Shto treba da znaat roditelite
Shto treba da znaat roditelite
SpaceLily Малтретирано дете Што подразбираме под малтретирање? Се мисли на физичка или вербална агресија на дете или деца против други деца. Не се работи само за закана. Тука постои свесна желба на насилникот некого да повреди или заплаши, со зборови или со дејствие. Вклучува заканување, потсмев, нарекување со погрдни имиња, спречување некој да оди или да прави што сака, буткање, тепање или удирање и други форми на физичко насилство. Кои деца се објект на малтретирање? Децата насилници како објект на насилстовото може да одберат било кого, но тие често избираатдеца кои изгледаат слаби. На пример, одбираат деца кои на некој начин изгледаат различно, кои се уплашени, имаат некој инвалидитет, деца кои се познати по тоа што претерано учат (бубалици), кои не се вешти во спортот, деца кои немаат социјална самодоверба, кои не се способни да се одбранат бидејќи се помали, послаби или помлади. Понекогаш, децата провоцираат други деца да се однесуваат насилно, така што прво им се потсмеваат. Насилството се случува почесто во средини, каде постои голема компетиција. Најчесто се случува во училиште. Училиштсто има одговораност за безбедна околина и треба да има план како да се справи со насилниците. Внимавајте на присуство на знаци за малтеретирање кај вашето дете! Малтретираните деца не им ја кажуваат својата мака секогаш на возрасните. Тие се уплашени или се чувствуваат засрамено. Некои знаци укажуваат дека биле малтретирани: Детето одбива да оди во училиште, изнаоѓа различни изговори да остане дома (на пример вели дека е болно). Оди на чилиште по заобиколен пат, за да ја избегне средбата со децата кои го малтретираат. Покажува знаци на напнатост. Вели дека го мрази училиштето и нема пријатели. Може да има модрици и гребнатинки. Одбива да каже што се случува во училиштето. Овие знаци не мора со сигурност д а значат дека вашето дете е малтретирано, но треба да ве наведат да проверите, дали нешто се случува. Ако малтретирањето трае подолго, може да има погубителен ефект врз малтретираното дете. Ако им се дозволи на децата да малтретираат, веројатно е дека тие ќе израснат во насилници, кои ќе ги тепаат своите партнери и своите сопствени деца. Што може да направат родителите? Кажете му на своето дете дека насилството е погршно, сфатете го стравот и чувствата на вашето дете сериозно и помогнете му да најде начин да се справи со тоа. Убедете го дека тоа не е криво и дека нешто ќе мора заеднички да направите за да го спречите насилството. Објаснете му дека насилството им се случува на многу деца. Заштитете го така што ќе ги вклучите и одговорните во училиштето. Зборувајте со класниот раководител. Повеќето училишта имаат политика како да се справат со насилниците. Ако малтретирањето продолжува, зборувајте со директорот на училиштето кои чекори треба да се превземат, за да се превенира и заштити детето. Бидете истрајни во настојувањата додека не се реши проблемот. Ако проблемот стане продолжетелен или ако се повторува во различни ситуации со различни деца, побарајте професионална помош. Ако вашето дете е насилник Ако вашето дете малтретира други, размислете околу следното: Како вие ја обезбедувате дисциплината во вашата фамилија, дали моделирате пожелни начини на комуникација со другите луѓе? Дали постои неслога меѓу сопружниците, кавги, тепачки или насилство во домот? Дали вашето дете е загрижено или уплашено од нешто? Каде вашето дете го научило насилничкото однесување? Дали сте го одржувале контактот со училиштетото? Каде да се обратите за помош? Во училиштето - класниот раководител, директорот Психолог Вашиот лекар Социјален работник Институт за ментално здравје на деца и млади Пелтечење во детството Што е пелтечење? Созревањето на говорот на детето оди паралелно со созревањето на целиот организам, на прилично предвидлив начин до 6-та години. Разбирањето на говорот се развива многу побрзо отколку способноста за вербализација; скоро од самиот почеток детето е способно да разбира многу зборови и комплицирани комбинации, без да умее да ги употребува. Помеѓу втората и третата година, детето поседува ограничен речник и капацитет за изразување и тешко изразува комплицирани идеи. Во тек на тој период се обидува да го развие течниот говор, но повеќето деца немаат стабилен ритам на зборување се до 4-5 година, затоа периодот од 2-5 години се нарекува период на нефлуентен (не течен) говор. Токму во овој период децата, особено машките, може да започнат да кажуваат нешто и не можат да најдат збор за тоа, и додека го бараат зборот гласно повторуваат „ и-и-и-и„ или употребуваат некој друг слоган - односно почнуваат да пелтечат. Зошто доаѓа до пелтечење? Зошто доаѓа до пелтечење не е сосема јасно. Кај т.