Pozabavno da ni pomine vremeto-HOROSKOP
Pozabavno da ni pomine vremeto-HOROSKOP
sisi Jas iskreno veruvam vo astrologijata,no ne i vo generaliziranite horoskopi po spisanijata. Tie obicno ni sluzat pobrzo da ni pomine kafe-pauzata ili da se zabavuvame so prijatelite dodeka si muabetime za sekojdnevieto. Sepak astrologijata koja e seriozna nauka,poznava natalni karti koi ako se izraboteni za sekoj poedinec spored negovite generalii,znae da bide mnogu vistinito predviduvanje na nastanite. Veruvate vo toa? Citate horoskop? dali nekoj vi napravil natalna karta i kako ste go doziveale toa? I pokraj muabetot sto sledi,nekoj od vas mozebi znae nekoja astro stranica od koja mozeme da simneme dneven,nedelen ili mesecen horoskop za site znaci? A kolku bi bilo interesno da znaeme sto ne ocekuva slednata godina?Ha!
sisi [img]http://images.mt.net.mk/images/horoskop/G_oven.gif[/img][img]http://images.mt.net.mk/images/horoskop/G_bik.gif[/img][img]http://images.mt.net.mk/images/horoskop/G_bliznaci.gif[/img][img]http://images.mt.net.mk/images/horoskop/G_rak.gif[/img][img]http://images.mt.net.mk/images/horoskop/G_lav.gif[/img][img]http://images.mt.net.mk/images/horoskop/G_devica.gif[/img] [img]http://images.mt.net.mk/images/horoskop/G_vaga.gif[/img][img]http://images.mt.net.mk/images/horoskop/G_skorpija.gif[/img][img]http://images.mt.net.mk/images/horoskop/G_strelec.gif[/img][img]http://images.mt.net.mk/images/horoskop/G_jarec.gif[/img][img]http://images.mt.net.mk/images/horoskop/G_vodolija.gif[/img][img]http://images.mt.net.mk/images/horoskop/G_ribi.gif[/img] Sekoj si go prepoznava svojot znak,a ovie se iskreno najubavite sto gi najdov po netov. Ako sekoj od vas si go vpise na kratko svojot horoskop (dneven),a i na onoj sto go saka,ke imame taman dneven horoskop za site znaci,pa ke mozeme so kafence da si procitame,a mozebi nesto i ke ni se pogodi?!
dada Sani Nekoj ako znae da mi kaze za rodenite na 22 juli dali se rak ili lav, pa da znam za sto da pisuvam:) Nekade rakot zavrsuva na 22 juli, nekade lavot zapocnuva na 22 juli i jas vrska nemam sto sum vo horoskop:)) Inaku vo horoskop veruvam samo dodeka go citam i moze 2-3 minuti posle toa:)
dalila
quote:
Originally posted by dada Sani
... i jas vrska nemam sto sum vo horoskop:))
I na cel moj trud, ti pak ne znaesh[?][:0][:(]
sisi Неделен хороскоп [img]http://images.mt.net.mk/images/horoskop/G_jarec.gif[/img] Кај некои претставници на овој знак одлично ќе функционира интуицијата по која и ќе се раководат во текот на 2006 г. Ќе превземате радикални промени и тоа во сверата на јавниот живот, политиката, книжевноста. Некои претставници ќе бидат и долго запаметени , во иднината на државата. Со партнерот нема да бидете комплетно задоволни , или пак ќе мислите дека не ви одговара. Ова ќе мора да го средите , вашиот главен извор на енергија е токму ова поле. На здраствено поле нема повеќе што да се превзема , се што требаше , направивте. [img]http://images.mt.net.mk/images/horoskop/G_vodolija.gif[/img] Тешка напорна година , ќе биде оваа новава, токму за вас нежните водолии. Цела 2005 очекувавте добра заработувачка според вложениот труд и ум, но добивката доцнеше а ќе се оствари во 2006г. Но работа ќе имате се повеќе дури не ќе можете да издржите. Пробајте да бидете што пореални ид а го прифаќате она што морате, знаете парите не се се во животот. Посвете поголемо внимание на љубовта , токму во оваа 2006 и надополнете го она изгубеното во минатата година. [img]http://images.mt.net.mk/images/horoskop/G_ribi.gif[/img] Сакале или не , ѕвездите велат дека од оваа година влегувате во кругот на успехот. Или што би се рекло за што ид а се зафатите од оние професиии кои ви лежат како образование, работа во здраство , хуманитрни организации, ќе го завршите со незамисливи резултати. Оваа година е година на зголемување на финансиите на рибите. На љубовен план ќе бидете романтични , нежни и расположени за давање и примање на љубов. Внимавајте на бубрезите. [img]http://images.mt.net.mk/images/horoskop/G_oven.gif[/img] Минатата 2005 год. ќе ја паметите како лоша година . Во 2006 год. стартувате со нови предизвици на работно поле. Можни се некои површни успеси со нестабилни темели со бизнис во рамките на државата. Ќе успејат само оние кои се најхрабри, најрешителни, оние кои ќе умеат да ризикуваат.