Со старите умира и јазикот
Со старите умира и јазикот
dejan Ние си зборвиме по нашки, по македонски! Немаме проблем сега да зборвиме, тоа беше порано, ама не е добро оти нашите деца не зборват, вели нашиот домаќини во Воден. - Нашите деца нема кој да ги учи македонски, на школо е забрането да го учат нашиот јазик - дополнува тој. А во Воден, град со околу дваесет илјади жители, повеќе од седумдесет отсто од граѓаните зборуваат македонски и се идентификуваат како Македонци. Ги слават македонските верски празници, одат на панагирите (музички фестивали каде што се практикува македонската музика и традиција), си организираат седенки со наша музика, а и крштевките, свадбите и погребите, ги прават според македонски адети. И музиката е наша, само текстот ретко се слуша. Е, црква немаат! Седнати во ресторан покрај водопадите во Воден, во пријатна атмосфера, нашите домаќини говорат за своите проблеми, а околу нас повозрасни мажи гласно се довикуваат на македонски. - Ете слушате, сите стари зборуваат македонски и не се плашат - ни велат пријателите. Но, како што кажуваат, тие уште јавно не сакаат да се декларираат. Особено оние помладите бидејќи имаат проблем при вработувањето и напредокот во работата. Сега веќе се почесто има и мешани бракови, не е како порано кога Македонците се женеле само меѓу себе. - Овде се уште не се почитуваат човековите права, ама луѓето молчат поради тоа што економската ситуација е добра. Не се бунтуваат и не ги бараат правата! Имам чувство дека се плашат - вели еден од нашите соговорници. Од Воден, заминуваме за Лерин, седиштето на „Виножито“, политичката партија на македонското малцинство во Грција. Поминуваме низ неколку села, за кои соседите од Македонија ни раскажувале. Но, по патоказите се непрепознатливи бидејќи имињата им се сменети. Во Лерин, речиси нема некој што не говори македонски. Таму на луѓето прво им се обраќаш на македонски јазик, па ако не те прифатат вртиш на англиски, но тоа ретко се случува. Средбата со Павле Васкопулос е закажана пред просториите на „Виножито“. Таблата на партијата е потпрена до прозорците на кои се уште се видливи трагите од нападите врз нив. Васкопулос вели: „Не ги менуваме прозорците за да ги опоменуваат.“ Кажува дека сега очекуваат да им биде исплатена отштетата од судскиот спор со Грција, а кој го добија пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур. Оттаму треба да добијат 35.250 евра. Во Леринско од вкупно 84 села, 56 се чисто македонски. За жал, јазикот полека почнува да изумира. Нашите домаќини во градот се жалат дека децата нема кој да ги учи, старите умираат, а со нив и јазикот. Најсмелите и најосвестените Македонците во Лерин се идентификуваат преку партијата „Виножито“, која својата прва канцеларија ја има отворено во 1995 година во Лерин. Другите се уште се плашат од репресии. Претставниците од „Виножито“ сите овие години се борат за правата на македонското малцинство во Грција и најавуваат дека нема да застанат. Во моментов најприоритено им е да се воведе македонски јазик на сите нивоа во основно и во средно образование, во сите региони каде што се зборува јазикот, и паралелно со тоа основање на катедра каде што ќе се едуцираат наставници по македонски. http://www.vreme.com.mk/vest.aspx?id=33796 Epten zhalno...uste poveke e za razocaranje koga ke vidis uste kolku Makedonci ima!! Zasto ne pravi nesto nasava drzhava?! Sum slusnal deka mladite generaciji Makedonci vo Egejska Makedonija, ponekoj od niv ne se ni interesirat da naucat Makedonski....[V][V] Slusnav deka Albanski ucilista ke se otvarat, da bozhe i Makedonski da sledat!!
Great_Macedonian Dejan.. ne e bitno koj jazik govoris kolku sto e bitno sto se cuvstvuvas! Vo Avstralija imat mnogu lujge koj zborvat makedonski a se cuvstvuvaat grci! znaete zosto...
nemo
quote:
Originally posted by Great_Macedonian
Dejan.. ne e bitno koj jazik govoris kolku sto e bitno sto se cuvstvuvas! Vo Avstralija imat mnogu lujge koj zborvat makedonski a se cuvstvuvaat grci! znaete zosto...
Jas ne znam no Tie vo Avstralija sekako deka znaat no za niv od ovaa strana desette Makedonski zapovedi i kazni http://www.macedonian-empire.cjb.net
трендафил За жал таква ситуација имаме и во некои делови на Република Македонија. Со умирањето на старите да нема жители што го зборуваат македонскиот јазик. Без разлика дали во тој дел повеќе не се зборува на ниеден јазик (остануваат без луѓе) или македонскиот се заменува со албански. Ако не правиме нешто во својата држава, што ќе направиме надвор од неа. Можеби не е нормално, но мислам дека можеби власта е таа што треба да направи нешто. П.С.: Не ја напишав ли последната реченица нежно кон СДСМ и ЛДП, како и нивниот ДУИ.
nemo
quote:
Originally posted by трендафил
За жал таква ситуација имаме и во некои делови на Република Македонија. Со умирањето на старите да нема жители што го зборуваат македонскиот јазик. Без разлика дали во тој дел повеќе не се зборува на ниеден јазик (остануваат без луѓе) или македонскиот се заменува со албански. Ако не правиме нешто во својата држава, што ќе направиме надвор од неа. Можеби не е нормално, но мислам дека можеби власта е таа што треба да направи нешто. П.С.: Не ја напишав ли последната реченица нежно кон СДСМ и ЛДП, како и нивниот ДУИ.
Zavcera gledav edna programa za ovie Asirijcite, imaat fudblski tim ovde , no istovremeno toj tim im e kako drzaven bez drzava, a pokraj toa dadoa kako vo turcija k*rdite im gi napagat selata, dva starci selska straza go odbranija seloto tie istite izjavija ako ne ubieja nas ke go zazemaa seloto. istoto od 1915 navamu se slicilo so poveke sela na tie so se prinudno/iseleni se naseleile k*rdi, a vlasta i pokraj sto ne gi priznava k*rdite mizi
tomislav1978
quote:
Originally posted by Great_Macedonian
Dejan.. ne e bitno koj jazik govoris kolku sto e bitno sto se cuvstvuvas! Vo Avstralija imat mnogu lujge koj zborvat makedonski a se cuvstvuvaat grci! znaete zosto...
А што правите вие другите за да го смените тоа? Дали и колку сте организирани во таа насока!