, ја стресол гривата и насмеано рекол: - Убаво кажа, владетеру на волците, но како ти вчера потајно однесе месо во својата дупка, a не го сподели со сите? Донеси го месото и сподели го. Волкот се нашол во незгодна ситуација и го укинал законот.
Басната ни покажува дека оние што планираат да ги донесат законите, по кои би одредувале и суделе треба да се придржуваат до нив.
Патници
Додека некои патници оделе по брегот забележале во далечината некои гранки како пловат, помислувајќи си дека дека биле брод. Тогаш застанале и почекале да бродот дојде до нив бидејќи се движел накај брегот. Кога гранките се доближиле до нив тие више не им се гледале како брод туку како сплав. Тогаш патниците меѓу себе си рекле: - Како ли за џабе очекувавме нешто што и воопшто не ни беше.
Баснава ни покажува дека некои луѓе изгледаат опасни додека не ги запознаеш. Но кога ќе запознаеш се гледа дека се никој и ништо. |
suspect |
MACOROT I GLUVCETO
Macorot ulovil gluvche i se spremal da go lapne ,koga gluvcheto pochnalo da go moli : "Pushtime te molam,ne gledash kolku sum malo i slabo,shtotuku dojdov na svet.Vakvo slabo,nema da te zasitam,no ako me pushtish da poziveam,jas vetuvam deka dobro ke se hranam,pa potoa ke mozish da se sladish so mene i ti ,a i tvoite deca."
Machorot go poglednal,se nasmeal i mu rekol: "Vistina e toa shto go zboruvash,ama mene starosta i iskustvoto me nauchile deka e podobro da se zadovolam so toa shto denes go imam vraka ,otkolku da se nadevam na neshto povejke... utre....ako sega te pushtam,nikogash povejke ne ke te vidam".....pa zinal i go lapnal gluvcheto....
Zakluchok...? |
Mara |
Заклучок - Слаби или дебели....ве изеде мачорот![;)][:D] |
suspect |
Taka eeeee .....!!!!!!!!...Mare.....petka na racheto [;)] |
Mara |
Луѓе мои најдраги....знам дека не им е тука местото....ама осеќам оти и животните сакаат тука да ги ставам овие нешта...[:D][:D][:D]
Како се вика мажјакот на камилата?
Чарлс!!![:I][:D][:D][:D]
Разговараат мравката од подот и пајакот од таванот преку мобилни телефони и мравката прашува:
Е, чао!!! Кај си? Што има ново?
Пајакот одговара:
Извини сестро, ништо не те слушам, не сум во мрежата...[:D][:D] |
vardarce |
Кокошката која носела златни јајца
Некој човек имал кокошка која му несела златни јајца. Еден ден човекот си помислил дека во кокошката имало еден куп злато. Кога ја заклал кокошката видел дека таа кокошка е иста како и сите други. Надевајќи се на големо богаство човекот останал и без тоа малку што го имал.
Поука: Треба да бидете задоволни со она што го имате, а да ја избегнувате незaситноста.
Еленче и елен
Еленчето му рекол на еленот: - Ти си со телото поголем од кучето, брз и паметен си, а имаш и рогови за одбрана. Зошто тогаш тато се плашиш од кучето? Еленот се насмеал и одговорил: - Добро знам дете мое дека се имам јас тоа но кога ќе го слушнам лаењето на кучето, ми се стемнува пред очите и починувам да бегам.
Баснава ни покажува дека никаква мотивација не ги охрабрува луѓето кои по природа се кукавици.
Куче и коњ
Некое куче лежејќи во некоја штала ниту го јадел јачменот што бил таму, ниту му дозволувало на коњот да го изеде.
Басна таман напишана за дволичен човек.
Змија и лисица
Некоја змија на купче трња пловела по река. Кога лисицата ја забележала како плови покрај нејзе и рекла: - Капетан достоен за бродот!
Баснава може да му одговара на лош човек кој се впушта во матни бизниси.
Хермес и кипарот
Во желбата да дознае каква му е честа кај луѓето, Хермес се преправил во човек и отишол кај некој кипар. Таму тој го забележал кипот на Зевс и го прашал: - Колку кошта? Кипарот му одговорил: - Една драхма. Хермес се насмеал и прашал колку кошта кипот на Хера. Додека кипарот му одговарал дека кошта нешто поскапо, Хермес го здогледал својот кип и помислувајќи си дека него повеќе го ценат луѓето затоа што е гласник на боговите, го прашал кипарот колку кошта неговиот кип. Кипарот му одговорил: - Ако ги купиш предходните два кипа, овој ќе ти го дадам без пари.
Баснава му одговара на арогантен човек, кој останатите луѓе воопшто не го ценат. |
vardarce |
Разлутениот лав и срната
Кога срната го забележала разлутениот лав рекла: - О судбино наша животинска најнесреќна! Ако лавот при здрава свест тешко е да го смириш, како тогаш ќе се смири кога е разлутен и расплачен.
Не чини да се нервира оној што има власт.
Лисица и дрвосеча
Бегајќи од ловците некоја лисица побарала помош кај некој дрвосеча, кој и рекол да се скрие во неговата колиба. Набрзо дошле ловците и го прашале дрвосечата дали ја видел лисицата што поминала од тука. Дрвосечата одговорил дека не ја видел, а со рацете покажувал накај колибата. Ловците не забележале што покажува со рацете туку му поверувале на зборовите и си отишле. Лисицата забележувајќи дека ловците си отишле пополека почнала да се одалечува од колибата без збор. Кога дрвосечата ја видел почнал да и вика како не му заблагодарила затоа што ја спасил. Лисицата на тоа рекла: - Јас навистина би ти заблагодарила, но да ти се постапките на рацете и карактерот исти како и на устата.
Оваа басна ги опишува оние луѓе кои сметаат дека прават чесна постапка, а уствари сами на себе си прават штета. |