makpop-estrada-NOVOSTI
makpop-estrada-NOVOSTI
sisi Bas bi bilo dobro na edno mesto i vo eden topic da se vpisuvaat sekojdnevnite estradni novosti od zabavnata muzika vo MKD. Koj izdal album,promocija na CD ili spot,interesno intervju,ponekoj trach,nastapi,koncerti i site slicni nesta povrzani so muzikata kaj nas. Eve aj da gi stavime na edno mesto, da moze covek da se snajde.[:)]
sisi Мак-топ 10 Мак-топ 10 на Македонско радио, поточно топ-листа која се емитува во рамките на емисијата Музичка кутија,ја уредува и ја води Радица Митиќ, а еве го и распоредот за оваа недела: Мак-топ 10, накусо 10. Калиопи - Кога проклето ти требам 09. Искра Трпева Луда 08. Ламбе Алабаковски - Ех, да можам 07. Тоше Проески - По тебе 06. Елена Петреска Река 05. Фани - Дај, дај, дај 04. Адријан Гаџа - 300 години 03. Јован и Маја - Ти ме сакаш, знам 02. Дани - Срца две 01. Ѓоко Танески - Цветај, расцветај предлози Сузана Јовчева Ти Ѓорѓи Крстевски - Те сакам
sisi За 12 Величествени годинава ќе одлучуваат само гласови од публиката! [img]http://www.mmm.com.mk/Sliki/12antonio.jpg[/img] Та­тко­то на ма­ке­дон­ски­те Гре­ми на­гра­ди – 12 Ве­ли­чес­тве­ни, Ан­то­нио Ди­ми­три­ев­ски, за МММ откри­ва де­ка на го­ди­неш­но­во из­да­ние за по­бед­ни­ци­те ќе од­лу­чу­ва­ат единс­тве­но гла­со­ви од пуб­ли­ка­та. Во тоа име ве­ќе се ра­бо­ти на web-стра­ни­ца, на ко­ја ќе се нај­дат си­те ка­те­го­рии и но­ми­на­ции, а освен пре­ку мејл, ќе мо­же да се гла­са и по пат на СМС по­ра­ки, ис­пра­те­ни од два­та ма­ке­дон­ски мо­бил­ни опе­ра­то­ри. До се­га про­бав­ме раз­лич­ни оп­ции за из­бор на по­бед­ни­ци­те, и се­ко­гаш има­ло за­бе­ле­шки, за­ра­ди што ре­шив­ме овој пат за на­гра­ди­те да од­лу­чу­ва­ат единс­тве­но гла­со­ви­те од пуб­ли­ка­та – ве­ли пр­ви­от чо­век на Пре­ми­ер про­дук­ци­ја. Тој до­пол­ни де­ка 12 Ве­ли­чес­тве­ни 2005 ќе се одр­жат во де­кем­ври оваа, или во фе­вру­а­ри след­на­та го­ди­на, но тоа со си­гур­ност ќе се знае след­на­та не­де­ла. Исто­то единс­тве­но за­ви­си од стран­ски­те го­сти кои ќе би­дат дел од шо­у­то, по­точ­но од нив­ни­те ра­бот­ни ан­гаж­ма­ни...
sisi Ноне стана заслужна велешанка! [img]http://www.mmm.com.mk/Sliki/nonanedelkovska2.jpg[/img] Вче­ра нап­лад­не во про­сто­ри­и­те на Со­бра­ни­е­то на град Ве­лес, град­на­чал­ни­кот Аце Ко­цев­ски и ја вра­чи на­гра­да­та Зас­лу­жен гра­ѓа­нин на Ве­лес на екск­лу­зи­вка­та на Пре­ми­ер про­дук­ци­ја – Но­на Не­дел­ков­ска. До­де­лу­ва­ње­то е по по­вод де­неш­ни­от праз­ник 9. Но­ем­ври – Де­нот на ос­ло­бо­ду­ва­ње­то на Ве­лес, а на­гра­да­та Но­не ја до­би­ва за осо­бен при­до­нес во раз­во­јот, афир­ма­ци­ја­та и по­пу­ла­ри­за­ци­ја­та на Ве­лес, ка­ко во рам­ки­те на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, та­ка и над­вор од неј­зи­ни­те гра­ни­ци. Со тоа Но­не ста­ну­ва пр­ва­та поп-ѕвез­да ко­ја се здо­би­ла со ва­кво приз­на­ние во Ве­лес! Што се од­не­су­ва, пак, за неј­зи­на­та ка­ри­е­ра ко­ја е во по­дем, де­но­ви­ве при­вр­шу­ва­ат под­го­то­вки­те за сни­ма­ње на неј­зи­ни­от нов, втор по ред ви­део-спот, за ма­кфе­стов­ска­та те­ма Тво­ја сум, кој тре­ба да би­де сни­мен прет­стој­ни­от ви­кенд. И овој пат ќе би­де ан­га­жи­ра­на иста­та еки­па ко­ја го ре­а­ли­зи­ра­ше и неј­зи­но­то де­би­тант­ско ви­део, пред­во­де­на од Го­ран Ха­џи-Ди­мов Гур­ко.