Ви претстои добра соработка со странство, тоа не за пропуштање. На здраствено поле, проблеми со коски и зглобови, навреме консултации со стручно лице . [img]http://images.mt.net.mk/images/horoskop/G_bik.gif[/img] Ќе мора да бидете многу внимателни и тоа поради силни причини. Постои опасност од агресивно однесување на некои од претпоставените, што ќе допринесе за сериозно размислување за промена на работното место надвор од компанијата. Поволен период за промени е веднаш по истекот на февруари. На љубовен план крунисување на долгогодишните врски. На здраствен план , постојани контроли на кардиоваскуларниот систем. [img]http://images.mt.net.mk/images/horoskop/G_bliznaci.gif[/img] Помош од страна немојте да очекувате, затоа што многумина нема да ви бидат наклонети. Потпрете се на сопствените можности и капацитети. Некаде во текот на јули , промена на место на живеење или обнова на просторот во кој веќе живеете. Голема парична добивка во истиов период. Што нема да ви биде првпат , само овојпат добро испланирајте го нивното трошење или пак побарајте помош од стручно лице. На здраствено поле , зголемување на бројот на семејството. [img]http://images.mt.net.mk/images/horoskop/G_rak.gif[/img] Тешко си дозволувате моменти на слабост , вашата девиза за 2006 год. е само напред. И држете се до неа. Ќе бидете креативни и успешни но благодетите ќе ги почуствувате кон крајот на годината кога за прв пат ќе можете да си дозволите луксуз на плажа со бел песок. Ќе ве привлекуваат бизниси поврзани со некретнини. На здраствено поле бидете внимателни со психичките стресови. Во љубовта многу возбудливи доживувања но ништо сериозно.Среќата на вашиот љубовен живот не е во 2006. [img]http://images.mt.net.mk/images/horoskop/G_lav.gif[/img] По многу нешта ќе сакате да ја заборавите изминатата година. Но бидете реални има и по што да ја паметите. На бизнис план она што го започнавте во 2005 доста успешно ќе го продолжите во оваа 2006. На љубовен план се главните промени. Многумина од оние со постојана врска ќе и стават крај на врската , и ќе започнат нова, оние пак слободните ќе посакаат да почуствуваат хармонија во домот. На здраствено поле внимавајте од мигрени и чести главоболки. [img]http://images.mt.net.mk/images/horoskop/G_devica.gif[/img] Вие педантните и проценливите девице, проценивте дека во 2006 многу работи ќе ги донесете до крај. На поле работа доста ќе ги намалите долговите кон вашите доверители, но под услов да не направите нови. Па така ќе бидете задоволни од финансиската ситуација. На љубовен план , вашата претпоставка ќе се покаже како неточна имено врската ќе се обнови и ќе почне по нов позитивен тек. На здраствено поле контрола на органите за варење, и умерено со зачинета храна. [img]http://images.mt.net.mk/images/horoskop/G_vaga.gif[/img] Вашето работно место ќе биде во авалуација , па со право ќе бидете индиферентни кон работните задачи. Ќе бидете заинтересирани само за оние кои ќе бидат поврзани со патување. Во текот на мај ве очекува нова понуда и качување на погорната скала од скалилото. Тогаш ќе посакате и јавно да се извините за претходното однесување. На љубовен план , се зацврстува врската со постојаниот партнер а авантурите ќе бидат сведени на минимум. На здраствено поле доста добро. [img]http://images.mt.net.mk/images/horoskop/G_skorpija.gif[/img] Многу очекувате од оваа година. Решивте компетно да го измените вашиот начин на заработувачка. Се подготвивте за нови предизвици и големи ризици. Планетите велат , ќе ви дадат шанса но, овојпат ќе морате да рабоптите по 12 часа дневно. Ако го положите тестот на издржливост, ќе бидете финансиски доста моќни. Во љубовта не се откажувате од долгогодишните врски, вие сте со мислење дека мора да успеете. [img]http://images.mt.net.mk/images/horoskop/G_strelec.gif[/img] Во 2005 , имавте несигурна работа. Во 2006 , ќе ја преќинете истата и ќе сакате своите сили да ги испробате во други простори. Имате големи шанси за помош од другите и тоа во период од март до мај, па затоа ако нешто превземате сторете го тоа токму тогаш. На љубовен план ќе сакате да пробате нешто ново нешто недозволено, без никакви морални предрасуди. На здраствено поле сакате да го подобрите вашиот физички изглед па ќе се занимавате со спорт или аеробик.