Со што ме шокира власта |
трендафил |
Изненаден сум што веројатно сите учесници на форумов мислат дека е нормално што првиот конгрес на ДУИ одеше во директон пренос на втората програма од МТВ во сабота, 19 ноември и уште два пати беше репризиран, односно дека е емитиран не како платена политичка програма туку на сметка на претплата што се собира од сите граѓани на Македонија. Ова е прв директен пренос на конгрес од последните конгреси на комунистичката партија во време на комунистичката диктатура. Дали тоа значи дека ДУИ е замена за СКМ (СКЈ)?
Изненаден сум и од изјавата на премиерот Бучковски дека е член на СКМ (СКЈ) од 1980 (времето кога јас ја напуштив партијата), а уште повеќе дека се гордее со тоа. Ниту еден премиер на земја аспирант за ЕУ, или бивша социјалистичка земја што веќе е член на ЕУ не изрекол ваква глупост. Како е можно премиерот да направи транзиција од комунистичка диктатура во демократија ако е горд што учествувал во диктатурата?
|
трендафил |
Веројатно и јас сега некого ќе шокирам. Како што вели девојката на Бобо од Дајнерс нема да гледам дека чашата е полу празна, туку дека е полу полна, па ќе ја пофалам власта за една мерка што ја применува. Гледам дека во Љубанци струјата е повеќе исклучена отколку вклучена поради неплатени сметки. Сметките не се плаќаат ниту во Љуботен, но таму струјата не се исклучува. Разликата е што во Љубанци живеат Македонци, а во Љуботен во големо мнозинство Албанци. Власта ја пофалувам затоа што гледајќи позитивно мислам дека со оваа мерка мисли да го реши „неправедниот“ наталитет во полза на Албанците. Љубанчани да не можат без струја да гледаат телевизија, па да прават нешто што може по девет месеци да доведе до поволен резултат.
|
DJ_SHEMA |
E ajde kazi mi ti mene koj politichat ne bil chlen na CKM? Kako moze da se naprav tranzicija a da ne se promeni partiskiot stav?
Kako sega mene da me obvinuvash deka sum bil komunist zoshto sum bil titov pioner. Takva beshe muzikata, taka se igrashe.
A za dui, toa beshe totalno neispravno i ete vekje ima reakcii po vesnicite. Kolku kje se napravi e prashanje. |
трендафил |
И јас бев член на СКМ. До 1980 година. Од тогаш не сум горд на тоа членство. Ако некој е горд што бил член на СКМ (СКЈ), како што е случај со нашиот премиер, тоа може само да значи дека тој мисли дека таа партија била добра. Зошто би менувал (транзитирал) нешто за што мисли дека е добро? И зошто СКМ е сега СДСМ ако СКМ бил добар? Или СДСМ е СКМ во друго пакување, односно ист волк со друг табиет. Но можеби премиерот се гордее со лошото. Како што е горд на тоа што го направи како министер за одбрана во 2001 година или што го прави сега.
А што ќе се направи за виновниците за директниот пренос и двете репризи од конгресот на ДУИ на кој немаше македонско знаме туку само знаме на Република Албанија и на кој не беше интонирана химната на Република Македонија туку на Република Албанија? Веројатно малку ќе се ломоти, а нема да се направи ништо. Кучињата ќе лаат, а карванот ќе си врви. Како што се случи со даночната пирамида на пример. Не верувам дека парламентот ќе ги смени директорот на втората програма (Албанец) кој го наредил преносот, ниту на директорот на телевизијата, ниту на генералната директорка на МТВ. Сето ќе остане запишано како уште една глупост на македонскиот народ кој дозволува вакви понижувања.
Нов шок. Владата му ги врати парите на Блажо Тасев. Тоа е, веројатно се сеќавате, македонец, бизнисмен што живее во Словенија што го доби тендерот за купување на рудникот Злетово. Откако тој ги уплати парите владата го поништи тендерот наводно поради тоа што парите биле валкани. По нашите закони валканите пари се запленуваат, а не се враќаат на уплатувачот. Изгледа дека не биле валкани парите туку валкана е владата.
|
трендафил |
Јавната закана од премиерот упатена до новинарите дека секој што пишува за тендерот за пасоши ќе има проблеми со власта, е уште една работа што ме шокира. Барем јас така ја разбирам изјавата на премиерот дека наводно некои од незадоволните фирми загубиле корумпирале некои новинари за да пишуваат за тендерот. Колку што ми е познато, доколку има корупција, обвинението треба да го водат истражните органи, а не премиерот. Вака ова личи на закана од страна на премиерот до сите новинари дека ќе имаат проблеми со власта доколку продолжат да пишуваат за тендерот. Ниту збор за тоа дали објавеното во медиуми е вистина или не, односно дали во Македонија треба да им се плати на новинароте да напишат вистина. Лошо е и што фирмите што се обвинети за корупција се со големо реноме. СИменс на пример.
Истото важи и за најавата од премиерот дека обвинителот ќе не изненадел со две обвиненија. Во нормална држава премиерот треба да биде изненаден исто како и граѓаните. Вака постои сомневање дека обвинителот од него бара дозвола кој да биде обвинет. Се надевам само дека се работи за уште една глупава, или можеби подобро кажано несреќна изјава на паметен премиер. Се` друго е лошо и за премиерот и за нас чиј премиер е.
|