sisi Даутовски на тамбура ќе го свири Моцарт [img]http://www.mmm.com.mk/Sliki/dautovski3.jpg[/img] Дра­ган Да­у­тов­ски по по­ка­на од УНЕСКО на 16. но­ем­ври ќе сви­ри на га­ла-кон­цер­тот во се­ди­ште­то на оваа ор­га­ни­за­ци­ја во Па­риз. Да­у­тов­ски ќе на­ста­пи ка­ко со­лист со Свет­ски­от ор­ке­стар на тра­ди­ци­о­нал­ни ин­стру­мен­ти и со ор­ке­ста­рот на Па­ри­ска­та фил­хар­мо­ни­ја. Тој на там­бу­ра ќе го из­ве­де пр­ви­от став од пет­та­та сим­фо­ни­ја Хаф­нер од Мо­царт. Иде­ја­та за ва­ква спе­ци­фич­на из­вед­ба на Мо­царт бе­ше на ор­га­ни­за­то­ри­те од УНЕСКО, кои са­каа пре­ку на­род­ни­от ин­стру­мент на кој ќе сви­рам да се на­пра­ви сво­е­вид­на ко­му­ни­ка­ци­ја по­ме­ѓу све­тот на Мо­царт и свет­ска­та му­зи­ка. За­тоа на сце­на­та ќе ми се при­дру­жат и два­та ор­ке­стри - кла­сич­ни­от сим­фо­ни­ски ор­ке­стар и оној на на­род­ни ин­стру­мен­ти со кој ќе ди­ри­ги­ра­ат двај­ца ди­ри­ген­ти - ве­ли Да­у­тов­ски.
sisi недела, 13. ноември 2005. DJ CLK вечерва во Процес Ни­ко­ла од ди­рек­ци­ја­та на Хра­мот на хип-хо­пот не из­ве­сти де­ка ве­чер­ва (не­де­ла, 13. но­ем­ври), во ди­ско­те­ка­та Про­цес го­сту­ва DJ CLK од Анг­ли­ја. Ста­ну­ва збор за фе­но­ме­на­лен DJ кој пре­фе­ри­ра рап-му­зи­ка, и кој ве­ту­ва од­лич­на жур­ка. Па, до­кол­ку сте љу­би­тел на ва­ква­та му­зи­ка, зна­е­те ка­де ве­чер­ва тре­ба да го по­ми­не­те сло­бод­но­то вре­ме.
sisi
Од 5 декември во продажба "Во заборав" новиот албум на Каролина Гочева
[img]http://media.a1.com.mk/media/vesti/karolina-goceva.jpg[/img]
Новиот албум на Каролина Гочева насловен "Во заборав" ќе биде во продажба од 5 декември. Цедето содржи 12 композиции, а како композитори и текстописци застапени се еминентни музички имиња: Дино Мерлин, Бајага, Влатко Стефановски, Ивица Брчиоски, Калиопи, Џибони, Младен Марковиќ, Мирко Вукомановиќ и Златко Ориѓански. Како пилот-сингл од овој албум на радиостаниците од денеска ќе почне да се врти "Ова срце знае" за која музиката и текстот ги напиша Дино Мерлин со неговата екипа. За истата композиција веќе е снимен спот со екипата на "Зум Видеолушн". Овој спот премиерно ќе биде прикажан на 21 ноември. Промоција на албумот ќе се случи во периодот меѓу 20 и 25 декември. Издавач на албумот за Србија и Црна Гора и Босна и Херцеговина е "Сити рекордс". Албумот наменет за просторите на поранешна Југославија е со наслов "У забораву".