н. секундарно пелтечење големо значење има т.н. емоцинална компонента, но нема доказ дека тоа е директната причина. Како контрибуирачки фактори се наведуваат анксиозноста на родителите и притисокот кој го вршат врз детето. Сепак кај најголем дел од децата се работи за непознати фактори. Колку често се јавува пелтечење? Повеќето деца поминуват низ период на тешкотити во говорот (дисфлуентност) типично меѓу 3 и 5 години. Тие често имаат тешкотии во изговорот на одредени тонови, зборови или реченици. За повеќето овие потешкотии преставуават само фаза на нивниот нормален развиток на говорот. Околу 99% од децата ќе поминат низ овој период на нетечен говор и ќе развијат нормален стабилен течен говор. Сепак еден дел ќе продолжат да пелтечат. Инциденцата на пелтечењето изнесува околу 5%. Ако детето пелтечи по петата година треба да се упати на специјалист. Кои се знаците кои укажуваат на дијагнозата пелтечење? Физичко напрегање додека зборува; напрегање на устата и грлото во тек на говорот. Неадекватно засилување на тонот и гласноста. Детето избегнува да изговара зборови кои тешко се изговараат. Детето повеќе го продолжува гласот (звукот) или ги повторува силабилите, а не целите зборови. На пример ваквото дете вели: “Mмммммммма” или “Mа-ма-ма-мама” почесто отколку “Mама-Mама.” Како да постапат родителите ако забележат дека детето пелтечи? Дете кое пројавува некој од претходните знаци не значи дека задолжително е пелтечар , сепак , добро е ваквото дете да се упати на специјалист по патологија на говорот, кој најдобро ќе одреди дали се работи за вистинско пелтечење или за нормална фаза на развојот на говорот, и ќе одреди дали е потребна терапија. Најчестиот совет за родителите на прешколско дете кое пелтечи е да го игнорираат пелтечењето. Тие треба да му обрнат полно внимание на детето додека се обидува да зборува. Пелтечењето кај детето предизвикува вистинска фрустрација. Оваа фрустрација е уште поголема , кога оној што слуша ќе ја доврши реченицата наместо вас или кога ви се потсмеваат. Ако пелтечењето продолжи и во адултната возраст , тоа навистина може да делува негативно врз самодовербата и може да преставува извор на бројни инхибиции. Бидејќи умеењето да се слуша е важно за комуникација, самите родители треба да ја развијат сопствената вештина на слушање, со тоа ќе помогнат во совладување на тешкотиите во говорот на своето дете. Обратете внимание и реагирајте на она што вашето дете сака да го каже, а помалку на она како тоа го изговара. Не го прекинувајте детето - учете го и тоа да не ги прекинува другите. Избегнувајте да го форсирате да зборува во јавни ситауции , ова може да допринесе детето да се чувстува непријатно. Најдете време за мирен разговор со вашето дете , тогаш кога не брзате и секогаш правете мали одмори. Читајте заедно приказни на глас и разговарајте со него во мирна култивирана атмосфера. Каде да се обратите за помош? Вашиот педијатар Аудиолог Центар за рехабилитација на слух и говор Справување со гнев Бесот преставува моќна емоција. Може да има деструктивни резултати и за вас и за оние кои ги сакате. Неконтролираниот бес може да доведе до кавга, физичко малтретирање, напад или до само-повредување. Спротивно, ако добро се справувате, бесот може да е корисна емоција, која ве мотивира да направите позитивни измени. Физички ефекти Бесот предизвикува одговор на организмот за борба. Сличен ефект имаат и некои други емоции, како страв, возбуда и уплашеност. Надбубрежните жлезди ослободуваат големи количини на т.н. стрес хормони, како што се адреналинот и кортизолот. Како резултат, доаѓа до прераспределување на крвта од цревата во мускулите, како припрема за физичка активност. Расте бројот на срцевите отчукувања, расте крвниот притисок, бројот на респирациите и телесната темепратура, а кожата се поти. Мозокот е напнат и фокусиран. Здравствени проблеми кои може да настанат како последица на неконтролиран бес? Константното преплавување со стресни хемиски супстанци е поврзано со метаболички пореметувања, кои во крајна линија може да доведат до оштетување на различни системи во организмот. Некои од здравствените проблеми кои се поврзуваат со лошо контролираниот гнев се: Главоболка. Стомачни проблеми, пр. болка. Несоница . Зголемена напнатост . Намалено расположение, незаинтересираност, губиток на енергија. Покачен крвен притисок . Кожни проблеми (на пример егзема) . Срцев