Бучковски се товари за незаконско работење 01/02г. |
Makedon |
Се разгледува ревизорскиот извештај за Бучковски
Снежана Лупевска
09.12.2005
Скопското обвинителство го разгледува ревизорскиот извештај, со кој премиерот Бучковски се товари дека во време на министерувањето во одбраната потрошил 914.000 евра за склучување директни спогодби, но и милионите потрошени за повластени фирми, луксузни апартмани, наплата на оштети, штетни договори.
Скопскиот обвинител Стерјо Зиков за А1 изјави, дека ќе побара дополнителни документи за да ги истражи наводите на ревизорот. Бучковски не се огласи, доаѓа од Монако. Го бранеше неговиот чиновник во Министерството за одбрана.
„Одговорно тврдам дека сите постапки во Министерството за одбрана се завршени согласно важечките законски прописи. Законот за јавни набавки во целост се почитува во Министерството за одбрана“, изјави Никола Петроски, државен секретар во Министерството за одбрана.
Но Петрески не го одбрани својот Премиер целосно - на најбитното прашање не одговори.
Извештаите на државниот ревизор се сигнал за злоупотреба на функцијата. И Европската комисија побара Македонија сериозно да го земе в предвид. Но досега ништо.
„Ние слушаме од една страна дека раководителите на некои од институциите тврдат дека тука нема никаков криминал, но со оглед на тоа дека постојат укажувања за неправилности во работењето, треба обвинителот да се вклучи за да се утврдат какви се навистина тие состојби“, изјави Слаѓана Тасева, член на Антикорупциска комисија.
Ова се само препораки, но дали Бучковски ќе одговара за злоупотреба на функцијата?
Од претседателот Црвенковски, до Антикорупциската комисија и државниот ревизор, сите го посочија Прчевски дека треба да си ја заврши работата. Но тој денеска не се огласува за јавноста, има многу работа, на состанок со неговите заменици.
До сега само Пауновски како министер седна на обвинителна клупа заради злоупотреба на фотелјата. Еден и пол милиони евра беше тешка неговата злоупотреба во одбраната. И оваа за која се товари Бучковски е милионска.
http://a1.com.mk/vesti/default.asp?vestid=55324 |
toni_a |
sto trgnalo vaka poslednive denovi...nesto epten ofanziva i rasvetluvanje za glauchite nashi!!!
barem sega vekje nema koj da gi ucenuva od pozadina(se nadevam).da se fatat da srabotat nesto za Makedonija!!(dodeka mozhat)
kojznae dali ke go imaat ova vo predvid onie na 15.12??
Crvenkovski,Kostov,Buchkovski,Stojanovski...koj e sledniot???
abe albancive izlegoa najsposobni(za albanskiot narod)politichari i najchesni!! |
dejan |
Treba da se osudi, i ako ne e kriv...za da im se pokazhe na EU deka i tie koj se na vlast pagjat vo Makedonija (moze vo zatvor? a ako e za zatvor togas treba nekolku Albanci ministeri da letat) |
Makedon |
quote: Originally posted by dejan
Treba da se osudi, i ako ne e kriv...za da im se pokazhe na EU deka i tie koj se na vlast pagjat vo Makedonija (moze vo zatvor? a ako e za zatvor togas treba nekolku Albanci ministeri da letat)
Абе Деки, нема шанси такво нешто кај нас. Пауновски, Ламбе, Војо сите се на слобода.....А овие пак од сегашнава власт, дури ни на суд нема да ги изнесат. |
intel |
quote: Originally posted by dejan
Treba da se osudi, i ako ne e kriv...
Dejan, ako te mrzi ili ako ne ti se pishuva na politika probaj so seir ili cudesen svet. |
dejan |
Mislam tuka ke si sedam Intel[:)] Nema potreba da me brkas!!! |