sisi
Адриан со два албуми пред Нова година
[img]http://www.mmm.com.mk/Sliki/gadzamakfest2005.jpg[/img]
Адри­ан Га­џа ќе про­мо­ви­ра два ал­бу­ми пред Но­ва го­ди­на, на ма­ке­дон­ски и на ал­бан­ски ја­зик. Ма­ке­дон­ски­от ал­бум е нас­ло­вен Три­ста го­ди­ни, по пес­на­та со ко­ја што Га­џа го освои тре­то­то ме­сто на фе­сти­ва­лот Ма­кфест. Ал­бан­ска­та ва­ри­јан­та на иста­та пес­на и нас­лов на ал­бан­ско­то це­де е Три­ста го­ди­ни без те­бе. Це­де­то на ма­ке­дон­ски има 12 пес­ни, а ал­бан­ско­то има 11. Освен ма­кфе­стов­ска­та, поз­на­та е Те мо­лам вра­ти се од Охрид-фест, Ја сту­ди­рам љу­бо­вта, и пес­на­та по­све­те­на на Мај­ка Те­ре­за. Адри­ан ис­пе­ја пес­ни од Јо­ван Јо­ва­нов, Ро­берт Бил­би­лов, Дар­ко Ди­ми­тров, Кри­сти­јан Га­бро­ски, Гри­гор Ко­пров..., со тек­сто­ви од Ел­вир Ме­киќ, Ејуп Ос­ма­ни, Јор­го Па­пин­џи... Иа­ко бе­ше нај­а­вен и ал­бу­мот на бо­сан­ски ја­зик, не­го­ва­та про­мо­ци­ја ќе по­че­ка за не­кој ме­сец по­доц­на. За до­маш­ни­от па­зар ал­бу­ми­те ќе се про­да­ва­ат на си­те ки­ос­ци по це­на од 150 де­на­ри. За­ед­но со це­де­то ќе се про­мо­ви­ра и спо­тот за нас­лов­на­та пес­на Три­ста го­ди­ни.
На фестивалот во Албанија, со песна од Калиопи, Туна освои две награди
[img]http://www.mmm.com.mk/Sliki/tunapromocija2.jpg[/img]
На фи­на­ле­то на фе­сти­ва­лот Ма­гич­на пес­на, кое зав­че­ра ве­чер се одр­жа во Ти­ра­на (Ал­ба­ни­ја), со те­ма­та Те­ста­мент, ко­ја ја ком­по­ни­ра­ше Ка­ли­о­пи, а тек­стот го на­пи­ша Аи­да Ба­ра­ку (про­дук­ци­ја­та е на Дар­ко Ди­ми­тров), по­пу­лар­на­та Ту­на освои две на­гра­ди - на­гра­да од жи­ри­то и на­гра­да за про­дук­ци­ја. Спо­ред ти­мот кој со Ту­на пре­сто­ју­ва­ше во Ал­ба­ни­ја, таа бе­ше мо­ра­лен по­бед­ник на фе­сти­ва­лот, би­деј­ќи во жи­ри-ко­ми­си­ја­та не­ма­ше прет­став­ни­ци од Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку са­мо од Ко­со­во и од Ал­ба­ни­ја, кои, нор­мал­но, пр­венс­тве­но гла­саа за сво­и­те из­ве­ду­ва­чи. Од дру­га­та стра­на, се­вкуп­ни­от ни­вен впе­ча­ток од пре­сто­јот во Ал­ба­ни­ја е из­во­нре­ден, а при­сус­тво­то на фе­сти­ва­лот за Ка­ли­о­пи зна­че­ше и мож­ност за за­поз­на­ва­ње со ѕвез­ди­те од та­мош­на­та естра­да, кои екс­прес­но по­ба­ра­ле пес­на од на­ша­та поп-ди­ва. Па­тем, две­те на­гра­ди што на фе­сти­ва­лот ги освои Ал­ту­на Сеј­диу во Ти­ра­на се од­ли­чен по­вод за неј­зи­на­та по­на­та­мош­на со­ра­бо­тка со Ка­ли­о­пи. Спо­ред Ка­ли­о­пи, таа ве­ќе ра­бо­ти на со­се­ма но­ва пес­на за Ту­на, а па­ра­лел­но со тоа на стенд бај е и ма­ке­дон­ска­та вер­зи­ја за Те­ста­мент. Па, ко­га ме­наџ­мен­тот на Ту­на ќе про­це­ни де­ка е вре­ме таа да би­де сни­ме­на, иста­та и ќе би­де ре­а­ли­зи­ра­на!
sisi Вечерва во Кале DJ Дејв Симен [img]http://www.mmm.com.mk/Sliki/dj.jpg[/img] По­пу­лар­ни­от бри­тан­ски ди­џеј Дејв Си­мен ве­чер­ва (са­бо­та, 19. но­ем­ври 2005.), ќе го­сту­ва во Скоп­је, на го­ле­ма­та жур­ка во СРЦ Ка­ле. Тој, за­ед­но со Дан Мар­чи­а­но од Фран­ци­ја ќе би­де за­дол­жен за ат­мо­сфе­ра­та на за­ба­ва­та од стра­на на United DJ, од ка­де ве­ту­ва­ат врв­но шоу. До­маш­на DJ по­др­шка ќе би­де Ни­ки­фор од Ан­те­на 5 ра­дио. Ина­ку, влез­ни­ци­те во прет­про­даж­ба се по це­на од 500 де­на­ри, и ги има во Ју­го­тон, Чув де чув, Ба­сти­он, Тренд, Опи­ум и Ин­сом­ниа. За­ба­ва­та стар­ту­ва во 22 ча­сот, а пос­ле пол­ноќ влез­ни­те би­ле­ти ќе се про­да­ва­ат по це­на од 600 де­на­ри.
