dejan |
[img]http://217.16.70.245/izdanija/1933/32406.jpg[/img]
†Александрија" ќе содржи станбен и студентски комплекс, културни објекти, црква, бизнис-центар, голем супермаркет, хотел, кафулиња и ресторани
Француско-македонската канцеларија за економски развој го промовираше проектот "Александрија" за изградба на микроград во Скопје, на локацијата кај спортската сала "Партизан" во населбата Карпош 4. "Александрија" е инвестиција вредна 70 милиони евра и во неа ќе учествуваат повеќе странски инвеститори, партнери на претседателот на Канцеларијата, Жак Насје Мопа, кои на 75.000 квадратни метри ќе изградат содржини од 125.000 квадратни метри. Мини-градот "Александрија", чие име влече корени од македонската историја и војсководецот Александар Македонски, ќе содржи станбен и студентски комплекс, културни објекти, кино, музеј и црква, бизнис-центар за потребите на деловните луѓе, голем супермаркет, хотел, деловни простории, кафулиња и ресторани, како и спортско-рекреативен комплекс, во кој ќе се вклопат веќе постојната сала "Партизан" и спортските терени.
Инвеститорот Жак Мопа во моментов е во преговори со Владата околу сопственоста на земјиштето, кое во најголем дел е државно. Тој има испратено писмо со намери до Владата, од каде што очекува одговор, а веќе започнал и преговори со неколку приватни сопственици, чија земја има намера да ја откупи. Мопа информираше дека е во контакт и со локалните власти, од каде што добил потврда дека ќе се коригира ДУП за потребите на проектот.
Реализацијата на "Александрија" е планирано да започне идната година напролет, а да заврши во 2008 година. Во изградбата, уредувањето и одржувањето треба да учествуваат македонски градежни фирми, а по отворањето на комплексот, во него ќе се отворат околу 3.000 работни места. Според плановите на инвеститорот, становите во "Александрија" ќе бидат со пристапна цена, каква што ќе биде и понудата на супермаркетот "Интерекс", дел од синџирот маркети "Интермарше".
"Веќе пет години живеам во Скопје и во неколку европски градови. Го следам развојот на градот и мислам дека е потребна реализација на еден ваков амбициозен проект. Супермаркетот ќе нуди богат асортиман по ниски цени, за студентите за кои нема доволно сместување во градот ќе се отворат нови 300 легла, а ќе се изградат и 500 апартмани. Во средината на комплексот продавниците ќе бидат лоцирани на шеталиштето, или како што велите вие корзото, а со МПЦ договоривме и изградба на црква посветена на свети Марко. Еден од најзначајните делови на "Александрија" ќе биде бизнис-центарот, кој ќе ги задоволи потребите на деловните луѓе кои засега секоја средба, презентација, форум или друг настан треба да го реализираат во хотел", вели Жак Мопа, претседател на Француско-македонската канцеларија за економски развој. Тој објасни дека има инвеститор за хотелот, кој ќе биде на 4 ката и ќе се гради во втората фаза, во 2007 година. Комплексот ќе има и голема зелена зона од 14.000 квадратни метри, плоштад за одржување различни манифестации, музеј на македонската историја и неколку киносали.
http://217.16.70.245/?pBroj=1933&stID=56606&pR=12
Mnogu interesno i dobro!! Bas interesno, super! Bravo na Francuzov!!
Jas bi sakal da vidam nesto ovakvo vo Skopje, ama da se vika 'Solun':) |