Велосипедизам
Велосипедизам
Harko Мојот омилен спорт. Возам по 20-30 км дневно а од пролет ја зголемувам километражата на 50 км. Ако има и други фанови на велосипедизмот тука, нека се јават...[;)]
јузер А кај возиш најчесто? Јас до Средно Водно со 21-брзинец, најчесто во втора брзина го качувам.
Harko Јас сум од Кавадарци и омилени дестинации ми се Кавадарци-Росоман (25 км) и Кавадарци-висорамнина Витачево (планина Кожуф)(20 км). Вторава е многу возбудлива оти има искачување од 6-7 км. Кавадарци-Неготино ја возев порано но поради сообраќајот ја извегнувам. За на пролет ја планирам следнава дестинација: Кавадарци-Стоби-Неготино-Кавадарци (45 км) и Кавадарци-Михајлово (Кожуф планина) (40 км). Размислувам и на touring велосипедизам, нешто слично на ова http://www.freebiking.com/ но само ако има други заинтересирани „бајкери“ [;)]
ProMKD Jas vo leto 2004 postaviv kilometraza na tocakot i go vozev od pocetokot na juli do krajot na avgust niz celo Skopje. Pominav 225KM i odlicno bese, dobiv kondicija, muskulite se zacvrstija, i izgubiv kilazha. Velosipedot e odlicen alat i dobar nacin na prevoz. Mi teknuva ednas se kaciv do sredno vodno, pa spustajki se nadole mi tekna deka gumicite na kocnicite mi se za menuvanje!!! [V] Koga se uletav za malce ke letnav u toa sumata, ama koga uspeav so nogi da prikocam, se simnav i peski do dole [8D]
јузер Интересно е спуштањето од Средно до доле, ама многу шиба ветар, тоа му е мана. Некоја маска за да ми го покрие лицето да имам, ќе фурам како метак.
Harko
quote:
Originally posted by јузер
Јас до Средно Водно со 21-брзинец, најчесто во втора брзина го качувам.
Имаш MTB или брзински велосипед?
јузер Just mountain bike.[;)]
Harko Мора да бидете многу внимателни при возењето велосипед, посебно при спустови! Јас никогаш не возам без заштитна кацига. И да не се спуштам по удолници - секогаш има луди возачи што се подготвени да те убијат [:(!]!!! Значи, кацига - задолжително!
ProMKD vo pravo si harko, jas imam iskustvo so losi vozaci niz Skopje dodeka sum vozel velosiped. I da e dobar vozacot, site pravime greski pa vo pravo si, najdobro e sekogas kaciga!
SoVrSeN leleee.....vie ljuge mnogu vozete!!jas nemam na tocak se kaceno....ne znam od koga:))nice sport samo vo MAkedonija....GO NEMA
Harko
quote:
Originally posted by SoVrSeN
nice sport samo vo MAkedonija....GO NEMA
Го има велосипедизмот во МК SoVrSeN, и тоа широко е распростанет но само кај децата до 15 годишна возраст. Кога тие ќе пораснат и ќе наполнат 15 години ги откриваат скутерите (одвратно) а на 18 години автомобилите (ужас [xx(]). Всушност, Македонците и не се некоја спортска нација. Повеќе претпочитаат возење автомобили, висење по кафеани и дебелеење отколку да излезат во природа и да уживаат во движењето. Затоа и сум тука да кажам : автомобили, мотори и скутери - OUT. велосипеди, ролери, пешачење и сите други спортови - IN! [;)][;)][;)]
DODO e pa imalo i tuka ludaci kako mene. jas pred nekoj mesec se vrativ vo london i tamu barem 15 do 20 milji na den minuvav so mojot ridgeback. koga dojdov tuka skopje - tetovo mi beshe traka, no sega nema uslovi. vo skopje do vodno bi se kachila a nadolu nema sansi so tie ludi vozachi. a i jas ne znam kako e tuka, vo london e prekrasno za velosipedist, se se pochituva. tuka isto taka po selata od tetovo nakaj brvenica pa na kaj zelino itn, i drugata ztrana, zelino semsovo zilce ratae i kraj tetovo. super e no za edno samo zensko ne e bas bash. pa aj koga ke zaproleti da se sobereme pa eden vikend trek da napravime. A? dali ima nekoj ZA/ mozeme barem da pochneme zaa toa neshto i da diskutirame. jas inaku imam 24 ridgeback cyclon medium aluminium, sega za sega e super mi izdrzal 2 godini mountain i city biking. ramkata ednash ja skrshiv a i jas ubavo se lupnav. mi trebashe 15tina min da svatam shto se desi. pa sega e nova taka da ne e tolku star. aj da diskutirame na ovaa tema?
Harko Здраво DODO и добредојде на форумов за велосипедизам. Да - лудаци (за велосипедизам) има и овде а и се ближи почетокот на сезоната (Март е многу близу). Јас се изгубив малку од форумов ама многу ми е мило што темава е сеуште hot. Инаку, дека велосипедистите (како и пешаците) се сосема игнорирани од другите возачи не е ништо ново - тоа е и најсериозен проблем со кој се соочувам и јас. Поради тоа се трудам да одберам патеки кои што не се толку фреквентни. Не знам како е во другите делови од МК ама во Тиквешијата има 2-3 добри релации. Една е Кавадарци-Кожуф (пишував погоре) а и патот Демир Капија-Стоби (паралелно со автопатот) е прилично мирна делница. Други делници би биле интересни за викенд-прошетки. Ми се чини дека во Источна Македонија патот Крупиште-Пробиштип-Кратово е интересен како и Долни Балван-Плачковица. Во Западниот дел Ресен-Трпејца преку Галичица (кога не е сезона) и Македонски Брод-Самоков [;)] Уште сум слушал дека од Кочани има интересни делници кон Осоговието па би можеле да контактираме некој од велосипедскиот клоб таму за да ни даде подетални информации...
DODO Da Mart doaga ai pred desetina dena imavme ubavi denovi.BAS sakam da napravime eden vikend bilo koja relacija