Lidija Sisi, izgleda ti ja sledish zabavnata muzika kaj nas, me intersira koj se poaktuleni pejachi/pejachki/grupi kaj nas sega vo posledno vreme pred se koj se dobri od niv? Tie sho se na listata ili? Od nuv do dusha mnogu malku iminja mene mi se poznati, Kaliopi, Tose i mislam Iskra znam koja beshe, ama drugite se izgleda od ponovo vreme, barem za mene :)!
sisi Lidija,izvini sto ne sum ti odgovorila do sega. Sega go vidov tvojot post. Da,ja sledam makedonskata zabavna muzika i onolku kolku sto sum jas upatena (sepak i za vkusovi stanuva zbor),najslusani na makedonskata estrada vo momentov sekako se: Adrijan Gadja,None Nedelkovska,Maja Vukicevic,Jovan Jovanov,Robert Bilbilov ima nov hit,nekolku pesni od Makfest,osobeno "Reka" na Elena Petreska i mislam deka po radijata najmnogu se vrti "Srca dve" na Dani (isto taka od Makfest). Takva e sostojbata vo momentov,no i Gjoko Tanevski e interesen kako vokal,a i Risto Samardjiev. Ako jas se prasuvam,togas sekako go preferiram Lambe Alabakoski (Bitolcanecot) so pesnata na Darko Dimitrov sto ja izvede na Makfest. Prekrasna balada. Za tebe se verojatno povekjeto nepoznati,no ovde se slusani isto tolku kolku i doajenite po vokal Kaliopi,Tose,Karolina (ima nov album).Tie vokali se bogatstvoto na Makedonija i zal mi e sto poveke uspeh imaat nadvor od zemjava. a i povece pocitanie otkolku sto go dobivaat doma. se nadevam ti odgovoriv.;)
sisi Маја и Јован лидери на Топ 7 [img]http://www.mmm.com.mk/Sliki/majajovanmakfest2005.jpg[/img] Со ма­кфе­стов­ска­та, Ти ме са­каш, знам, Ма­ја Саз­да­нов­ска и Јо­ван Јо­ва­нов го осво­и­ја пр­во­то ме­сто на Топ 7 на МММ, би­деј­ќи од вкуп­но 505 гла­со­ви, на нив­но­то кон­то се сле­еа 93 гла­са (18,42 про­цен­ти). Вто­роп­ла­си­ра­ни­от Ро­берт Бил­би­лов има­ше 13 гла­со­ви по­мал­ку, а на­ту­ра­ли­зи­ра­на­та ав­стра­ли­јан­ка со ма­ке­дон­ско по­тек­ло – Ле­на За­тко­ска, се нај­де на тре­та по­зи­ци­ја со 75 гла­со­ви. По­на­та­му сле­ду­ваа: Но­не (68), Ан­дри­ја­на Ја­нев­ска (47), Ѓо­ко Та­не­ски (44) и Адри­ан Га­џа (40 гла­со­ви). За­ра­ди не­до­во­лен број по­е­ни (34, од­нос­но 24), од Топ 7 ис­пад­наа Еле­на Пе­тре­ска и Ри­сто Са­мар­џи­ев.Ка­ко пред­ло­зи за на­ред­ни­ве се­дум де­на ги изд­во­ју­ва­ме: Ди­на со Љу­бов и Џе­ват и Бе­ксо со Не­су­де­на.
Lidija Sisi!!!!! MUCHO fala, sega sum super informirana iako ko sho reche mnogu iminja mi se nepoznati, ama ke gi zapoznam so vremeto. :)))))
sisi
[img]http://www.vest.com.mk/images/{F6C1296E-15ED-477E-973F-4BC2C21E3F1C}_tose-2.jpg[/img]
Тоше пак ја освојува Србија Во елитниот белградски хотел "Хајат", вечерва, Тоше ќе го промовира новиот албум за српско-црногорскиот пазар. Македонското цеде "По тебе", во српска варијанта се вика "Пратим те". Во продажба во Србија и Црна Гора е од летово, во издание на ПГП РТС. На вечерашната промоција во Белград, ќе бидат поканети сите медиуми и ТВ куќи од Србија и Црна гора. - Тоа што е екслузивец на националната телевизиска куќа ПГП РТС, не го спречува Тоше да гостува во емисиите на другите конкурентски Тв куќи "Пинк" и "БК" кои имаат свои музички продукции, вели Љиљана Петровиќ, менаџерката на Тоше. Промоцијата започнува во 21 часот, а во хотелот "Хајат" како гости се очекуваат многу познати личности од српската естрада.
