Телеком е во ликвидација
Телеком е во ликвидација
OooOo Доминантниот сопственик на Телеком е во ликвидација Доминантниот сопственик на Телеком е во ликвидација. Оваа шокантна одлука да се ликвидира „Камени мост комуникации“, најбогатата фирма во Македонија, е објавена во најновиот службен весник. Ликвидатори се Ференц Вацлавик и Тамаш Морваи. Ги повикуваат евентуалните доверители во рок од 60 дена да ги пријават побарувањата. „Камени мост комуникации“ е фирма на унгарски „Матав“, која поседува 51% од акциите на Македонски телекомуникации. Ликвидацијата отвора низа прашања. Кој е мотивот на Унгарците да ја ликвидираат нивната овдешна фирма која раководи со Телекомот? Кој ќе биде нов сопственик на најатрактивниот пакет акции во Македонија по згаснувањето на „Камени мост“, знае ли Владата, како партнер на „Матав“, што сакаат Унгарците да постигнат со ова? Познавачите на бизнисот се изненадени од ваквиот деловен потег на „Матав“. Еден од можните правци во кој треба да се бара причината за ликвидација на „Камени мост“ е, велат нашите извори, обидот на Унгарците во следната изборна година да влезат со друга фирма со чисти сметки. Така новата влада не ќе може да ги ревидира трансакциите и да трага по каналите низ кои Телеком во изминатиот период изнесе големи суми пари од Македонија. Друга можеби поверојатна опција е уште една софистицирана форма за одлив на профитот на Телеком од земјава. Можно е „Матав“ да сака да ја избегне одговорноста за неисполнетите обврски од купопродажниот договор за инвестиции. Јасна бизнис логика за ликвидација на една од најмоќните компании во Македонија нема. По профит е трета веднаш зад нејзините Мобимак и Телеком. Добивката на „Камени мост“ лани изнесувала цели 21 милион евра, и тоа само за консултантските услуги што им ги дала на Телеком и Мобимак.
The_Crow da bi imal pari da gi kupam toa akciite u telekom so ubo ke bide nema da moram da rabotam cel zivot :)) btw OooOo od kaj ti e izvorot na informacijata??
M.O.C jas kolku shto znam deka pak na matav dominanten sopstvenik e dojche telekom, da ne pravat oni malverzacii preku ungarcive??? nishto cudno...
lav
quote:
Originally posted by M.O.C
jas kolku shto znam deka pak na matav dominanten sopstvenik e dojche telekom, da ne pravat oni malverzacii preku ungarcive??? nishto cudno...
Тоа ти е исто како и кај ЗМИИТЕ...периодично си ја „менуваат„ кожинката. А зашто ...само времето ќе ни (по)каже.