ФИЛМ за Егејскиот Егзодус
ФИЛМ за Егејскиот Егзодус
dejan Диневска собира награди и го потресува светот Страдањата што ги доживувале Македонците од егејскиот дел од Македонија при прогонувањето во Граѓанската војна во Грција во 1948 година претставувале голема инспирација за режисерката Сузана Диневска да го направи првиот документарен филм. Филмот е насловен "Децата од 1948 година" и тој е нејзин магистерски труд, одбранет на Факултетот за филмска режија во Торонто, Канада. - Филмот изобилува со архивски снимки, кои се прикажуваат додека течат разговорите со седум деца-бегалци за нивните сеќавања за организираното евакуирање од Грција низ целиот свет. Има сцени од нивната разделба со роднините, меѓу браќа и сестри, родители и деца. Со еден збор филмот е тажна приказна за раселувањето на еден дел од народ на сите страни во светот - изјави Диневска. Филмот бил прикажан во рамките на филмскиот фестивал во Монтреал и ја освоил првата награда. Дел од него годинава бил презентиран и на Канскиот фестивал во Франција во категоријата на наградени филмови. - Кај моите професорите во Канада филмот предизвика трогателност и голема емотивност и покрај тоа што тие не се запознаени со трагедијата на македонскиот народ од времето на Граѓанската војна во Грција - рече Диневска. Филмот ќе биде прикажан денеска во Домот на АРМ во Скопје, со почетокот во 18 часот. Konecno! Bravo na ovaa Suzana!!! Bas bi sakal da go vidam!!
Christian aj pa na DC++ da d/l posle[:D]