[img]http://www.vest.com.mk/images/{320FD66C-141F-493F-995F-E4528422DF2F}_karo-2.jpg[/img]
Провокативната Каролина Од утре во сите музички продавници низ државава во продажба ќе биде пуштен новиот албум на Каролина "Во заборав". На албумот има 12 композиции, од нив две веќе се хитови "Се лажам себе" и "Ова срце знае", за кое се снимени спотови. Официјалната промоција на албумот ќе се случи во втората половина месецов, а цедето чини 199 денари . На албумот Каролина е со поинаков и со попровокативен имиџ, а за тоа се погрижиле фотографката Ива Димеска, стилистката Цаци Паковска, шминкерот Дадар и фризерот Сретен Костиќ. Издавач на албумот за Македонија е "Авалон" продукција. Во Србија и Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе го издава "Сити рекордс", а ќе биде промовиран во февруари во Белград, Сараево, Бања Лука, Подгорица и Загреб.
Lidija Ne me sfakajte pogrshno sekoj mozi da si praj sho saka ama zoshto, zoshto Karolina Gocheva se stavi na to nivo. Takov talent nema potreba spored mene za neshto "provokativno" i takvi "provokativni" sliki. Ama izgleda spored drugite ima potreba, za zal. :( Zoshto lugeti nemozat da se koncetrirat na muzikata?!
sisi
quote:
Originally posted by Lidija
Ne me sfakajte pogrshno sekoj mozi da si praj sho saka ama zoshto, zoshto Karolina Gocheva se stavi na to nivo. Takov talent nema potreba spored mene za neshto "provokativno" i takvi "provokativni" sliki. Ama izgleda spored drugite ima potreba, za zal. :( Zoshto lugeti nemozat da se koncetrirat na muzikata?!
Karolina i ne se spusta tolku nisko Lidija.Samo ke bide malku porazlicna od dosega do vrat zakopcanata Karolina. Ne za drugo,tuku zaradi toa sto na Srpskiot pazar toa gi prodava pesnite.Tie se koncentriraat na se samo ne na muzikata.[;)] Inaku najnovite vesti:
[img]http://www.mmm.com.mk/Sliki/kaliopi52.jpg[/img]
Калиопи во дует со самата себе!?! Пр­ва­та да­ма на ма­ке­дон­ска­та поп-му­зи­ка – Ка­ли­о­пи, не­де­ла­ва се под­го­тву­ва да вле­зе во сту­ди­о­то на Дар­ко Ди­ми­тров (кое е во но­во ру­во), и на ја сни­ми сво­ја­та нај­но­ва пес­на – Ил­ја­да Бож­ји цве­то­ви, ко­ја ќе би­де про­мо­ви­ра­на во те­кот на де­кем­ври. Спо­тот за пес­на­та ќе се сни­ма по 23. де­кем­ври, отка­ко неј­зи­ни­от со­пруг, наш поз­нат актер Ва­сил За­фир­чев, ќе се вра­ти од Ни­гер, ка­де пре­сто­ју­ва ка­ко дел од гру­па на ма­ке­дон­ски умет­ни­ци. Спо­тот ќе го ре­а­ли­зи­ра про­дук­ци­ја­та Фа­бри­ка. Мо­ја­та но­ва пес­на на не­кој на­чин ќе би­де ду­ет со са­ма­та се­бе – Kaliopi feat. Kaliopi – из­ја­ви поп-ди­ва­та, ко­ја не са­ка­ше да открие по­ве­ќе де­та­ли око­лу прет­стој­ни­от сингл, освен де­ка се под­го­тву­ва не­што мош­не ори­ги­нал­но... Па­тем, на ини­ци­ја­ти­ва на кул­тур­но­то ата­ше на Хр­ват­ска­та ам­ба­са­да во Ма­ке­до­ни­ја, Ка­ли­о­пи на де­нот на вљу­бе­ни­те (14. фе­вру­а­ри 2006-та), ќе одр­жи го­лем кон­церт во ХНК во Сплит. Пред­ви­де­но е на кон­цер­тот да го­сту­ва хр­ват­ска­та ет­но-гру­оа Дал­ма­тин­ки, ка­ко и Сто­јан Ди­мов, Ва­сил За­фир­чев и уште не­кол­ку по­сто­ја­ни со­ра­бот­ни­ци на Ка­ли­о­пи, за кои до­пол­ни­тел­но ќе ве из­ве­сти­ме. Овој кон­церт всуш­ност ќе прет­ста­ву­ва збли­жу­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та и на хр­ват­ска­та му­зи­ка. Но, тоа не е се! – ни се до­ве­ри Ка­ли­о­пи, ко­ја нај­а­ву­ва де­ка след­на­та го­ди­на, во ко­ја ќе го сла­ви 30-го­диш­ни­от естра­ден ју­би­леј, ќе би­де бо­га­та со на­ста­ни - Во тоа име со Ро­зе Трај­че­ска ве­ќе го ос­мис­лу­ва­ме стај­лин­гот за це­ла го­ди­на – до­пол­ну­ва Опи во из­ја­ва­та. П.С. На­ско­ро ќе се знае и кол­ко точ­но пес­ни од Ка­ли­о­пи ќе се нај­дат на но­ви­от ал­бум на Ма­си­мо Са­виќ!
