Ахмети и Пенов - министри |
dejan |
Премиерот Владо Бучковски ги сака за министри Али Ахмети и Ристо Пенов во неговиот кабинет за да зајакне извршната тупаница на владината коалиција. Ова понуда премиерот Бучковски ја ставил на маса на завчерашната средба пред лидерот на ДУИ Али Ахмети и на ЛДП Ристо Пенов, на која се разговараше за реконструкција на владиниот кабинет после 15 декември.
Ахмети и Пенов начелно ја одбиле понудата на Бучковски, но, тој сепак им дал рок да размислат до 15 декември со надеж дека ќе се премислат.
"Што ќе сум ти ја во Владата", му рекол Ахмети на премиерот Бучковски. "Ако успееш да го промениш начинот на размислување на министерот за финансии Никола Поповски, Владата ќе ти функционира добро и без мене", констатирал лидерот на ДУИ.
Желба да влезе во Владата не покажал ниту лидерот на либералдемократите Ристо Пенов, иако Бучковски не се откажал лесно од намерата да го убеди дека неговото присуство во извршната власт ќе ја подобри функционалноста на владата.
Дознаваме дека премиерот Бучковски со вклучувањето во Владата на Пенов и Ахмети, сакал да го подигне нивото на одговорност во Владата пред претстојните парламентарни избори.
Извори од власта велат дека Бучковски го посакува Ахмети во Владата оти смета дека тој со својот углед ќе ги натера министрите од ДУИ да бидат поекспедитивни. Сите кочници на проектите биле евидентирани во министерствата за транспорт и врски и земјоделство кои се раководени од ДУИ. Со Ахмети во Владата, сметал Бучковски, тој лично би се уверил како работат неговите министри, а не индиректно да дознавал од други за нивниот ангажман. Со тоа Дураку и Мехази, што од срам, што од страв, или ќе решат да поработат нешто, или сами ќе се повлечат од функциите, објаснуваат нашите извори.
Со Пенов во Владата, Бучковски, пак, сакал да поентира на друг терен. Вклучувањето на Пенов би ја подобрило оперативноста на Владата, која е нејзина најслаба страна. Пенов беше осум години градоначалник на Скопје и има искуство со реализација на проекти. "Ти ќе бидеш катализатор на започнатите владини проекти", го убедувал Бучковски неговиот коалиционер Пенов.
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=107616&idg=6&idb=1620&rubrika=Makedonija
Bucko e stvarno lud!! Gleda deka nisto ne funkcionira na strana na DUI, sve zaebil... |
ProMKD |
"Сите кочници на проектите биле евидентирани во министерствата за транспорт и врски и земјоделство кои се раководени од ДУИ"
Sto drugo treba da se kaze? Aj da stavime uste eden od DUI na pozicija minister za da profunkcioniraat rabotite?? Epa daj da stavime pretsedatel na drzava da bide od DUI poso taka ke staneme bogati preku nok, neli? |
dejan |
Izgleda Ahmeti ima nesto po vazno.....
ДУИ ги притиска СДСМ со ново барање
НЕМА КРАЈ на барањата на ДУИ. И покрај тоа што рекоа дека Рамковниот се спроведува и дека сега треба да се фокусира на економијата, остануваат со своите уцени за меѓуетничките односи.
Силно ги притиска своите коалициони партнери за донесување на Законот за јазици.
Најново, ги повикува и меѓународните претставници да ја притиснат македонската страна да прифати на албански да бидат командните структури во полицијата и армијата, но и поширока употреба во Собранието и Владата.
„Ако нешто не можеме да се разбереме меѓу себе, во овој случај употреба на втор службен јазик, иако имаме заеднички јазик, дека треба да се донесе Закон за употреба на втор сличен јазик“, изјави Рафиз Алити, ДУИ.
На ОБСЕ и на дел од дипломатите во Македонија веќе им се пожалиле дека имаат проблеми со Законот за јазици - бавно се реализирал.
„Мислам дека наша обврска е ние сами да ги повикаме меѓународните посредници да учествуваат да бидат дел од тоа, бидејќи и тие се потписници на Охридскиот договор“, рече Алити.
Ахмети бара законот до Нова година да влезе во собраниска процедура, за да можеле целосно да и се посветат на наредната - изборна година.
Експертите што досега ги има консултирано А1, во врска со овој закон, рекле дека нема потреба од посебен Закон за јазици, бидејќи ова прашање е веќе решено со постоечките закони во кои практично бил пресликан Рамковниот договор.
|
ProMKD |
ahmeti saka da kaze deka on ne i e potreben na vladata da ja spasi makedonija sega, kako sto ja "spasil" od podelba vo 2001 godina koga UCK navodno mu go nudese zajas da bide negovo. |
Belomorec |
Ние го чекаме чудото, на дело качаците да спроведуваат граѓански концепт.
Како паднати од Марс разно разни интелектуалци и високи стручњаци ја анализираат кризната 2001 година и никако неможат да си одговорат што ни се случило.
Одговорот лежи во историјата во фактите и активностите кои времето континуирано ги забележува.
Неможе вие за 2001 година да говорите а притоа да не ја анализирате 2000, 1999, 1998 така до самиот почеток.
Мора да престанат овие замајувања на Македонскиот народ затоа што се самоуништувачки.
Така и за Ахмети , Џафери, Тачи, Имери неможе вие да очекувате на терен они да градат граѓанско опшество. |