Makedon |
Хавиер Солана сугерира кандидатски статус за Македонија POSLE ZLOTO STO I GO DONESE I ALBANIZACIJATA!
--------------------------------------------------------------------------------
Хавиер Солана сугерира кандидатски статус за Македонија.. Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ денеска во Брисел рекол дека земјите-членки на Европската унија треба да ја наградат Македонија и да одобрат официјален статус на кандидат за прием во Унијата.
„Обврзани сме да ја наградиме Македонија,, изјавил Солана, потсетувајќи на европските обврски кон балканските земји.
Солана вели дека не треба да се отстапува од обврзувањето иако Европската унија сега не е многу расположена да се проширува. Најголеми дилеми за идното прошиирување има кај Франција. Од францускиот евроскептицизам стравува и Скопје.
„Со доделувањето статус на државата кандидат за членство во Европската унија за Македонија, ќе се прати уште посилен сигнал дека регионот својата иднина треба да ја гледа во унијата“. Ова е пораката на премиерот Бучковски од обраќањето на самитот на шефови на влади на земјите-членки на централноевропската иницијатива во Братислава.
(25.11.2005)
Автор: Лидија Јанчовска Христова
[email protected]
|