profa Naslovnata strana na Karolina e odlicna Lidija,ne zezaj:) Bugarkive i Juzno-vetargjikite od Srbija skoro goli se slekoa po spotovite nivni dokolu Karolina e uste devojka na nivo.Duri mislam deka treba i poeke da se opusti duri
sisi
quote:
Originally posted by profa
Naslovnata strana na Karolina e odlicna Lidija,ne zezaj:) Bugarkive i Juzno-vetargjikite od Srbija skoro goli se slekoa po spotovite nivni dokolu Karolina e uste devojka na nivo.Duri mislam deka treba i poeke da se opusti duri
Neli? Na isto mislenje sum Profa. Prekrasna devojka na cij izgled moze voda da i nosat svetski top modeli i treba da se pokaze vo vistinskoto svetlo - zenstveno. nama nisto vulgarno vo toa. Malku zoltiot pecat ke ja zeme pod zhilet,no ke pominat 3 dena i prasinata ke padne,a muzikata i pesnata na Karolina ke ostane.[:)]
sisi Магија петта на Еврокупот [img]http://www.mmm.com.mk/sliki/jovan5.jpg[/img] Според најновите резултати од виртуелниот фестивал “Еврокуп”, пласманот на македонските претставници е одличен. Освоено е петтото место во конкуренција на 26 земји. Виновник за тоа е некогашната група “Магија” и нивната истоимена песна која беше одбрана од ОГАЕ- Македонија, за претставник на ова издание за постари песни. Дека успехот на Магија е голем, говори тоа што рамо до рамо со нив на петто место со ист број поени се најде познатата британска група “Garbage” со темата The World Is Not Enough од Џемс Бонд. Како победник заврши Брајан Кенеди (веќе избран за претставник на Ирска на Евровизија следната година) со You Raise Me Up. Второто место го освои Лара Фабиан, попозната како белгиската Селин Дион, а Клаудија Бени, претставничката на Хрватска на Евровизија од 2003, и го донесе третото место на својата земја. Две места зад “Магија” се најде Бојан Маровиќ, а уште три места подолу Сертаб Еренер. ОГАЕ Македонија одлучи на следното издание да ја испрати “Ти ме сакаш, знам” со Јован и Маја, со што жиријата низ Европа и светот покрај тоа што ќе имаат можност да чујат што е најново на македонската поп-сцена, ќе можат да направат и споредба на Јован Јованов: некогаш и сега.
Lidija Za Karolina, sekogash si beshe klasa chupeto i da se nadevame deka taka ke si ostani. Jas ne velam deka ta ne izgleda ubo na slikite ama epten, epten mi e krvio koga nekoj oseka deka mora seksi da izgleda za da se prodava poke muzikata. Ama takov e pazarot, segde, ne samo srpskiot ili kaj spomnavte vo Bugarija. So turbo pejachkite vo nikoj sluchaj ne ja sporedvam, gospod da ja chuva od to. :) Neznam jas kako zensko koga gledam spotoj so polugoli zenski jas ne osekam nekoja zenstvenost tuku se raboti samo za seks. Eden primer od kaj profa. Beyonce, iako ne slusham mnogu toj tip na muzika, kakov talent e ta, mnogu golem i mnogu e uba i seto to. Ama zoshto mora da se prpelkat polugoli po plazi ili neshto vo toj stil. Mislam znajme site zoshto ako to ne se prodava sho drugo ke se prodava! Bash takvi talentirani pejachki, bash tie treba i mozat da dokazat deka to sho se popularni e poradi dobrata muzika, a ne poradi to sho snimile seksi spot ili slichno. Ama vo deneshno vreme seks go vrti svetot. :( Malku izlegov od tema, ama to sho pishi sisi (novostite)nekoj se interesni za komentiranje. :)))
profa Takva e modata Lidush haha,malo pesna malo gzoi. A za ovaa evrokupot,bas ubo ni ide.Znaci sepak moze da se naprai pesna kaj nas so dobro moze da se kotira na ESC.Ne znamm zasto koga doaga do toa ESC stalno ja ukakuvame? Dali sakame da vneseme nesto epten makedonsko u pesnive dali premnogu trema ne fakja dal premnogu sakame od pesnive nasi pa neosetlivo i preterano gi promenuvaat,sminkaat,..?