удар. Мозочен удар. Непожелни начини за справување со бесот Многу луѓе го изразуваат својот гнев на неодговарачки и потеницјално опасен начин, како: Експлозивен бес -некои луѓе имаат многу мала контрола и тенденција да избувнуваат. Ова може да доведе до физички напад или насилство. Лицето кое не го контролира својот гнев, може да се изолира себеси од фамилијата и од пријателите. Некои луѓе кои манифестираат вакви испади, всушност поседуваат ниско чувство на самопочит, а својот гнев го користат како начин да се чувствуваат моќно. Потиснување на бесот- некои луѓе сметаат дека бесот е непожелна емоција и одбираат да го потиснат. Потиснатиот бес често преминува во депресија и анксиозност. Некои луѓе, својот гнев го празнат на невини жртви како што се децата или домашните миленичиња. Како правилно (на здрав начин) да го изразите бесот (гневот)? Следните сугестии може да се од корист: Ако почувствувате дека не може да се контролирате, привремено напуштете ја ситуацијата, додека не се смирите. Прифатете ја емоцијата, како нормален дел од животот. Обидете се да ги утврдите вистинските причини зошто се чувствувате гневни. Штом еднаш го идентифицирате проблемот, размислете околу стратегиите за разрешување на ситуацијата. Направете нешто физички, излезете надвор, трчајте или спортувајте. Како долготрајно да се справувате со бесот? Начинот на кој го изразувате гневот со време може да го модифицирате. Следните сугестии може да ви бидат од корист: Регистрирајте ги вашите експлозивни реакции ( водете дневник), за да можете да анализирате зошто „побеснувате“. Размислете за техники на самоконтрола и разрешување на конфликти. Обидете се со техниките за релаксација , како што се медитација и јога. Побарајте совет од психолог, ако сеуште чувствувате гнев околу некои настани кои се јавиле во минатото. Редовно вежбајте. Покажано е дека редовното вежбање може да го подобри расположението и да го намали стресот. Ефектот може да е двоен: физичкиот напор ги согорува стресните хемиски супстанци и потпомага во продукцијата на т.н. хормони на доброто расположение ( ендорфини и катехоламини). Како да ги воспитувате децата за правилно да се справуваат со бесот? Следните сугестии може да му помогнат на вашето дете, да се справи со силните чувства : Покажете му со својот пример. Нека знае дека бесот е природен и дека треба да се изрази. Третирајте ги чувствата на вашето дете со респект. Покажете му ги практично, вештините за разрешување на проблемите. Потикнете отворена и чесна комуникација. Дозволете му да го изрази својот бес на одговарачки начин. Објаснете ја разликата меѓу бес и агресија. Казнете ја агресијата или насилството, но не гневот кој е адекватно изразен. Каде да се обратите за совет? Вашиот доктор Психолог Стекнување на хигиенски навики Што се подразбира под контрола на хигиенските навики? Воспоставување на контролата на сфинктерите(мокрење и голема нужда), преставува важен период во социјалниот развој на детето. Се смета дека детето ги контролира своите сфинктери, тогаш кога ќе може да отиде до тоалетот или до нокширот, да ги соблече гаќите без да се искака или измочка во нив. Кога детето е спремно за тренинг? Помеѓу 18 месеци и три години детето станува способно да ја препознае потребата да оди во тоалет. Стекнувањето на хигиенските навики е нова вештина која тоа треба да ја научи. Следните знаци укажуваат дека е време да се започне со тренинг: Детето останува суво, најмалку 2 часа во тек на денот. Останува суво и во тек на дневното спиење. Цревните празнења стануваат редовни и може да се предвидат. Детето знае да каже кога има нужда (рипа нагоре- надоле, се стега или ви кажува дека треба да оди во тоалетот). Може да следи едноставни инструкции. Може самото да оди до тоалетот. Може да се соблече само или со помош. Не се чувствува пријатно во измочани/искакани пелени и сака да му ги смените. Бара да користи тоалет или сака да носи долен веш, како поголемите деца. Треба да постои и емотивна спремност. Некои ситуации може неповолно да влијаат на неговата емотивна спремност пр. селидба, раѓање на нов член во фамилијата, развод и др. Не го форсирајте детето пред да почувствувате дека е спремно. Како да го научите? Вежбајте користење на нокшир. Научете го да ви каже кога има нужда. Пофалете го за секој мал успех. Одлучете кои зборови ќе ги користите за мочкање и какање. Користете зборови кои ќе може да ги користи и пред семејството и пред пријателите. Избегнувајте зборови кои ќе звучат грубо (како смрди или нечисто). Наместо тоа, користете едноставни зборови ( на пр. дали си влажен