Ljubovni i seks vesti:) |
SpaceLily |
ВО СКОПЈЕ СЕ ОТВОРИ ПРВОТО ПИП-ШОУ
Жежок секс преку стакло
Црвено светло, синџири, вибратори и вештачки вагини ... Голи девојки во интерактивни кабини ( за директен муабет со клиентелата) , е првото Пип- шоу во Скопје. Се вика "Валијант", се наоѓа во центарот на Скопје. Гламурозното отварање со шампањско беше завчеравечер пред толпа скопјани кои се буткаа за да ги видат шоу герлите облечени во кожна долна облека, кои потоа се соблекоа и го изведуваа својот еротски танц.
Драгица, првата македонска порно кралица, предизвика најголемо внимание кај посетителите кои бараа автограм и сакаа да се сликаат со неа. Таа специјално за отворањето пристигна од Италија каде по првиот македонски порно филм "Секси Маскенбал" ја продолжи порно кариерата. Облечена во црвена кожа, со камшик во раката, атрактивната бринета есклузивно за " Вест" му позираше на нашиот фоторепортер.
Македонското пип-шоу изгледа вака: во тесна кабина, одвоена со непробојно стакло, седи кол герлата која разговара со клиентот во живо преку телефонска слушалка. Во делот каде што седи клиентот има само кожна фотеља и тоалетна хартија за забришување. Се плаќа 700 денари за десетминутниот разговр.
Од "Валијант" најавуваат дека згодни фраери ќе ги забавуваат и жените од другата старана на стаклото. Моментно се избираат момчињата кои мора да бидат со мускули и природно надарени, а кога ќе се изберат ќе имаат и специјални подготовки.
Новина во "Валијант" е и порно-киното , со над 6.000 порно двд филмови од американска продукција, кое ќе работи нон-стоп од 13 до 22 часот. Цената на кино билетот е 150 денари.
|
SpaceLily |
Еротика во Берлин
Над 35.000 фанови на порното го посетија годинешниот саем на еротика во Берлин. Влезницата чинеше 25 евра. Во пет големи хали беа презентирани новитетите во секс-индустријата, новите сексулани помагала и еротска долна облека од реномирани марки. Сјајот и гламурот на саемот го надополнуваа атрактивните порно старлети како американската порно дива Тера Патрик која на фановите им делеше автограми и чешката порно глумица Силвија Сент. На Финалето на манифестацијата се појави легендата на порно филмот, актерот Роко Зифреди.
" Прајват", "Видеорама", "ФМ Видео" и многу други продуцентски куќи ги презентираа новите порно филмови, а порно глумиците Џенифер Стоун, Вивиен Смит и Џина Лин во секси долна облека дефилираа меѓу посетителите. ВИП журката по завршувањето на саемот традиционално се одржа во клубот "Адаџо", со влезници од 50 евра. За најдобри порно филмови беа прогласени "Којот агли" и "Од самрак до зори". Најдобра порно глимица според жирито за 2005 година е глумицата Вивиен Смит.
|
SpaceLily |
100 години од „оргазмот на жените“
Ако годинава се слави 100 годишнианата од поставувањето на теоријата на релативитетот од страна на Алберт Ајнштајн, тогаш не треба да се заборави дека пред исто толку време Зигмун Фројд го искажа своето мислење во форма на теорија за женскиот оргазам.
Вторава не е од никакво значење за универзумскиот поредок, но има и такви специјалисти кои дебатираат на таа тема до ден денешен.
Дури има и генетски истражувања кои одат во таа насока – објаснување на комплицираниот рефлекс.
Фројд предложи, светот да прифати дека задоволството што жените го доживуваат и оргазмот треба да се насочи на репродуктивниот тракт. Тој бил свесен дека многу жени доживуваат оргазам преку малиот, но ултрасензитивен орган познат како клиторис, но ваквите оргазми тој ги нарече инфантилни. Секоја жена која не го пренасочила својот центар за чувствителност на вагината Фројд ја етикетира како фригидна.
Токму оваа идеја предизвика илјадници лажни оргазми.
Денешните сексуални истражувања покажуваат дека скоро 95% од мажите доживуваат оргазам при сексуални односи додека процентот кај жените се движи од 25 до 30%. Некои од жените пациентки т.е. 30% од нив тврдат дека никогаш не доживеале оргазам, а од 30 до 40% од женската популација вели дека доживува оргазам само понекогаш.
Основоположникот на психо-анализата, женската сексуалност ја беше нарекол „темниот континент“.
Но, денешните сознанија на сексолози и психолози делумно или потполно ја отфрлуваат оваа теорија толкувајќи ја како понижувачка за жените, така што сега во стилот на денешницата, ти порачуваат дека жената секако е жена, без разлика дали таа доживеала клиторален или вагинален оргазам или воопшто не доживеала.
Инаку Фројд никогаш не рекол дека жените не се жени, тој само предложил тие што не чувствуваат да се наречат фригидни, што секако сега би се превело во: „жена со незадоволени сексуални потреби“, „жена со специјални сексуални потреби“ или нешто слично.
Како и да е жените се суштествата што ја разубаввуаат планетава и никој не би требало да се заморува со механизмите и техниките на „оргазмичноста“. Со вистинското водење љубов се само доаѓа. |
SpaceLily |
Гол чаршаф
Некој се досетил да произведе прекривка за брачни кревети на која има апликација од две голи тела машко и женско, кои рацете ги држат на тој начин што ги прекриваат „специјалните“ делови од телото.Прекривката на „Адам и Ева“ чини 62 долари. Апликациите на голите тела се и од двете страни на јорганот, кој всушност е исполнет со пердуви.
Можеби и тоа е пораката. Толку ќе ве стопли што нема да имате потреба од пижами.
|