sisi [img]http://www.mmm.com.mk/Sliki/toseelka.jpg[/img] Нова година со Тоше и Синтезис Скоп­ја­ни го­ди­на­ва ќе има­ат мож­ност нај­лу­да­та ноќ да ја до­че­ка­ат за­ед­но со на­ша­та ме­га-ѕвез­да То­ше Про­е­ски, и гру­пи­те Син­те­зис и Блеј­зе­ри, кои ќе на­ста­пат на пло­шта­дот Ма­ке­до­ни­ја. Над­леж­ни­те до­да­ва­ат де­ка за­се­га овие из­ве­ду­ва­чи се си­гур­ни, а во тек се пре­го­во­ри и со дру­ги врв­ни ма­ке­дон­ски кре­а­тив­ци. Град­ски­те вла­сти ве­лат де­ка, иа­ко про­гра­ма­та се уште не е пре­ци­зи­ра­на, гра­ѓа­ни­те ќе ја по­чув­ству­ва­ат ма­ги­ја­та на но­во­го­диш­на­та ноќ со она што Ма­ке­до­ни­ја и Скоп­је го има­ат ка­ко ква­ли­тет и поз­нат бренд. На пол­ноќ се нај­а­ву­ва ог­но­мет, што би тре­ба­ло да трае де­се­ти­на ми­ну­ти, би­деј­ќи за тол­ку мо­же да се изд­во­јат средс­тва. По пол­ноќ, за­ба­ва­та ќе про­дол­жи со поз­на­ти ди­џеи и еле­ктрон­ска му­зи­ка до ра­ни­те утрин­ски ча­со­ви. Би­на­та ќе би­де по­ста­ве­на стра­нич­но, за да не го за­тво­ра при­о­дот до Ка­ме­ни­от мост. За 31. де­кем­ври е пла­ни­ра­на и про­гра­ма за најм­ла­ди­те скоп­јан­чи­ња, ко­ја ќе за­поч­не нап­лад­не. За нив Де­до Мраз ќе при­стиг­не на ко­чи­ја и де­ца­та ќе мо­жат да се фо­то­гра­фи­ра­ат, а ќе има и прет­ста­ва со клов­но­ви, жонг­ле­ри и акро­ба­ти... *** Освен за Но­ва го­ди­на, скоп­ја­ни ќе го ви­дат То­ше и шест де­на по­ра­но, на не­го­ви­от тра­ди­ци­о­на­лен и ху­ма­ни­та­рен кон­церт, кој на 25. де­кем­ври ќе се одр­жи во Уни­вер­зал­на­та са­ла. По­крај овие два на­ста­пи, То­ше до кра­јот на го­ди­на­та ќе има и не­кол­ку кон­цер­ти во Сло­ве­ни­ја.
јузер Кои стие Блејзери, прв пат слушам за нив. А Синтезис во живо се екстра, посебно за оваа прилика како нарачани испаднале.
sisi [img]http://www.mmm.com.mk/Sliki/vlatkotanec.jpg[/img] Влатко - специјален гостин на Танец на нивниот новогодишен концерт. На­ци­о­нал­ни­от ан­самбл Та­нец ќе одр­жи спе­кта­ку­ла­рен но­во­го­ди­шен кон­церт, со нас­лов Син­те­зи, и тоа на 25. и 26. де­кем­ври на сце­на­та Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет. Иде­ја­та за ва­ков еден спе­кта­ку­ла­рен кон­церт до­би им­пулс пос­ле на­ста­пот на Ир­ци­те Лорд оф д денс и то­гаш ни бе­ше јас­но де­ка тре­ба да го сме­ни­ме до­се­гаш­ни­от при­стап кон кон­цер­ти­те. Овој кон­церт не­ма да би­де те­мат­ски ка­ко прет­ход­ни­те на­ши на­ста­пи, ту­ку за овој кон­церт ги ком­би­ни­рав­ме ар­ха­ич­ни­от фолк­лор, сти­ли­за­ци­и­те и мо­дер­ни­те обра­бо­тки. На­пра­вив­ме ед­на фолк­лор­на це­ли­на со од­лич­на ко­ре­о­гра­фи­ја и тех­нич­ка под­др­шка - ве­ли Мар­ко Ко­лов­ски, ди­ре­кто­рот на ан­самб­лот Та­нец. Спе­ци­ја­лен го­стин на кон­цер­тот е Вла­тко Сте­фа­нов­ски кој ќе има зед­нич­ки блок со Та­нец за кој се на­пра­ве­ни спе­ци­јал­ни обра­бо­тки на Пе­ли­стер­ско оро. Го­сти на кон­цер­тот се и Су­за­на Спа­сов­ска, ка­вал­џи­ја­та на Син­те­зис, Го­це Ди­мов­ски и Да­мир Име­ри. Ќе на­пра­ви­ме мо­дер­на пре­зен­та­ци­ја на фолк­лор­но­то нас­ледс­тво кое до­се­га сме зна­е­ле да го не­гу­ва­ме, но не и да го спа­ку­ва­ме – по­ра­чу­ва­ат од Та­нец. Кар­ти­те се во про­даж­ба од вче­ра, а нив­на­та це­на е 500 де­на­ри.