или сув ?). Навикнување на нокширот. Може да користите нокшир или ако детето е спремно може да користите додаток прилагоден за величината на детето, кој се става на тоалетната шоља. Најдобро е ако нозете може да му се допираат до земјата. Дозволете да седнува на нокширот облечено додека си игра, гледа телевизија или ужина. Така ќе се навикне и нема да се плаши. Никогаш немојте да го терате со сила да седи на нокшир ниту да го врзувате за нокшир. Помогнете му самото да ги забележи знаците кои ќе му покажат дека треба да оди во нужник! Охрабрете го да ви каже кога му се оди во нужник. Пофалете го и тогаш кога ви кажало откако се измочало или искакало во гаќи. Охрабрете го следниот пат да ви каже порано. Внимавајте на знаците кои укажуваат дека му се оди по нужда. Може да му се зацрвени лицето или да престане со играта. Запрашајте го “Дали ти треба нокширот“? Пофалето го ако ви каже дека сака да му ги промените пелените гаќите или ако ви каже дека сака да оди во бањата. Превземете практични чекори во бањата. Ставете го нокширот во бањата. Заедно одете во бањата на секои 1-1.5 час до 2 часа. Ставајте го на нокшир или на шоља наутро кога ќе се разбуди, по секој оброк и пред да оди на дневната починка. Во почетокот ставајте го само неколку минути. Ако дава отпор веројатно не е сеуште спремно. Бидете трпеливи и чекајте подобро време. Ако не дава отпор, дозволете му да седи на шољата подолго ( на пример 5 минути). Ако за тоа време ништо не направи , префрлете се на друга активност. Охрабрете го детето да користи нокшир тогаш кога ќе забележи знаци дека има потреба од нужда. Некои деца започнуваат со седење на нокширот иако и понатаму мочкаат/какаат во пелени. Оваа пракса обично се прекинува по 1-2 месеци. Пофалете го вашето дете за секој мал успех. Пофалете го со убав збор, насмевка или со нешто што детето го сака. Избегнувајте казнување. Ова може да причини вашето дете да се чуваствува непријатно и да го продолжи навикнувањето. Важно е да се вреднува и најмалиот успех и да не се реагира ако дојде до акцидент. Колку долго ќе трае учењето? Секое дете е различно . Децата често прво научуваат да ја контролираат големата нужда. Обично им треба подолго време за да научат да контролираат мокрење. Машките деца често прво научуваат да мократ во седечака положба, а подоцна променуваат во стоечка положба. Повеќето деца контролираат и мала и голема нужда некаде околу 3-4 година. Контрола на ноќното мокрење се стекнува подоцна. Некои деца долго време мократ ноќе и тоа не е ретка појава во детството. Повеќето девојчиња и 75% од машките деца престануваат да мократ ноќе по петата година. Што ако не успевате со тренингот? Не го форсирајте детето пред да е спремно. Очекувајте акциденти (помочување и покакување), тоа е нормална појава. Не покажувајте разочарување ако вашето дете направи “грешка“. Не го казнувајте ако му се случи гршка или ако дава отпор за тренинг. Притисок врз детето може да доведе до отпор. Бидете стрпливи и чекајте подобро време. Ако тренингот оди тешко, тоа е знак дека детето суште не е спремно. Корисни совети Останете со детето додека седи на нокшир. Читајте му или зборувајте со него. Понекогаш е корисно ако му покажете како се употребува тоалетот. Децата сакаат да имитираат. Најдобро е жените да им покажат на женските деца а мажите на машките деца. Детето може да научи од родителите, сестрата, братот, или некој друг близок до фамилиајта. Помогнете му на детето да научи да го употребува тоалетот. Нека пушта вода и нека гледа како исчезнува хартијата или изметот. Девојчињата треба да се учат да се бришат од напред кон назад за да се избегне пренос на микроорганизмите кон вагина. Научете го детето како се мијат рацете и нека ги мие секогаш по употребата на тоалетот. Кога да се извадат пелените? Штом детето останува суво подолг период, извадете ги пелените и облечете му панталони (широки, кои лесно се соблекуваат). Ако детето успева половина од нуждите да ги врши во нокшир, тоа е знак дека е спремно за панаталони. Ноќе и понатаму ставајте пелени. Бидете спремни за „грешки“. Обично поминуваат месеци додека детето научи потполно да се контролира. Кога да се обртите на лекар? Обратете се на лекар ако чувствувате загриженост околу воспоставувањето на хигиенските навики. Ако детето покажува отпор кон тренингот или ако има запек. Ако е постаро од 5 години и сеуште мокри дење. Каде да се обратите за помош? Кај вашиот педијатар Психолог
riba
quote:
Originally posted by SpaceLily Справување со гнев Стекнување на хигиенски навики
za zal 2 najpopularni stavki denes [8)]