SpaceLily |
Синдром на „тресено“ бебе
Овој текст информира за т.н. “синдром на тресено бебе“. Се однесува за оние родители, кои понекогаш во лутина го протресуваат своето бебе, без да знаат дека со тоа може да му предизвикаат сериозни повреди. Статистиката покажува дека во САД, секоја година околу 1000 деца умираат заради т.н. синдром на “тресено бебе“. За што всушност се работи? При протресувањето, главата на бебето нагло се повлекува кон назад. Крвните садови во главата, се лесно повредливи и при посилно тресење може да се повредат. Како резултат, може да настане внатрешно крварење во черепот на детето. Јасно е, дека вие не сте знаеле дека може да дојде до ова и дека вие не сакате да го повредите своето бебе. Но губитокот на самоконтролата, макар и за еден момент, може да е причина за каење цел живот. Како резултат на крварењето, вашето дете може да се здобие со невролошки оштетувања, ментална ретардација, конвулзии или слепило.
Како треба да реагирате во слична ситуација?
• Кога вашето бебе е вознемирено, уверете се дека се задоволени сите негови потреби. Ставете го во креветчето или во неговата носилка и излезете да прошетате или ставете го во неговото седиште во колата и прошетајте се со кола.
• Ако чувствувате дека сте на крајот на трпението, оставете го детето во креветчето за кратко, додека не се смирите. Побарајте вашиот партнер да ја превземе грижата за детето или побарајте некој друг да ви помогне. Викнете ја вашата пријателка или некоја роднина. Прошетајте малку, за да се смирите пред повторно да ги превземте своите обврски.
• Не го тресете бебето. Момент на лутина , може да ве чини каење за цел живот. Да се биде родител, не е секогаш лесно. Заедно со смеата, гушкањето и задоволството ќе има и умор, фрустрација и нетрпение. Понекогаш грижите и проблемите се тие кои ги усмеруваат вашите раце кон детето. Но треба да знаете, подигањето на раце нема никогаш да ги реши проблемите и често може да создаде нови проблеми.
Каде да се обратите за совет?
Вашиот педијатар
Психолог
|