sisi Златна Бубамара најверојатно на 23. февруари [img]http://www.mmm.com.mk/Sliki/superhiksbubamara05.jpg[/img] Нај­го­ле­мо­то до­маш­но за­бав­но-му­зич­ко шоу – Злат­на Бу­ба­ма­ра на по­пу­лар­но­ста (нај­ве­ро­јат­но), по де­вет­ти пат, ќе се одр­жи на 23. фе­вру­а­ри, спо­ред ста­ри­от, тра­ди­ци­о­на­лен оби­чај на ор­га­ни­за­то­ри­те. Ка­ко и до се­га, Ран­ко Пе­тро­виќ, пр­ви­от чо­век на ра­дио Бу­ба­ма­ра, си­те по­е­ди­но­сти од сце­на­ри­о­то ги др­жи во стро­га тај­ност, нај­а­ву­вај­ќи де­ка си­те Ма­ке­дон­ци и гра­ѓа­ни на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и овој пат лу­до ќе се за­ба­ву­ва­ат во шо­у­то кое се одр­жу­ва ед­наш го­диш­но, а се рас­ка­жу­ва це­ла го­ди­на. Се­пак, единс­тве­но што ус­пе­ав­ме да доз­на­е­ме е го­ди­наш­ни­от сло­ган на ма­ни­фе­ста­ци­ја­та, кој гла­си: За да­ми и гос­по­да, дру­га­ри и дру­гар­ки и си­те актив­ни и па­сив­ни пу­ша­чи.
sisi Бајага и Кемал Монтено во Скопје [img]http://www.mmm.com.mk/Sliki/bajaga4.jpg[/img] Кан­та­вто­ри­те Мом­чи­ло Ба­ја­гиќ - Ба­ја­га и Ке­мал Мон­те­но ќе одр­жат кон­цер­ти во Скоп­је, еден кон кра­јот на фе­вру­а­ри, дру­ги­от кон кра­јот на март. Ме­на­џе­рот Дра­ган Пе­шиќ - Пе­ле од аген­ци­ја­та МН, ги до­го­ва­ра точ­ни­те тер­ми­ни со ме­на­џе­ри­те на по­пу­лар­ни­те пе­ја­чи и Уни­вер­зал­на­та са­ла, ка­де што ќе се одр­жат кон­цер­ти­те. Ба­ја­га има­ше не­кол­ку тез­ги низ Ма­ке­до­ни­ја ми­на­та­та про­лет. По­вод за кон­цер­тот во Скоп­је е не­го­ви­от де­сет­ти сту­ди­ски ал­бум Шо­у­то поч­ну­ва на пол­ноќ, кој во Ср­би­ја е про­да­ден во по­ве­ќе од по­ло­ви­на ми­ли­он при­ме­ро­ци. Бо­са­не­цот Ке­мал Мон­те­но во жи­во ќе го про­мо­ви­ра ал­бу­мот Ду­ње и ко­ла­чи, кој из­ле­зе прек­ла­ни. На прет­ход­но­то не­го­во це­де Ке­мо и при­ја­те­ли­те, Мон­те­но ис­пе­ја ду­е­ти со Бо­рис Но­вко­виќ, Да­ни­је­ла, Цр­ве­на Ја­бу­ка, Ма­ја Оџак­ли­ев­ска, Ра­де Шер­бе­џи­ја... Мож­но е не­кој од му­зич­ки­те со­ра­бот­ни­ци на Ке­мал да го­сту­ва во Скоп­је.
sisi Bidejki na "kultura" ne se otvara topicot za NOVOST,ovaa vest ke ja postiram na ovoj topic. Vredi i treba da se odbelezi. Деби концерт на Симон Трпчески во Сингапур [img]http://images.mt.net.mk/images/Simon_Trpcevski_m.jpg[/img] По успешната серија концерти во Јапонија, македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески одржa деби концерт во Сингапур. Како што јави Македонското радио, во новоизградената Еспланада Концерт Сала во Сингапур, со тамошниот оркестар под диригентската палка на Лан Шуи, кој веќе 10 години го раководи ансамблот, Трпчески го изведе Концертот број 3 за пијано и оркестар од Прокофјев. Настапот на македонскиот пијанист во Сингапур е најавен и со големи билборд-постери низ градот, а оркестарот е исклучително задоволен од соработката со маестро Трпчески. Следна дестинација на македонскиот културен амбасадор е Сиетл, САД. Откако ќе одржи семинар на Универзитетот Вашингтон, Трпчески на 24-ти овој месец ќе има и свој рецитал во рамките на престижните Претседателски серии. На програмата ќе се најдат дела од Брамс, Скрјабин, Дебиси и Шопен.
beaver hunter Simon Trpcheski kje nastapuva vo Toronto na 4 i 5 Maj Na program kje bidat slednive dela: R. Murray Schafer: Scorpius Tchaikovsky: Piano Concerto No. 1 Sibelius: Symphony No. 1