Makedon |
Иван Блажевски На Балканскиот Полуостров од старо време живееле осумнаесет словенски и дванаесет несловенски племиња. Меѓу нив се и Македонците, односно Мијаците, потоа Брсјаците, Шопите, Мариовците, Јеновците и другите, но и несловенските Тоски, Арнаути, Грци, Ерменци, Арапи, Курди, Куцо-Власи и уште некои други. Ова го наведува познатиот македонски преродбеник Ѓорѓија Пулевски во неговата книга „Славјанско - маќедонска општа историја“, издадена во 1893 година, а објавена во Македонија ова лето од МАНУ.Книгата содржи повеќе од 1.000 страници, а во себе носи досега необјавен материјал, кој според многумина историчари кај нас, може од корен да ги промени македонските историски читанки, во однос на потеклото на Македонците, на македонскиот јазик и народите кои живееле во овој дел на Балканот.Во единаесеттата глава на ова обемно дело, Ѓорѓија Пулевски,галички ѕидар, војник и самоук историчар, дава податоци за старите славјански племиња и за регионите каде тие живееле, „за да си знајат секој народност кога и от коде је дојден во Полостроф“.Според него античките Македонци се Славјани, чии потомци се денешните Македонци, односно Мијаци!Во „Историјата“ тој најнапред ги наведува словенските „соеви“ на Балканот: Јеновците, Торлаците, Брсјаците, Мијаците, Бондарците, Мариовците, Кардалинците, Ајраните, Врбаците, Пчинците, Улуфите, Свеневците, Чолаците, Челјанците, Задгорците, Шумадинците, Црните Шопи и Белите Шопи.Пулевски ги наведува и несловенските племиња: Арнаутите, Тоските, Куцо-Власите, Грците, Јуруците, Ерменците, Арапите, Курдите, Евреите, Еѓупците, Татарите и Гагаузите.Тој се задржува детално кај сите нив. Пулевски е убеден дека Мијаците се старите македонски Словени, народот на Александар Македонски и негова гарда и оти Мијак е кратка форма за - Македонец.„Мијаци - кусо речено, Македонци - продолжено речено. Мијак значит бистар ум, хора бистроумни, оште Македонци“, пишува тој. Мијаците, додава Пулевски, живеат во регионот на Долна и Горна Река, горни Дебарски округ и Кичевски округ, а иселени Мијаци има и во Смилево, Битолско, Крушевско, Папрадишта, Орашје и во Бабунската околија.Галичанецот Пулевски смета дека Брсјаците се викале така зашто биле брзата коњаница на Александар Велики.„За брсјачко место им је Кичева, Порече, Деборца Охридска, Издеглавска околина, Белички реки...“.Црните Шопи се викале така зашто црни одежди носеле, а еднакви биле со Белите Шопи. Првите живееле во околината на Ќустендил, Струма, Саса, Банско, Кресна, Дупничката околина и Горна Џумаја. Белите Шопи живееле во околината на Софија, Банско, Ниш, Морава, Самоков и Ихтиман.Денешните Албанци Пулевски ги дели на две групи: Арнаути и Тоски. Според него, Арнаутите се потомци на Траките, а Тоските на Фокитите. Арнаутите меѓу себе со Тоските се нарекувале Шкиптари. Првите живееле најнапред во Тракија (просторот меѓу денешна Грција, Бугарија и Турција), за подоцна римскиот император Трајан да ги премести кон Јонско Море.„Кесар Трајан римски като царувал, тики, заради дружението им со Уните Траките ги кренал от Тракија и ги заселил во Музекија, близу до Тоскине. Арнаутското старо име им било Траки“, напишал Пулевски.Тоските, според галичкиот историчар, живееле во околината на Корча, Старова, Јанина, Берат, Епир, Елбасан, Музекиското поле, а ги имало во атинскиот округ.За Грците, Ѓорѓија ни предава дека така се викаат по името Горци (гора - шума), а и Турците ги нарекувале Кара Качанлар (шумски бегалци).„Ама Грци народно име немајет, токо сами меѓу них си се велет Уруми (Римјани), ама по историја Грцине ги познаваме за Еѓупци (Египќани), а не за Јевропејци“, напишал Пулевски, кој нив ги лоцира во Елада и во Пелопонез.Ѓорѓија Пулевски починал во крајна сиромаштија во 1893 година во Софија, неколку месеци откако го завршил ракописот на ова значајно дело.
Inaku, bugarite ja zapaluvaat skoro site izdanija na Makedonskata istorija (isto kako i 'za Makedonckite raboti', osven nekolkute cuvani po Galicnik i originalot, pronajden kaj Galicani rodnini na Puleski.
Original:
[img] http://www.macedonia-info.org/history/Pulevski-1.jpg [/img]
[img] http://www.macedonia-info.org/history/Pulevski-2.jpg [/img]
[img] http://www.macedonia-info.org/history/Pulevski-3.jpg [/img]
|